Кај нас денеска мартинфест. Се запишав да однесам храна, ставив фета бротшен онака на листата, па велам шо да е шо да е, ај кифлички со сирење. И нормално ми текна на џоки одма кога земам да месам. Сега уште да ги испечам и после да ги однесам, а врне дожд и ќе врне. Почекав ко демек дали да го откажат, ама рекоа не сакале да го местат за друг ден. Малата вчера откри дека и во киндергартен има опција да си поспие, па ја одам да ја земам, она си спие ли спие. И нормално после дома до 10 трчаше. Демек им пуштиле да слушаат приказна и заспала. Па ја покриле барем. Синоќа дојде пак комшиката од доле, да го замоли нешто маж ми да и помогне да премемести. И почнал сопругот во саботата. Ни слушнавме, ни дознавме, ништо. Глас не се пушти, ни па видовме нешто. Сега деновите да и пишам писмо со сочуство и да и оставам броеви од нас. Сепак ќе останеме во маалото, за секој случај нека има контакт. Баш ми е жал за неа, уште пожал уствари шо знам дека и нас ова не чека. Додека се имаат нашите во мк со комшии и си можат, арно е.
Изгледа ние сите кај тебе ќе дојдеме да се криеме ако нешто бидне Јас освен јадење залихи за 1 недела не сум купувала ни конзерви, ништо. Една свеќа дома немам откако имам дете, плус две мачки ни миризливи веќе не купувам. Во Алди секој ден гледам по некоја тетка, баба со по две фул колички со храна, чуда па и пакети вино Немам ни место кај да ставам толку работи. Ако затворат продавници ќе бидеме на диета
Ние купуваме тековно, немаме некаква залиха баш. По малце ме фаќа страв, само читам нешто за тоа. И еве сега проблемот со Microsoft, викаат дека не е сајбер напад, ама којзнае. Може сепак нешто се спрема...
И ние немаме залихи, освен за една недела . А зошто да праам залихи? Ако дојде до апокалипса, голема е веројатноста да не опљачкаат а јас не планирам да се тепам за конзерва туна, па така за џабе ќе фрламе пари. Еве и да не не опљачкаат, ќе се посериме од јадење една недела, две.... и после шо? Кондиција неам за да се расправам со будали и да ловам зајци од паркот до мене. Сега така седам и се размислувам како би стигнала до вода? Реката е на 10-11 км од мене, па како ќе се макнат тие шишиња претпоставувајќи дека и бензинските нема да работат па ќе неможеме коли да користиме. И дали уопште може да се пие водата од реката? За оружје не се секирам, можам оружје од скоро се да напраам. Иам кујнски ножеви, ногарката од столот е железна можам да ја искористам како палка, иам тешки перници кои можам да ги искористам како штит кои маж ми ги купуваше како задоен, незнам од која причина. Иам стакло колку сакаш дома за да кршам глави со него. А да не зборам па за машините маж ми шо ги чува за работа, па тоа бормашини, па тоа штрафцигери, па машини за мучење овај за сечење плочки.... И не, неам ранец со пари, пасоши , шише вода и неколку евра за да тргнам одма на пат. Па не ги оставам овие моиве алишта ма ако сака и Хитлер нека ми дојде дома! Едно комбе нема да ме спаси, мајке ми. А и премногу мрзлива сум за да преживувам. Ако биде нешо, значи ќе глеам да бидам во првите редови на жртви. Дали ќе застанам меѓу две пушки или ќе трчам накај печурката после бомбата, останува да видиме. А и стварно незнам откај толку вољја за живот имате. Еве сега ми дојде, па уште и кога ќе помислам дека може и улошки да снема..... ноу, ноу.
Од залихи аргета паштета тоа било залиха според мм, а на што ќе мачка. Пола леб во замрзнувач дури. Онака ми текна да ставам откако ми ја спомна паштетата. Еден пакет вода и една гајба шпеци. Битно алкохол има, ќе удриме на алкохол. Поарно залихи на благо да правам и така тоа може да се јаде и со поминат рок. Добра идеја.
Само јас ли не ја сватив гош сериозно? Ма за јадење ќе се снајдеме и без залихи за 2 дена , проблемот е ако снема струја. Залиха од пелени и улошки да направам и влажни Како на свеки да и објаснам дека не сме само ние постојано болно , туку она нема мали деца… уф колку ме нервираат такви муабети…
Мојата во еден месец два пати е болна. Татко ми е на гости, ми се жали не можел да спие. Пензионер инаку, без никакви обврски и стабилни финансии, без кредити абе да не речам како тинејџер. Јас ноќеска од 2 до 5 дете со температура чував. Па после ми вика да излегле со маж ми да прошетаат низ центар. Абе викам нема потреба да земеш дете малку да го поиграш ја да одморам, пази ко да не сум ти дете. На крај сите у пивница, нек иде живот дете нема температура .
