Женски, ми треба информација. Вака, ме интересира дали македонски државјанин (со мк пасош) со регулиран престој преку сопругот и социјално осигурување, ако најде работа таму, дали веднаш би добил виза? Се работи за жена, нејзиниот сопруг и ќерката се српски државјани, имаат виза и регулиран престој во Германија, за нејзината виза се'уште се чека. Нема српско државјанство поради оддолжување на бирократските процедури, ама сопругот нејзин пред две години доби виза, има регулиран престој и осигурување во Германија, ќерката исто има виза, веќе живеат таму. Уште нема известување за визата од амбасадата во Скопје, таму во Auslander Behorde (се извинувам што не е точно напишано) не можат да ги добијат (или што знам јас). Па сеа ако жената најде работа, дали ќе се убрза процесот за добивање виза? Иначе барањето е поднесено во септември лани.
A зошто жената не е во Германија ? (ако разбрав убаво). Нели по принцип на обединување семејство може да биде таму? Српско државјанство незнам каква врска има, исто ко македонското.
So makedonski pasos obedinuvanjeto mora vo Makedonija, prva viza vo Makedonija.So eu pasos obedinuvanjeto e vo Germanija.
Таму е. Ама ако не добие виза, веројатно треба да се врати. Српското државјанство има врска со тоа што ако беше српска државјанка визата ќе и беше одобрена истовремено со ќерката. Оти истовремено беа поднесени барањата, на ќерката во германската амбасада во Белград, за жената во амбасадата во Скопје. Ама овде се многу нељубезни и неуслужливи, бар такво искуство имаме. За да не се враќа кога ќе истече дозволениот престој од три месеци, да ја чека визата таму, дали ако потпише договор за работа, ќе оди побрзо таа процедура? Плус, за српски државјани имало договор меѓу Германија и Србија, ако има потпишано договор за работа, а партнерот е со регулиран престој, брзо добивале виза.
За жал не. Веќе аплицирала за фамилијарна физа и најдобро нека си ја чека истата. За да работи мора прво да добие работна виза. За таа виза да ја добие ќе мора од ново да аплицира со поинаква документација за работна виза, а со самото тоа целиот процес ќе трае уште подолго.
Вадела некоја овде пасош? Пративме формулар пополнет и копија од пасошот, ама не кажаа ни биометриски слики ни ништо, таму сликаат или да си вадам биометриски слики?
Ќе иде побрзо. Ние имавме на работа релокации на колеги и тие и фамилиите брзо добија визи. Имаше контакт и фирмата до амбасадата и сите се таму. Исто лани, тој период што е кај тебе споменат.
Ама нели морало да има работна виза за да може да работи како што спомна членката погоре. Женава отиде така, без виза, на три месеци, да си седи таму со мажот и детето. Ако не ја добие визата за која аплицирала, ќе мора да се враќа. А не сака, затоа прашува дали може да бара работа.
Најдобро нека пише меил на аусленде бехурде и да си праша.Нека си ја каже ситуацијата.На мене ми одговорија пред 6 години.
Верувам, и братучетка ми го има истиот проблем со нив, не можеше никако да ги добие оти дозволите за престој не им беа стигнати по пошта, само пиновите. И одвај некако успеа да закаже термин на 14 месецов. Ама братучетка ми е поажурна од другава, другава чека се' на тацна да и' дојде само. Ме чуди, оти има Б2 германски и солидно се снаоѓа со јазикот, може да среди за брзо, само ако се активира малце повеќе. Ама ете...што можам јас оттука да направам.
Се е до човекот.Штом знае јазик не би требало да е проблем може да оди и да праша таму. Знаеш колкава разлика е од пред 7 години.Мене ми закажаа термин за 2 недели откако пристигнав .Сега нема термини морам да отидам таму саат време пред отварањето и да чекам ред.Еднаш беше со бројки еднаш без.Одам и чекам 8 часа.Прво на автомато има ред за влечење бројки.Ако завршиш од прва супер ако те вратат пак мора да чекаш 8 часа Сега како е поради короната не знам, ама секој ден минам од таму и ги гледам редиците пак се огромни, а не е тоа една зграда 3-4 се.Мене од оваа институција ми се Затоа сакав пасош да земам ама короништево се измеша.
И овие имаа од тука најдено работа. Виза тука вадеа, ама не чекаа толку долго. Може па пред коронава побрзо идело.
Да, сега оди побавно, пошто и амбасадата во Скопје не работеше пролетта. Во Србија ќерката си доби виза во јуни, а исто поднесено беше во септември. Секако визата не ја дава амбасадата, само ја издава. Визите се одобруваат во ausländerbehörde, барем таква информација ми е дадена, а амбасадата само ја проследува.
А нели акп Кај нас сега во корона цајт е без бројче, чекаш во колона ама на најпрвиот шалтер се три жени (до сега само една била) и брзо се растеретува редицата и се излегува од друга врата. Ја не можев во баденова да добијам на телефон (заради коронава) и кога се заинатив оставив телефон да ѕвони на звучник, скроз изумив, и кога ми рече некој Гутен Таг, а ја сама дома срцето ми излета ама ми кренаа после 11 минуту ѕвонење без престан. На педијатар исто цел ден ѕвонев, па наредниот уште нензаѕвонето ми кренаа (среќа, некој само што исклучил). Ептен треба упорност сега при ѕвонење било каде ама на крај се исплати.
Мора да има дозвола за престој такви грин карт што се во англија и во германија има не знам како се викаат, врз основа на маж и како што и поднела за фамилија па тогаш да работи, вака не може да работи, уствари може на црно ама тоа тешка работа. Штом отишла на 3 месеци нема шанси вака без документи за престој во било која држава да работи. Кога те викаат на работа прво тоа ти го бараат да си во регула дека престојуваш.