Мајки вакви купувате само за првачињата за првиот училишен ден или и за дечиња што почнуваат прв пат во градинка?
Здраво мајки сакам да ве прашам дали има некако начин од германија да се пушти пакет за мк,секоја година ми носеја роднини алишта за син ми ама годинава заради короната не си дојдоја па бараме некако да не можи да се пуштат нормално ке си платам. @danichap ти ако не се лажам имаше прајкано или некоја друга ако знае би ви била благодарна.
Мајки треба да му купам на синко ранче за во градинка. Не знам какво точно да биде и колку големо. Па сакав да прашам што носат вашите дечиња во ранчињата за во градинка освен шише со вода и кутија со јадење.
Јас до Бугарија праќам секогаш, роднините таму живеат. Вода јас не праќам, таму имаат, само храна. Чизмички и јакна/ панталони за дожд и топлинки им стојат таму. Според сезона и капа, крема.
Ништо друго. Во ранчето само шише со вода и куферче со појадок. Топлинките, панталоните, јакничката и чизмите за дожд таму остануваат. Јас ранчиња, куферчиња и чашки им нарачувам од my Toys. Пиши во полето за пребарување Kindergarten rücksack има убав избор на детски ранчиња.
@orhideea https://www.affenzahn.com/de/sale Овие се “фенси” за кита овде и ги имаш на попуст моментално.
Преку Дхл. Отприлика за две недели ќе стигне. Јас за пакет до 2 кила платив околу 16 евра. Пакетот го купив од поштата околу 2 евра. Имаше три димензии мислам. Кажуваш точна целосна адреса, телефонски број на примачот, што има во пакетот и колку вреди тоа што е во пакетот.
Преку ДХЛ интернационален пакет за 2 недели стига.Кога ќе кажеш вредност на пакетот кажи помалку да не го оцаринат во Мк.
Мислам дека цело време е затворена градинката. Сега влегов во апликацијата на термини и гледам 29ти и 30ти октомври следно е затворена. Од ¹0 до 20ти август Sommerferien. Таман почнале на 31ви август пак еден ден затворена. Два дена годишно до 14 часот. Еден ден отпосле кажуваат кога ќе е затворена поради не знам што. Одморот го пишувам кога и градинката е на одмор ама овие плус денови ме убиваат. Нели може во сабота да си прават Teamfortbildung? Онака да се испукам од што видов сега за 29ти и 30ти октомври. И онака две години вака ги гураме ама пак ме фаќа нервоза на вакви датуми со глупи причини. Ќе планирале не знам што. Па планирајте после 17, во сабота, само пола воспитувачки, вие кога имате Planungstag ние пак мора да работиме. Воглавно градинката е совршена ама ете овие 5 дена плус не ми се свиѓаат.
Женчиња, ви исплатија киндербонус за короната? Мене уште не, да не излезе исто како за болничкиот персонал... Да не добијат сите. Оти како што најавуваа требаше да ми исплатат и 1000€ бонус како фала дека се бориме демек со короната, па на крај излезе крапот за стапот го видовме Шпарен шпарен
И вас ве излажаа? И нас тука. И мед.работници. Само се зборуваше за да смират страсти на народот и магично ги снема, останаа со прст во уста. И маж ми требаше да земе бонуси, ни денар не зема.
Ништо голем дел од медецинските работници ништо не добија. На пример мојата клиника дава само бонис на Корона оделението и интензивна нега, со предуслов 8 саати да се носи постојано FFP2 маска за смешни 10 € на ден како гефердунгсзушлаг(бонус за опасност на работното место) Ако во тие 8 саати, саат време си кај друг пациент и не ја носиш не те следува. Лажат и тоа многу. Моја колешка маж и работи на интензивна. Викал јас ќе им дадам 10€ бруто они нека ја носат маската цело време. И така, имам прикаски од работа колку сакаш. Само не зборам да не се нервирам.
Ми го дадоа пред некој месец за 2021, не се сеќавам точно кога. Мислам дека во март го објавија ама не сум сигурна точно, битно за тоа нема збор, не се на време туку пред време.
Која ти е последната бројка на киндергелд бројот? Има објавено кој кога, битно 200 во септември, 100 во октомври. Ако ве следува сигурно ќе ви дадат само што ако заработувате многу ќе ви ги оданочат.