Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    А ако сме бремени мораше да ја примиме ММР во Германија?
    И дали воопшто МОРА некоја вакцина за германска бременост да се има примено?
    Дани како да ја имам читано дека ја примила ММР кога била бремена...

    Викај и ќе го донесам нареден пат, ќе го донесам нареден пат и ќе заборави.
    Или кажи и дека додека постои корона нема никакви шанси за да го доставиш.

    Ај здравје може нас вакцина за корона ќе ни биде прва во германскиот картон. |(
     
  2. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    5.808
    imav jas germanska bremenost se nemam nisto vakcinirano ekstra.Se spremas izgleda za germanska bremenost ....
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Се уште не. Уште возачка ми фали. Дали па може и бремена да се полага? :D
    Тогаш би било идеално, ја дома, дете во градинка и да можам на раат да полагам, да не се влечам.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    20.073
    Пол:
    Женски
    Нели е мрп жива вакцина, а таква во бременост не се прима.
     
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш ќе си се пожалам малку околу здравството тука.
    Ете ние сме во карантин, кој процедурално оди 10 дена од прв симптом, и вториот услов е 48 часа да си без симптоми. Нам ни е продолжен бидејќи уште кашламе, а тоа е симптом.
    Нејсе. Gesundheitsamt се јавуваат секој ден да прашаат како сме, за да запишат симптоми и да ни посочат дека не ни е завршен карантинот. Прашав - добро, ова кашлицава, што да направиме да помине што побрзо. Да се јавиме кај Hausarzt. Ѕвонам кај докторов, му кажувам корона, карантин.. прво те откачува - јавете се во Gesundheitsamt. Добро од таму ни кажаа кај вас да се јавиме. Е ај добро.
    Викам - кашлицата ни остана, мака имаме. Епа не можело ништо, во карантин сме, .. добро викам, некој да ви донесе картички, па да ни пишете нешто за да пробаме за кашлица..

    Викам како терапирате корона пациенти тука. Никако. Читав јас во меѓувреме што не. Од терапии со азитромицин (во мк брендиран како сумамед) до витамини Д, Ц, цинк, селен, магнезиум. Овде - ништо. Вирус е, зошто антибиотик. Читав дека превентивно даваат, затоа што вирусот толку го слабеел имунитетот што многу често завршувале пациентите со бактериски воспаленија на бели дробови. Читав за чести проблеми со димери и хемостаза. Кога ќе сме оздравеле можеле да ни направат крвна слика ако сакаме. Тогаш што ќе ми е. Нејсе. Пратив другарка со картичките, ништо не ѝ дале. Короната е вирус, немало што да ни дадат. Ако ни било многу лошо со кашлањето, да одиме во болница. Муабетот нели е - како да си помогнеме да не стигнеме до болница...

    Дури и кранкмелдунг што зема за маж ми, му пишале за еден ден. |(
    И тоа пишува во дијагноза - корона. Имав јас така еден ден, ама утре ми помина. Глупости.

    Среќа имам јас од МК залихи, ама ми се трошат... Инхалираме со физиолошки, капки Мукоплант, имам и Вентолин за инхалирање, и кога ми беше многу крш ставив и декса. Ова да му го кажам на некој, за коса ќе се фати. Ама без тие инхалации немаше ич да ми биде подобро.

    И уште едно ми е на мисла. Не тестираат контролно. Како ќе знам дали сме здрави? Што ако кашлам вака суво месец дена? Оти ми се случувало пред ерата на корона да кашлам месец дена пример од сув воздух или алергија. Од кај ќе знам што е.. а приватно тест е 150 евра... Не ми се фрлаат за сите тројца.

    Инаку сме супер, веќе ни е вратен и мирис и вкус. Децата и без тоа се супер, за нив нема фрка. Само што јас и маж ми уште кашламе.

