Пишува дека ќе ни закажат термин телефонски. Ама бидејќи писмово е за возрасни не знам ни дали тоа со терминот важи за деца. Терминот се однесува само на детето, не на нас
Тие нормални ли се бе како може три годишното дете да биде изолирано само, да не јаде на иста маса. Па треба некој да го избајна тоа дете, да му смене пелена ако носи, или газе да му избрише ццц три години е не е 13. Луда работа, стварно без врска. Ќерка ми 6 год и бебето тогаш 6 месеца кога се веативме од мк не ги тестираа. Матичната беше на одмор замената рече деца не тестираме, педијатер рече не зимаме корона брисеви, гезундхаитссмт рече за бебето не треба, за големата може ама и не мора ако оди градинка или школо. И не тестиравме оти никој не направи брис. Почна у септември на школо а помина месец од ко се вративме у мк.
За позитивни од корона карантинот е 10 дена од денот кога си имал прв симптом ама услов е да си во последните 48 часа без симптоми. А за контакти од прв степен, карантинот ми кажаа дека по дифолт е 14 дена од денот на контактот со лицето позитивно на корона. Околу плаќањето не знам. Јас сум на породилно уште, така да за мене на никој не му е гајле. Маж ми беше исто на породилно до оваа недела, а сега од понеделник бидејќи и нам не ни е баш јасно, зедовме кранкмелдунг. Оти му се јавија од работа, демек дури и да му заврши карантинот во вторник (така требаше да биде) да останел неделава дома и хоум офис да работел. Ама ние уште сме со симптоми, па маж ми рече дека е krank geschrieben. Од Gesundheitsamt кажаа дека стига решение за карантин, со датумот до кога ти го одредуваат (во наш случај за него до вторникот) ама кога стварно ќе ти го тргнат, стига потврда од Amt für öffentliche Ordnung. Со двете докажуваш дека си бил во карантин. АМА, ако си бил асимптоматски, пример, или лесни симптоми а си работоспособен, не знам дали хоум офис е варијанта. Не се ни тие баш начисто. Затоа рековме потврда од доктор најдобро, па ќе видиме во петок што ќе се случува за следната недела.
Мислам дека и овде не даваат одма Сумамед туку ако има назнаки. На пример јас знам дека има проблем со синусите и веројатно затоа. Инаку сега од обилчна настинка имав мака со увото така што можеби заради мојата историја добив Сумамед. Како и да е мислам дека матичната подобро се справи со ова тука кај нас отколку кај вас во Германија. Ама јас најстресното искуство со лекари баш во Германиј аго имав од аспект на чекање така што не ме чуди ова. Сите беа ко паднати од Марс и полни со протоколи а никој не не гледаше како луѓе (освен една млака докторка).
А прв пат сега прочитав дека сумамедит е уствари азитромицин. Немав појма. Само еднаш од поодамна го пиев поради воспалено грло, дека сум алергична на пеницилин. А дали оди со доење заедно, знаете ли?
@Kaetana смее до келија, до просторијата за сушење алишта, ѓубре да се фрли, сандачето да се провери...? И дали сепак постои начин да отиде надвор?
@ddevojce оди со доење. @gjoker4e смее. Барем така ми кажа тетката од Gesundheitsamt кога ни јавија насоки за карантинот. Ама да одиш доцна вечер, да избегнеш и да не се сретнеш со луѓе. Надвор излегување - не. Ама пример до подрум ѓубрето да го фрлиме - да. Туку најново од денес. (Ќумрам). Жената денес што ни се јави беше исто најпрекрасна, и немам муабет колку сум среќна кога ќе се погоди некој фин и услужлив. Дури ми рече да ја барам нејзе директ ако сакам т.е. ако имам прашања. Е сега. Нашето кашлање (кое е од денес барем подобро затоа што веќе денови инхалираме по два пати дневно со кортико - дексазон и салбутамол - Вентолин) не било веќе толку причина да нѐ држат во карантин. Башка ни требал фрише луфт за кашлањето. Уште ден-два, па ќе нѐ ослободеле. Симптоми сме имале одамна, па према нивни начела дури и да кашламе, не веруваат да сме заразни веќе за другите луѓе. Ние веќе имавме земено упат за во Fieberambulanz за преглед и повторен тест и закажав за понеделник оти за петок немаше термини. Закажав за сите четворица... Мислам дека кај маж ми на работа може ќе сакаат да има негативен тест за да се врати.. и башка си реков - нека нѐ види некој доктор на крај.. сепак. Женава малку ме збуни - вика ништо чудно да сте пак позитивни, бидејќи вирусот не исчезнувал многу лесно, ама не сте веќе заразни за други луѓе - заразен си бил во првите 10 дена. Ако имате пак позитивни тестови никому ништо. Нема карантин, ништо.. си продолжуваш со животот особено ако си здрав. Е сега, муабетот е тестот ќе е џабе. Единствено можеби ако сме негативни нема да нѐ гледаат луѓето со страв и да се помочаат од паника ако се закашла маж во биро. Ќерката од вчера е нели слободна, може во градинка да оди, сѐ... АМА. Прашавме за синчето, оти треба да почне со градинка, за кое првиот пат ни беше кажано дека за него би важело истото што и за ќерката.. ама го немаат во системот бидејќи не ни направија тест. Е сега - не било така. Бидејќи за него нема тест, и бидејќи не може да влезе во