Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Ја открив зошто карантинов е "9 дена".
    Децата имале контакт во петокот со заболенага, и од тој петок до сега петок се 14 дена, ама најверојатно дознале дури вторникот- средата дека е позитивна на корона.
    Ја прашувам малава кај е М., вика во школо, аусбилдунг прави таа, кај е Џ. Вика во биро, кај е другата Џ. вика aa Sie ist krank, и ми светна сијаличката кој има корона и зошто карантинот е "9" дена.
     
    На fairy88, Herrera, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Само едно ме интересира сега.
    Ако детево биде пак во контакт со личност што има корона, пак 14 дена карантин?
    Или со овие 14 дена стекна траен имунитет? :^)
    Така до недоглед би требало по 14 дена карантин.
    И не знам дали треба тест да прави дете или не? Во 15:59 ми текна да ѕвонам во Gesundheitsamt, а до 16:00 работеле. Ќе ѕвонам утре пак.
    Уште четири дена! (fingers)
    Станов нов ама веќе демолиран. :drunk: На комшииве им наплативме за претходниве два месеци мир и тишина ама мислам ќе не толерираат, повеќето знаат дека дете е во карантин.
    Вчера торта ни донесе комшивката под нас, детето годинка направило, дете се прерадува на тортата, ја смачкавме цела. :lol:
     
    На mal.ecka и fairy88 им се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    Сѐ се брои од последниот контакт со позитивната личност. Ретроградно оди. Исто и со позитивниот тест - ретроградно одеше карантинот, од првиот симптом.
    А прво покажуваш симптом, па после се тестираш. Пример - мене во четвртокот вечерта така ми се снеможи, во петокот немав кого да побарам оти спиев нешто подолго од умор, и кога станав докторот мој не креваше а после 12 никој не работи... понеделник додека добијам немој, во вторник ми закажаа, во четврток резултати - во петок ми се јавија за да зборуваме за карантин. Ко ќе видиш - кај мене една недела беше помината од симптом, и требаше да сум во карантин само уште 3 дена.
    Ама тоа глупо кашлање.

    Денес бевме на преглед. Докторката кажа дека никој не би можел да каже од што е кашлицата. Може да е од друга вироза на паднат имунитет. Пак ни направија тестови на сите четворица. Не знам веќе што е. Пак по телефон ни кажаа за два три дена дека ќе нѐ пуштеле. Ај ќе видиме утре тестовите што ќе кажат. Не дека ќе смени многу. Ако сме позитивни - ќе гледаат према симптоми. Ако сме негативни - нема да ги интересира кашлањето, ваљда ќе нѐ пуштат. Држете среќа ние да сме негативни, а бебево позитивно...

    Иако да кажам, толку малку кашламе, што да не беше коронава, немаше ни да забележам дека кашлам. Сериозно. Смешно е ова веќе.


    Едит - да ги одговорам. Тие 14 дена значи дека не се заразило или евентуално поминало асимптоматски. Ама проблемот е што и да поминало асимптоматски - нема доказ. Така да на секој контакт се нови 14 дена. Така до недоглед веројатно.

    Уште еден едит - што ќе биде пример кога ние после карантин некое Х време сме во контакт со некој позитивен? Нели нема траен имунитет? Што тогаш? Живо ме интересира.
     
    На mal.ecka, Ava.84, fairy88 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Готово, паднав во депресија. |-)
    Мене цел стрес ми е заради мојата работа. Некој се пишува и цел месец кранк и уво не го боли ама јас се притресувам и ако треба еден саат порано да си отидам. Да не работам искрено гајле ми е и за корона и за карантин, за болно дете, за затворена градинка, за дете што кивнало и го вратиле дома и слично.
    Не знам како да не се потресувам до толку. Џокер немам. Пре би уште жена мм да донесе дома како џокер отколку свекрва. :wasntme:
    Ќе вежбам непотресување. :whew:
     
    На Ava.84, fairy88, Herrera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    За твое добро вежбај непотресување. Научи нешто од Германците. Гледаш колку се лајт.
    И јас многу се потресував, ама искрено - моето здравје и мојата фамилија ми се број еден. И не дозволувам никогаш повеќе да ги ставам на втора позиција од "незгодно" или заради тоа "што ќе рече некоја сосем неважна личност за која сум само обичен вработен".
     
