Морген и од мене , со второ кафе надвор. Го гледам небото какви убави бои има и пробувам да уживам . Денес имам слободен ден и најверојатно ќе средувам дома . Тоа што останало од моите продуктивни денови . Алиштата од сушара да ги здиплам . Да пазарам зашто сите почнаа да се бунат . Машината за садови бара сјај и сол да и ставам . И другите членови бараат да се купи по нешто . Имам многу саати прекувремено направени, ќе треба да ги намалам ама ете нема кој да работи па остануваат . Вчера дознав од една колешка дека мојот синко имал девојка . Јас појма немав . Заедно биле во клас . На екскурзија биднало , да бидат пар Него му било рандом да ми збори на таа тема , вчера кога претпазливо го прашав. Мене уште почудно , како да пристапам . Во саботата беше да вози точак со другари, па бил и кај девојчево дома А јас следам каде е , па прашував што мајка барал таму Некако мали ми се за тоа ама тоа е . Кој мене ме прашува . Со најмалото , има повеќе другарчиња сега . Па ја викнав мајката да дојде со дечињата . Две близначиња , братче сестриче. Мили мали дечиња . Мајката и таткото од Косово. Фини родители . Да бевме во Македонија немаше можеби никако да имаме контакт . Овде нема врска , ни вера ни кој од каде е . Тоа е убавото . И одма се познава балканскиот менталитет. Ми се смееше , дека сум спремала маса , сокови чуда . Она кафе со две полни шеќер @јolene нека помине побрзо оваа тешка фаза , не спиењето е како Folter. Затоа јас спијам сама , барем тие саати да ми бидат мирни , зашто не сум за трпење со малку сон . Се трудам пред спиење да не размислувам многу за домашните ситуации , за деца чуда . Ама прва мисла ми е сабајле чим се будам и така , нема бегање од Overthinking. Читам една книга , Ratgeber и нешто што ми даде смисла е дека ако тумачиш многу навечер , тоа се лоши мисли . Мозокот и така е уморен , ги преувеличува работите . Затоа нема потреба од grübeln, од црни сценарија.. Некои работи не можеме да ги смениме . Сега да се спремам и да почне денот
Здраво и од мене, се надевам дека имате подобар период од мене. На работа е многу стресно. Имам чувство дека се повеќе пациенти имаме. Бројот на амбуланти е ист, а се повеќе доселеници и се разбира дека болниците ќе се полни. Искрено едвај чекам да одморам. @јolene пробај без сино светло навечер најмалку 1 час(телефон,телевизор), напрај си ритуал пред да заспиеш пр. (Туширање, истегнување, медитација). Progressive Muskelentspannung nach Jakobson е исто добро за релаксација. Имаш проблем да заспиеш или да ја преспиеш ноќта ?Ако ова не помогне пиши ми пп ќе ти предложам апчиња да го поминеш овој период. @SanelaS работиш амбуланта или во болница? Ако си амбуланта пиши како ти се допаѓа кога ќе имаш време.
Имам проблем и да заспијам и да ја преспијам ноќта. На пример сум заспала и малата ќе стане и ќе побара вода, јас после мин. 45мин не можам да заспијам. Ако и маж ми захрчи, тогаш нема шанса освен ако не се преместам во друга соба. Најчесто наутро сум поуморна отколку кога сум легнала. Ми се случило уште од сабајле едвај да чекам да дојде време да легнам. Ама и многу скролам пред спиење тоа да. Пошто веќе ми чади мозок од малата цел ден и од ко она заспие најчесто е времето кога барам по нет, читам или едноставно скролам за да не мислам и да не се нервирам. И тоа што се наоѓаме пред некои битни одлуки, и тоа што маци е со мене постојано веќе повеќе од месец ипол и тоа што скроз се запустив себе си, па и очигледно хормонални промени веќе, се се збрало. Ама ајде само да сме живи и здрави, се друго ќе се реши порано или покасно.
