Јас тогаш секаде ги пријавив, кај отецот беше финалната караница, оти нели боже мој некој нешто да им пререче. Јас ги замолив, најутчливо и за доброто на детето, поради неколку недели да не и менуваат група, оти ќе менуваше градинка. Се беше навремено пријавено, они нели многу загрижени за нас и доброто на детето...и месец пред тие неколку две недели во група кај големите деца ја ставиле. Местото им требало...одма го дале. Не само што не испаднаа во сусрет, порано ја преселиле. Дете цел ден само, во ќош, седело... Идиоти. Лом се направив, каде што можеше писма пративме.
И претпоставувам ништо. Јел се они бог и батина овде. Немој да се срчнеш со некој одма ќе те направат луда. А како може да не се искара човек на твое место? Или на мое? За два месеци три групи и три пара учителки? И потоа дома ми ја пратија недела дена едната била на одмор. Потоа болна беше уште една недела. И како да не се налутам еве не знам. Денес капак. Здраво дете како болно ми го третираат. Освен ако нешто се случило нешто вчера таму зошто детето ми беше чудно молчаливо вчера. Си реков од забите. Ако е и денес чудна ќе заклучам дека нешто и се случува.
Ем да не оди ем да си платиш! Немаат персонал и така зезат кај кој можат. Кај нас има 3 воспитувачки на 22 деца и цело лето едната ја немаше, сега другата била на боловање до декември.Значи они се цело време две и само гледат некое да пратат дома. А што да се жалиш и кај да се жалиш.
Боже, Боже што не чека. Ние бевме во општина, тој одговорниот не бил таму, ни кажаа да чекаме писмо на адреса, ни писмо стигна, ништо а поминаа секако 3 недели. За Мк одење, требаше зимата да си одиме конечно, ама одложивме за понатаму, секако треба на дете пасош да се вади. Знае некоја да каже каква е состојбата со корона во Германија?
Ние се тестиравме во Авицена во Скопје. Тројцата - без бебе. Ма да ми објаснија дека џабе се тестиравме (тоа отпосле) дека ако имаш бебе логично било да не се тестираш демек бебето ти било тест само по себе. Дури и некој од нас да имал асимптоматска корона, бебето немало имунитет да ја поднесе асимптоматски. Па демек од тука логика - здраво бебе = здрави родители. А за враќање баш како што кажа @јolene и мене не ми е логично тест не постар од 48 саати, кога мене во принцип најголем ризик ми е аеродромот и авионот. Тука се пазам и сум само со нашите родители слободна, кои секако од почеток на коронава се малтене во изолација. Нејсе, не знам што да мислам веќе. А уште поискрено - не ни сакам веќе да се замарам да мислам на темава. Налет на пари и сѐ, не можам да се нервирам. Сега за сега важат тестови бесплатни на доаѓање. Ако нема на аеродром во Меминген, на враќање ќе се тестираме на Hbf кај нас, и готово. Ќе си поседиме два три дена дома (не ми е тоа воопшто страшно) и готово. Уште да имаше бебе да ми чува некој, способна сум три дена да спијам ко мечките во зимски сон. Дете - ќе се снајде. Ме фаќаат нервози за враќање, стварно не ми се враќа (прв пат ова ми се случува) и покрај цело мрчење и сештотии што се изнагледав тука. Пресно направен ајвар, јогурт, симит, павлака.. вкусно крцкаво лепче... и најважно - тераса бре луѓе, нормална тераса од две страни со бетон. Знам дека тоа многу ми недостасува во станот - ние сме од двете страни со комшиите само со стакло одделени, кога седиш на тераса никаква приватност немаш. Никаква. Башка дека сме на DG а горе имаме зелен кров, животинки имаме милион - оси, пајачиња, бубачиња, што не. Сѐ супер, ама јас имам малце уплав од летечки чуда. И нели - имаме отворена тераса без кров. Како јас - една таква меланхолична душа - да не можам да пијам чај на дожд на тераса.. Да не зборам дека кога не сме излезени подолго и растат треви и чуда.. и нормално, ако сме со триста обврски не ни е средена терасата.. па комшијата си зема за право да ни брца раче под стаклото што нѐ дели, ни искина едни глуварчиња и ни ги положи така да лежат умрени на решетките од сливникот - демек порака да си ја средите терасата. А што правиме кога мачката на децата што им е некогаш на поседок ни доаѓа на тераса и си седи на столиците кај нас? Фала богу немам проблем со тоа, и јас си чувам маче. Ама ако тој има проблем со моите глуварчиња, кој е тој двоен стандард за мачката. Пензионери. Климакс ли е, не знам. Инаку вака добри се. Ако останеме на глуварчиња, ок сме. Јас обично се жалам од Германците колку се бесчувствителни и груби, не можам да замислам да те запознаам, пет дена ќе плачам од тебе Шала. Се надевам...