Ако не можеш да ги победиш, придружи им се. Тоа е правилото. И мојот понеделник беше убав. Бевме со маж на дејт од сабајле. Со најмалото конечно почнавме да седнуваме и кога е буден, до скоро темпиравме да спие. Ама бранчовите траат до неговата дремка, па среќа веќе не е како мува без глава, во подобрите денови барем и може да се украде саат-два. После низ мол, па до супермаркет, не знам за вас, мене веќе пола подароци за Божиќ ми се купени. Уште нешто да докупам остана. Утре сакам само малку да накитам, малово се ми фаќа па невозможно е китење, ќе ставам само некоја декорација тук и таму и елката ќе остане за во Декември. @Gosh те прочитав пред некој ден, се насмеав. Мене бејзбол палката ми е светиња, откако ја имам као не морам да мислам што како и имам за што да се фатам одма ако имам потреба. Знам дека е смешно ама ми дава некој мир. Само недај боже да дојде до тоа. И пепер спреј имам во секоја ташна.
Da si kupam pistol I 4 kurshumi, najarno kje bide, se nema zivci za zalihi, oruzja I paniki Ama jas u nekoj drug svet ziveam, nema panika, samo labavo, dali da krechime ili da varosuvame e opshtata atmosfera
Мене доволно ми беше она лудило со короната иако тогаш бев уште Мк. Сега што носи ден, не се замарам. До толку е отидено се во пм, па почнаа и со објава на датуми. Еден куп баба Ванѓи.
Јас само овде читам за тоа. Од спремност имам ништо а мм вели оваа секоја година го праеле. Ме прашува нели сум памтела за не знам таму во кој случај јас појма немам ниту памтам. Најверојатно и тогаш сум спиела. Јас ниту во короната не седев дома и не осетив како некој луѓе постојано затворени онака ептен лабаво беше.
Па најверојатно си интроверт и сакаш да се излежуваш, туку да ме прашаш мене како екстроверт како ми беше. Со полиција до дома ме имат носено. Короната уопште не беше лабава.
Јас ко шо сум почнала да јадам се што има ќе изедам и пак ако недајбоже дојде, ќе немам за јадење. . Да се прашувам само јас од дома со денови нема да излезам, ама пошто фала богу имам ѕверче, поради неа секој ден излегувам. Инаку ништо ново. Се ме нервира. Комшиите реновираат дома не се седи, а врне нема кај да одиш и така. Да најдам некои слушалки од маж ми кај има, па белки ќе се преживее некако. Гости најавени за во декември. Скоро па 10 дена ќе сме со луѓе. Ноември нормално не поминува никогаш кај нас без посета. И тоа. Ајде убав ден
Да се јавам и јас на рецепција. Поминаа веќе две недели , во среда заминуваме дома. Времето како така помина. Имав секој ден спорт , одење , семинари и дури две одење кај психолог . Каде после првиот пат открив каде е мојот тригер за некои мои стравови , кои се всушност од детските денови . На второто одење правев тест за адхс , според претходно се што спомнав во симптоми се совпадна со адхс . Не е дијагностициран, ама ќе треба да одам на матичен и да барам понатамошно испитување. После се ова ми има смисла дека може стварно не сум само хаотична во главата , со сто мисли и чуда . Се радуваме на одење дома , иако останува да уживаме уште неколку дена овде . Мојата пријателка која ја запознав овде , со кое секое слободно време бевме заедно , на шетање , на кафе во кантона , муабети на слични теми , се пронајдовме и двете . Мораше вчера ЛД здравствени причини да замине и баш е штета . Сепак ќе останеме во контакт . За денес имам слободно време кое стои во мојот календар , ама детево убаво се најде , јас исто и сега ни е тешко да станеме од кревет . Планот беше да оди во градинка на два саата ама ќе видиме.
Не знаев дека трае три недели. Вака како што опиша, многу ми се допадна. Дали може да се оди со деца што одат во училиште и дали може сама да одам ако децата мора да одат во училиште?
Може да се дојде со деца кои одат во школо. Има и овде школо , тоест децава имаат (редовна, во тој стил ) настава . Не како во матичното школо нели ама може да дојдат и деца до 14 години . Има посебни клиники за мајки без деца , ама овде се децата инклудирани. Мислам дека најдобар период да се оди е на пролет или есен . Зашто овде почнува да фаќа ладно , да врне и било која активност надвор ми нема смисла .