Во пробецајт имаат право и двете страни да го прекинат договорот без посебни рокови. Затоа и се вика пробецајт, за да видат и двете страни, значи и вработен и работодавач, дали си одговараат и дали има простор за подогорочен договор или не. Не е без причина, сигурно. А причината е дека на едната страна нешто не и одговара. За мене исто барање на работа всушност претставува барање на тим и средина во која јас можам да работам и да се осеќам убаво. Оти на крај на денот ќе поминувам по мин. 6 часа таму на ден. И нормално сакам некои услови да ми се исполнети. Како што мене ме бираат за работник, така и јас бирам кој ќе ме вработи. Ако во рокот од тие 6 месеци нешто не ми се допаѓа или утврдам дека не припаѓам таму, ќе си кажам и ќе си одам без компицирани најави и рокови. Истото може да го стори и фирмата. Не е крај на светот. И ако сум платена да работам за 40 саати на недела, а сработам 50 ич нема да ми е незгодно да ми платат уберштунде или да ми дадат ден слободен.. Што има овде светот на бајките еве не знам. А и исто што е толку голема работа да си искрен исто не знам. Оти да не си кажам како што е ситуацијата? Па како инаку?
Ако дадат отказ во пробецеит ќе добиеш арбеитслозенгелд 1 и тоа не е лошо, гледај на позитивната страна Има и несаламни работодавци, како тоа на пробецеит никако да си болен, а ако мине тогаш е во ред. Не може да се знае кога ќе ти притреба боледување.
@Herrera јас додека се думам и заокружувам градови ти веќе си замина? Алал да ти е! Сподели ако можеш впечатоци и инфо како е! Со лесно нека ти е, и со убаво! @gjoker4e и мене ме заинтересира што работиш! Инаку мораш да се опуштиш околу работата. И јас не сметам дека е во ред работодавачот да ти даде отказ за еден ден болен на работа додека си во пробно време. Па и дете да ми се разболи, наместо разбирање, зар треба да се тресам на работа што ќе речат? Сум трчала тука по болници со поголемата, и ич не ми беше гајле што ќе речат. Може само да ме изнервира ако немаат човечност (а немаат) - а да се замарам и да ми е гајле - најн. Дас гет нихт. Чусле. @Biljarkata не можам на брод, оти имам онаква реверс фобија од клаустрофобија - фобија од бесконечен простор. Мислам дека ќе се мрднам така. А имам и клаустрофобија кога сме веќе на темава. )) @FreeMind се надевам дека сте добри и дека не е корона, повеќе од аспект на тоа да не се замарате со карантини и такви процедуралности. Инаку зачудувачки за матичната - ама сѐ што ви дала, особено азитромицинот ми е мене ок. Просто да не му се верува на човек! Ние со резултати молевме да ни дадат - ни под разно не сакаа. Абе сѐ повеќе си мислам дека има огромна разлика во тоа каде живееш и какви се луѓето во околината во која живее човек. Нејсе. За симптомите, не се води. Кај секој се различни. Инаку мирис и вкус скроз на крај изгубив - откако ми стана подобро и немав веќе температура. Сепак ќе речам - се надевам не е корона кај вас. Нека помине што и да е за брзо! - - Ние сме повторно позитивни сите четворица. Ама тоа нема никаква врска, затоа што можно е да има траги од вирусот и со недели да сме позитивни дури и кога не е активен и не можеме да заразиме други луѓе. Единствено што смени е што Маличе со потврдата влезе и брзопотезно излезе од системот - и нема карантин за него плус 14 дена, бидејќи си се вратија ретроградно на неговиот прв ден со симптоми, и од тогаш тој си го има "одлежано" своето. Ние денес се водиме како прв ден без симптоми, па уште утре, и демек од четврток сме слободни. Со кашлицата сме супер. Кашламе уште, ама да бидам искрена, толку малку кашламе, што да не беше коронава, немаше ни да приметам дека воопшто кашламе! Така да.. тоа е. Прашував за тестирање серологија - антитела и донирање во случај на потреба за плазма. Не знам дали ме сфатија, ама само рекоа - само ќе те чини пари. Нема ли веќе терапирање на критични пациенти со плазма? Ич немам читнато околу ова.