@Kaetana многу сакам да те читам. Со ладноќа мислам конкуренција сме со Фри , ама многу сакам да те читам. Посакај си стан/куќа како што сакаш за живеење, ќе се најде. Преселување е најмал проблем, ќе се среди
Научете ме ладноќа, плииииз. Мака е да се живее вака. А за стан / куќа, ќе бараме дефинитивно. Тоа е следно на список. Во две недели тука, и кафе на терасата пропив од среќа. Додуша си ги најдов старите шољи за еспресо, (ајде уште ова ќе ви го раскажам и ве оставам раат).. шољите ни се поклон за свадба од пријател од Португалија.. и целите се фенси шменси со изнапишана поезија од Фернандо Песоа... Плус ни донесе книга со превод на поезијата на англиски.. Омилени ми беа, жива среќа бев ко ќе си направев Нескафе арабика.. Ете тоа е. Може затоа не ми се враќа. Заради сите шољи со поезија кои останаа празни. (Мрш бре Каетано, вака ли се завршува пост...?).
Земи си ги шољите за кафе, со или без поезија. И две табли кафетин купи за мене (цена во инбокс). Смее ли/ може ли да се прати кафетин во плико? Све е супер од Триглава нагоре, само времето ќумур, многу често почна глава да боли За курс по ладноќа, треба да размислам. Инстант рецепт не ми текнува
@Kaetana леле мила денов ми го направи, стварно пишувај почесто вакви постови, многу сакам да те читам. За детето да не ти беше малото така повлечено јас ќе ти го чував, стварно. Поголемото еве јавно тука пред сите кажувам, можеш да ми го пратиш кога и да сакаш да одмориш малку . И онака тука негде сме со умот, ќе си се дружиме . И @FreeMind сакам многу да ја читам, ама ако може во уште посурово издание да пишува и сарказам да уклучи на појако . Знам дека може, ама избира да не. Ај ќе се испратам, доста со поздравите и пожелбиве, убав ден на сите .
Ете @јolene ме познава во едно друго издање кое е најприближно со реалноста. Вака фина сум само на овој форум зошто е за бебиња муабет. Сигурно нема да се објаснувам и карам на таа тема кога поим неам.
На мајка и дадоа виза, и тоа на 2г. Без интеграционен курс само на 1г давале, ама ради корона секако правилото пропаѓало во вода, па на две. Измеѓу ќе стаса и бугарскиот и на коњ сме. Кафана части
Ја вратија мајка ми еднаш, па од струмица од некое здружение однесе нешто..и година покасно, сега, стаса известување дека поминало на комисија. Сега термин да закажеме.
Да земам? Јас сум многу сериозна. Ако на некоја од вас ѝ текне ситница, кажете. И мене денот ми го направивте денес. @јolene малото малку го здушивме, не е веќе скроз во категорија feral child.. @danichap одлични вести!
Зарем уште постои кафетин у продажба? И мене ме боли глава деновиве ужас е времево. Да почастам за мојот Facharzt од вчера: Да си дочекате на деца
@FreeMind @Biljarkata Јес, уште ги има. Земено. Туку во последниве години многу работи што ги немаше некако ги има тука. Или така ми се чини. Со маж зборувавме дека што и да помислиш да "донесеш" од Европа, веќе го има.. освен културата на возење, културата во кафичи и во административни простории.