Јас дури сега ве прочитав. И што испадна дека сите сме на југот. @Neda997 пиши ми порака. Тие што сте дома со дете и почнуваат секакви мисли низ глава најдете било каква работа кога маж ќе е дома. Кај нас имаше нешто за деца до 3 години секој вторник и четврток да одат бесплатно ама заборавив што беше. Распрашајте се. Ми имаа кажано за над 3 години секоја сабота баш тука на наредната улица. Има дневни центри, тагесмутер, бејбиситер, се за да одмори мајката и да не и е монотоно. Од седење дома со дете може да се појави нешто во главата што не постои. Ние откако сме дојдени сме уличари. Малата се знае со цел град со сите има здраво, јас не сум до толку комуникативна. Ги знаеме сите места во радиус од 5 километри. Овде барем може цел ден да се изгуби во некој непознат правец без да те брка куче скитник или да ти свири некој манијак дека носиш шорц одма до под гз. Јас си имам и симпатија ако не сте знаеле да ви кажам. За купување стан ме замисливте. Нели германците цел живот под кирија живеат и кога прашав зошто ми рекоа дека така не те заштитувала државата, на пример ако останеш без работа ќе ти речат продај го станот, а под кирија било побезбедно и нели цело време некој друг ти мисли, а ти едноставно можеш да се преселиш во нов целосно реновиран стан. Добро е што ако купиш и после се премислиш за локацијата може да се издава под кирија.
Здраво на сите, Мнооогу одамна не сум напишала дури пасворд си заборавив Детево си порасна додека јас повторно пишам на Форум, ама бев и доста зафатена и не најдов баш време. Него , сакав да прашам , сите ли живеете во Јужна Германија ? Нема ли мамички овде на север (Ratingen, Düsseldorf) па да се дружиме за на фитнес барем заедно.?
Zdravo Dali ima nekoja sto ima online rezervirano vo bugarska ambasada? Neznam zosto ne mi dava nakraj termin da napravam?
Претпоставував дека е различно, ама отприлика од крајот на јули до септември е периодот ...така нешто
Јас бев со провокации бидејќи влегов во 42 недела. По правило те чекаат ако е се во ред до крај на 41 ва недела иако имаш можност ако си согласна после термин да почнеш со провокации. Јас почнав. Имав три опции: - првата беше хомеопатски таблети кои ги земав на секои три саати - втората беше џус од зејтини и растенија со кој можеби и ќе повраќаш многу - третата беше инекција за да добијам контракции Таблетиве не беа на понуда. Се породив три дена по примање на хомеопатските таблети и пукање водењак.
@FreeMind на другарка ѝ дадоа Misoprostol како провокација. И гледам дека се случува да даваат. Супер што кај тебе не дале. Пишувам оти во последно време сѐ повеќе лоши коментари има за овие апчиња.
Од текстот се вели дека не треба да даваат. Кој им дава дозвола да го дадат? Или на своја рака работат?
Не знам. Јас бев со царски па немам лично искуство. Ама кај другаркава знам дека дадоа коктели некои, па на крај и од апчињава. Мислам дека ги даваат кога ептен и покрај провокација со други средства, едноставно не оди. Знам дека ѝ дадоа да потпише дека се согласува. Во принцип, од кај знаеш дали да се согласиш или не, нели...
Од кај ти би ги знаел нус појавите на апчето. Им веруваш и се потпишуваш. Страшно. Коктелот е тоа втората опција кај мене. Ми го опишаа као можеби ќе блуеш неколку дена. Убаво е што сподели за нови мајки да прочитаат. Јас вакво нешто не сум знаела дека можат да ти сместат. Се надевам пријателката ти е добра и добро поминале со бебуш?
Да да.. ок се. Тек после тоа ја дознав статијава... И сега кога пиша членката за провокација со апчиња, одма си реков да споделам. Некому ќе му се најде.
Јас како што им верувам нема ни да прашам што е тоа. Ако може некој накратко кај колку проценти од родилки се појавило нешто негативно и отприлика што?
Мисопростол се користи за да се предизвика медицински абортус во рана бременост, решавање на настанат абортус, предизвикување на контракции за започнување на раѓање, и третман на постпородилно крварење. Негативни појави се почнувајки од полесни кои се и почести како гадење, повраќање, дијареа, стомачни грчеви, осип и егземи, па до потешки состојби кои се и исклучително доста поретки како хиперкоагулабилност и создавање на тромби, и зголемен ризик од мозочни удари или срцев, руптура на утерус. Исто така има и одредени истражувања кои покажуваат дека постои зголемени постпартални бактериски инфекции кај жени кај кои е користен. Тој се брзо метаболизира и за краток период се излачува преку млекото но во многу мали количини, при што нема потреба да се прекинува доењето. Инаку за жал не најдов податоци за стапка на несакани ефекти а и немав доволно време за да барам сега. Но ако најдам ке ви постирам
Проблемот кај истиот при администрација за индукција е што прави значителни контракции кои предизвикуваат проблеми како што пиша лале-то - руптура на матка, одлепување на постелка, недоволно хранење на бебето преку постелката како резултат на силни контракции или одлепување на истата, стрес и пад на тонови... Тоа е од нет што имам читано искуства.
Еве линк кој сака нека види не е да плашам, имам искуство со апчињата и да не се нормални болки. Инаку немав убав пораѓај, се породив точно 42 недела,после пораѓај прокрварев, па тупаницата на докторката ми заврши во стомак да ми држи компресија. Скоро ја видов репортажата.
здраво на сите, имам едно прашање не ми е баш за темава ама вие ќе ме разберете: дали има во Македонија да се купи од оние душечињата како што имаат во градинките во Германија? тенко, како за полски кревет или војнички не знам како се вика и како да го барам сите што ги најдов се многу подебели..