Па као на Ген З и дојде преку глава од случувањата па протестираат против немањето доволно кадар во образованието и високите цени за живот, па решија да си ги земат работите во свои раце..
Протестите се за сега смешки. За некои работи што протестираат се во право, ама каде тргнале со тие палестински знамиња? Ние до никое време бевме на Хелоуин овде пред зграда. И детето на 4 години е, цел град со децата од маало го прошета. Маж ми и и уште двајца родители беа со нив.
Како е можно да нема overknee чизми никаде? Ама буквално никаде. Без штикла. И да се малку поширочки напред а не шпиц оти ногата не ми влегува. Онлајн не ми се нарачува оти знам дека нема да ги погодам, проблематично стапало имам и мора да пробам на место.
E kako da ima, da dojdat ,,studentite" pa da si gi zemat od prodavnica. Kje si porachash Tamaris od Zalando, ako ne chinat, kje gi vtatish I toa e. Samo gledaj uslovi za vrakjanje pred porachka, se izveshterija vo posledno vreme.
Добро утро . За протестите гледав на тик ток. Имаше еден србин во живо од Ффм беше од еднаш го снема потоа пак се вклучи но непродолжив понатаму д гледам. Колку што можев да видам се беа да речам мигранти да не навредам некого но ниту еден небеше германец бел германец . Сега кружат по тик ток од еден црнец заебанции ос ффм. Жално е како и да е . Туку јас почнав да шоклонувам доста работи ос малите о вчера во една група објавив дека два релаксатори од nuna grow leaf ПОКЛОНУВАМ се договоривме жената инаку македонка да дојде и јас и спремив плус други работиза бебе кажа девојче очекува и кога требаше да дојде ми кажа нема да дојде не и требал не бил електричен . Епа незнам како така некој прави. Накрај се налутив и ги ставив пред зграда во рок од пола саат ги однесоа . Значи ем поклонуваш ем мана наоѓаат. Па мене кога ми поклонуваше морам да спомнам пак Дани тука од групата јас бев и сеуште сум и благодарна некои играчки и ден денес се користат. Вие дали поклонувате или продавате? Убав ден и брзо оздравување на сите
И тоа и тоа. На пример пресоблекувалната ја објавив за 5 евра. Дојде еден дечко да ја земе, ја гледа убава и остави 10. Работи што не се за понатамошно давање, фрлам. Шо е убаво давам ако има на кој. Сега ставив оглас да дојдат како на фломарк да си изберат шо сакаат и никој не ми има пишано се уште. Ги ставам по мала цена за да се продаде и да не ми се мота низ дома, само на ибеј. Ме мрзи да пакувам и праќам по пошта. Ќе треба и на некој фломаркт да отидам, може таму ќе ги продадам најлесно.
Од денес почнува акцијата во Талиа/озиандер за николаус чизма. Ако сакате да си обезбедите поскоро отидете
Не се нормални со тоа што го направија со Алиекспрес, Тему и сличните на нив. Не купував којзнае што но за ситни тракатанци што ги нема на др. место ми се наоѓаше одвреме-навреме Алиекспрес. Сега производот 2 еур во каса оди автоматски 4 еур и на чекаут плус уште толку.. Колку некоректен начин на сузбивање на конкуренција. На европски начин Иначе имам и јас скоро нова микробранова печка, така стои во подрум а жал ми е да ја дадам оти ми е подарок, таман се решам да ја оставам па се предомислам после кратко и така полн ми е подрумот со работи што може некогаш "ќе се најдат". А за Винтед и такви ствари не ми се троши време за 10-15 еур..
Давајте идеи за роденден на 7 годишно момче во зима. Имаме 10 тина деца од маало од школо уште не ми се броени. Дали заедно или одвоено и тоа незнам. Во зима воопшто нема избор.
Сите заедно на еден трошок ние еднаш славевме во куглана,па игротека па во простор како голф каде играат . Нема зошто да ги делиш ќе си поминат топ.
