@Herrera Лајпциг ти е типичен источен град.Сите источнаци се такви.Еве јас сум исток и знаеш колку разлика од западот има.Овие се намќори или на нашки дудуци, едно здраво не знаат да кажат.Во западот живеевме кога дојдовме , абе бевме восхитени како сите здраво ни викаа и се смееа. Мм има колега и шефот му е од истокот , друг град ,само за бегалците збореле Мојот пак шеф е берлинец-западњак никогаш немам слушнато недолични изјавиА колешката ми од исток е она е нон стоп против муслиманите Со на шефот мој девојката зборевме она од Полска дошла како дете тука, полски не знае, збори без акцент ама сама кажува дека не ја прифатиле Германците никогаш оти не е Германка и она живее во мојата населба.Значи не очекувај да те прифатат. Источниве градови и села се сите исти.Колку пати сме отишле на ново место и се бркаме дека сме биле таму. Ние бевме пред 2 год Дрезден многу ми се допаднаа луѓето.Многу потопли од тукашниве.Мислев таму да се преселиме ама слаби беа со работа.Еј автобус не виде дека трчаме тргна и застана за нас Колку пати тука ми треснале врата пред нос па и со стомак до заби. Ај огромен пост пишав @Kaetana сакав да ти кажам да не го отпишуваш девојчето од градинка, последната година им е подготовка за школо.Во нашата градинка е секоја среда ден за подготовка на децата.Меслам дека е подобро да присуствува инаку би заостанувала зад генерацијата
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПАСОШ ЗА ДЕЦА ДО 4 ГОДИНИ Лично присуство на детето. Извод на родените – може постар или фотокопија. Присуство на родителот/родителите или старателот со важечка лична карта или друга јавна исправа за идентификација. Барање: 1500,00 денари за образецот (уплатница или уплата преку ПОС терминал) 100,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал) Стариот пасош доколку е во важност. Не можам да се сетам дали сме однеле извод. Ама кога ќе направиш термин онлајн ќе ти стигне мејл што се треба. Едит: Мм вика и извод сме однеле, нов сме извадиле за секој случај, да се помали шансите да не вратат.
Последен пат со картичка од свекор ми плаќавме.Ама извод не ни бараа оти има веќе изваден пасош,тоа е само за замена.
Може и со картичка, не мора уплатници и одење во банка. Наплаќаат плус провизија, зијан да не се, ама сепак е подобро отколку мафтање по шалтери.
Да затоа и кажав да земе од некој картичка за да плати , да не одат по шалтери. Туку @FreeMind да не ти правам малер ама вчера на вести спомнаа дека ако продолжат вака бројките ќе ги затвореле границите
Не нема карантин за сите , ама ресторани се затворени само на порачка и на фуд то го се, барови , крчми се затворени, игротеки ,театри, кина ,базени сите се затворени.За градинки и школи ќе кажеле на крај на ноември.
Здраво. Коментаров како јас да сум го пишувала. И ние го имаме истиот случај . Го носам синот во градинка од 13 месеци. Исто ми рекоа да му правам нешто за да може да си јаде сам бидејќи они немале време да му даваат да јаде. Јас морам да мислам за два оброци да му пратам па гледам да биде различно. Еве некои идеи Бомбици од палента и сирење Проја со спанаќ Макарони шарени Лаугенштанге Лепче со намаз на парченца Бомбици од овес и просо Риби филети печени Првите денови го враќаше јадењето дома и не седел мирно на столче додека другите деца јаделе ама полека си се навикна да си јаде таму и мирен да седи.
