Алал да ви е како се топлите на 2ка кај нас ако не е на 5ка ништо не правиме. Вчера ми кажува комшиката дека кај една друга во мојата зграда и дошле луѓе шо се претставиле демек пуштени се парното да го проверат. И се и опљачкале, и злато и пари. Викам како е бе тоа можно, маж ми вика еми греота жената е неподвижна. Викам како неподвижна кога движна била за да стане и да им отвори врата ама неподвижна била или ќорава за да види дека ја крадат. А не е неподвижна типката, ја гледам си се шета низ маало. А лоповите сигурно искусни биле, не им било ова прв пат. Како и да е, пазете женски.
Леле, па нњмало ли допис кога ќе дојдат да читаат парно? Друг вид на измама што читам низ групи се овие од Телеком што нуделе нов договор. Ти идат дома и те лажат дека мора да потпишеш. После си плаќаш два договори со години.
Абе мене страв ми е телевизорот да не ми го дигнат, слаба точка ми е.... После поново ќе треба нов да се купува, па пак да се инсталират програми, па ова па она....
Ова е стара финта барем кај нас у ффм е тоа стандард. Еден напорен дури ми тропаше на прозорот да му отворам такви ни се влезовите Влагаш у зграда ходник и после искачаш на тераса и има 3 стана исто како во куќа да си влегуваш надворешна врата е фактички не класика зграда дирекно ходници. И ние прва врата ме виде сама дома бев тогаш бебиња беа девојките и ко ме фати паника дека ми чука па отворив врата му го пуштив мојот малтазер како пит бул наострен овој веднаш побегна. Сега не отварам на никого освен ако не чекам некој. И да @Adidas888 2 и 2 цртки во три соби пуштам парно нон стоп е станот ни е топол кога сонце не огрее од сабајле 9/10 часот па до 14часот е пекол зборам зиме а лето цело време на подкровје сме сауна не ни е рамна . Ходници и кујна и вц негрееме се е отворено и таман температура фостига 22/23 степена што е океј ни претопло ни преладно. Ќути јас па само едно златно ланче имам во фиока оти неможам да го носам малите ме влечат нон стоп. Друго нема што да земат кај нас и едно 100 пара патики
Е арно ве суредиле на поткровјето Ние сме на приземје и секогаш е ладно кај нас, летото исто како клима да имаме дома, освен ова лето шо беше . А зима мора на 5, во 2 соби пуштаме на 5 и цел стан е топол.
Ke pisam za nekoe vreme @Femina koga ke mi go vrati profilot @gjoker4e I ke ja stavi temava vo skrieno katce? Nikogas neli? @Femina ocigledno ne postojat administratori Na 06.10 bea 10 godini od @gjoker4e na @Femina ama ocigledno tolku bilo pisano Moze I @Femina ne moze da se najavi ok e
Кога го читам оваа се чувствувам подобро дека пред некој ден дојде еден од струја или што и да беше а бидејќи 2 фамилии живееме на ист влез јас му кажав оти комшиите не се дома а уствари дома беа. Али со моите јазични способности добро е што не му кажав оти се умрени Ништо не ми кажаа после се надевам не беше нешто страшно. Јас се спремам за гости викендот и мм требеше утре да биде слободен за да чистиме ама го ставија на работа така што се паѓа на мене, уште сега си се жалам. Бев до маркет и потрошив убаво а утре пак треба да се пазарува и пак ништо нема. Конечно најдов бела пилешка салама како посебната во црево. Како купувате вие сувомеснато ? Мене оваа ми е сварно безврска да давам по 2 ипол евра за 5 парчиња внатре. 1 час само кај краставичките стоев, лани не гледав и затоа салатата ја направив со краставички со мед Немам онаква маталка за нес па си напрајв со миксер
Сувомеснато од турските маркети. Некогаш кога немам време за до таму, зимам по нешто од лидл или кауфланд.
И ние од турски земаме салама. Имаат на Птуј и др. балкански фирми. Од Кауфланд италијанската мартадела е убава, на мерење да ти ја исечат тенко. И на Pivac печеница и кулен, стојат кај сите др. сувомеснати вакумирани производи во Кауфланд.
Во турските има еден суџук или чајна шо ја викаме ние по наши, ама пре пре пре добра, околу 10е мислам беше ако не сум грешка.
Пишете нешто ве нема никаде. Ја снема џоки и темата згасна. Ја почнавме парно сезоната. Ново нема ништо.Добри сме фала му на бога. Пред нас се нови предизвици, се надевам дека се ќе биде во ред. Како сте вие?
Дали знае некој пренасочувањето во пошта како функционира? Во изминати 10 години од животов прв пат користам поштенски услуги. Пратив документи преку пошта, ама побарав да биде со бројче за следење, но да биде само до сандаче без да мора да биде рачно примена пратката. Е сега, го отворив бројот преку Дојче Пост страната, доставена е успешно, но имало некое пренасочување "auf Wunsch des Empfängers". Прашањето ми е, како примачот побарал пренасочување кога праткава требаше во сандаче да заврши, и зошто пренасочување се случило во два наврати? И дали има начин да видам на која адреса има завршено?
@MarigoldA Дојче пост има опција ако се селиш поштата од старата адреса да ти се пренасочи и дојде на новата адреса.Да не се има преселено примачот на поштата ? Ако не го најдат примачот писмото ќе ти се врати.
Фала, значи електронски автоматизирани се пренасочувањата. За фирма станува збор можно е да смениле седиште, инаку конечно е доставено вчера, а на 13ти го пратив.
Темава замре Дајте некоја тема да дојдат другите да се скараме малце , да живее темава Уште недела ипол до мојот Mutter Kind Kur . На ФБ најдов една група од клиниката . Најдов пост со мајки кои одат на мојот термин и направивме група на WhatsApp. Не знам што ме очекува , појма немам . Имате ли вие некое искуство?