Зависи колкава кирија се плаќа. Калтмите би одговарало на кредитот за стан/куќа и плус небенкостен. Зависи колку е купено и колку пари е капитал вложено,ратата така би била помала. Ние исто купувме стан 69квадрати без учество, плаќаме околу 950еу топол,од кои 750€ е кредитот. Може да се купи стан без проблем, ако работат партнерите неопределено. Мое мислење не може да се спореди ќирија и кредит-кредит е поскапо, ама на долгорочен план дефинитивно поисплатливо. Плаќаме веќе втора година, можевме дупло поголем кредит да земеме, за куќа. Ама, одма му ја шкртнав оваа идеја на мм. Требаше да се заглавиме со кредит и после одмор и за да се распуштаме тешко, ќе седевме само во дворот на куќата Плус реновирање, ајде мм сам да гради, ама пак треба материјал, а тоа е голема инвестиција. Сега станот е од корен реновиран, фали само кујна и врати. Тука недалеку од нас има исто станови приземје со двор многу ми се допаѓаат. Познавам една жена они купија баш таков стан, и многу убаво го средија дворот. И јас ја разгледувам таа идеја како @Chantal слично како куќа ми е, ама уште сега да скокаме ми е рано. Ако излезе добра понуда отворена сум за да се земеме уште нешто. Во поглед град или помало место, повеќе сум за град. Не би можела да се замислам да живеам понастрана во мало населено место. Еднствено што ми фали тука, би било море. Хамбург многу ми се допаѓа за живеење, го посетивме неколку пати. И ми ѓи исполнува сите мои критериуми и е многу среден. Имам колешка од работа, стара сега ќе оди во пензија, викаше гледала документарна со глобалното затоплување на Северното море ќе никнале палми Вика ако е така нема да треба да ја напуштам Германија за да одам на море.. Ми го направи денот кога го кажа тоа
Пиши ми и мене слободно, пробав да ти пишам, ама заклучен ти е профилот. И јас сум скоро 2 години овде и мислам дека самотијата почна да си го прави своето. Сега за разлика од Мк, финансиски е многу подобро, ама некако се осеќам празно, немаш со кого два реда муабет да направиш. Маж постојано на работа, јас и дете дома. Инаку и ние плаќаме евтин стан, кирија ни е 550 евра и е на приземје со дворче. Ама сум пишувала дека комшиите воопшто не ни се погодија, и ден денес ако се затропа малиот тие одма тропаат од горе. Мислам дека ќе можеме да купиме стан, оти маж има договор на неопределено, ама ќе почекаме уште малку, прво јазикот ни е слаба страна.
Ние во првиот стан имавме стан со дворче. Ужас невидена е тоа ако не се погодат комшиите. Не пријавуваа за два сантими трева порасната. Се сеќавам дека и газдата на станот дојде додека бевме на одмор да ја исече. Не смееше на видик ништо да им штрчи одма поплаки. И кога ќе седнеш во двор цела зграда над тебе те гледа што правиш. Па и ако имаш куче што лае затвор не ти бега Никад таква комбинација. Изгледа слатко од страна, но ако приметите никој не седи во тие дворови
Баш штета @FreeMind што не ви се погодило. Ама тоа е до комшиите. Ние до сега не сме имале таков проблем. Ние сме приземје, само малку подигнати. Единствен проблем имавме со Хаусмајсторот, ама него мм го отера у три лепе. Кажуваше многу свои правила. Зошто детето трчало пред зградата, многу викало. Мм му кажа од 8-12, и од 15 до 20 часот може да прави буквално што сака. Другите комшии се сите ок и си живееме, мала зграда 9 фамилии сме. Со едната одиме со децата да шетаме, комуницираме постојано. Другиот викенд сум 2 смена, ама од сабајле ќе одиме цела фамилија на гости кај едно дете од градинка, имаат двор и куќа децата ќе трчаат. Дури имаме полнето од оние големите базени вода пред зграда на тревата. За они што ти викам со двор, децата и се постојано надвор, претходниот пат правеа нешто забава, шанк имаат во двор. Имаат Базент, е сега имаат место, ама игралиште не им треба, на пет метри од нив имаат игралиште. За луѓето се стварно ок на овој дел од градот, дружељубиви. Со неколку мајки од градинката германки се договараме и одиме заедно во парк и цел ден седиме таму ако е викенд, деца си играат. Во претходниот стан на другиот крај на градот познавав неколку германки, ама поладни, пет години живеевме таму комшиите ги знаев на добар ден. Никаква друга комуникација. Да не речам наци. Имам кошмари од работата од тој дел, одма до зградата имаше дом, едвај издржав 6 месеци. Ми вршеа мобинг. Една станица понатаму околу 5км има клиника- сега таму работам, луѓето се одма поотворени спрема странците. Иако не ми се напушта ради тимот, а патувам од дома по саат во правец низ град и постепено сум уморна од тоа патување и морам да барам во близина.
