Јас лично немам . Ама имам познаничка што стандард си одеше Кажуваше дека кога и да оди и е вистински одмор таму. Детето има занимација цело време а таа е саама за себр без обврски вели и бил вистински одмор
Дали имаме докторка или заболекарка Македонка во Германија во групава? Пишете ми лп ми треба консултација за документ
Одмор и уживање. Ќе се одмориш во вистинска смисла и физички и психички . Уживај Темава навистина пуста, јас не сакам да ја полнам со негатива давајте тема да се покараме. Ми доаѓа желба да прекинам целосно со породилното и да испратам малото во градинка. Бурни времиња поминав па само тој ден кога сум на работа одморам психички пред се. Уште сега понудите за одмор усвет...Пофалете се по 2 3 збора
@SanelaS се надевам дека ќе биде одмор и релаксација . Моево дете што ќе доаѓа до мене се разболе , тоест кашла . И се нервирам . Не сакам да спомнувам веќе , ќе мантрам дека ќе оздрави до среда . Темава а и другите теми каде порано пишував ми се одмилија од неколку членки . Којзнае уште колку години ќе го има форумов . Требаше денес да работам , утре исто и од понеделник одмор ама ќе видам за денес ако се врати мм од болница , каква ќе е ситуацијата . За утре откажав , нека бараат замена . Мм инаку овој пат остана неколку дена во болница. Се некако ми се собра. И се нервирам од неодговорни родители , кои пуштаат болни деца во градинка . Имавме случај дете поврати , родителите известени што се случило и викаат, па и вчера дома ни поврати Иди не ги згази после . Пандемија на болни после него ќе имаме. За работа @SanelaS почни ако можеш. Незнам колку и да сакаме да бидеме со децава , некогаш е подобро да се има рутина . И мајка и дете . Што знам подобро помали да се навикнат на градинка , ќе поминат се и свашта со болести на почеток ама после е полесно. Да би требало да седам дома со дете има усвет да фатам . Вака неколку саати на работа и те како менуваат . Плус и финансиски . Како што дојде време не се живее од една плата. Јас ако отидам на Mutter Kind Kur а ќе отидам зашто ќе мантрам , нема да одам на работа месец дена со се одмор . Од мини џинот гледам ќе ми исплатат и таму цела плата .. таман си е . Сега да го спремам синко и да отидам до аптека , ми дале сируп со рок до 10 2026. Да им го треснам И после да се мислам каде со ова дете мое
Морген и од мене јас почнав веќе и се помалку да го отварам форумов, а верувам кај и да е, ќе престанам скроз. А член сум охоо од сам почеток. Ама баш како што кажува Ена, ми се одмилува и мене од истите причини Децава мои се болни мислам веќе месец дена и се вртат во круг. Де едниот, де другиот, па измеѓу јас и маж ќе прележеме по една рунда вирус, па пак они. Од понеделник треба да почне малово во градинка, сега е како подобар, само поткашлува, ама ќе видам до понеделник дали ќе го одложам почетокот на адаптацијата. Со големиот пак се мачиме со таа негова сензитивност и воспитувачката негова, што секој нејзин збор си го става на срце и после секоја ситуација кај што она ќе му се продере, ние месец - два се бориме со одењето во градинка. Веќе сум исцрпена, таман ќе си помислам се е добро, почнуваме нова рунда И уште вчера ми вика дотичната воспитувачка дека да е на мое место би размислила дали да биде годинава детево Форшулкинд, а најголемата траума него му е од градинка и буквално ништо нема да ни донесе ако остане уште година дена таму. Оф, на секое мое пишување, темава ја отварам, ама стварно ме фрла во очај И јас почнав со работа еден до два дена во неделата по неколку саати. Официјално сум на породилно до јули и не се чувствувам спремна сеуште да се вратам скроз Фулцајт на работа, ама вака ми годи ептен. Буквално се исклучувам од дома, нека се снаоѓа маж ми После тоа што ме чека дома и во каква состоја е домот, не би на таа тема Ена уживај до максимум во Mutter Kind Kur, не сум била и немам искуство, ама верувам дека е осмислено така да можеш комплетно да се ресетираш и да наполниш батерии. Се радувам што постои таа можност за тој вид на одмор и терапија, ако можам така да го дефинирам, за сите нас доколку ни е потребна, каде што навистина се дава тежина и признание на сето тоа што ние родителите го поминуваме и колку тоа исцрпува. Убаво да си поминеш и да наполниш батерии Ме вика “обврската” да му сменам пелена Убав викенд на сите
Кашлаат и моите. Незнам дали ширупот за кашлица воопшто помага. @SanelaS пиши слободно подобро нешто да има на темата па може некој и ќе ти помогне. Јас сум за градинка и незнам како децата ги чуваат дома. Или може имаат многу мирни деца. Ме исцрпува тоа што сум постојано со нив. Сакам да имам време за себе макар и 1 час. Според мене децата треба сами да играат да развиваат фантазија итн , секако дека ќе се вклучам и јас малку со нив но тоа не значи цел ден да играм активно со нив. Дома постојано чистам, средувам а воопшто не изгледа дека правам нешто. После градинка започнува вистинска психичка и физичка борба. И заклучок на овој свет само маж да си!
