Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    5.803
    Roditelite koi mora da ostanat so decata vo izolacija doma.ke dobija 67 posto od platata tie dve.nedeli ova nova merka nekoja.
     
    На fairy88, gjoker4e и Ava.84 им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.343
    Пол:
    Женски
    За овие две недели 167% треба да ми платат. 8)
    Уште да треба и само 50% градинка да платиме да кажат. :lol:
    Или 100% плата, 100% градинка.
    Баланс. :handshake:
     
    На Herrera, Mari*, SanelaS и 3 други им се допаѓа ова.
  3. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    https://www.engelvoelkers.com/de-de...MIm7uY8Jna7AIVD5iyCh1LjwTWEAAYASAAEgL3avD_BwE

    Овие ти се жива превара. Иако е големо име во Германија сепак работат шалабајзерски. На поднесена апликација во банка за купопродажба на куќа они се предомислија за продажба. Неверојатно. Со мејл сори се предомисли продавачот.

    Клошари.

    Ете така сега ми е полесно.
     
    На danichap, Ava.84, Herrera и 7 други им се допаѓа ова.
  4. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    За тоа ич да не се нервираш Фри, подобро порано да се откаже отколку да имаш покасно проблеми,гледај на позитивната страна.
    Треба многу да се внимава можно е во последен момент да откаже купувачот и да си останеш со кредитот во рака, тоа ми го кажа и Маклерката на времето.
    Јас месеци не спиев додека средивме документи,во последен момент имавме и проблеми со сопственоста, оти 3 го потпишаа договорот за продажба, на имотниот лист стоеја 4. Па, прашање беше дали воопшто ќе се средат документите. Многу треба очи отварање. Кредиот земен веќе, па бевме последна граница да плаќаме Bereitstellungszins, па отворивме нотарско конто за таму да се исплатат парите. Станот во кој живеевме му дадовме веќе отказен рок. Кожата ми се ежи кога ќе помислам кој стрес го минав дедека средиме се-ни на небо ни на земја.
     
    На Ava.84, FreeMind, Herrera и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 што ќе ја носам? За Vorschule? Дома работам со неа секакви Vorschule Aufgaben. Имаме милион работни тетратки, и решаваме и учиме. Дома добива 7 денс во неделата Vorschule, а во градинка го немаат ни тој еден оти не можат да се организираат со ситуацијата. Ги делат во групи, па не ги мешаат, па не можат после да ги соберат децата што се претшколска возраст, па нема вработени доволно - денес во 12 стигна мејл дека ненадејно немаат персонал и децата мора да ги земеме во 15.00 наместо во 17.00ч.
    И така цела следна недела. Не знам што да речам.

    Радо би ја отпишала, сметам дека дома многу повеќе работиме и учи во споредба со тоа што (не) се нуди во градинка. На 6 имаме термин во Gesundheitsamt т.е. специјален преглед систематски за да видат како е спремна за во школо. Мислам дека повеќе им е за јазикот, барем по формуларите што ги имаме така изгледа.

    За Маличе ми пишаа ако сакаме утре да одиме на разговор, а од понеделник да почнеме со Eingewöhnung.

    Значи без осуди, без коментари, ама морам да ви кажам дека светот ми се сруши. Значи додека пишувам ми идат солзи на очи. Ко будала некоја сум. Не ми се даваат децата во градинка. Едноставно не ми се даваат. А теоретски ќерката на негова возраст ја пуштив, задоволна бев на крај, знам колку ѝ значеше градинка во поглед на социјализација, ... И сѐ теоретски знам. Ама како да ви кажам дека рикам во моментов кога ќе помислам дека уште во понеделник би почнал со градинка. Прво се секирам дали е стварно време - дали им е паднат имунитет од коронава, дали можеби треба да си поседат дома уште барем месец - два... Друг е мојот психолошки момент - и мојот страв. Не знам од што се плашам. Ама е комбинација од тоа што брзо ми летна оваа година, не можам да се помирам кога порасна, моментот што кога бевме дома со двајцата се осеќав сигурно, безбедно, едноставно уживав во моментите со нив на начин на кој досега никогаш не сум уживала во животот, и згора на тоа - ме чека работа од која последните месеци ми се гадеше и ја презирав. Знам - секогаш постои друго биро, ама пак ова ми е до градинките на двајцата. Теоретски сѐ ми е "ко подмачкано" ама во пракса мислам дека ми се распаѓа светот.
    Знам. Тука се и хормони и она познато чувство "не сакам да го оставам детето во градинка". Во мојот случај децата. И си велам, дај со глупостите да си останеме во идилата уште оваа година, па ќе му ја мислиме. Не знам. Стварно сум катастрофа и за мене и моите препотенцирани чувства мора да се најде начин за кастрација.

    Се испукав и јас.

