Уште не Фри. Ако мислиме за истото. Разгледав сите опции кои ги има. На стоума сум кој пат да го фатам.
За Халовин на 31ви што прават децата? Прашав во градинката велат ништо, се организирало само во кирхе градинки маскенбал.
Во нашата има маскембал и појадок од родителите.Секој носи што ќе се запише на список.Ги сликаат групно и тоа . Ама оваа година нема да има многу настани ради короната.
Здраво мајки. Сакав да споделам нешто со вас. Се работи за детенце кое живее во близина на нашето место. Не ги познавам лично, неколку пати се имаме видено во градинка во Krabbelgruppe кога одевме. Има 3 год и има леукемија. Потребен му е донатор на коскена срж, но има и сметка за донации. Кој сака и е во можност, нека помогне. Можете да прочитате се во исечоков од весникот,а другава слика е од плакатите кои утрово беа закачени низ местово. Поздрав до сите и убав викенд.
Да прашам, има ли начин да се дојде од Мк овде на гости, преку скопскиот аеродром, со мк документи? Читав некаде дека е потребен документ од Bundespolizei, ама дали некоја знае со сигурност како оди ова и дали е возможно?
Читав првиот дел од 200 евра во тек на септември ќе ги исплаќале, остатокот 100 евра во октомври. Ги има термините на страната на Familienkasse
Мислам дека треба да се земе документ од Kreisverwaltung/Ausländerbehörde, нешто како гаранција порано што беше, се плаќа нешто и треба да го осигураш лицето за 3 месеци. Тоа е последно нешто што слушнав.
Јас се распрашував за мајка ми,па роднина ми рече дека по ново вака било. Најубаво да се праша во Ausländerbehörde за сигурно. Инаку за осигурување мора,знам мајка ми кога беше преку ADAC 80€ месечно беше.
Дали практикувате да купувате гардероба, обувки и играчки он лајн и од каде? Јас немам многу време за шетање. Ниту пак имам некој голем избор на продавници во местово каде што живеам, па како најдобра опција ми се гледа он лајн шопингот. Си правам нарачки на H&M, C&A, Ernsting's, Zalando, Limango, My toys.. искуство со некои други? Ваши предлози? Dankeschön.
Има и на ибеј. Јас таму најпрво барав. Тие истите три ги знам. Друго што можеш да направиш е да го пишеш името од местото на фб и да се зачлениш во сите можни групи. И најостварлива опција е преку Агенција за станови ама нз како би ги нашла. Пиши Wohnbau и твоето место на живеење. За други не знам. @Jagoda123 Порачувам од ХиМ, Лидл, Амазон и сега по ново од Отто. И од Дм порачувам по ново, одзема 5 мин време, ти го носат до дома, нека живее онлајн шопингот. Размислувам и од маркети да почнам онлајн да порачувам. Значи се освен она што пожелно е да се опипа.
А ако има македонско мора да вади овде германско? Сигурно имате заборавено па да ве потсетам. Кога шопингувате онлајн одете преку странава: https://www.gooding.de/hilfe-fuer-s...n-d2PJONka7XbTD2VR82VWbgIaG7sCEkrHvlmJsHofaDU Ги имате сите страни за купување, а преку оваа страна мал дел оди за невладината во Македонија. Не ви земаат плус пари. Фала
Потребно е да се добие согласност од бундес полицај и потоа се вади гарантно писмо заедно со осигурување. Така е постапката за идење. За согласност мора да има задолжителна причина: раѓање на дете, свадба, погреб или тешка болест. Ние се селиме во Декември пративме утринава мејл на полиција дали ќе ни ја одобрат како прилина за унтерштутцунг бидејќи сме со мало дете и куче. Ќе известам како ќе заврши постапката.
На која мејл адреса се пишува во полиција? И дали тие го праќаат формуларот или го има некаде на нет прикачено? Гарантно писмо од бирото за страни ли се вади?
А ова се однесува за подолго од 3 месеци или и за еден месец мора истово да се мине? Заради короната ли е ова?
На официјалната страна на министерство за надворешни работи стои дека треба да се контактира полицијата за ајнрајзе верорднунг за време на корона. Си бараш мејл од општината каде живееш на полиција. Нема формулари само информација е. Ние пративме и добивме повратно дека они немале ништо со тоа и да ги прашаме гесунхајтсамт. Истиот мејл со одговор од полиција го препративме во подрачната кај нас и до овој момент нема одговор. Ова се однесува за време на Корона за престој до три месеци за лица за кои важи забрана за патување како од Македонија. За жал никој ништо не знае и сите ја префрлаат топката. Ова лично ги проверувам информациите погоре наведени од Мини дека може со гарантно писмо. Засега нема потврда од никаква институција. Засега никој не смее да дојде без изрична потреба погоре наведена.
Боже, Боже Колку комплицирано го направиле.А јас пак си сметам ако најдеме поголем стан да ги викнам светковци да помогнат на мм Ако најдеме стан изгледа пак ќе се селиме сами Како што растат бројките не верувам дека ќе сменат нешто