    Патем, видовме - не видовме, си акнавме многу евра на витамини, и сега си пиеме полна шака апој. :?:


    Добро, стварно пак нема брашно и тоалетна... |(
     
    На Herrera, orhideea, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    Тестираат во бременост антитела на мала сипаница , ако си прележала не ти ставаат вакцина , ако не мислам дека добиваш ММР.Ако имаш антитела ти ги пишува и во која количина.Јас си имам од дете што сум прележала па не ме вакцинираа.

    @Kaetana значи и они веќе не знаат што да прават и каде да се обрати човек.Стварно постојат кашлици што траат и по неколку месеци. Што до тогаш ли во карантин(facepalm)
    Зошто не даваат нешто како кај обичните респираторни вируси? Некој сируп или било што:wasntme:
    Значи човек ќе го прифатат во болница само ако е на смртна постела и ќе чекаат да умре јер нема терапија:worried:
    Катастрофа(wtf)
     
    На Chantal, Kaetana и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    @Kaetana А зошто не порачаш нешто онлајн од аптека против кашлица?
    Се убаво си кажале, тоа е, ако не дај боже се влоши состојбата одма ѕвониш во итна, до тогаш тоа е, дури и не морало се тоа што си испила. Ама од страв богами и јас не знам што се би испила, обавезно апче за смирување, парацетамол, витамин Ц.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    20.073
    Пол:
    Женски
    @Kaetana Јас сега дури видов. Побрзо да помине. :hug:
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Не е за страв Џокерче, не ми е страв воопшто. Си кажав одма дека не се плашам а и не сум некој хипохондрик по природа.
    Работата е што контактираш со луѓе во Македонија кои добиваат секаква терапија. Па пошто не веруваш баш комплетно во Македонско здравство нели, читаш онлајн студии и терапирања, кои се применуваат секаде во светот, контроли и што не, па кога ќе ти речат седи дома и ништо не земај.. не ти е баш сѐ едно.

    Не знам. Барем оние некои генерални препораки особено за витамин Д и Ц, ... Нешто да ти кажат. Ништо. Седи дома. Толку.
    Сакав да прашам и после за донација на крв за плазма, ако имаме антитела.. ама фала богу не стигаш на ред да прашаш оти "gute Besserung, ade!".
     
    На Herrera, mal.ecka и Ava.84 им се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.122
    Мoжеби @danichap има примано вакцина поради работата, ако работела тогаш.:?:

    @Kaetana имам прочитано дека козја сирутка помагала:?: (фејк њуз можеби ама не може да штети). Како се вика на германски и кај да најдете појма немам. Инаку во право се, за вирус никогаш не се давало антибиотик. А за димери, ензими на јетра и слично, секако потоа да си проверите. За јетрата исто козја сирутка(facepalm). За кашлањето не знам што кашлање е, едно чудо бомбони против кашлање имам, некои со жалфија и со исландски лишај биле добри.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.038
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    @Kaetana И за крвната плазма можеби треба онлајн да се пријавиш. Ако знаеш на германски како е пребарај на гугл. Ама и за да даруваш треба да оздравиш нели.

    Пред недела- две кога кашлаше малата, се јавив на педијатар и одма ме откачија, сируп давај и тоа е тоа. Викам салбубронхот ми е постар од месеци ми вика одете во аптека и купете нов. А ја гледам се без лекарства па дури денес отидов по Салбубронх да не ми затреба случајно и ми викаат не може без рецепт. Ама викам на телефон ми рекоа да дојдам и да си купам нов, вика само со рецепт. Ок.

    И нив не им е лесно. Цело време се со телефонот во рака. Сигурно има и по некоја будала што ги вади од такт со 'вчера само што прелета над мене авион почнав да кашлам па сакам да се тестирам' и слично.

    Колку и да им наоѓаме замерки во право се. Јас како што знам најдобро беше нели без лек. Или само парацетамол (ибупрофен) и витамин Ц.

