Здраво, драги Феминки ❤️ Освен во оваа група, навистина не знаев каде да побарам мислење и совет, па се надевам дека некоја од вас можеби има слично искуство. Веќе 5 години се бориме да купиме наша недвижнина во Германија. На почетокот проблем беа моите документи и Aufenthaltstitel-от, што траеше речиси една година. Во тој период работевме и двајцата и имавме околу 45.000 € сопствен капитал. Потоа останав бремена. За среќа, се беше во ред, се породив со здраво дете и бев околу 3 години во Elternzeit. Во меѓувреме му дадов отказ на работното место. Сопругот исто така ја смени работата и моравме да почекаме да добие неограничен договор (unbefristeter Arbeitsvertrag). Сега конечно најдовме една куќа која навистина многу ни се допаѓа и за која мислиме дека би била одлична за нашето семејство. ❤️ Но, тука повторно се појави проблемот: јас моментално не сум вработена, додека сопругот работи Vollzeit + Minijob. Имаме и Bausparvertrag, а моментално имаме околу 30.000 € сопствен капитал. И покрај тоа, банката не сака да ни го одобри кредитот. Ни објаснуваат дека поради моменталните камати од околу 5% и според нивната Haushaltsrechnung, по плаќањето на кредитот на сопругот не би му останувало доволно за живот. Искрено, веќе сме многу разочарани бидејќи 5 години се обидуваме и секогаш се појавува нешто ново. Дали некоја од вас била во слична ситуација во Германија?Дали сте успеале да добиете Baufinanzierung преку друга банка или Finanzierungsberater, иако едниот сопружник моментално не работи? Многу би ми значело ако споделите лично искуство – која банка ви одобрила, како ви ја пресметале Haushaltsrechnung и дали Bausparvertrag-от и сопствениот капитал ви помогнале. Ви благодарам однапред на сите што ќе споделите искуство. ❤️
Кредитот не смее да биде повеќе од 30% од приходите, освен ако не заработувате ептен многу. На 3000 нето примања, тоа се максимум 1000 евра рата. На овие камати, па дури и на ланските тоа е многу мала рата. Единствена можност е да работите и двајцата. Можно е со еден вработен ама тој еден да има поголема плата.
Ние. Не бараме толку долго, ама секако година ипол веќе. Јас се разочарав комплетно од пазарот и сега од каматите и реков денска стоп. Ние правевме финансирунгсбератинг пред околу месец кога најдовме потенцијален стан. Ни одобрија финансирунг иако само маж ми работи и јас сум три години во елтернцајт. Само не се договориме за цена со агентот, па се откажавме од станот и не баравме кредит. Мене ми беше луда цената на крај што ќе требаше да ја платиме и месечно, а и се на куп. Поефтино ми се фаќа да живеам под кирија или да сменам град. Така што така друшки. Ние моментално пак сме пред пресврт некој. Така осеќам. Знам дека е до нас што нигде не можеме да се укотвиме, ама секој со неговите ѓаволи. Бевме во мк. Се вративме. Свекрви се сменети од пред година дена, сега како кралица ме гледаат. Не знам што се случи, дали маж ми ржел или поима немам, ама и дете ми чуваа и на излегување бевме и до 9 спиев. Абе не ми се враќаше надзат. Свекрва ми па и одоколу ми збори да сме се врателе во МК. Како тргнало овде, веќе не ја исклучувам ни можноста за мк да си одам. Само прво еве уште евентуално ch и оестеррајх да пробаме .
Период е Адидас, на сите ни паѓа коса овие два месеца и јас прашував баш пред некое време. Иначе да, водата е тешка, мене многу ми отежнува за стилизирање оти и покрај маска пак косата ми е дива. Среќа најдов едно спрејче па го решив тој проблем. Дали некоја користи ел. скутер? Сакам да купам, па не знам од кај да почнам да гледам. Дали некоја се соочила со нешто слично. Првите години кога се преселив од дома, многу ми фалеше кујната на мајка ми, буквално по се што готвеше чувствував носталгија. Последниве години со секое одење, се помалку ги бендисувам јадењата. Кога одам таму ама ништо не ми е вкусно сем салатите. Значи целосно вкусот ми е сменет и воопшто не ми фали храната од долу. Знам дека се е навика, ама често гледам пишуваат дека едвај чекаат да одат долу да јадат… и јас иако и јас некогаш исто велам.. кога сум таму ништо не ми е вкусно.
Не е кај мене период, мене 4г без престан ми паѓа во големи количини . Какво е тоа спрејче, и јас иам проблем со разлетана коса, ужас ми е од влагата, цело време ми е како нечешлана.
