На курс и после кога ќе се вработиш,сакала некела мора да комуницираш и ќе го научиш.Брз пат не знам.Треба барем година време за да научиш да разбираш убаво. Сте пишувале за пазарување.Порано следев акции по весници Лидл,Алди,продавниците за мебел или кога имаше распродажба. Сега сум многу зафатена периодот и ретко листам,до душа и немам некоја потреба или нешто да ми е итно.Страни за порачување ми се Лидл,ХМ,Зара или Заландо.Ама повеќе ќеиф ми прави да отидам во продавница и да барам по рафтови. Бираме секогаш различни трговски и во зависност што ми е целта во тој правец одиме.А, за брендирана облека имаме аутлет на другата страна на градот на 16000 м2 цело гратче со продавници брендирана облека,рај за тие што уживаат во шопинг.Само не сме биле до сега често се на се 2 пати. Кога имам слободно време повеќе би во некој убав ерлебнис парк заради детето,а сами да се погодиме со мм е мн ретко речиси ич.
Јас сум на 30 саати неделно и имам 24 дена одмор.Исто имав и кај претходната фирма.Сигурно во договорот пишува.
Кај мене во договорите секогаш било точно наведено колку. Оти тајлцајт сум била со различни часови во месец, па се разликувало и во бројот на денови.
Мислев за тајлцајт е само 20 часа неделно. Нешто грешка сум. А може со 7 часа на ден, фолцајт, или мора минимум 160 часа месечно? 36 часа неделно би сакала да работам ама да е фолцајт
Значи зависно од работните часови... Утре сум на пробен ден во еден маркет и планирам од 20-25часа да работам и ме интересираше дали ќе ме следува и одмор Сакав да прашам дека газдарицата е малку опасна па да не ме изигра со одморот Се надевам ќе биде се како што треба...
Фолцајт е од 34 или 35 часа нагоре , а теил цеит е од 20 до 30 часа.Јас претходно работев 33 часа бев исто теил цаит. Под 20 се снета мини џоб.
Уште ова да ме просветлите. Дали со дете до 3 години имам право еден час порано да си одам, а да ми е платен, или само на филм тоа? Или било каква предност за мајка со дете до 3 години постои нешто што треба да знам?
колку денови имаш одмор не зависи од тоа колку саати работиш, туку колку денови во неделата. Ако работиш пет дена во неделата, па макар и по три саати дневно, те следуваат толку денови одмор колку и тој што работи по 8 саати. Ова е интересно . Секако ако работиш пример два дена во неделата по 8 саати, тогаш ќе ти следуваат 2/5 од стандардниот одмор..
Јас само од искуство да пишам, не брзајте со мало дете да земате фул тајм работа. Особено ако не поминала адаптацијата во градинка. Моево во јасли божем одеше од 2 години, 1 недела одеше, 2 болна. И така скоро цела година. Па тргна во градинка, си реков ете навикната е на колектив, нема толку да прифаќа болести. Тикви. 3 дена здрава, 5 дена болна, и тоа така 2,3 месеци. После ми кажа еден колега, пола на шега пола озбилно, па тоа се нови бактерии и вируси што треба да си ги разменат... Не да ви кршам филм и да ве саботирам, само да знаете оти домашниот есап на пазар не излегува. Оти и вие си праите планови, и работодавците рачунаат на вас повеќе кога сте фул тајм.
Моментално сум 30 саати неделно.Одмор имам 29 дена плус 5 за сменска работа. Од понаредниот месец ќе работам 25 часа неделно.Прашав за одморот дали ќе се намали.Шефицата ми рече ќе остане ист.Баш ќе почекам да видам
Колку ти следи за болно дете? Не ти земаат од одморот? Јас уште во најава за елтернцајт им напишав дека од фул тајм се враќам од 30-50% после една година па потоа ќе видиме како ќе биде. Арно ама во мојата административна работа нема 50% мора да е 100%. И нормално уште не тргната оти планер сум од пелени се испокарав со персонал абтајлунг и не знам што ќе биде. За доење до три години ли е еден саат пауза или важи само за првата година?
Од вчера сум на мисла како ќе им докажам дека дојам? (смајли што се чуди) Нели некој може да излаже дека дои?
Овде главен принцип е доверба. Не е како кај нас. Прво ти верува ако заебеш крај. Сега што идеме од Балкан не гледаат малку како криминогено-патолошки лажливци али и низ тие погледи се мине