    @danichap Да се јавиш кога ја прими ММР?
    Само не ми кажувајте што значи тоа "жива вакцина", на толку читање ете тоа сум промашила и не сакам да дознаам во скоро време.
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Дали се во право - никој не знае да каже, од проста причина што уште е сѐ експериментално и ново и никој не знае кај тера. Точно е дека антибиотици не се даваат за вирози, но кога се вирозите од овој размер ризични, ти го паѓаат имунитетот и после си гозба за бактерии и што не. Обични бактерии кои нормално нема да направат фрка, прават пулмонални глуповштини.

    Финтата е што Gesundheitsamt не се доктори, туку се службеници кои само ти одредуваат регулации за карантинот. Сѐ што е поврзано со здравјето, ти викаат јави се на доктор. А докторот ништо не ти кажува, чекај да оздравиш, па ќе видиме.

    Читаш за многу случаи кои биле ок луѓе и тек после се влошила состојбата. Далеку дека сме тоа ние, и реков - не сум хипохондрик, ама си велиш убаво е да знам дека барем има некој кој следи како ти оди. Матичен, хаусарцт. Пример секаде се зема витамин Д и како терапија, и превентивно. Тоа не оди ни на рецепт. Може да го препорача за имунитет.

    За сѐ е чекај да ти помине. Ама важно донеси картичка и ја куцна за кварталот за услугата "кранкмелдунг за еден ден" и за советот "чекај да ти помине или ѕвони на ретунгсдинст".
     
    Последна измена: 20 октомври 2020
    На mal.ecka, Neda997, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.807
    Допаѓања:
    33.752
    Пол:
    Женски
    Ова испаѓа како на мм баба му што викала:" Ќе одам на доктор кога ќе оздравеам" (facepalm) Дојте на доктор кога ќе сте здрави:tmi:
    Па што ми треба доктор кога сум здрав:emo:
     
    На Chantal, Kaetana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    181.122
    Абе кој бидел аир од доктор. Сам свој доктор.|(
    Мене божем ќе ме бркаа да ми шибнат тетанус, нити тие се јавуваат, ниту јас им се јавувам:bandit:
     
    На Ava.84 и Kaetana им се допаѓа ова.
  15. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Jas
    Мене ми бараше маричната, сакала да ме вакцинира одново со ммр, викам јас сум вакцинирана. Вика донеси картон. Минизвадоа моите од вакцинален пукт кај шо сум примала вакцини ама не сум и го дала, а и нема да и хо дадам. Шо ќе и е кога не планирам дљ се вакцинирам.
    Мене со двете брњмњности ми испитаа антитела za Röteln мислам беше, имам антитела, ама секако немаше да се вакцинирам у бременост со никаква вакцима и да немав антитела.
    Кашлицата знае да трае подолг а веќе да си здрав, не поминува со колај. Пијте повеќе чаеви да ви е влажжно грлото и гаргара прајте. Чај со ѓумбир.
    И мајка ми у мк е позитивна на короната. Прво се разноболе па на ренген имала бронхит( често го има) кога е болна знае да и се фати гласот. Исто кога е болна она нема вкус, ама ај покрај короната и и направија тест излегла позитив. Сега е добра. Карантимот е до четврток и нема да прави контролен тест.
    Нека е со помин на сите
     
    На mal.ecka и Kaetana им се допаѓа ова.
  16. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    @ddevojce нека е со помин. Првиот бран во март не познавав никој болен и ми беше толку далечна. Овој пат се чини многу болни и тоа блиски и познаници. Да не зборам лично искуство.

    Ама едно си помислив од тоа што пиша - прават контролни рендген снимки за состојба на плуќа од долга кашлица - овде кога ќе добијам рендген за контрола, јас во Хелга ќе се прекрстам.
     
    На mal.ecka, ddevojce, Chantal и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    5.808
    Jas vo nekoi raboti sum zaprepastena.Jas nemam nikakov nadzor nitu potvrda nitu pak slicno deka sin mi e vo izolacija ...seedno toa pominaa denovite.Nego svativ deka edinstveno ovde sto ekspresno funkcionira se kaznite za nekoja druga rabota ( kako na ptimer ofental korona bilo i zatoa demek se tolku dauert ) a za soobrakajna kazna ne e korona i kaznata ekspres stignuva vo rok od 48 casa...Vo faza na mrcenje sum denov .
     