    На јolene, mal.ecka, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Така треба.

    Денеска на работа буквално на таа одговорната на смена и реков дека се осеќам дискриминирано.

    Па јас така во Берлин и Штутгарт кога живеев и работев не сум се осеќала. Сега од ко сме преселени во Лајпцих,ебати нацистите германски , одма се осеќа дека мразат се што е странец што стапнало у државава.

    Море пичка и лепа материна , ни 5 ни 6, и реков дека сум крајно разочарана од нејзиниот однос кон мене и се осеќам дискриминирано од нејзините постапки кон мене.

    И искрена да бидам, ама ич око не ми трепнува, не се потресувам ич.

    Јасно ми е дека тука во овој град над 80 % се германци, се држат нивни луѓе , ама се осеќа разлика во односот кон нас како новодојдени.

    И жената ми се извини и рече ќе се потрудела во иднина да не се осеќам дискриминирано оти толку ми скурчи што и реков ако продолжиш со такво понашање поарно да си напишам отказ и кај шефот, а како причина за отказ ќе бидеш спомната.

    И толку беше.


    Мамицата нивна хитлерска :envy:



    П.С. И така, утре пак на работа, баш да видам како ќе се понаша.
    Иначе работам во Deutsche Bahn , мала промена, ама пак е поврзана со патници.
     
    Последна измена: 26 октомври 2020
    На Kaetana, јolene, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Кај мене на работа викаат дека фамилијата е на прво место и е пред работата. Значи не е до шефовите, туку до мене.
    Никако да ми стане јасно дека не може 365 дена да поминат без да се деси нешто и морам да се помирам со тоа.
    Еве во две години само еден ден имам земено за болно дете.
    Ептен се замарам, со се, а тоа не се менува така лесно.
    Еве на мм на пример гајле му е, тој е целосна спротивност од мене.

    Да се вратиме на муабетот. Значи не е можно со секој нов контакт нови 14 дена. Па како поминува времето ми се чини скоро сите се позитивни.
    Не дај боже да тестираат дете и да испадне позитивно па да треба јас и мм 14 дена карантин. Тоа ми е најголем кошмар. Така еден месец ќе се фати на дете.

    Крај краева и ова е нелогично, нели децата се како преносители па сега јас и мм како да ги заразуваме сите околу нас.

    Мн нелогичности ама тоа е, не е равенка па ќе се реши.

    Идеално би било кој сака да води нормален живот да потпише. Тие што сакаат да се чуваат или треба да се чуваат нека седат дома и нека се пазат.
    Јас би потпишала дека на своја одговорност ќе водам нормален живот.
     
    На Kaetana, mal.ecka, fairy88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    181.107
    Јас на твое место би се преселила на брод, и така со хоум офисиве сеедно е кај си. Уште да ми е решено некако доводот на интернет и храна, друг проблем не гледам(tumbleweed)
    Енивеј, се надевам ќе имате негативен тест.

    @Herrera врати се во Хамбург;)

    Му викам на детето, да купиме колиба со двор, аа, не, госпоѓицата ако се сели, во Хрватска ќе се сели (facepalm) (јер Хрватска има море):D. Добар и е планот. @FreeMind да каже дали и колку тонат акциите во вториов бран, друго чаре не гледам:)
     
    На Kaetana, Ava.84, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Емили во петокот почна да кива, до вечерта затнат нос не можеше да диши. Мм се врати во петок од пат. Саботата почна болка во грло, неделата засили денес на лекар тест за корона. Температура 37, омалаксанот и затнат нос. Резултати за два дена. Јас од денес со силна болка во грло и слаба кашлица.