Здраво мами, ( по подолго време) се уклучувам и читам повеќе рецепти пошто “дечково” мој со памперс некако уште сака јас да го ранам а он на раат да си игра со храната и никако поголеми парчиња. Па во таа насока некако чудно ми се испонашаа во градинка во врска со неговото јадење, во смисла они немаат време да му дадат доручек како дома ( Мусли со млеко, Кроасан или бисквити со млеко) кој трае 1 мин. а претходно ми рекоа донесете што јаде тоа ќе му дадеме. Инаку 3 воспитувачки се за 11 деца од кои моето и уште едно се помали од година ипол и на кои уште им треба помош за јадење. Па сакав да прашам: - Дали и вие од дома им носите доручек на малите (U3) со оглед на ситуацијава, пошто разбрав негде е забрането? - Што им носите доколку детето не јаде суво? и на крај , предлог за пцовка за воспитувачката која ми рече, пошто немале време, од дома да сум ставела мусли во млеко и банана и така во чаша да им го однесам , они само да го стоплеле и да му дадат да јаде. И тоа така фино после саат време стоење. Незнам дали нормално ова ми го кажа , што ли мислеше... Поздрав до сите
Не знам зошто не ме разбра никој. Кога ми се јавија од градинка дека градинката се затвора затоа што има заболени од корона и треба да си го земам детето, никој ништо не ми рече. Шефот ми рече оди, наредните два дена си одев порано од работа, па мм зеде слободни денови. Значи мене никој ништо не ми рече или пререче. Јас сум таа што се потресувам и ми е незгодно. Не знам во кој дел од муабетот не ме разбирате. А на овие што им дадоа отказ можеби знаат дека не биле болни. Помлади деца беа. Може самиот шеф ги видел или дознал дека лажат, мало место сме. Се познава кога е некој сериозен, кога не е. Шефот знае подобро зошто им дал отказ, ја само неколку пати ги имам видено. Сега мислам сфативте дека фирмата е нормална, beruf и Familie, фамилијата е секогаш на прво место, и нуди сигурност. Јас сум таа што се потресува. И две недели одмор ми дадоа во пробе цајт, значи во првиот месец пробњ цајт, две недели само работев па две недели одмор заради затворена градинка затоа што децата и фамилијата се на прво место. И кранк да се пишам и за мене и за дете нема да добијам отказ. Само јас сум таа што се потресува и и незгодно. Чувствителна особа. За се се потресувам во животот, не само за тоа.
Мислам дека индиректно ти викаат да почнеш да се трудиш повеќе околу храната на малиот кој треба да јаде парчиња од 10 месеци. Самостојно јадат исто од пред година дена. Можеби нема да знае со лажица и вилушка, ама парче леб треба да знае да го изеде сам. За појадок и ставам: - брецел со путер - мафини со спанаќ - пржени кришки со фета - леб и намаз со зеленчук - леб, путер и варено јајце - мусли со млеко Претпоставувам ако имаш еднаш или два пати неделно мусли со млеко нема да им е проблем. Ама ако секој ден го ранат им е проблем. Веројатно и за ручек и за ужина го ранат. @Kaetana не кашламе али омалаксаност и болки во коски. Денес резултати.
