Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Треба да патувам и ме стави на мисла ако вие можеби сте инфицирани од малиот онда маливе се главни преносители? Спротивно на сзо.
    Или пак рацете во уста се причина за се.

    Стискам палци за негативни.
     
    На Ava.84, Chantal, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Ние сме добри.
    Истото го размислуваме. Од МК нема шанси да е, затоа што последните три-четири денови се гледавме со нашите. Последните два дена строго само со родителите. До последно нѐ испраќаа на аеродром и се гушкаа со децата. Мајка ми е ризична група, ако бевме уште тогаш заразени многу е мала веројатноста да не сме заразиле никој друг, особено нејзе.

    Што логиката е - ако сме биле заразени, некој ќе покажеше симптоми (ние сите имаме!) или ќе се покажеше на тестот на аеродром.

    Во понеделникот се вративме, јас во средата веќе имав како суво грло, а четвртокот вечерта и некоја глупа температура од 37.4. Другите беа ок. Маж ми од саботата почна да поткашлува суво (како мене) а од неделата беше со температура до вторникот. Исто некоја глупа 37.8 до 38.1. Од завчера децата кренаа, ама малиот е најдобар (само еден ден имаше 37.8 ) а големата ден и пол. Децата не кашлаат и се супер.

    По некоја логика и истражувања за концентрација на антитела, молзев вчера млеко и ѝ дадов на големата.

    Јас од понеделникот немам осет за вкус ни мирис, а маж ми од вчера. Во принцип, сѐ што ми беше мене, него му е со два дена задоцнување.

    Инаку минуваме сосем ок. Имало многу пострашни "нормални" вируси (како пример лани маж ми што го фати... Со 40 температура и бладање, па морав да го боцкам дексазон за да се освести).

    Дај боже да остане вака.

    Генерално - и кај двајцата симптомите беа вака:

    - суво грло околу ден-ден и пол,
    - потоа температура и омалаксаност - температура до 38.2 некаде, омалаксаност не преголема, може човек да функционира нормално, и сето тоа околу 2 дена,
    - чувствување супер, ама губење на мирис и вкус, и некое чувство како алергија во носот (затнат, чеша слузокожата и како настинка).

    Сега сме двајцата во таа фаза.
    Децата немаат температура ама немаат изгубено мирис и вкус. И немаат воопшто симптоми како кај нас.


    Не знам. Ќе видиме што ќе испадне. Што и да е, не ме плаши затоа што не ни е лошо. Повеќе беше на психа на почетокот. Сепак, нели, убаво е човек да знае, за да се утврдат моментите на како, зошто, од каде.

    Бидејќи од кола во аеродром тројцата цело време бевме со маски, освен кога бевме сами и немаше луѓе на растојание од 50 м. Во авион бевме цело време со маски, еднаш ги спуштивме вода да се напиеме. Раце дезинфициравме нон стоп. Седиштето го поминав со дезинфекција за малиот оти знаев дека ќе го фаќа пред него. Него рацете. И после од аеродром во кола и правец - дома. Значи немавме контакт со никој, ниту близок, ниту да се гушнеме со некој. И бевме со маска.

    Што нѐ враќа на теоријата баш како што пиша Фри - дали малите деца се де факто преносители, и теоријата за тоа колку долго живее на површини. Ако беше толку лесно контаминирачки што извадивме маска на неколку секунди, тоа значи дека цел авион по дифолт треба да е заразен.

    Енигма ми е.
     
    На fairy88, Ava.84, orhideea и 4 други им се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Во авион вентилацијата е заштита до 95%. Но што е во аеродромите? Никаде не се проветрува. Скопски на втори спрат нема провев. Исто и Меминген. Има обична вентилација.

    Мене мозокот ми сигнализира контаминирана површина која малиот ја пренел. Или воздух од просторија. А тоа е аеродромска зграда каде седиш повеќе од два саати.
     
    На mal.ecka, DAngel, јolene и 4 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Кои се важни разлики помеѓу изнајмен и купен стан?
    Ме чуди што германциве што барем јас ги познавам сите живеат под кирија.
    Ако едниот остане без работа има осигурување кое ќе плаќа/ додава на ратата за стан и колку време?
    Ако останам бремена и земам елтернгелд како е?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    И јас мислам дека од целото патување аеродромските згради се најризични. Ем непроверени, ем предолго време поминуваш таму. Ем вака или онака доаѓаш во контакт со луѓе.
     