Супер направија. Такви токсини не вредат ни центи не па евра. И само се залажуваме мислејќи дека ефтино па нарачувај непотребни џиџи миџи и трупај се по дома. И онака многу исти или слични работи се наоѓаат на Амазон, па бар ќе нарачам она што стварно ми треба, без дополнително трошење на милион непотребни ситници само затоа што се ефтини. Ко малку кинезарија има околу нас, уште Тему ни фалеше да не дотруе. Ич не е битно како се справуваат со конкуренција кога конкуренцијата е срање. Не знам каде си и што ти е опција, куглана ти спомна тутифути, во аквариум има групни тикети и баш е забавно, кино, музеи, имаш периодов интересни новогодишни престави и мјузикли за деца во театар, можеш да ги носиш на активност некоја од типот искачување карпи, игротека ми е последен избор, ама бевме Септември во Манки Таун (кај нас го отворија лани, знам дека го има на повеќе места низ Германија) и беше ок. Имаше 7-8 родендени во исто време, солидно.
А тоа што е на Амазон ич не кинезарија и токсично туку од био пластика направено и за само пет пати повисока цена. Ако е така и Синсеј треба да го забранат, ама од каде ќе порачуваме тогаш фенси новогодишни шољи за кафе за сликање . А реално во последно време и по продавниците тешко да најдеш нешто што не е made in China, се покатастрофален е квалитетот на сè, најтешко ми паѓа за облеката btw...
Па истото го реков . Доволно кинезарија имаме, нема потреба од Тему, тоа што е за поситни пари е само маркетиншки трик, токму ради тоа ќе потрошиш и доста повеќе на работи што не ти ни требаат. Кога е поскапо, трошиш попрактично. И мене за облеката ми е мака ама едноставно немам толку време да читам на се етикета. Гледам само долната облека да е памук. Ама дури и кога стои 100% памук не значи дека целото парче е памук, туку дека памукот што се користи во тоа парче е 100 памук, па кој има толку слободно време да ги одгатнува тие мистерии денеска нека повели.
Те сфаќам што сакаш да кажеш и имаш право но јас како и секогаш не сум сфатена како што треба. Јас не реков дека ќе ми фали Тему за да продолжам да натрупувам дома не толку потребна сваштарија. Еве на пример од Алиекспрес воглавно си порачував: шноли, стегачи за коса и сл. за малата бидејќи кај нас сето тоа до скоро беше за една употреба. Ќе отидеше на градинка со средена коса а се враќаше без ништо на главата. заштитни маски за телефон во огромен избор на бои и дезени за околу 2-3 евра а истите на амазон или во некоја продавница во трговски тука чинат 20+ еур. лани си порачав од тему прекрасни позадини за зимска фотосесија, такви на амазон и да сакаш да најдеш нема. за шиење си порачувам ситници како лепенки, тантели, ленти и сл. - такви посебно во голем избор нема на амазон или во кик на пример. се утепав тука од барање на обичен албум за слики, таков со "џепче" од фолија за секоја слика, во Росман и Мулер имаше само такви за лепење на сликите (кои и до ден денес не ги укапирав како функционираат). И со едно пребарување на гоогле таков ми излезе на Шеин само . За свадбените китенки си најдов буквално сè што можев да замислам, за детските родендени исто.. Итн, итн. во тој стил беа моите порачки на кинезарии кои ќе ми фалат
Па те разбирам де. Ама буквално се ова се наоѓа по Теди, Кик, Вулворт Еуропшоп и сличните, на идење кај нас во Џамбо земам стегачи ластичиња и шнолички со резерви најпогодени ми се, имаш Тедокс за материјали голем избор и еден куп други ствари, буквално се давиме во кинески. Сем маски кои повеќето реално се чисто срање од Тему, не сум нашла овде во толкав избор. И без Али и Тему ќе најдеш се.