@mKdevojce околу патувањето. Јас би одбрала опција да се тестирам во Македонија и со тестот таман не постар од 48 часа да влезам во Германија. Не за друго - заради можни контроли на други граници. После тоа, кога ќе стигнеш во Германија, треба да го пратиш во Gesundheitsamt - ќе прочиташ каде точно во зависност од тоа каде живееш. Инаку тука лесно е да се тестираш, барем јас каде што живеам, има тест станици за Reiserückkehrer, термин се добива лесно - може човек за истиот ден да добие. Веројатно опција да се тестирате тука би изгледала вака - доаѓате дома, одма барате термин за тестирање, се тестирате, и од доаѓање додека чекате резултати треба да сте во самоизолација. Кога ќе добиете резултати, ако се негативни - се праќаат на меил во Gesundheitsamt со податоци кај си бил, како и кога си се вратил, и сл. Ако се позитивни, самата лабораторија ќе ве пријави во Gesundheitsamt па тие самите ќе ви се јават и ќе ви дадат одредби за карантин. Двете опции ти се во игра - разликата е само дали по пат би имала некакви проблеми со другите граници. @Minice13 кога ќерката тргна во градинка на година и месец, исто така за доручек јадеше овошно смути, за ручек исто како пасирано и сл.. кога отидовме во градинка ме прашаа дали јаде сама.. јас на тоа прашање се зачудив оти си реков глупости ме прашуваат, па детето е 13 месеци.. но, кога ги видов децата, и те како на 13-14 месеци јадеа сами, лепче со фришќезе и сл. Се договоривме да имаме месец и пол транзиција. Сабајле и за ручек јас носев храна (иако е влезена во цената). И тоа јас дома правев овошна каша, и ја носев спакувана средена како што ти рекле. Нејзе само ѝ ја даваа. Исто и за ручек (најчесто користев на хип каши). Ама тие секој ден ја седнуваа и со децата да јаде на големата маса, и таа секој ден сѐ повеќе се навикнуваше. После месец и пол некаде престанав да носам јас храна, и малата се адаптираше да јаде заедно со сите деца и сама. Не се работи дека немаат време, или дека не сакаат. Се работи за развојна фаза која сакаат да ја поттикнат кај детето. Барем кај нас така беше. Не дека е страшно или дека доцни, ама сметаат дека е време да може само да јаде. И јас прво бев збунета и зачудена, ама после сфатив дека моето дете многу работи може, само јас не сум знаела дека може. @јolene се изнасмеавме со маж ми.. ко на бендис да одиш. Мислам ич не е за смеење, јас сум најфрустрирана од докторите тука, досега едно милион пати сафри ми кренале. Се надевам дека искуството ќе ти е подруго, и дека јас имам налетано на чудаци. @FreeMind стискам палци.
Јас те разбирам. Посттрауматски синдром од мк имаш. Можеби ќе ти помине со време. Ако не, можеби си воркохолик.
@FreeMind се надевам дека сте негативни и ви посакувам побрзу оздравување Ние сме исти на две недели болни.Еве трета година е во градинка ама што ако ,пак си е болна нон стоп, а со неа и јас @Herrera кога се преселивте човече, кога кажа ,кога најде стан ,работа , Абе заљубена и мовивирана си затоа Со среќа нека ви е во Лајпциг, ама пак ве влече близината на Берлин Кога си замислувам да се селам се замислувам Штудгард, Келн , ама Лајпциг го игнорирам и во прошеткиМм колку пати рекол ај да тркнеме до Лајпциг јас нее денес , утре и така година дена.Ама сега имам познаничка па може и ќе се излажам
@FreeMind & @Kaetana Благодарам на одговорите Точно е тоа што го напишавте дека треба самостојно детето да јаде и дека се работи за развојна фаза. Јасно ми е и така и правиме. Тој сам јаде леб, бисквити, пица, кроасани и сл. но не јаде се, пошто не му се допаѓа се ама и несака само суво. И мене тоа ми беше поентата таму, да не јаде секој ден суво. И морам да кажам дека мусли во млеко со банана спремено саат време однапред не доаѓа во предвид. Тоа ме зачуди кај нив. И не, несакаат ниту еден ден тие да му спремат, се да било од дома дури и кроасан или кифла од дома да сум исцепкала на парчиња. Ќе морам повеќе различни работи за доручек да му носам за да се навикне повеќе. Ако има некој време би била благодарна повеќе предлози да прочитам за доручек. Фала и поздрав
Воркохолик ај нека биде. Од Мк немам трауми, немам отсуствувано ни една секунда во Мк од работа. По две смени имам работено Мк и на три места истовремено. Во Де фолцајт и мини џоб. Дефинитивно воркохолик.