    На mal.ecka и јolene им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
    Не би да отворам научна дебата ама нешто не ми е јасно со аеросолизацијата и вентилацијата. Како е вентилацијата во авион поразлична од таа во аеродромска или било каква друга зграда? Ако некој има идеја:?:
    Ова успеав да најдам https://time.com/5883081/covid-19-transmitted-aerosols/
     
    Последна измена: 16 октомври 2020
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Хепа филтри и комбинација на филтриран воздух и воздух од надвор.
    Не е иста вентилацијата, воздухот во авион е почист од било која друга затворена просторија.
    Е сега, тие не функционираат додека не е под притисок кабината, значи до полетување и после слетување е сепак само затворен простор.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Не се разбирам од темата. За во авионите се сеќавам дека слушнав податок кога започнаа летовите дека внатре се безбедни ради системот на вентилација кој бил посебен и штител од се’.
    Ама на аеродроми не сум слушнала да има таков вид на вентилација. Тргнувам од последниот податок дека најмногу заразени има во канцеларии каде седат со маски, а нема проветрување постојано.

    Јас претпоставувам дека ако седиме на оддалечина на слава да речеме и носиме маски освен кога пиеш или јадеш, а во позадина има отворен прозор никој нема да се зарази ако измиеш потоа раце и фрлиш облека за перење. Според се она што е познато и вториов бран на корона мораме и така да седиме. Одбивам секаква стратегија без социјален контакт. Тоа за мене изгуби смисла одамна.

    Се плашам само малава да не изврши инфицирање на моите мојот внук е ризичен. Ама пак нема да иде три дена по слетување он дома и ветојатно ќе ги минимизирам шансите за пренос доколку сме заразени успат.
     
    На fairy88, Kaetana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
    Тргнете со кола:tmi:.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Нема шанси со детево мое на подолг пат со кола.

    Се мислам нараквици да и ставам за една употреба и нон стоп да менувам.
     
    На Kaetana, Biljarkata и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.157
    Допаѓања:
    88.546
    Пол:
    Женски
    Многу е поверојатно дека ве заразиле контактите пред тие последни 3-4 последни дена.@Kaetana
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.125
    Никакви контакти освен со домашните немале, домашните во МК ништо немаат колку што разбрав.
    Симптоми се јавуваат од 2ри до 14ти ден. Таман да сте го фатиле по пат во понеделник за во среда да појавиш симптоми.
    Многу нејќам да ти ја расправам ситуацијата Каетана, ама се претерува со демонизација на состојбата во МК и се миноризира нешто што е многу очигледно-ризичноста на аеродромите и авионскиот превоз. Фреквенција на милион луѓе наспроти три контакти во МК. Статистички нема логика.
     
    На fairy88, BloodElf, Kaetana и 2 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    @Kaetana ?
    Може од мн мислење потсвесно пројавувате симптоми, а може баш со вашиот лет прскале корона вирус. :rofl: #Spass
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Позитивни сме сите тројца. Претпоставувам дека ако го тестиравме бебето, и тоа ќе покажеше дека е позитивно.

    Нема шанси Cosmi. Последните 3-4 дена бевме со истите контакти (нашите родители) кои еве после толку време - ниту еден нема со симптоми. А мајка ми е ХОБС пациент, со дијабет, со висок притисок, и секоја настинка е со пумпица Вентолин. Нема шанси да не покажеше нешто. Моите се од март во изолација, мајка ми е дома, татко ми работи онлајн. Не се гледаат со луѓе. На маж ми неговите се сите дома - кој е пензионер, кој не работи. Мајка му работи ама скроз независно и сама во канцеларијата. И сите се повторно без симптоми. И тие не се гледаат со луѓе.

    Ние бевме негативни на тестирањето на аеродром кога слетавме. Прв пат симптоми имав во четврток, маж ми во сабота, а летот беше во понеделник. Апла во рамките на тие 3-7 дена.