    На Ava.84 и Neda997 им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Со што се лечат од Корона во Македонија ако не е тајна?:)
     
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Со свирки. Кој ќе ти каже со што ги лечат?! Мајками се зарази од една нејна колешка. Неколку дена оделс на работа женста болна и сите колешки шо работат со неа се болни сега. Мајками идоијс една доза антибиотици и не беше подобра, па направи ренген и и кажаа бронхит и ајде уште две дози. По неколку дена матичнстс и јави декс треба да прави тест и излезе позитивен. Она кога е болна често има ларингит и и се фаќа гласот и често нема вкус, па и сега немa.
    Ај објаснете ми мене, таткоми е исто у карантин ( карантинот им е до утре) а брат ми не е. У решението шо им е стигнато пише дека татко ми може да изглегува да заврши некоја работа ама да се пријави на некој тел број. Тој не е тестиран. На мајками нема да прават контролен тест. Фала богу подобра е веќе. Кој ќе ти каже каква им е математикста, а имам и бабичка дома. Ај мама и тато немат контакт со баба.
    Немам појма. Псрацетамоли и упрофени, антибиотици и вит Ц, докторката рекла и витамин Д да земат. Имам слушано и цинк. Абе кој ќе ти каже.

    а тука недај боже да одеш на доктори. Термин ќе чекаш со месеци, кога ќе дојде термимот ти си здрав.
    Крв да земат, мокрача, брисеви, столица да испитат, лелееее никогаш. Кога ќе дојде ептен сериозно тогаш.
    Ќерка ми кога беше помала изгоре цела недела 40 темп и двапти ја носев. Устата пена ми гати земи испитај црп, ми вели ти ли си доктор или ја?? Третиот пат ја носам и им велам или испитајте крв на детето или ви ја оставам овде па шо сакате правете и. Ќе видиш дека има воспаление на средно уво. И така испадна. Ај амтибиотик и додека делува 10 дена ми изгоре.
    Бебето проблем со окцето у специјална очна клиника чекав повеќе од теи месеци за на крај да го однесам бебето здраво таму. И мн др такви термини. Катастрофа се. Недај боже да тргнеш по тие врати.
     
    На Ava.84, mal.ecka и Kaetana им се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Првите генерални препораки дури и за превенција и имунобуст кај лесно болни се за витамин Д суплементација во повисоки дози во комбинација со витамин Ц, цинк, магнезиум и селен (што не сметам дека е нешто страшно).

    Кај веќе болните даваат терапија со антибиотик Сумамед (азитромицин). Кај некои кои повеќе денови имаат мака и бронхит испитуваат и хемостаза со Д димери па и даваат антикоагулантна терапија доколку има потреба.

    Е сега околу ова. Значи сѐ е во експериментална фаза, вирусот е нов, и уште немаат баш дефинитивни студии и не располагаат со значителни бројки и факти.Читав за азитромицинот има поделени мислења и малку студии. Некои викаат дека делува, некои викаат дека не е сигурно дали делува, но во ин витро испитувања последната студија од септември вика дека делува. Во секој случај спречува несакана суперпозиција на бактериски фактори кои доведуваат до секакви белодробни воспаленија и проблеми. Па по таа логика, земаат сумамед во Македонија.

    За димерите и хемостазата. Кај сите хоспитализирани пациенти кои умреле, имале проблем со коагулацијата и покачени фактори на хемостаза и димери. Оваа состојба кај пациенти со корона ја поврзуваат и со зголемен ризик од пулмонална емболија, венска тромбоза и сл. Колку има логика да се проверуваат димери кај пациенти со лесна слика, не знам. Во болница пишува дека е веројатно веќе обавезно, затоа што сите што имале дури малце покачени димери биле тие што подоцна завршиле "лошо".