Да го споделам мејлов од градинка. Од понеделник повторно групите не смее да се мешаат. Ако дојде до немање на персонал од било каква причина може да дојде до итно затворање на групата, затоа што не смее да дојде да помогне учителка од друга група. Ако има инфициран од корона во некоја од групите се затвора само таа група 14 дена карантин!!!!!???? Значи вака до бесконечност? Нели не е човечки? Јас дете не чувам во карантин повеќе, ова е прв и последен карантин. На децата најмн им треба да се надвор, свеж воздух, светлина, да се истрчаат, да истражуваат. Ова навистина не е здраво. Претходниот бран немаше толку корона кај нас бидејќи затворија граници, овој пат незатворени и ми се чини како секој втор да има корона.
А ако ја тестиравме и имаше корона, и доаѓа во контакт со заболен, пак 14 дена карантин? @Kaetana Ова е твој случај всушност. Вие бевте позитивни. И што ако имате контакт со позитивен после карантинот?
Јас никад не би живеела во тој дел на Германија, Лајпциг. Пиле не пее таму Контакт до аеродроми мисловна именка. Град на пегида. Бррр не е за мене националистички, традиционални и религиски опкружувања. Исто и во делот до Улм северен Баерн ужас. Од она што го добив како памфлет доручекот треба да е мусли со млеко, парче леб со зеленчук или овошна каша би му дошло од хип теглите со житарица и овошје. Зеленчук чери домати и ставам, краставица и пиперка. Пробај комбинации со леб и зеленчук два пати неделно, два пати мусли и млеко и еднаш житарици и овошје. Ние сме негативни. Вирус од градинка не покоси. Битно се изнапивме силни антибиотици у име корона Страшно. Никако да заврши ова.
Е тоа појма немам. Истото се прашувам и јас. Се сметаме дека имаме антитела и сме имуни пример 3 месеци (лупам бројка)? Би биле сепак преносители па пак ни следи карантин? Не знам. Не би сакала ни да дознаам. @Minice13 да не не сакаат затоа што имаат кејтеринг и не сакаат да одговараат за подготовка на храна? И плус веројатно не сакаат да се дели детето од сите деца кога седат да јадат заедно. Ако спремаат храна тие таму, тогаш би ги замолила уште еднаш. Сепак ако детето минува низ некаква фаза, не е родителот крив па ајде снаоѓај се, треба заедничка работа од родителот и градинката. Според мене. Исто пример како за пелени вадење.
На 1 Септември дојдовме. Еве поминаа 2 месеци како сме тука. Во Штутгарт правев Umschulung во DB кој траеше 8 недели. Тие 2 сертификати кои ги полагав ми важат за цела Германија, па како што се жалев од високите кирии таму, одлучно во одлуката беше што одма од прва најдовме стан во Лајпцих во градот , централна зона. Лесно влегов на работа бидејќи имаа отворени работни места, па одма ме викнаа и немаше потреба од дошколување. Градот 90 % потсеќа на Берлин, ко мала верзија ми е од него, само тука се скоро па сите германци. Ептен се осеќа дека ич, ама ич бе не сакаат странци, ама мене ми одговара, не сум дојдена за друштво, ладна сум јас, бетер од нив , максимално ми одговара да не ме гушат луѓе додатно, оти се напнувам лесно. Да ти признаам, очекував дека овој дел е сиромашен и не толку развилен од цела Германија. Моментот кога дојдовме, првите денови додека се средувавме по канцелариите , скроз се изненадив колку уствари е развиено. BMW SIEMENS AMAZON DHL и уште неколку германски нивни фирми имаат тука канцеларии и нон стоп се вртат огласи за работа, буквално од денес за утре ќе најдеш работа. Јас дури бев и еден ден имаше саем за работа со разни работоавачи вклучувајќи и цајт фирми и буквално те молат луѓето да дојдеш на нивниот пункт, посебно потенцирам кај