И со мене е така, баш исто. Незнам дали се должи на жештините, последниве години само на лето одиме па од тоа се нема ни апетит. Исто како и ти, само салати.
За коса опаѓање пробајте со алпецин ц1 шампон ама треба неколку месеци за да делува. @Jolene со такви размислувања бев и јас пред година и пол. Ако споредам колку данок плаќам тука а колку веќе ништо не добивам за него, си реков не вреди ова. Плус се што некогаш било убаво во Германија веќе го нема. Во Македонија од друга страна фалат многу работи, но и многу се подобрува, па ако имаш таму пари (за на пример да се лечиш приватно) некои работи и не се толку лоши. Останав заради детето а и добрите можности за кариера тука. За селење се мислевме полани да одиме подалеку од голем град или негде на холандска граница каде е поефтино. Ама за 10 години ене ги кај се, ќе дојде детето сака да студира, пак ќе треба скапа соба да му плаќам наем. Сега во минхен е една WG соба 600 евра, гарсоњера 1000. На две деца, ете ми ја ратата за стан сега што ја плаќам. А исплаќање на стан со овие, па и ланските камати ич не е лесно. Плаќаш, плаќаш, си мислиш којзнае колку си исплатил, отвараш и гледаш оти уствари само камати си плаќал. И што имаме пари наместо во Sondertilgung ставивме во акции. Дури и ако не си профил на човек што пошто зашто мора да има свој стан, акции и етф се многу подобра опција за инвестирање од стан. Станот лани гаража требало да се реновира, годинава лулашката пред зграда, следната година ќе им текне друго... Ко кираџија таа мака ја немаш. И кога ќе ги видиш сите опции угоре високо, удолу длабоко.
Нема шанса. Да паѓаше без престан толку долго до сега ќе немаше ниедно влакно. Немој да се секираш, косата на сите ни реагира на промени. Види земи си витамини за коса/кожа/нокти/ обично така одат во комбинација. Имаш во Росман како гумени бонбони се, ама не се како мастика да те заболи вилица туку се разџвакуваат лесно. Јас ги земам одвреме навреме, немам моментално иначе ќе ти сликав. Или капсули има најразличен избор. Земи си за зимава. Со редовна консумација ќе стимулираш нов раст. Ја го имам и маслото од рузмарин на Веледа, многу ми е убаво за скалпот. Масираш, оставаш да постои некое време и измиваш. Внатрешна и надворешна стимулација и ќе се среди. Иначе ова е спрејот Спојлер Од Росман го земам пошто Росман ми отворија ептен до мене пред некоја година па таму се пазарам, сигурно го има и по други дрогерии. Долго трае и многу лесно ми се стилизира косата со него. Јас ја фенирам по миење и не ми е воопшто разлетана. А страшно дива и разлетана коса имам. Единствено ако имаш локни не го препорачувам оти ги омекнува и губат форма. Има повеќе видови од спрејов за различни намени, мене овој ми е баш погоден. И јас помислив да не е до ова, ама годинава дојдовме еднаш и на пролет и уште беше ладно. И исто беше. Секогаш читам по групите на фб, па и вчера се зачитав како се им фали на луѓево и баш се замислив што јас не го осеќам истото.
Фала ти за сликата. Иначе неам проблем со раст на нова коса, ми расте косата ама многу ми опаѓа. Земам веќе пола година и повеќе секакви витамини и суплементи, не помагаат.
Да, се е во ред. Уште филтерот за вода ми остана, да проверам да не е од водата. Ако и тогаш не престане да паѓа, незнам шо да правам.
Немој ќе трујеш, пробај прво со рицинусово масло да мачкаш и пола час во кеса да ја држиш. Ама ти уствари рече и дека ти расте цело време и не дека немаш коса. Случајно виткана да не имаш?
Имам раст на косата ама многу ми се проретчи. Немам виткана. Кај наоѓате рицинусово? Немам видено во Дм и Росман.
Чисто ко кај нас нема, само онлајн и поскапо е, над 8 евра. Јас од МК си дондсов предходната недела, ама јас го користам за сапун правење. Против опаѓање мене повеќе ми помогна чичково масло, ама тука во германија нема. Не го намалува опаѓањето но ги јачи новите влакненца што растат, ко антени штрчат нагоре.
@Adidas888 ако доаѓаш накај МК, ти ги препорачувам да ги земеш витаминиве. Има доволно внатре за 4-5 месеци. Многу помагаат и за кожа и за коса.