    Туку кај маж денес на работа сите загрижени како се вратил, дали смеел сега, како а е уште позитивен... Па му праќав писмото со одредби од Gesundheitsamt и плус ѕвонеле со шефот заедно за да го уверат од таму дека смее, линк од WHO одредби, чуда... Му реков на маж ми - дојди си дома, не е муабетот ти да ги молиш да работиш. :)))

    Шала на страна. Знам дека е страв во прашање. И знам дека нѐ чека период во кој можеби и нема да бидеме баш прифатени од некои особи, ама тоа е тоа.

    @Herrera јас мислев тука се намќори и дека не сакаат многу странци.. ама ако таму за тебе има толку разлика, не можам ни да си замислам од кој ранг е таа дискриминација. Јас би се задавила со нив веројатно.
     
    На dunika, danichap, Lianna Anna и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    @Kaetana ако не работиш и сакаш, остај си ги децата дома. Уживај во моментот, ништо не се мора (освен да се моча кучето надвор, пошто иначе ќе ти се помоча дома:tmi:). :hug:
     
    На dunika, DAngel, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Ние станот го купивме од бау фирма нова градба преку нивната агенција. Дојдовме го видовме, повратно потврдивме писмено и почна процедура во банка. Ниту имало некаков сомнеж ниту ништо. Јас се вџашив денес од мејлот. Прво не сум ни помислила дека такво нешто може да се деси продавач да се предомисли. Па не е ова пазар дај три кромпира не чекај дај два! Абе ми идеше агентката да ја задавам и вратив еден отровен мејл и наброив се во него и професионалност и агенција и се по ред.
    На банкава веднаш информација со извинување за изгубено време. Мислам каков срам, а толку се фини и услужливи. Како да сме каубојци ќе се заебаваме со банка.

    Многу лошо го примив ова. Многу лошо. Секаде ги изнапишав по нет бевертунзи еден куп. Клошари.
     
    На Kaetana, danichap, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Нас ни рече шефот ќе работиме , не е битно ни Корона , ни карантин.

    Ние ќе си работиме како ништо да не се дешава, нема курц арбајт кај нас.

    Битно од денес маски се носат и на отворено и во затворен простор.


    Туку што испадна сега, ќе има ли Black Friday оваа година или пропаѓа и тоа, обично е во Ноември месец.


    Темата околу купување станови сте ја погодиле, ќе ми се најде , така да, ќе ве читам редовно со информации и ваши искуства.
     
    На Kaetana, FreeMind, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  9. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.567
    Допаѓања:
    8.026
    Е, тука има многу превари, само си мислиме дека Германија и одма коректни се.
    Добро е што немаш кредит на глава, оти на нас тоа ќе ни се случеше. Мисли само дека си се спасила од нервози.
    И ние не знаевме за 4 личност на имотниот лист, оно по грешка бил впишан-ама грешка скапо се плаќа, рокови одсекаде притискаат, од катастерот ни пишаа во последното писмо, ако не спазиме рок да се средат работите како што они бараат, се поништува целата процедура, а Берлин спори како желки се за средување документи. Не знаеш кој шок ми беше писмото, ние веќе бевме далеку стигнати, не можев ниту видерруф да направам на кредитот, потпишан одобрен чека само исплата. Ќе бидеше баш онаа од која ме предупреди Маклерката на почетокот, имаш кредит на врат, а стан немаш. Ќе мораш да плаќаш за ветер и магла.
    За тоа ти викам пазите многу не е заебанција, од зор читав по интернет. Колку само хорор приказни прочитав и уште толку ми беше полошо.
    Абе прочитав за Нотар кој ги проневерил парите од кредитот кој биле исплатени на негово конто-како конто од доверба. Криминал до бесвест.

    А, да и не се компири, ама на двете страни се нудат можност да се предомислат, за купувач беше три недели. Е, сега од кој датум се рачунаа овие три недели не ме прашувај. Забравила сум.
     
    Последна измена: 29 октомври 2020
    На Herrera, Kaetana, FreeMind и 3 други им се допаѓа ова.
  10. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.034
    Допаѓања:
    36.343
    Пол:
    Женски
    Ако се предомисли продавачот нели и кредитот може одма да се врати на банката?
    Бидејќи мислам дека за обичен кредит имаш 14 дена време за да се предомислиш и да го вратиш, фактички без камата.
    Па не знам, можеби тука некаде се вклопуваат овие 14 дена на банката со тие 14 дена кога продавачот/ купувачот може да се предомисли.
    Нели и за под кирија, откако ќе потпишеш договор, и двете страни имаат 14 дена за да се предомислат.

