Значи сума сумарум нема лекарста кои се препишуваат кај ковид пациенти секој си зема на своја рака. А дел се и непотврдени. Д витамин не е лек заедно со остали витамини ти се како мед во чај ефект. И нема да ти препишат и препорачаат никаков лек за кашлицата додека си во карантин. Јас те сфатив на првиот пост дека ги лечат македонците со некаква терапија. Они пак си играле игри. Остало што ти се дешава е драма по биномна формула баш. Никој ништо не знае само иди кај тој другиот
@FreeMind има Фри. Не земаат сумамед на своја рака, туку сите го препишуваат. Муабетот ми беше дека нема пропишана терапија на светско ниво која со сигурност се знае дека функционира затоа што во моментов се вршат студии. Сѐ е во принцип уште експериментално. Ама многу земји имаат пропишани процедури, без разлика што се уште експериментални, и азитромицинот го даваат како стандардна терапија 3 до 6 дена по 500 мг, кај сите заболени со корона. Така што не би го нарекла баш играње игри, повеќе е лекарска процедура за терапирање. Во принцип, многу работи не знаат. И се дознаваат само со проба.
Ја затворија и групата од малата. Од вкупно 5 групи, значи една вчера/завчера затворија, денес затворија уште две, во едната позитивна мајка, во другата позитивна вработена. Ќе ни се јавеле од Gesundheits. Којзнае кога ќе ми се јават. Целата сум во прашалници.. Ми дадоа еден лист уствари сега ќе го прочитам.
Добар ден мајки ШТо прашавте околу вакцината. Се немам вакцинирано во бременост. Со сите три бремености ми ги правеа стандардните детални крвни анализи, немало потреба. Второто прашање околу возачката. Задолжителни се мислам 14 часа, присуства на теорија настава. А теорија кај мене беше 2 пати неделно само. Зависно и дали теорија првен ќе слушаш па после ќе возиш или паралелно. По околу 2-3 недели мислам се чекаше за термини за писмено полагање и за возење. Писмениот дел мене ми беше положен па кога извозев тој од комисијата одма на рака ми ја даде возачката. Е јас бев малер. Првен писмениот дел го положив па почнав со возење и таман бев на крај, да правам термин за полагање, ја затворија автошколата и неколку месеци пауза....се заборавив, па од ново возење. Доколку еден ученик се разболи или инструктор рекоа пак ќе се затвори на две недели. Сега е баш поради тој момент најкритично да се уплаќа. @gjoker4e . Се претпоставуваше дека од една вработена ќе се инфицира и друга штом се по цел ден заедно без маски. И другата мајка да не е од детете инфицирана, може оно е со лесни минимални симптоми. Бидете добри и известувај како се справува градинкава со короната.
Сега слушнав една шега на радио.Вика пред 30 год владата велеше дека пензијата е сигурна, денес вели тоалетот е сигурн не ги празнете продавниците не потребно Туку Баерн во карантин ли е?
Кај мене момите се во градинка, сега да одам да ги земам. Се беше нормално сабајле. Уствари дискутирав со едната вчера на земање. На вратата има залепено дека некој пријавил тт и симптоми на настинка. Прашав да не чека некој резултат од корона. Вика не, некој родител сака да знае кога некој е настинат. Викам а оти? Па да не се разболело неговото. Викам бактерии и вируси се пренесуваат, настинката на моето дете како ќе му влијае на неговото, секако дома би седело, нема да му кашла во фаца, но како оно би било опфатено со тоа? Вика и настинките се пренесуваат. Викам ако моето има вирус, бактерија може и неговото. Ако моето настине бидејќи утоп влажно и со мокра коса(како што во моментот беа) а нејзиното си стои неиспотено како кашлицата или тт што вечер би ја развило ќе му влијае на нејзиното. Ќе го фанело И така. НЕ се знае до кога е се ок. Додека не зазвони тел. и не речат има случај на корона, тогаш сите во изолација.
