А како е кога ќе се вратиме од Мкд мора ли да седиме во карантин? @Kaetana можеби знаеш? Морам пасош да и продолжам, планирам пред нова да летам. Али како ќе ја држам во карантин потоа не е можно.
До пред нова којзнае што ќе измислат. Најубаво е да направат возможно телефонско продолжување на пасош, возачка, се, без разлика за која држава станува збор. Само вртиш број и продолжен ти е пасошот.
Пред нова година е католички Божиќ, ја мислам ќе исчезне дотогаш, крисмис миракл. Може и во амбасада да даваат пасоши ама за тоа треба поише од крисмис миракл
Ние планираме да одиме крај ноември и да се вратиме средина декември, па инфо ќе ти дадам тогаш ако не се вратите пред нас. Инаку сега за сега е, да се пријавиш дека се враќаш од ризично подрачје, правиш термин за тест и времето од пристигнување од мк и резулат од тестот, треба да сте во карантин. Ама вие пошто имате куче имате право со маска надвор,па дури и на отворено кога има луѓе во близина, еднаш или два пати во денот да го прошетате. Пријатели наши се вратија пред две недели така беше. До декември може и ќе сменат нешто. Ако треба повеќе инфо, да се распрашам нешто конкретно, кажи.
Да даваат.Ние без корона чекавме извод 9 месеци и ни рекоа за 6 месеци ќе дојде сликаротПолесно беше до мк да текнеме @FreeMind ти ја разбирам разочараноста ама тоа е кога сме чљ земја Пасош на 2 години да мениш е гросе ш**е.А зошто не пробате да и направите германски пасош штом сте над 8 години ? Битно е едниот да добие од родителите и таа има право.
На фб моментално кружи петиција за да се подобрат услугите на конзулатите, ама некако научна фантастика ми личи дека е тоа. Само нашите конзулати не функционираат.
Во процедура е за германски пасош ама туку што почна процедурата. Нема да заврши сигурно додека и трае овој до Април. Јас лично не земам германски ама за Емили мора да има. Ова е убиство за пасошите што ни се дешава на иселениците со мак документи. Тиња држава ништо бре ништо не функционира. За еден пасош кој го ставиле на две години во ова време дали знаат колку малтретирање ни е? @јolene пиши како ќе поминете. Со авион ќе одиме. Фала ти за инфото за кучето. Емили секако нема да ја држам во карантин. Тоа е невозможно.
Мене не ми бараа од синко потврда за ММР дека примил две дози, иако кога го запишав во новата градинка имаше само една примено. Ова со короната претераа, абе цела година ја уништија. Ако ти треба документ, пиши пропала,многу тешко да извадиш. Ние автомобил купивме баш во ек корона, па што мака видовме додека го регистираме,косата ќе ти обели. Инаку синко нема МК пасош, само бугарски и ќе му извадам германски. Сакав оваа година кога ќе одиме за Македонија да го откажам мојот македонски пасош, ама оти откажавме летот ќе остане за друг пат. Ќар никаков од него само ми смета.
Ќар нема никаков се согласувам потполно. Болва пасош. Но, Македонија има ригорозни закони за странци. Ако останам без пасошот утре ако се деси нешто на моја фамилија каде бара физичко присуство подолго да речеме од три месеци таа земја ќе ми направи многу проблеми. Исто и за имотно правни работи. И за остали каде изрично е потребно македонско државјанство. Јас ќе го задржам бидејќи не ми смета во патување. Визи за Англија и Америка се вадат во Германија по брза постапка со постојано место на живеење. Јас така размислувам
Треба пасош да се откаже? Не е доволно да истече и чича мича готова прича? Баш сега/некогаш ко ќе одам со нив ми фали да се занимавам Го сурфав пред некој ден мнр, имињата на конзулите се сокриени како на змијата нозете
Еве ја јас одма потпишав https://www.change.org/p/министерст...m_medium=copylink&utm_campaign=share_petition @FreeMind јас уште се прашувам дали згрешив што воопшто не му извадив мк државјанство на синко, ама си викам ако нешто баш ми излезе ќе можам во секое време да му извадам. @Biljarkata мораш од државјанство да се откажеш.
Па таму ли мора да му се откажувам? Јас мислев ко ќе ми го одобрат овдешното, си бирам дека го откажувам македонското, па они нека си регулираат дописи И јас сум многу ентузијаст ко @gjoker4e
Ич не му вади малер ќе му носи едит: Јас не верувам во македонски петиции. Верувам само во класичен спам на министерството да им се досаѓа по цел ден од сите страни, да се тагнува, да се буцкаат новинари, итн. И пак на крајот нема да функционира оти се пола неписмени таму.
Кога ќе ти одобрат тука после треба или преку конзулат што нели трае подолго и е поскапо или да одиш во мк и да се откажеш лично. Можеби може и со полномошно не сум сигурна.
Не само што мораш да го одјавиш и евричиња плаќаш (околу 500че ама не сум сигурна за сумата) Прво мора да го одјавеш пред да ти дадат друг.
А после па во полиција ќе треба да го пријавуваш кога ќе одите во Мк. Ама деца можат двојно да имаат.