Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    18.922
    Јас мислам дека АФД ќе испадне тројански коњ баш како Трамп. Мислам дека му се создава илузија на народот дека има втора опција и дека неговиот глас има моќ нешто да промени. И во Трамп гледаше народот спас и прекин на сите војни како што ветуваше а на крај се покажа спротивното. И баш истите АФД го величеа него и го покажуваа како пример за борбеност и отпор.
    Многу сакам да не е така и можеби грешам но логиката на нештата и текот на настаните укажуваат на нешто друго.

    Кога ќе сфати човек дека сите моментални и претходни светски лидери (вклучително и Путин) се произлезени од истата школа на светскиот економски форум, не може да е далеку од вистината дека само се глуми дека има спротивставени страни. На крај ќе испадне дека сето тоа е само скап театар и дека нивните дела и одлуки водат во ист правец а тоа е исполнување на агендите на елитата во сенка што ги контролира сите нив.
     
    Последна измена: 7 ноември 2026 во 18:39
    На JasBee11 и WarriorMind им се допаѓа ова.
  2. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    На толку многу партии тука во Германија зошто таа да е втора опција? Разбирам дека им е на луѓето преку глава од мигранти ама изгледа слушаат само тоа што им одговара па се фатија за најекстремистичката и најконтрадикторна партија што постои.
    Ама ај ќе видиме иднината што носи. Lassen wir uns überraschen. :)
     
    На JasBee11 и WarriorMind им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    18.922
    Па баш затоа што таа партија излегува со ветувања за работи кои се скоро па невозможни а на тоа се пали најмногу der deutsche Michael. И Трамп ќе градеше ѕидови, ќе депортираше масовно па тоа не се случи.

    Единствено добро од ова со АФД е што се гледа колку од народот е против сегашните политики а со тоа и дека нема лесно да им биде прифатено сè што ќе сакаат да наметнат, како дигиталното евро на пример.

    Како и да е, на крај ќе испадне тоа дека не ни останува ништо друго освен да чекаме и да видиме што ќе се случи бидејќи сме толку ситни и небитни. А сигурно не е ништо па ни можната војна, оти и на големите некогаш не им оди сè по план, бидејќи за да владееш и да го натераш народот на нешто, било протести или војни треба барем поголем дел од масата слепо да ти верува а тоа не е случај баш во моментов.
     
    На JasBee11 и WarriorMind им се допаѓа ова.
  4. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.429
    Пол:
    Женски
    Точно.
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.