Не Дани,вчера збореа дека Баерн ќе оди во лок даун.Се се затварало затоа прашав.Денес зборљт дека се размислувало
Морам да сум досадна сега. Ме интересира само дали смее на работа да одам утре? Малата поткашлува, нос и тече и како пропадната бледа е во лицето ама фит е и расположена. Мене ме чеша грлото и како да ме боцка некој со тапи игли. Топломер немам, дури сега ми текна дека пред месец- два двата топломера и ги дадов на една комшивка и ми ги нема вратено. Го прочитав ова ама некако не можам да го сконтам дека се работи за дете. Значи таа е во карантин ама ние не сме. Ако е таа позитивна тогаш и ние сме во карантин. Ќе морам јас да ѕвонам ваму, се уште никој не ми се јавува. Ќе полудам додека не ми кажат што како. Од кај да знам сега дали смее до маркет да отидам? На крај пишува за непочитување све години затворска казна или парична казна. Подобро е да гладувам отколку до маркет да отидам. И така... Моите први три карантински саати... Дете не може само да се остави во карантин, морам и јас со него кога нема кој да го чува, затоа се бунам со оној листот.
Ѕвонам ама цело време е зафатено. Се мрднав со писмава. Не дека не разбирам туку ептен е опширно, а сепак непрецизно напишано. Вика Драги Родители можно е да сте заразени со ковид и морате во карантин 14 дена од контактот со инфицирана личност. Како прво не ни знам која е точно инфицирана. Што ако не сум ја ни видела таа. Ако работи од 9 до 13 на пример и не сум ја видела никогаш. Се важи за контакт тоа што сме се погледнале од далеку? Со маска ги носиме децата, значи ние лично немаме контакт со вработените, држиме растојание 2 метри. Само детето имало контакт. Како го разбирате вие ова? Јас ќе полудам до вечер додека не ми се разјасни се. Којзнае кога ќе ми кренат овие.
neznam dali te razbrav ama akk deteto imalo kontakt togas toa ostanuva co karantin a site drugi od semejstvoto se slobodni .
Ми кренаа. Детето не смее да излезе надвор до 30.10, ако и после тоа има симптоми се продолжува карантинот. Јас и маж смее да излегуваме и да одиме на работа ама да му кажеме се на шефот и дека од него зависи, ако рече да седиме дома тогаш да седиме дома. Е сега не ми текна да прашам дали ќе ни е платено ако шефот рече да седиме дома. Со мојот веќе зборев сака да работам, за кај маж ќе видиме. Колку беше љубезна таа што ми крена, срцка. Ми идеше да ја гушнам. #Претешко ми е што дете треба само да седи. Инаку во 20:00 вечер се прибираме дома. Немам идеја што би правело дома. Среќа во целата несреќа е што имаме нов стан и балкон. Така се тешам само. Не дај боже да сме биле сега во претходниот стан. А сите комшивски деца се во карантин па и така ќе се тешам. Сите во иста градинка одат. Во зградава само има минимум 10 деца од градинка. Околниве згради. Ќе си мафтаат од балкони, душички. Едит: Де уште ова да ви кажам, во писмото пишува да не јаде во исто време со останатите членови од семејството и да престојува во посебни простории. Затоа се ме збуни. Треба да смислат друго писмо кога станува збор за деца. Ние на исти кревет спиеме, се гушкаме, сигурно нема да држам дистанца со сопственото 3 годишно дете и да го оставам во друга соба и само да јаде. Им треба ново писмо под итно.