тие со стареќките домови , па визит картички , затоа реков бреееј работа има колку сакаш. Ама фино лепо појдов на разговор во Deutsche Bahn и потпишав договор наредниот ден. Тука е многу ефтино, месечните трошоци се ниски , само пак ќе потенцирам многу се осеќа дека германците не не сакаат нас странците, до душа никој не те вреѓа, ама те гледа со други очи и тоа се осеќа во начинот на кој се однесува , јас сум ептен осетлива и затоа се бунам ако се осеќам дискриминирано и не им се плашам ич. Чисто е по улиците, нема баш такви што просат, може околу Hauptbahnhof да седе по некој, ама генерално низ градот не се среќават често. Станови има да бираш за ефтини цени, тоа во Штутгарт ќе го сонував оти јас секогаш сакам да сум централна зона и да ми биде нормална цена а не над 1000 евра скапотија. @Kaetana , ако имаш некое прашање слободно пиши На крај на постов, се мислев да пишам или не , ама ај ќе пишам, тука ич не се осеќа дали има Корона, се си функционира и бев маски се оди во канцелариите. Кога бев на интервју за работа , ми вели секретарката, абе тргни маската, аууу се зачудив оти во Штутгарт бев научена нон стоп маска. И уште една позитивна работа , пред 1 недела ми се затна левото уво и без термин одма ме примија, ми го исчистија и си заминав дома. Свесна сум 100 % дека сум во најгерманскиот дел на Германија, ама со мноооооогу љубезност ќе им го омекнам срцето
Девојки, можеби прашањето не ми е за овде, но секако имате повеќе искуство и секое мислење би ми било од големо значење. Маж ми е со бг пасош во Германија, веќе неколку месеци. Сега сме во преговори за стан, за наскоро да може да одам и јас. Е сега прашањето ми е за венчалниот извод кој тој треба да го поднесе таму, за да може да си повратиме данок, дали треба да биде извод на македонски преведен на германски со печат или изводот треба да биде интернационален. Плус ме интересира, кога ќе одам таму треба да поминат неколку месеци додека да добијам виза и дозвола за работа, дали во тој период ќе ни следува и плус некоја помош од државата, бидејки платата на мм е под 1500 евра месечно, а трошокот за стан би бил околу 800 евра. Ви благодарам однапред
Не сум 100% сигурна, секаде е различно, ама најдобро ти е да имаш интернационална венчаница и плус преведена и заведена на нотар. Јас добив виза и дозвола за работа само по 8-9 дена. Можеби ќе треба да чекаш месец дена, може ептен брзо. Ако е 1500 евра нето, а стан е 800 евра со се сметки, за почеток ви е супер. Ние првиот месец го преживеавме со 750 евра кирија и 900 евра нето. Вториот 1000 нето, третиот 1 200.... Првите месеци ви требаат пари само за храна. Месец по месец ќе стигнете и до луксузирање. Не знам колкучлено семејство сте. Ако сте само вие двајца, 1 500 евра нето, 800 кирија, мислам дека нема да ви следува ништо. Кај сметаат 360 трошок од човек, двајцата 720+ 800 кирија таман 1520 евра. Ако имаш едно дете, киријата ќе ја поделат на три дела, за детето ве следува киндергелд, пак ќе имате доволно.
@Faline пред три ипол години мене ми побараа интернационална со апостил. Ама извади си и една интернационална исто без апостил да си имаш, пошто мислам тој ми остана во службата за странци, а оваа другата ми се најде за сите други места каде што требаше да докажувам промена на име. На пример за нострификација на дипломи и слично. Превод на интернационална не треба. За ауфентхалтскарта чекав од прилика околу месец време. Ама пошто очигледно сегде е различно, најубаво пиши им мејл или на нет проверете што точно ќе ви треба. За паричната помош не би знаела да кажам.