системот како болен, тој по автоматизам станува "лице кое имало контакт од 1 степен со лице позитивно на корона", и МОРА да е во 14 дневен карантин, и тоа ќе му се брои од "последниот ризичен контакт" а тоа е - нашиот последен карантински ден!!!! Значи кога нам ќе ни го тргнат карантинот, тој ќе добие наредба за +14 дневен карантин од тогаш. Викам бебево имаше температура еден ден, сигурно беше болно. Ми вика жената дека сѐ разбира, ама нема тест - не е во систем. Чаре? Викам - да го тестираме и ако е негативен? Е не, негативен тест не го иззема од карантин (што е теоретски ок, затоа што нели може да појави симптоми подоцна). Е вика, ако го тестирате, и ако сега уште е позитивен - тогаш ќе се спаси од карантин! Како? Затоа што ќе влезе во системот, па ќе нѐ прашаат кога имал прв пат симптом, па ќе сфатат дека било пред 2 недели.. и по дифолт ќе му е завршен веќе карантинот затоа што нема веќе симптоми и е здрав! Значи - ние сега треба да го тестираме, и ако е уште позитивен, ќе избегнеме карантин и ќе смее да оди во градинка и животот да му е нормален. Ама ако е негативен - 14 дена карантин!!! Знам дека правилата теоретски имаат логика, ама дајте бре луѓе да бидеме практични - прво зошто не го тестираа.. ние го однесовме ама ни кажаа "wir testen Babys sowieso nicht". Тоа е пропуст во системот. Второ - бебе од 13 месеци демек имаше имунитет да не се зарази целото ова време од летот назад (5 октомври) - еве денес 22.. и тоа бебе 13 месеци кое го доев, го бацував во "екот" на болеста, ... И не - ќе се зарази на последниот ден од карантинот. Башка имаше температура, ама тоа е... Нема тест и не е во системот... Не е фер.. децава од 5 октомври се дома, и само еднаш беа до пред зграда... Ако треба тој да остане, месец и пол ќе му се фати скоро да не е мрднат од дома. Едит: згора на сѐ терминот му е во понеделник а немам упат за него затоа што педијатарот работи само во вторници и среди. И ај сега. Мојот општ доктор вика дека наводно не можел да даде упат. И секако, и тој ми повтори дека деца не тестирале.
@Kaetana значи корона полесно поминавте, ама германската бирократија е неизлечлива Да пукне човек.Како сега е он болен, а вие не? До сега кај комшиите ли беше Мислам се е голема глупост . Ако ве ослободат сите нека ве ослободат , а не ќерка ви е слободна, па сама ли да се шета Сега и вие ќе бидете слободни , бебето нека си седи само дома Чекај ,а да не им текне па вас пак во карантин да ве стават поради контакт со сумливо лице Да му е страв на човек да се разболи од германската бирократија. Баш сакам да видам сега дали колешка моја која отиде во Грција на одмор ќе биде во карантин? Нормално ќе си дојде на работа во понеделник.Оти Грција е ЕУ
Здраво мајки може прашањето не е за овде но овде секако ке добијам најбрз одговор Вака значи немаме бг пасош ниту јас ниту мм имаме поднесено и чекаме сеуште Брат ми во Германија отвори фирма и сега сака да му направи документи на мм за работа Тој вели дека од таму ке среди но овде како ке направиме Има поднесено и за виза мм веке 13 месеци чека се немат јавено од амбасада Дали некоја имала вакво искуство како да направиме што е потребно и дали е можно Благодарам
Со македонски документи мора преку мк амбасада. Друга опција што ми текнува да оди брат ти таму во ауслендерамт и праша дали може нешто за побрзо зошто му е потребен работникот.
Утринава добри вести до 10ти ноември треба покраините да достават списоци за распределба на вакцини. Прв е медицинскиот персонал и старите лица. Германија прва ќе ја извади вакцината според министерот за здравство до крај на Ноември Блиску сме! Ќе заврши и ова наскоро.
so makedonski dokumenti i ako se raboti za nekvalifikuvan kadar edinstveno preku ambasada mozat da se sredat dokumenti.Se drugo e igra na sreka.
За што е фирмата ако не е тајна? Процедурата не е ниту едноставна ниту брза. Он ќе треба тука да пријави дека сака да дојдете да работите, никој од тука да не е квалифициран за таа работна позиција, се пушта јавен оглас, и вие да покажете сертификати за стручност. Ќе ги достави он сите документи и ќе мине низ фази на ревизија и проверки. Опција ми требаат и побрзо нема. Вие ништо не треба да правите. Да пратите документите кои ќе му ги бараат, он да предаде, и да чекате.
@danichap брат ми работи со гипс картон, но планира доколку отиде и мм да работат и струја Мм има тоа завршено а тоа и овде работи Значи ние дававме документи предходно од мм дека има тоа школо завршено дека има искуство беа прашале таму ама одговорот беше дека без бг пасош неможе да работи (оваа пред брат ми да отвори фирма) Штом така тие ги имаат таму и на германски преведено документите од мм нека прашат како што велиш ти ако е можно
Вие сепак пробајте и така. Може бг пасошот ќе излезе попрв ама сепак да си имате поголема сигурност. @Kaetana Јас се разбрав освен, нели тогаш не го тестирале дека е бебе, сега ти рекоа дека ќе го тестираат? Се уште е бебе нели.