@Kaetana Еве од прва рака искуство од МК. Ние сите прележавме Корона откако мајка ми прва се разболе,а го чуваше детето бидејќи уште не работеа градинките. Мајка ми најтешко помина зашто секако има тромбоза ама откако доби позитивен тест одма и закажа матичната тестирање на Д-димери и доби клексани. Бидејќи е постара доби и антибиотици (Сумамед) како превентива. Откако беше со температура подолго од 7 дена отиде во болница и не се снашла, односно не се снашол шоферот од брза помош кај да ја носи. Испадна дека на писмото за изолоација имало телефонски број и кога се јавила на него ја спровеле на сите соодветни тестирања со полиција. Секаде имало посебни влезови за пациенти со корона во рамки на болницата. Рентгенот на бели дробови и бил добар и исто лабораторијата со вклучени ензими на црн дроб и некои други параметри па ја вратиле дома. И наредниот ден и спсадна температурата и беше ОК. Ние генерално седевме дома и се слушавме секој ден со матичната. Ни се јавуваше во одреден временски период. Немавме некои проблеми со дишење ама мене ми се затна носот па добив Сумамед зашто имам проблеми со синусите хронични па да не закачам бактерија некоја накнадно. И добив и кортико спреј за нос за да ми се пушти побзрзо. Инаку матичната ни препорача витамини (особено цинк и витамин Д) чисто за подобрување на имунитет, не дека има врска со лечење и ни кажа дека затоа и ни ги дава. Плус ни рече да пиеме и Бета Глукани исто за имунитет. Инаку и нас детето прво ни излезе од изолација зашто нели ни беше нулти пациент и се смеевме со тие што се јавуваа да проверат дали седиме дома дека сега него ќе го пуштиме до продавница на 4 години. Ние излеговме со два негативни тест од изолација зашто тогаш таков беше протоколот. Сега само се седи дома 10 или 20 дена и толку. Никој веќе конторлни тестови не прави.
Тестираат. Само сега одма џабе ќе го тестираш. Причекај неколку дена. Да видев ќе ги пишев. Детето ваше се смета за контакт од 1 степен. Изолација има за сите контакти со потврден Корина случај само од 1 степен а тоа е директен контакт подолго од 15 минути лице во лице, без маска. Вие сте второстепени. За вас нема карантин, само претпазливост. Ние требаше да пишеме табела со кој сме се виделе 48 часа од првиот симптом подолго од 15 минути без маски. Инаку за тоа како дома да се однесуваме, да.. имаат малце чуден пристап. Ние сите бевме заразени па искрено, не ми беше гајле. Ама дека ти дете ќе го изолираш само во соба, и ќе го шутнеш да не знае што се дешава... Јас не би ни под разно. @JoyJoy фала за искуството. Тоа баш и го кажував дека истото го разбрав, даваат сумамед при тоа и за да се избегнат проблеми со белите дробови предизвикани од бактерии кои можеби нормално не би предизвикале, но заради агресивноста на вирусот кој го паѓа имунитетот сега може да направат проблеми. Баш ќе видам во петок како ќе поминеме во Fieber Ambulanz и ќе ви пишам. Инаку планирам сите да се тестираме пак. Ако ни дадат.
Не знам кај се пријавува и жал ми е. А тоа дете цел карантин надвор ќе го изгура затоа што тие се од оние кои не почитуваат правила, навечер после 22 до ептен касно галамат на пример. И бабата ме виде на балкон мислам дека одма ќе знае дека јас сум ја пријавила. Од Косово се. Едит: Ако ги пријавам се чувствувам како да сум злобна, како да ми е криво што ние сме дома, а тие се надвор. Уште се надвор. Ама луди. Одат кај бабата и дедото, тие имаат балкон на приземје и сега седат кај нив. Бабата не е мн стара ама пак е 50-60 години. Ете ти луѓе што не веруваат во корона. Наместо да ги заштитат бабата и дедото. Нема потреба да ги чуваат, мајката не работи, и таа е таму. Седум души во двособен стан моментално. Баба дедо, внука им постара, мајката таткото и две деца, едното е со малава, а другото нз точно во која група е. Нив најпрво мозокот не им мисли за бабата и дедото па камоли за останатиот народ.
@Kaetana Колку време ви рекоа карантин? Кај нас е од 21.10 со 30.10, тоа се вкупно 10 дена со се денеска и последниот ден, денеска е пола ден во 13:30 ни почна карантинот.
Страв ми е да не го тестираат, да испадне позитивно па да мора и ние во карантин. Ако ми гарантира некој дека нема отказ да добиеме и двајцата со по 80% плата ќе сум задоволна за време на карантин, тогаш не ми е ни тоа страв. @Kaetana Вас платен ви е карантинот? Те заморив со прашања. Треба 100% плата и 10% бонус за издржана затворска казна.