@MarigoldA не знам каде си, кај мене од денеска во Лидл има грчки производи. Некогаш и така го носат без да е грчка недела, ако не си пробала земи Ериданос. Во големи и мали пакувања е и стои во солило. Мене ми е највкусно овде што го наоѓам. Денеска баш испазарив и пити и ѕаѕики и каламари и сешто нешто. И гравиера упорно земам, иако нема никаква врска со оригиналниот грчки што го земам таму. Поздрав. Од следна недела фериен и искрено едвај чекам. Иако ќерка ми една недела ќе оди во хорт и цела недела им е организирана дали кино, бергпарк, зоолошка… еден ден интернационален појадок, ама едвај чекам втората недела да се прибереме сите дома и по можност да не излезам од дома. Преуморна сум, прегорена, престимулирана, 7 години ноќ немам преспано ко човек, на последни атоми енергија функционирам. Толку што не ми се оди никаде зимава. А дома сакаат да шетаат и не знам кој компромис ќе го направиме на крај. Вчера мали во скут со лижавче другите двајца до мене од страна и пошто шеринг ис керинг сите 4ца го лижевме лижавчето. Денеска го носев син ми во градинка таму на табла инфо за гастроентеритис. Маж го донесе дома од градинка со растечен нос и сезоната на вируси и официјално е отворена. Чекам сега кој ќе биде следниот. Сите со мали деца, држ те се и нека е лесна зимава на сите.
Да шкртам и јас нешто, уште имам навика со кафе сабајле да ве читам, но ве нема. По календар покажува 10 ти последен скок плус вади заби, многу лошо спие и преку ден и навечер. Сака во мене постојано, а јас не наспана немам трпение. А таа пак плачка невидена, кога децата престануваат да плачат за секој ситница? И купив нова книга и ножичка еве два дена е мир се занимава. Неможам да и обрнам многу внимание од него. Ке славам кога ќе преспива цела ноќ. Завидувам на сите кои децата преку ден ви спијат по 2 часа и преспиваат цела ноќ (незнам колку пати го имам ова напишано). Ако до тогаш не се навикнам на неспиење. Седам до доцна бидејќи тоа ми е единствено мое време иако сум како препарирана и станувам многу рано. На моите им се налутив сакаа да дојдат на гости но омилениот внук нема кој да го чува, патем мајка му може да го носи и зима од градинка но зошто да се мачи како ние овде.
Морген Јас моментално со кафе ве читам. @joana18 кога е 10ти скок? И ние сме кенкави веќе не знам од што е, престанав да ги пратам скоковите одамна, последниов месец излегоа 3 запчиња уште два се на повидок. Кај нас во градинка известување имаше за коксаки вирус. Секој ден чекам да видам со кој вирус таа недела ќе не изненади дали ќе е јакото или лесно ќе поминеме. Од тие воспитувачките што се жалев пред некое време ќе си одат од градинката, едната овој месец си замина другата од декември, сите што остануваат се ептен срцки. Активно аплицирам на сѐ можно што се нуди работа во градов. Како работите вие што сте со мали деца? Миниџоб или тајлцајт? Инаку за Винтед дознав од тука. Колку се навлеков уште мм не сум го продала хахах
Морген, ме мрзи да станам да правам кафе, тоа е кај нас машка работа. И ај шо ме мрзи мене, туку стана маж ми да прави, му велам спиј си бе викенд е. Ми се допаѓа многу како се интегрираме во градов. Викендов ни е фул активности. Денес маж ми и детето со комшиите ќе одат на фестивал, јас со другарки на кафе. Утре син ми ќе го носам кај бабата на најдобрата другарка негова, па после сме на вечера. Четвртокот ми дојдоа другарчиња на син ми со мајките и братчињата. Само вчера ме зафркна една балканка што сум им кума и нека си пише таму во календарот кога последно сум ги викнала на гости. Имаме деца на иста возраст. Веќе 5 години ја слушам како се германците никакви, избегаваат странци, се делат... На мој одговор дека еве ние сме пример дека не е така ми вели "Па вие дека имате пари затоа". Кои пари? Кога ми го кажа тоа живеевме во стар двособен стан и возевме опел од 2006. Ни се родија децата жалби уште поголеми, дека никој не си игра со нејзиното оти германците се вакви или такви. Намерно ја викав и за дружби и за родендени кога ми се и германските деца тука, ретко кога доаѓаат, последно кога дојдоа пак си бараа балканци за дружба а и двајцата зборат германски подобро и од мене. И веќе две недели ми пишува да дојдат на гости, вчера сто активности откажав, дури и детето во градинка не го пратив оти требаше кај 11 да сојдат. За на крај да ми пише порака во 9 сабајле, "сепак одлучивме денес ќе одиме до Тако да купиме некои алишта, не доаѓаме кај вас. Поздрав" Детето ми беше скроз разочарано, па викнав комшиски деца си играа и заборави брзо. Ама јас не заборавам. Доста бев Мајка Тереза и социјално одделение за секој. Како јас што давам напори детето да ми се интегрира и да има другарчиња, да не живее во балканско гето, нека си најдат и тие.