    Во Македонија за сите со посериозна кашлица кои имаат дури и полесна фаза на бронхитис, прават хемостаза и димери. Па ако се покачени одма даваат антикоагулантна терапија (клексани или сл.).
    Не ме чуди ова, бидејќи димери пример јас проверував цела бременост секој месец во Македонија. Сувишно. Се согласувам. Ама пак не е скапо, достапно е, па што има врска.

    Читав дека кортико игра улога во превенција на развој на тешка слика, конкретно дексаметазон. Па едно време снема ампули дексазон во мк... Ко овде што снемува тоалетна хартија |(

    Во МК е муабетот - дали штети ако се напијам 3 дена сумамед во споредба со студии кои најавуваат дека можеби помага. Никоја студија не вика дека штети. Една што ја отворив вика дека не делува, ама никаде не зборува за контраефект. Повеќе зборува за фарма мафија. Па ваљда тоа е логиката.
    Исто со витамините, исто со димери испитување и клексани.

    Не велам дека се во право, ама некогаш овде се чувствувам комплетно беспомошна и шиканирана од едно на друго место. Денес пример на телефон со Гезундхајтдамт - како сте. Супер, ама уште кашламе. Ок, симптом е кашлањето, карантинот не ви завршува.

    Јасно е тоа. Но, она што мене ме интересира е што се прави во ситуации ако долго кашлам (што ми се случувало претходно на било која настинка / вирус.. сум кашлала и по месец дена, башка имам алергија на ситни мувли честички во воздухот што на оваа влажност ги има многу, па затоа често кашлам ова време). Викам ваљда постои начин да се провери - да го повториме тестирањето, кога е логично. Имате ли случаи каде што луѓето се само до кашлица а се позитивни долго време.. ништо не можела да ми каже, со докторот муабет. Демек ако ние кашламе, докторот ако км даде потврда дека не е со корона поврзано, тогаш ок. Не било проблем, ќе ни тргнат карантин. Проблемот е што доктор нас не нѐ прима ни под разно додека сме во карантин. Гезундхајтсамт вика доктор да ве види, докторот вика гезундхајтсамт прво да ве пушти од карантин па после кога ќе сте здрави. :clap:

    Нема што, жената на телефон од гезундхајтсамт беше денес супер (секој ден различна нѐ бара). Се зафркававме со неа по телефон, нѐ сослуша.. јако беше што ни се јави дека Мачорка може од утре да живее слободно, да оди во градинка... Бидејќи нели нема никакви симптоми веќе. Викам јееј, ќе ја пуштиме во продавница.. :rofl: среќа ми го сфати хуморот, дека нема каде да оди на 5.5 години сама, иако е ослободена од карантин и се смета за здрава.
    Што ме води повторно до прашањето - ако е слободна да оди во градинка, нели е таа некаков ризик затоа што секој ден е во контакт од прв степен со луѓе болни што се уште во карантин? :^)
    Затоа што нели нема траен имунитет на вирусот? Something to think about.

    Се јавив кај докторот, да му даде боловање на маж ми за неделава, не за еден ден. И демек ни даде упат за повторно тестирање. Кога? Не знаат да кажат. Маж ми вика - што препорачувате, кое е вашето искуство, што да се направи бидејќи немаме веќе никакви симптоми освен кашлање,.. не знаат. Кога сакаме.

    А патем, гезундхајтсамт кажаа дека и покрај негативен тест, симптоми биле симптоми. А како ќе се тестираме ако не смееме од дома да излегуваме...:?:

    Полесно ми е да решам биномна формула. :bug:

    ---

    Едит: жената од Гезундхајтсамт која денес нѐ сослуша, ми се јави сега повторно. Ми кажа дека се распрашала кај докторот кај нив, и решиле ако до петок уште кашламе, треба одиме да нѐ прегледа нашиот доктор. Ако не сака и се понаша, да ни даде упат да одиме во клиника каде ќе нѐ прегледаат нивни доктори, и ќе ни земат повторно брис. Алал да ѝ е на женава. Сериозно.
     
    Последна измена: 21 октомври 2020
    На do-re-mi, Ava.84, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.