Isto istiot problem, sekoj den se mislam sto da pustam :/ za utre planiram ribi fileti peceni. Pusti vo inbox recept od bombicite dva vida ako sakas I jas nemam poke idei sto da pustam :/
Ама тоа од 2ри или од 7ми септември? Низ цела Германија буквално или само каде што има многу заболени? Ја ко што гледам вирусов кај нас најмн се шири по градинки и школи. Не знам дали сакаат да стекнат имунитет децата па не ги затвораат. А не дека сакам да ги затворат. Ич не сакам. Ама треба нив најпрво. Ај во школо ќе носат децата маски. Ама во градинка? Што дека затвориле било што кога децата до дома ќе го носат вирусот? Ќе стекнуваме имунитет на дипломатски начин. Се надевам дека во исто време ќе затворат градинки и кај мм за јас да можам да работам.
Нема затворање градинки. А за граници не верувам бидејќи ширењето се должи на национално лумпување. @Mari* овие пак ни се закануваат? Со боздоган ќе ги тепам ако ја затворат до 19ти Декември.
@FreeMind и @Kaetana побрзо да оздравите Мути Меркел затвараА, таман се решивме да бараме работа со мм. Ќе си почекаме да мине. Инаку има повеќе пациенти со корона. Пред два дена префрлав една баба дементна, контакт лице со заболен од корона, за потешките случаеви ги чуваат интензивните кревети. Демек еден негативен тест имала. Баш прашав што носат кога влегуваат во соба со корона... Подолги и подебели наметки, нема одела - шпарен.Очила кои се за повеќекратна употреба, капа како за оп сала, маска ффп2 и пар ракавициДалеку сме од тв репортажите. Ние на нашето оделение ни такви немаме, имам едни како ќесиња со ракави, да облечам едно ќесе за ѓубре можеби подобро ќе изледам.Зедов пакувањето да си порачаме и ние таквиНемаме појма што се може да се порача во системот. Инаку многу луѓе според докторот од интензивна умирале на респкраторите.Заради тоа се пробуваат и ако не бива последна дестинација е респиратор. Им ставале какo очила за нос(грубо преведено на македонски) не обични, туку дебели и течело кислород 60л во минута и за сега давале добри резултати-барем малку позитивни вести. Како и да е надевам ќе се реши ситуацијата брзо...
Хелоу, од под ќебе почнав да пишувам само да не ми трешти телефонов Благодарам на сите мамички што напишаа предлог за доручек, па ќе се снаоѓаме некако. @Kaetana мислам не е до недвоењето на детево инаку би се сложила со нивното мислење. Сепак мислам некако им се гледа како обврска плус. А баш како што викаш треба двете страни да соработуваме затоа кога ми рекоа донеси од дома , однесов се што треба. Ама се предомислија. Ги сослушав и им реков ќе си носи од дома а вие седнете го и понудете го како и другите. Што изеде, изеде, а дома ќе надокнадува додека не се научи сосем самостојно. А ми е жал кога ќе си го врати кутивчето со јадењето овие чувства... од каде никнуваат. Порано ги немав и полесно беше. Оди сега биди карпа кога ќе си го видиш детето ... Добра ноќ на сите
Нејќќе градинките да ги цу махен има слушнато за боздоганот Засега добричка е Јас од понеделник на курц арбајт Помалку парички До душа за гастрономија на одредени места и им одговара ова дека ноември и декември е тапа А вака макар се ослободуваат од плати и ќе одморат Леле таман се нормализиравме и пак.... Добредојдовме назад во темава Се дури седеца во градинка не кукам
Од 2ри ноември на национално ниво кажа Меркел.Они сакаат многу помалку да затворат од март.Помал удар да се зададе на економијата. @FreeMind не дека јас сакам да затворат, не сакам.Јас сум само гласникотСакам се да си е нормално ама еве короништето не се дава.Првиот бран го преживеа многу фирми, благодарение на финансиската помош.Помош уште се дели ама многу затегнати услови. Они лок даунот го најавија пред 1-2 недели за Баерн па сега за цела земја се воведува рестрикции. А луѓето колку се неодговорни не зборам Како овци се бутаат каде е најголема гужва Ај ќе пишуваме на др тема да не не местат за џабе