Ај молам модератор да ги одстрани Берлин од темава (се шалам само ве мразам потајно) Многу мали плати има таму. Се е за престиж. Затоа не живееме таму иначе уште утре.
Фри во право за платите-ниски се главно, ама и тоа е кој како.Познавам многу што успеале да извлечат добра плата од работавачите. Некои кои што се договараа со работодавачите и земаат плата многу повеќе од тарифата која треба да земат... се има. Не е чист град,сиромашен е, ама убаво ми е тука и не би го менувала. И да не одам на одмор имам се тука(освен море), паркови, езера во близина, трговски колку сакаш, ај доста реклама му правам Затоа и викам ако менам треба пак да е поголем град,во мало место не можам брзо ќе ми здосади.И во поглед на работа би била ограничена. Тука ако сакам сто пати ќе сменам, немам проблем. Секој има различен вкус што сака... Додека јас го пишувам ова, мм ме убедува да бараме село или мал град Оти возиме до езеро и по патот што разгледува Кој знае можеби ќе сменам мислење некој ден.
Дали знаете некој гинеколог балканец во близина на Heilbronn? Не знаеме добро јазик а ми треба за преглед сакам другиов месец да заминам за Германија а имам потреба од боцкање клексани
Берлин ти е држава во држава не за џабе е на сите листи во првите најдобар град во свет за посетување. Берлин ти е монумент, дух, сцена, љубов, мултикултура, фуд енд дринкс, квир, рилекс...можам до другиден да го опишувам како турист ( многупати ). Доволно е градот во кој живеел и самиот Деквид Боуви и му бил цел живот инспирација. Но тоа нема врска со живеење во Берлин и различни потреби.
Здраво, потребно е да започнам со нострифицирање на диплома од факултет во Германија и добивање на дозвола за работа. . Пак ме интересира ваши искуства во процесот на нострифицирање. Дали по мажење и при промена на презимето, моравте да правите промена на презимето и во дипломите од факултет, лиценци за работа итн. во Македонија, или пак доволно беше покрај дипломите со моминско презиме да приложите интернационален извод и интернационална венчаница. Се надевам некои од вас имале искуство па ке сакаат да споделат . ( Овоа за да одлучам дали можеби да си го задржам моминското )
Mislam so vencanica ke zavrsis rabota jas go zadrzav mominskoto oti vo momentov koga se selev snemsv nervi i trpenie so makedonskite institucii.
Нз германски дека збори ама на лик не изгледаат како германци. Ама колку ги има само вакви или само јас се погаѓа да сум присутна? За едни Турци имам пишано. Таткото на една страна од пешачкиот со две женски и силен шамар удира на едното, а ја на другата чекам со вработена од градинка. Никој никако не изреагиравме да речеме не или зошто го направи тоа. Најтешко ми е насилство спрема деца и животни. Ќе полудам од грижи. Пред некое време прочитав двајца другари силувале маче додека не умрело и некоја организација за заштита на животни ги фатила. Не сакам да си поверувам дека е вистина.
Страшно Се познава колку германците се другчије воспитувани и децата не им се насилни , за разлика од турците и арапите само да се зљкачат и степат
Ау кај нас дојдоа едни ново од Сирија, луѓе таткото како ги тепа, катастрофа. Кој им дал стан, незнам, ама важно на цело село се фалел, катастрофа. Идат по 20 луѓе со се куфери, мачиња и кучиња, на гости лудница е. Исто спроти нас има едни неартикулисени суштества, луѓе какви песни пуштат, амено домине, индиски песни, уште поголема катастрофа. Почна ептен често да иде полиција ама џабе не звонст кај нив, прашуваат само низ комшиите што и како.