Ади а јас да ти кажам нешто. Шом има раст на косата тоа е тоа. Не можеш ни да очекуваш после сите стресови, две деца, преселби и слични ми ти тракатанци, твоето тело и хормони ќе се однесуваат како на 18години со бујни коси и кожа која зрачи. Исто ај да не те нервирам, ама ако не се вежба и газ спласнува и стомак се трупа особено ако немаш биоритам со јадење само избалансирана храна и спиење од 10пм до 7ам. Од внатре иде. Нездрава храна, неспиење, хроничен замор, не вежбање, постојан стрес. Џабе сите шминки и се од горе шо ќе плескаш. Ме гледа на слики една пријателка пред ќерка ми и кога беше бебе. Вика сте остарени за 10 години. И стварно е. Многу е стварно. Овие последните две години особено. Епа какво да е. Не си спиел со години како треба. Немаш помош два саати некој да ти земе деца да ти причува или јадење да ти направи. Време сам за себе, ахам додека чистам купатило евентуално.
Уште ли не се среди спиењето ? Инаку да, колку бели влакна имам, а не сакам да се фарбам но ќе морам. Пред 15 год белото влакно претставуваше несреќа сега е стрес.
Овие истиве витамини јас посебно ги пијам и не делуваат. Знам дека дел е од стрес, и не очекувам да имам бујна коса туку само бар да престане да ми опаѓа. Па 4г ми опаѓа нонстоп, не е ова сезонски па да не се замарам. Бар да престане да ми опаѓа, да не останам ќелава. Една македонка шо ја сретнав, викаше дека откако е дојдена тука пред 12г, од тогаш почнала да и опаѓа и никогаш не престанала. И не е само она, многу други се жалат од истово. Значи има нешто, дали е до водата или нешто друго незнам, ама чааре мора да најдам. Не се само 2 3 влакна, цела грска во рака ми собира.
Abe moze da e vodata, moze da e vozduhot, ama nemaat site gradovi I sela ist vozduh , voda, ne moze da e univerzalno za cela edna drzava. Preseli se vo drugo mesto- ete, probaj Ps. Ne vidov shto vitamini se, vidi probaj pogolemi dozi vitamin D ako ne, moze toa ti fali ako imash nekoja zdtavstvena sostojba i/ili ako imate pomalku izlozenost na son e.
Ќути откако извади сите заби сега не смеам да се пожалам. Ама сега ако ми дремне преку ден, до 10 -11 не се запива. А шо кога јас веќе не можам да спијам, спиела она или не спиела. Вампир. За косата и мене ми паѓа нон стоп, веќе со години..ама не се замарам пошто и брзо расте и нова ми расте. Леле а не ви кажав. Кај мојот фризер не можев да закажам и отидов кај некоја. Леле леле леле страшно. Ме унакази шо перика ми иде да ставам. Одев и да ме поправат ама бетер сум сега. Не можам во огледало да се гледам. Нон стоп сум со собрана коса. Од муабети за коса. Друго шо да кажам. Многу ме радува времето оваа година. И топло видовме и сонце. Уште не ме фатила депресија, уживам во секој зрак, постојано надвор.
Водата не може за се да ја кривиме. Повеќе е што иде од внатре. Мене ми нема логика да е водата, не е водата киселина па да гори. Водата еве може да ти се мрси повеќе на пример, да нема волумен. Нешто што влијае на надворешно на влакното. А коса паѓа пошто од коренот нешто ја суши, а водата не навлегува под кожа кога миеш коса па да има такво влијание. Чаре смени животен стил. Јади здраво. Исфрли благо и шеќери, шетај секој ден, вежбај три пати на недела, пиј 2л вода. Легнувај во 10 во кревет, спиј без престан и најважно од се не се нервирај. А и масажа на скалп со масло некое за зголемување на циркулацијата би помогналало. Не е ни толку битно кое масло. Масирај го скалпот секоја вечер.
Се праам од тоа шо го наброја . Е сеа земав и кокосово масло за да си ставам, барем да не ми биде толку сува.
Правиш колку ја шо правам . Почнаа бабава да ја вртат нозе, ќе заладува. И ќе почне и пета да ме боли и кожа да ми се суши и се. Ќе ви кажувам секој ден по 4 пати колку неќам ладно. За деците во градинка сите афенцан ранци ли купивте или само овие кај мене мајките зедоа такви. Спотбојтел, ранец, брот доза, топлинки, балерини за спорт правење, сега ќе треба и мачхозе. Чизмите за дожд што севкупно три пати ги облече ќе станат мали веќе. Едни есенски исто ако не ги облече неделава подобро да ги продадам како нови. После еден месец со полнење мачхозе, гумени чизни со оолнење, и за снег чизми и пантолони за снег. Јакна уште во август и купи . Така. Да преживеам уште една недела со маци и после ќе почне со адаптација за градинка. Другарките сите и почнаа веќе со од прва недела од септември, ама јас најкасно термин добив, оти нели дома сум си. Ама ако и не се лутам, барем здрава си е дома.