Ај да отидеме сите колективно на Mutter Kind Kur од форумов Јас се решив само со едно дете да одам . Ми нема смисла да носам три деца . Да пакувам за три деца куфери чуда. Нема ни да не собере во кола со се багаж . Бинго пратила мм на такво нешто со сите три , да си направам Kur дома сама . Во една група сум со мајки што исто ќе одат на тој термин и искрено не ми се дружи нешто многу . Одам да одморам се не да се запознавам и дружам , да имам обврска да морам да правиме нешто заедно . Плус ако нема вајб меѓу нас Мм се врати дома од болница , сега неколку саати чува дете и после моја обврска е . Да купиме нешто бонбони за вечер , деца ќе има ќе доаѓаат . Да не зборам дека и јас треба со малово низ улица да одиме по комшии.
+1 со настинка. Другите двајца оздравеа. Од новости, ќе се селам . Пак не во наше, оти ги качија каматите до небо и нема смисла. Мене па сите сте ми мили, не знам оти ви се одмилува. Мене темава многу ми има помогнато и не сакам да ја снема.
ЖенЦки, значи утре или другите денови ако чуете дека некој продава ролекси за половна цена, да го пратите кај мене.
Хај, да се јавам и јас како падобранец Ја разгледував и јас опцијата за мутер кинд ама некако ,нешто ме кочи. Од работа ќе се лутат а мене ситуацијата ми е таква што не сум баш во состојба да останам без работа. Ама ако сепак некогаш отидам, на Северно море ќе одам и Хелголанд ќе одам да го видам . Ама затоа во ноември во Лондон ќе одиме. Ќерка ми е голем фан на тоторо од студио Гибли. Уште кратко има тоторо мјузикал, па си помислив во Јапан може не е толку финансиски возможно да ја однесам во тематскиот парк, ама до Лондон може да тркнеме. Ќерка ми исто има некоја чудна кашлица, денес остана дома, до понеделник мора да ја оправам. Докторката нејзина си заминува до Јануари а другиот доктор неќе да ги превземе нејзините пациенти (се иммат скарано изгледа ) . И така сега јас си страдам и си барам киндерарцт, а место нигде нема. Џокерче ја нема да пише, неа ја мислам. Да ви се пофалам дека сум пријавена за полумаратон на пролет, ама што се 21км кога јас секој ден трчам маратони .
Добро утро женски . Конечно викенд да се одмориме и да оздраве батково. Јас немам проблем со никоја членка од темава , сите ми сте супер . Штета што поретко се пишува овде , може затоа што доаѓаат од другите теми и прават раздор. Матична тема ми беше 40 , која сега ја избегнувам . Како и да е . @Dancewere те разбирам за работата , ама секој го следува Kur . Без разлика за која работа станува збор . И мене ми беше незгодно да кажам дека ќе фалам скоро месец дена ама тоа е . Се најде замена . Вчера се приклучи една мајка , во групата на WhatsApp . Ќе дошле фамилијарно. Со сопруг и деца . Не разбирам која е таа поента да се оди фамилијарно . Ама океј. Сега да отидам да пазарам , па после по дома работни обврски . Сакам ако има околности да отидам да купам некој партал , нешто обувки ама сабота е крш , сите шетаат .
Женска Швајцарија да не фаќаш ? Јас на работа кафенце , доручек на раат надвор ладно а вечер со големото треба куќи на кружам.
Девојки, внимателно денеска. Протестите во повеќето градови се надевам ќе поминат мирно, но со "ученициве" што бараат додатни часови по математика никогаш не се знае.
Не им се оствари француското сценарио на оние што тоа го посакуваа. Протести се потребни повеќе од кога било но ова не е спонатан народен протест. Ако некој нешто може да промени тоа сигурно не е ген з (т.е смартфон) генерацијата.