    Терапија која ја добивме од матичниот:
    - антиобиотик -азитромицин
    - еукалиптис за разредување на секрет
    - и спреј за нос

    Сепак ние добивме терапија пред резултати од тест. А не потоа.

    Мене овие симптоми кои ги имаме не ме потсетуваат на корона. Имам и мирис и вкус. Повеќе би рекла ќе не скине Емили со вирусите од градинка секоја втора недела сум болна.

    Потпишавме и за градинка дозвола да и мерат температура тоа е најново.
     
    На danichap, Kaetana, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    @gjoker4e , не те разбирам зошто толку се потресуваш околу работата ? Па има работа , слободно можеш да се префрлаш во друга фирма.


    @Biljarkata , сигурно си ме помешала со друга членка :D , баш таму немам одено. Ќе го ставам во листа на градови за посетување во 2021 здравје

    [​IMG]


    @FreeMind

    [​IMG]
     
    На Kaetana, Ava.84, Chantal и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    181.107
    Е добро де, штутгарт, Хамбург, меморија на амеба, спиена сум 4 саати:$
     
    На Kaetana, gjoker4e и Herrera им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Ако се префрлам во друга фирма тогаш е уште полошо. Пак си нов. Првите месеци се пробе цајт па и јас да се пишам болна и заради дете може одма отказ да добијам.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.166
    Допаѓања:
    181.107
    Забораваш дека не си во мк повеќе? ;) Кој ќе ти даде отказ ради дете?
    Ај простено ти е, карантинот го прави своето.

    Искрено, во вакви времиња ниедна работа не е сигурна. Ама никој не смее да ти даде отказ ради карантин или ради дете. Кулирај малку. Гали ја мачката што преде;)
     
    На Herrera, Kaetana и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Во недела се враќаме со кола од мк, па имам неколку недоумици поврзани со тестирањето...

    Треба да се тестираме во рок од 24 часа по пристигањето, но како ќе докажеме кое време сме влегле во Германија...?

    Дали треба тест да правиме кај матичен лекар и дали треба за тоа однапред да закажеме термин...?

    Дали на пуктовите за тестирање може да се отиде без термин за тестирање...? :?:

    Доколку некоја има искуство би била благодарна доколку сподели.. :f:
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Во пробе цајт.
    На двајца колеги дадоа претходниов месец. Беа во пробе цајт и првиот ден кога се пишаа кранк одма отказ. А се уште треба персонал и мислев и да се пишат кранк ќе ги зачуваат ама не, одма отказ.
     
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Што работа е ова ако не е тајна каде вака се делат откази?
     
    На Kaetana, јolene и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    Ти пишав лп.

    Едит: И во групата Македонци во Германија на фб има мн примери што добиле отказ за време на пробе цајт. А сега со коронава знаете колку откази има и без пробецајт.
     
    Последна измена: 27 октомври 2020
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954

    Не треба воопшто да те плаши отказ, работа има било каква во цела држава.

    Не знам дали ти си имаш во глава замислено наредни 50 години само во една фирма да работиш, ама не е тоа финтата.

    Финтата е да немаш високи месечни трошоци за да може да тргаш пари на страна и исто како што прави @FreeMind , да исплаќате стан , па дури и да го издавате и на крај препродадете , пак ќе си во добивка.


    За жал во Штутгарт кириите се скапи и не можев да одам по планот, е тука во Лајпцих е ефтинија, станови по 400 евра сосе сметки и пак си живееш во градот , јас како што сакам.

    Не сакам да сум во периферија , затоа ми требаше град со ефтина кирија.

    Е сега одма се осеќа, трошоците се ептен минимални и ти остануваат пари од платата.

    Па здравје по планот може да се продолжи, секако е универзитетски град, па ќе врти парата :)

    Е затоа не се плашам јас и сум секогаш спремна да сменам фирма ако осетам дека нешто не ми штима.