    @FreeMind Нели може да ги тужите некако па да си добиеш парички и да ги поделиш со нас? :D Можеби постои некое осигурување па брзо да го направиш и да ти важи како од 01.10.
    Сепак Универзумот во меѓувреме ја ослободил вистинската куќа за вас и ве чека. :l:
     
    На Herrera, mal.ecka, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    @Kaetana те разбирам и се согласувам до секој пишан збор.Верувам дека ти работиш повеќе отколку тие.Со недостиг на персонал веќе не се интересни.Кај нас една вечно ја нема, другата 3 месеци е болна , од пред некој ден и третата ја нема.Се нови воспитувачки што верувам не им е гајле за децата.Шефицата исто ги чува ради немање персонал(facepalm)Ама она работи стварно со децата си игра до нив:)

    За тоа што така се осеќаш и не сакаш да ги пуштиш на градинка, тоа е нормален заштитнички инстинкт. Моето исто одеше од 13 месеци на градинка , ама јас тргнав на работа пред некој месец да наполни 2 години.На работа имаше бебе што плачеше и цело време си мислев моето е и си викав зошто го пуштам на градинка.Па гледав мисли со нешто друго да сменам, па ми текнуваше дека мене ми беше многу убаво во градинка и едвај чекав да одам:).Кога беа затворени градинките мојата беше многу тажна и недостигаа другарчињата, денес дури ми вика сакала и утре да оди . Таму и е друштвото и и е интересно , што можеме ние со татко и да направи за да и ја замениме генерацијата.Ништо.Они си имаат нивни глупости, шеги, смеи , ние возрасни само ограничување и ставаме.За викенд гледаме да ја прошетаме, истрчаме , ама е ништо сака цел ден да е надвор.
    За вирусот не знаеме колку ќе трае се претпоставува дека од рецесијата ќе излеземе за 5 години:xПа така не можеме да се скриеме во глувчина дупка и да чекаме.Времето со децата е непроценливо за нас, ама тие си сакаат друштво.Нашиве овде се послаби со друштво.Па ако им ја скратеме градинката како дел од развојот да сме им го скратиле.Таму се учат на карактери, дисциплина.Па едно ќе го удри ќе научи да се пази .
    Затоа пуштај деца да се издуваат макар и на 4 часа:)А со нив надокнадувај викенд.Те гушкам и што и да решиш е исправно:hug:

    @FreeMind многу ми е жал,се надевам ќе најдете подобра куќа(fingers)
     
    На Herrera, Kaetana, gjoker4e и 6 други им се допаѓа ова.
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    Баш ми е жал за вас. Ама продавачот може да се премислува до последен момент. Се додека не потпише договор за купопродажба може да се премисли. Зашто негова е недвижноста. Глупаво е многу, ама секаде е така.
    Не била ваша куќата. Ќе си најдете поубава што е за вас. Нас ни се случи да ни откаже продавачот додуше во малку порана фаза од вас, ама сепак беше стресно. Потрагата се оддолжи, нервозата исто, ама па најдовме стан што е многу поубав од тој што ни го откажаа. Секое зло за добро кај нас беше.
     
    Последна измена: 30 октомври 2020
    На fairy88, FreeMind и mal.ecka им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Јас тргам од себе како карактер кога јас ќе речам завршена работа светот да се сруши нема да се поместам од зборот. Ама учам и овие лудиве кои не се како мене да ги прифатам дека постојат, шалабајзери :)

    Се надевам за брзо ќе најдеме нова оти ни се брза да се сместиме во свое и да ги средам двајцата со градинки комплицирано е вака во привремен стан.

    Не била за нас.


    Едит:Некој да ми препорача квалитетни постелнини само да не се многу скапи зошто ми требаат повеќе парчиња?
     
    Последна измена: 30 октомври 2020
    На Herrera, Ava.84, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој дали можам да најдам тука од течната пудра што ни ја мачкаа кога имавме сипаници? И ако да под кое име да ја барам?
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Има ли некој од вас инфо како е во моментов за доаѓање од Мк во Де? Пуштаат само со визи ? Ако знаете нешто, пишете ве молам.
     
  16. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Пред една недела ја фрлив , беше отворена повеќе од една година.Малата ја доби за ханд мунд фус кога беше болна.Бела е исто течна , ама не и помогна многу.Името не и го знам.Прашај за латинско име во мк и барај ја под латинското име.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Синко има брадавици на едното ноџе, а педијатарот ми рече нема потреба од никаква терапија, ама во последно време ги чеша многу, па во друга тема ми препорачаа дека е на база на цинк оксид ги суши, а и лади да не се чеша ( во спротивно ќе пробав со обична крема цинк оксид).
    @duffi знаеш латинско име на течната пудра за сипаници да знам како да ја барам тука?
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Судокрем не е на база на цинк оксид?
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.359
    Чибо имам јас. Ок дезени, ок цени, не се избледени.
    Жал ми е што ви откажаа...
    нас штракнатиот иден комшија уште не гњави и се заканува преку адвокатот. Налетавме на лудак.
    Ни стаса писмо од Reha klinik. , Корона тест не постар од 3 дена на влез да прикажеме. Идеја каде да звонам за брз тест?
    20 треба да сме таму, значи 18 да правиме 19 да го дадат, или 19ти во еден ден ако може.
     
    На Kaetana, FreeMind, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Имам крем на база на цинк оксид туку треба и да лади за да не се чеша. Незнам што друго би можела да го мачкам да не се чеша?