    Ни се јавија од Gesundheitsamt и ни кажаа дека епидемиолошки гледано - обврска имаме да ги информираме сите луѓе со кои сме биле 48 часа пред да појавиме симптоми и потоа. Во тоа време бевме дома и со никој се немавме видено, среќа и потоа.

    Така да моментот со зараза од Македонија контактите нема никаква логика. Во Германија немавме контакт со никој. Останува само патувањето како time frame во кое нешто се има задесено. Или евентуално жената што ни ја чува мачката да ја има мачката заразено и да е преносител (оти со жената не се ни видовме).

    Враќаме филм, и единствени пати кога извадивме маски беа на аеродромот во Скопје, ама немаше човек на растојание од 10 метри од нас; во авион да се напијам вода и одма ја вратив; на пасошка бидејќи мора да ја спуштиме и кога ни земаа брис во шаторот.

    Од сите пати, моментот со шаторот ми е најсомнителен. Затоа што бевме во редици, луѓе накрцани во шаторот и покрај абштанд халтен моментите, и пример му земаат брис на човек - со стапчето го провоцираат па тој кашла, кива, плука.. и после за брзо доаѓаш ти на ред и вадиш маска.

    Или секако бебето да е пациент нула. Како и да е, ме јаде што we will never know. Истото го поминавме на одење во мк, тестот (на наша иницијатива заради нашите родители) беше негативен.

    Она што највеќе ме нервира е што никаква информација не добивме од летот. А очигледно имало позитивни.

    Инаку ние сме супер, веќе без никакви здравствени симптоми. Мене вкусот и мирисот денес ми се враќаат, што значи и на маж ми утре-задутре ќе му се вратат.
    Гезундхајтсамт кажаа дека карантинот ни е 10 дена од појава на прв симптом, што значи уште викендов и ни завршува. Секако, доколку немаш никакви симптоми веќе 48 часа. Немало повторно тестирање.

    Децата среќа супер поминаа, двајцата имаа само еден ден малку температура. Толку.
    Патем, имам пријатели, брачен пар - едниот позитивен, едниот негативен. И тие се чудеа како е можно.


    Не знам што да ви кажам. Ама се надевам дека моево искуство ќе отвори малку видици и за тие временски рамки на тестирања, за тоа колку се тестовите де факто релевантни, и начинот на пренесување на вирусот.
     
    На Mantub, fairy88, Lolipop23 и 15 други им се допаѓа ова.
  15. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    @Kaetana така и да останете без симптоми:hug:

    Тешко е да најдете од кај сте заразени, еве може од тој што ви земал брис на аеродром :?: Он е во контакт со многу луѓе па се е можно:!:
     
    На fairy88, mal.ecka, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    На здравје нека ви е. :l:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    @Kaetana се надевам дека се е ок, чувајте се:hug:

    Инаку, за колку време ја даваат возачката?
    Треба во ландерсамт да однесам потврда за положена прва помош, ама незнам дали во исти ден ќе ја дадат возачката.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Што вика маж ми тука се е 'за две недели'. А мометално 'заради вирусот' може и да потрае.
     
    На mal.ecka и Neda997 им се допаѓа ова.
  19. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    @Kaetana со лесно, побрзо да оздравите❤️
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Ќе споделам и тука пошто за у германија се работи. ( ми е преместено прашањето у темата за бакцинирање)

    Мајќи ве молам за совет. Голема ќеркичка ми е 6 ипол годинки и денес попладне ќе ја вакцинирам со прва доза ммр вакцина. Тука у германија има исто и за сипаници т.е два шприца се. Досега од вакцините како бебе немала реалција фала Богу. Прашањето мине следново: од Мк си купив антипиреа лепенки ама немамискуство досега со нов. Пушува на германски како и што, ама имам слушано и читано оти лепенки ставате на местотокај шо е боцнато детето за да не крене темп и да го лади местото. Кога е болнами качува висока темп до 40 а некогсш ипреку 40. Па сакам да спречам. Не мора да значи ама јас умирам од страв сњвлечев со години за таа вакцина ама морам дека тргна у школо. Тукс кажуватладење на местото ако има потреба ќ има болка оток итн.
    Исто споделете искуство како ја поминавте вакцината! Фала ви однапред