    Пак ќе ти кажам, немој никако да се плашиш од откази , работа има , од се по нешто ;)



    п.с. заборавав да надополнам, се е под контрола со "колешката" од работа 8) , сега ми е мирна глава на работа.
     
    На Kaetana, fairy88, Ava.84 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    7.283
    Пол:
    Женски
    Ќе те замолам откако ќе си дојдете и завршите со процедурите, да споделиш искуство овде или пиши ми ЛП. И ние имаме желба да си отидеме до дома крај на ноември со кола, ама како ќе биде не знам. Ме фаќа страв и паника искрено.

    Колку јас што сум информирана, ќе треба да се јавите во гезундхеитсамт и да се кажете дека сте се вратиле, па вајда тие ќе ве упатат каде понатаму и сигурно ќе поминете една недела во самоизолација, додека да направите тест и добиете резултат.
    Не знам дали има отворени тестцентри сега како што имаше летото, таму мисалам можеше без термин.
    Исто евентуално да се јавите откако ќе стасате на 116 117 да прашате каде може да се тестирате е опција. Или пиши им мејл уште сега па може ќе ве упатат.
    Или поедноставната врерзија, ама поскапата е да се тестирате пред да тргнете во мк и да им го пратите негативниот тест.
    За како да докажете кога сте влезени во ДЕ, ако не ве контролираат на граница, најверојатно ќе веруваат на збор. И мене не ми јасно искрено, некоја конкретна информација баш и не најдов.
    https://www.bundesgesundheitsministerium.de/coronavirus-infos-reisende/faq-tests-einreisende.html

    За вакцините пред некое време што зборевте, може кај матичен да се направи антитела тест се плаќа на приватно мисалам околу 30 евра беше за ММР, ако не може да се достави доказ за примени вакцини.

    @Herrera среќен почеток и се најдобро во Лајпцих. Браво на храбоста.

    @Kaetana да каже излеговте ли од карантин, подобри ле сте? Барав матичен денес, се пукнав од смеа. Знаев дека швебите се луди, ама до толку не претпоставував. Се јавив кај една да прашам дали земаат нови пациенти, ми рекоа дека мора прво докторка да ме види, за да одлучи дали ме сака за пациент. Преку телефон не можеле они да кажат :rofl::rofl::rofl::rofl:. И така ќе одам во четврток на дејт кај потенцијална матична :makeup:. Предходно се јавив кај три други, сите три затворени поради короната.

    За работа, ако ме откачат заради болест во пробецајт само услуга ќе ми направат. Бар јасно ќе ми биде со каква фирма сум се фатила на оро.
    Не треба да ви биде репер нечие друго искуство. Од кај знаеш кој каков работник е и поради каква причина бил отпуштен. Секој за него да си гледа, работа на претек има.
    Еве на пример на мм во пробецајт му дадоа и една недела одмор во август и има можност речиси кога сака да земе слободен ден од прекувремени работни саати.Значи има и фер фирми.

    @FreeMind вие како сте? Се надевам не е корона. Поскоро опоравување!
     
    Последна измена: 27 октомври 2020
    На Herrera, Kaetana, fairy88 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.035
    Допаѓања:
    36.349
    Пол:
    Женски
    И мене ми дадоа две недели одмор за време на пробецајт затоа што бев искрена. Кажав дека е градинката затворена.
    Ако се пишев кранк, нормално дека одма отказ ќе ми дадеа. Ќе поврзеа, имам дете, градинка затвора, одмор не ме следува во пробецајт, сум се пишала кранк.

    Уште не знаете дека во пробецајт се дава отказ и без причина? Ако е Германија ова, не е Светот на бајките.

    И јас можам кога сакам порано, кога сакам покасно да си одам, и секој ден останувам до покасно, финтата е што мене ми е незгодно ако треба да останам дома или треба порано да си отидам.