Јас ако некогаш родам второ дете не планирам да трошам нерви на крипе. Реално нема некоја посебна корист од истото. Едно што навикнувањето трае цела вечност, друго што е цело време тргни-застани работата. Поарно за тие пари (и ако треба нешто повеќе) ќе си платам жена да ми го чува додека јас работам, барем ќе знам дека не ми се парите во ветер фрлени.
Јас не сум доктор,ама знам дека инере секогаш има вордегрунд(асистент) кој држи повеќе оделенија и хинтергрунд(фахарцт). Хинтергрунд не е во болницата има Rufbereitschaft,ама битно имаш. Што ако се деси перфорација после вадење полипи и почне крварење?Имав случај на 2 смена во 8 вечер.И на крај и направија ресекција на дебелото црево(прово пробаа со нотфал коло,па заврши на хирургија). Или да има крварење кое не сопира па да им стават клипови. Или нотфал ERCP? За кардио(според мене се најнестабилни) иако немам многу искуство со нив,ако дојде до реанимација секако се вика и РЕА тим и ги носат на интензив. Пулмо исто може да се искомлицира и некогаш да ти треба совет од хинтергрунд(ама според мене не ми се искомплицирува толку многу колку првите две).Ретко кој од пулмо е стасал до интензивна. Работам веќе 13 години како сестра. Прво на пулмо/ гастро оделение 5 години,па сега сум шпрингер на сите оделенија во голем клинички центар со 2000 кревети. Ти си знаеш,ама јас не би ја прифатила одговорноста.
Инаку за градинка,имам ама и немам сега страв.Очекувам да е болна. Кај нас среќа секако не се плаќа. Мојата ќе се плаќа,ама 100 и нешто евра оти е приватна и имала био јадење и некои прогеами за родители каде можеш од дома да го пријавуваш- одјавуваш детето и да гледаш колку воспитачки се таму,колку болни и материјалот и излетите(ама ѓи прават често) Е, како ќе биде не знам се мислам дали 50 проценти да работам или 60. Ако сум 50 може да терам мини џоб лизиг,ама тоа ќе биде низ цел град.Некогаш по саат и кусур во правец. Мене ме мачи актуелно како иде време повеќе работата отколку градинката.Оти не си исто слободен со едно и две деца.Плус што си тежат и годините. Ако навикне детето во градинка ќе гледам и да сменам работа во канцеларија.Ќе треба да терам повеќе саати за иста плата,ама имам некој план да се плус надоградувам и мислам ќе биде можеби подобро и поисплатливо на долѓи стази.А,почетокот без искуство во таа област знам дека ќе е многу тежок и стресен.
Дали си специјалист или асистент со апробација ? Кај нас само лекари со апробација дежураат и СЕКОГАШ имаме хинтергрунд. Ако имаш комплициран случај и ти сама решаваш тогаш ти ја имаш одговорноста, ако се консултираш со хинтергрунд тогаш ја делите одговорноста. Ако си специјалист тогаш не мора да имаш хинтергрунд.
Луѓе каде наоѓавте бабици, на кој сајтови ? Праќам мејлови ама некако до сега немам среќа. Таргетот најмногу ми се оние кои знаат англиски или екс ју бидејќи германскиот не ми е јака страна и страв ми е дека ќе испуштам некој битен детал кога ќе имам комуникација во иднина.
Ammely.de мислам беше. Многу праќав, едвај најдов. Ек ју беше мојата ама ептен оти никоја друга не најдов. Од штутгарт или околината ако си, да ти пратам контакт дирекно.
@WarriorMind Јас најдов преку rot Kreuz. Бев прво во каритас, тогаш бев невработена и добив од нив некоја помош, меѓудругото ме прашаа и хебаме дали сакам и ме упатија каде да барам, значи лично отидов да разговарам, таа што ме прими на разговор таа и доаѓаше. Види кадe што живееш дали и таму се во склоп со rot Kreuz или најдобро обрати се на каритас, направи термин и кажи им што ти треба. Исто можеш и гинекологот што ти ја води бременоста да го прашаш. Мене мојата тогаш исто ми даде флаери за истото место, прво не бев заинтересирана, па се премислив покасно. Прашај и на двете места, со лесно ❤️ Откако ја снема Џокерче, замре темава. Јас ретко пишувам ама редовно читам. Тоа е навечер пред спиење и колку сакам да пишам мозокот ми е капитулиран. Фалиш Џокерче!
Здраво. Имам информација дека може да се зема детски додаток ако едниот родител работи Германија, а другиот со децата е Македонија . Доколку знае некоја повеќе инфо би била благодарна
Дали некоја од вас знае некој што правел Fernstudium или вие сте правеле, да пишам да ве прашам за повеќе информации? Фала ви многу
Дали некоја од вас се соочила со опаѓање на косата откако е во Германија? Мене 4г ми опаѓа, хормони и крвна слика, тироидна, се е во ред. Со месеци пијам витамини и користам шампони против опаѓање и не помага воопшто. Сега следно планираме да ставиме филтер на тушот пошо слушнав дека демек од водата било. Има некоја искуство со филтерот и дали има некоја разлика?
Мене волуменот скроз ми се изгуби и веднаш ми станува мрсна и со првот што во животот сум го немала тој проблем. Пробав секакви шампони ама да до водата е. Не сум пробала со филтер ама добра идеја, ќе пробам дефинитивно.
Мене па цел живот ми беше мрсна, откако сум тука ми стана суво сено, и влакна на сите страни имам . Уште филтерот не ми е испробан, друго се иам пробано и ништо не делува.
Здраво дали со авион може да се патува со патен лист? Се работи за бебе родено е во Германија и има само германски извод нема никакви македонски документи. Дали знае некој која е процедурата детално да ми објасни?
,,Па сите со бебе сме патувале со патен лист.Ептен исто како со пасош, ништо комплицирано.Бебето има слика и така.Јас и со двете со лист сум патувала без проблем.
Женски како сте ? Јас деновиве ни на небо ни на земја . Почнаа болештиниве . Малово среќа подобар е . Цел викенд беше болен. Па во болница , му вадеа крв . Па вчера пак на проверка за крвта . Го имаме најдено значи најдобриот доктор за нас . Педијатар , веќе 14 години не лечи . Па сега само што зборевме со него , ме смири , резултатите се добри од крвта . Вредностите беа намалени, сега се во нормала. Камен ми падна од душа . Мм вчера се оперираше , па морав и него да го носам, земам од болница . Имам нова кола од понеделникот. Па додека се навикнам на нејзе Аман . Од работа ме бараат, кога ќе се вратам И сега да се спремам и да поработам малку , да сменам мисли . Од дома седење , депресија ќе фатам . За месец ипол одиме на рехабилитација. Стигнаа тоа папирите .треба да пополнам за мене , моето здравје ... Да знаат со што треба да се бават со мене три недели . Највеќе за психички умор . @gjoker4e нека се јави да пише како е
Седум години немав кренато температура. Пред три дена кренав 39, со гребење грло и со преполн нос. Ми се поквари streak-от на негрипосување. Германија 1:0 јас
Stres? Hormonalni promeni? Nekoi virusi... Vodata moze da ima vrska, mene ovaa mnogu me spleskuva, vo Graz na primer ekstra volumen mi ima, ama pagjanjeto mi nemashe vrska so vodata.