Ми личи дека она има проблем со германците, а не они со неа. Не ги разбирам тие луѓе и на работа имав такви што ги хејтаат германците вакви биле, такви биле, а си им дошол во нивната земја да живееш, ако не ти се свиѓа никој на сила не те држи.
Дојде денес на син ми најдобрата другарка од градинка со баба и и со дедо и прв пат кај нас, порано идеше со родителите. Си играа надвор и после го однесоа син ми на сладолед. Толку баварски збореа што не можев се и да ги разберам. Девојчето живее подалеку од нас, а бабата и дедото живеат на наредната улица од нас и тие понекогаш ја чуваат. И бабата ме прашува дали сме имале помош тука роднини, и уште пред да одговорам ми вели кога и да ви треба донеси го детето кај нас и двајцата со внука ми ќе ги чувам, посебно четврток таа е секогаш кај нас. Само донесете играчки. И два три пати ми го напомена тоа. Мене многу изненадно ми дојде таа понуда и реагирав баш како кретен. Велам а бе имаме до толку, ама сакам и да се дружат, еве и јас можам двете да ги чувам. Јас сакам да ја прифатам понудата ама од друга страна па нејќам да изгледам нападно, да кажат оваа ни го натура детето. Стварно не знам како да постапам и што да кажам нареден пат, не ги знам тука какви се. Сте имале ли таква ситуација и како се одвивала понатаму?
Добро е, ја оставив тастатурава Неможев да сменам на македонски . Како сте женски ? Јас кафе надвор во двор , сонцево од што грее многу , почнува да ме нервира. Под сенка е убаво . Вчера беше исто убаво времето , двете деца со мене , отидовме да шетаме покрај езеро . Еден круг 5 км. Езерово е толку блиску а толку ретко одиме . Два саата се издувавме на воздух. Уште месец дена и одиме со малото на мутер кинд кур. (Тастатурава несака да се смени ) 4 саата возење , искрено никогаш немам возено толку долго , ама зошто да не можам . Самата си ставам сопки со мислите дека нема да се снајдам. Во време со нави и слични алатки сегде можеш да отидеш . Се надевам дека ќе биде убаво и корисно (за мене ) Времево нека потрае вака .
@gjoker4e да се јави на главна каса!! Да уживаме уште денес 22 степена од утре 13 па до 11 степени . Ќе скапеме од дождови Може со најмалото пак да прошетаме една рунда , ама имам ставено гулаш во рерна .
Е значи ќе си умрам, седнав врз делинското и го скршив. Делинското шо ми е од iptv или како и да се вика тоа шо ги има нашите програми. Шо да праам сеа? Какво да купам? Или да го контактирам тој шо ми ги местеше програмите?
Морген Времето си заличи на есен. Парно уште немаме пуштено ама ги извадив џемперите и зимските јакни. Инаку Кејти е од вчера на одмор. На работа е хаос ја читам whats up групата и многу ми е мило што сум на одмор. Друго да кажам дека вежбав back to basics програма на growing annanas и денес ми се толку воспалени мускулите што едвај станав од кревет. Шкртнете нешто. @Trauben @gjoker4e во ред ли е се ?
Времево повеќе на зима личи, сабајлево поладно и од вчера. 0 беше во седум. Брр ладно, со заби моментално. @Adidas888 види во Мediamarkt. Ние оттаму земавме апаратче, ваљда продаваат и само даљинска.
Видов, немало такво таму. Ќе мора да го нарачувам од интернет. Ах мојот дебел гз.... само проблеми ми прави.
Добро утро. Вистинска есенска идила почна официјално кај нас и грејната сезона. Од вчера имаме парно пуштено низ сите соби на 2ка . Лани така цело зиме изгуравме и добивме поврат за парно околу 900€ што тоа е супер иако не штедиме . Инаку сите сме настинати чудно само сме затнати и полно шлајм а се др е океј без тт . Маливе пораснаа станаа мали девојчиња баткото го дрма пубертет некако на 10г ми е ептен рано . Но што е тоа е ќе се изгура некако. Само да ве поздравам кратко Немам многу време а имам толку многу да кажам да пишувам тешко е со две мали деца дома од еднаш се да завршиш . Се едно исто правам секој ден и воопшто како да не сум пипнала со прст ништо. Битно ми е само јадење да имам и деца да се подмирени другото хаосот ќе се исчисти . Ќе пораснат тие и се ќе биде скроз чисто. Сега ќе уживаме со газењето на ситни играчки несоберени