Испадна никој не и верува на адиддас Не брее каков афензан ранец, барем за мене е скапа. Мојата е заљубена во принцези мора таква да биде. Чизмите за дожд кај мене се најнеискористени, како што кажа ти веќе и се мали. Потоа чизми за снег , зимски палтиња. И ние уште малку стартуваме со адаптација за малиот. За него се ми се спремно. Купивме и чизми за дожд иако знам дека нема ни да ги облече. Да ми беше паметот и за неа да купував универзални бои а не само розеви, па да можев и на него да ги искористам.
Жени од каде купувате убаво сирење? Хиртенкезе не ме бендисува, ко фета ми е. Купив од конзервираното на Милбона од лидл, не ми беше доволно вкусно. Барем некое барем приближно на македонско - мрсно, солено, да се топи во уста.
Види во руските маркети. Или ако имаш балкански некои кај нас имаа едно време на осоговски сирења ама веќе немаат
Ќе си купуваш овчо сирење, скоро секаде е истото, не е толку јако на вкус ко нашето али е најприближно. @Adidas888, сега е време на митарење, така да нормално е да ти паѓа косата, ама ете и мене од водата ми беше. Ако не сакаш да фрлаш пари на филтер за туш, прво пробај миј коса со флаширана или вода од филтер. Малце е заморно, али само така моеш да дознаеш.
Такво сирење масно и како што опишувате во мк во дуќан исто не можеш да најдеш. Освен некое домашно направено пролетно овчо. Се од дуќан овде што се купува ми е повкусно отколку во мк. Зеленчук и овошје нормално ен во категоријата, ама и тоа ако е евентуално домашно или локално е повкусно. А колку се внимава на дозволени пестициди и сл тоа секако нигде контрола нема. Туку забегувам со муабети. Ај .
Ќе ми треба 2 шишиња само за да ја натопам косата како шо ми е сува . Иначе не е до периодов, ми опаѓа 4 и кусур години нонстоп. Ме интерисираше за филтерот. Значи на тебе од водата ти беше?
Хај наутро по навика прво отварам тука дали некој нешто пишал и сабајлево ми текна со каков мерак станував и со првото кафе, пред да станат ѕверчињата, читав што се пишува во темава, а сега - штама Не дека имам и јас што да кажам, ама оддамна не сум пишала. Малото ѕверче наполни една годинка пред 2 ипол недели Не ми се верува колку брзо лета времето. Не знам дали сите втори деца се такви, ама како на малово што му кажувам “НЕ”, на големиот за овие 5 ипол год не сум кажала толку “НЕ” Големиот е темпераментен, ама ова другово е некст левел Големиот ми е Форшулкинд Детуле златно, стварно не знам кога порасна толку брзо За недела дена почнувам со мини џоб по два дена во неделата, по неколку саати, па нека се снаоѓа татко им со нив двајца Јас ќе си се дотерам, нашминкам и чуси Уште еден месец, па и малото ќе почне во градинка и полека, полека ќе почнеме да се враќаме во нормала. Уште 10 месеци породилно, ама некако многу брзо ми лета времето. Се вознемирувам од самата помисла за враќање назад на работа, сакав и сеуште сакам да сменам работа и некако и имав некои планови во глава и нормално, секогаш доаѓа некое искушение, што те тера сто пати да си ги преиспиташ одлуките. И знам точно што сакам, ама една информација деновиве скроз ме исфрли од колосек и сега пак се предомислувам за тоа што веќе беше решено. Оф, да може некој да ги донесе одлукиве за мене, колку полесно ќе беше Поздрав и од мене друшки, се надевам дека сите сте добри
Сподели кој смее да донесе овде тоа Кој и да прашам од таксиститр не се нафаќаат. Сега летово ко не затресоа на унгарска граница среќа не детално видоа дека деца куче бла бла инаку ако не тресеа ќе ни најдеа најмалку 6кг урда а тек пак сувомеснато.... ајде нир и така еднаш во година одиме мк .
Туфи го продава тука носи од Македонија вајда има некоја врска па го пренесува. Ние годинава ништо не носевме недозволено навака. Мислам дека од 6 насабајле до 21 часот сум како на некоја лента за вежбање носи дете, пазари, готви, пери, чисти , да ги прошеташ, да ги разнесеш на активности, домашна да прегледаш да поучиш и денот заминал. Еден ден во неделата одам на работа како празник ми е. Малово е како каскадер мислам дека животот ми го крати со неговите паѓања.Неможам на раат да излезам без да нелагодува, да плаче ..Од друга страна голема грижа ме читате во другата тема каде што неможам да заспијам а да не погледнам на телефонот на секој саат дали ми стигнала порака да не се случило нешто. И така трудејќи се на сите страни мислам дека си закачив здравствен проблем. Уживајте во топлите денови па чкртнете нешто
Ние сме сите со вирус, се подреков. Малта го собра од другарките па ни го пренесе на нас. Требаше од понеделник да почне со градинка и за денеска одложив. Сила немам ни тоа да правам. Многу ми е тешко оти не наспијам. Некои несоница развив, на секој звук се будам. После сум не функционална и нервозна. На детево трауми ќе му набијам оти немам трпение за ништо. Си зела делот и она со пакости де, ама сепак дете е. Вака да трге во градинка па да се оправиме и двете малку. Некој период и кај нас без веза е. Генерално сме ок, ама некој слон има шо тежи и никако да го избркаме е. Може и ние не знаме шо точно е.