Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    Фенистил:?:
    Еднаш кога се испаничив дека ќе фати сипаници во градинка, купив нешто што ми препорача доктор, уриаж или нешто, ама не ми е пробано. Баш прашував, нема ли такво бело што суши, ми рекоа тоа веќе не било препорачано/модерно|(. Најдобро прашај во аптека, обично корисни совети даваат.

    @FreeMind икеа класика, само гледај памук да биде.
     
    На Ava.84, Chantal и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Види кај тебе кои лабаратории се и закажи термин они прават на приватно тест. Исто и крвни слики и такви ствари ако ви треба.

    Оди кај комшијата вака:
    D75648E5-0329-4BDE-ABBD-27E38C7C15B7.jpeg
     
    На mal.ecka, Herrera, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.745
    Допаѓања:
    145.184
    Mixtura agitanda пробај да побараш.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    32.442
    Пол:
    Женски
    Пробај со кора од банана. Супер е за брадавици. Ние така на 4 годишно дете му ја уништивме брадавицата. Сечеш кора од банана и лепиш со фластер пред спиење. Сабајле ја вадиш. Некои две недели треба и ги снемува. Не го боли, нит ништо. Мојот се смееше кога ги стававме.
    А за чешање било што со цинк оксид или креми за убоди.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.607
    Пол:
    Женски
    @danichap јави се на матичен и ќе ти кажат каде да одиш. Кај нас не е само матичен, туку има поголеми тест станици кои прават тестови, и резултати добиваш за 24-48 часа. Нас ни беа готови за помалку од 24 часа сега во понеделникот. А во станиците се закажува онлајн и има термини од денес за утре најдоцна. Е сега не знам како ќе е кај вас.
    Треба само Überweisung од доктор / педијатар. Инаку на едно место барав, ми кажаа дека приватно се движат цените околу 150 евра од тест.

    @Ava.84 комплетно си во право за сѐ што ми пиша. :hug: Истото искуство го имав и јас со поголемата. Не сакав да оди во "нормална количина" на несакање. Ама сега.. реално.. не е појдена од март.. еве ноември е, не гледам дека ѝ недостига. Си имаше музичко, оди на танц, на карате, .. во моментот викам за градинка само од аспект на тоа што и другарките што ѝ се најдобри двете ѝ појдоа на училиште, персоналот се менува цело време.. нема нешто што толку ја влече да оди. А за градинката на Маличе - муабет немам. Супер се воспитувачките. Со нив дури и приватно пријателства изградивме.
    Муабетот ми е - подруго ми е сега. Тогаш беше една, и ми беше жал да седи само со нас. Сега се двајца и се комплет заиграни еден со друг. Па тој додека спие јас со неа работам разни ангеботиња. После тројцата си играме и градиме кули од лего. Со неа готвиме по дома, па таа го храни малово. Многу ми е поинаку од тогаш. Ме мава она дека како што си ги гледам јас, никој нема да ги гледа. Башка тогаш немав избор - морав да почнам на работа. А сега имам. И ме јаде грижа на совест.

    Решив ќе пробам - ќе ги носам по 3-4 саати чисто за социјализација и промена. Ако не ми се допаѓа, ќе си ги оставам дома. Секако плаќам. Барем ако видам дека не ме бендиса, ќе ги отпишам скроз. И ајт.
     
    Последна измена: 30 октомври 2020
    На Biljarkata, mal.ecka, Herrera и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Од каде купувате/порачувате декорации за роденден, освен амазон?
     
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    https://www.party.de/
    Од тука последно нарачав супер се.
     
    На Herrera, Kaetana и Minnie 1 им се допаѓа ова.
  8. Al3xandra

    Al3xandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Zdravo majki,kade da najdam slag za ukrasuvanje torta za dekoriranje? I slika ako mozete :) izvinete za latinica, nemam kirilica na tel :)
     
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Јас овој го користам за торта.
    Од турска продавница го купувам.
    20201102_183947.jpg
     
    На Al3xandra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Си го изгубив пинот на новата картичка од шпаркасе.
    Може да отидам таму без термин да ми го кажаат или?
     
  11. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Се вративме во недела во 11:30 вечерта. Утредента отидовме кај матичниот доктор да направиме тест. После тоа се јавивме да се пријавиме во Gesundheitsamt. Од таму ни кажаа кој формулар да го потполниме и на кој емаил да го пратиме. Ги пративме формуларите и ни вратија на емаилот дека треба да седиме во карантин додека да ги добиеме резултатите. Денес ги земавме резултатите, ги пративме и добивме одговор дека сме ослободени од карантин. Како доказ дека се враќаме од ризична држава, кај лекарот ни ги побараа пасошите. Многу полесно и поедноставно беше отколку што изгледаше. Мој совет, закажете си кај матичен уште пред да тргнете за Македонија.
     
    На Kaetana, mal.ecka, Ava.84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.637
    Допаѓања:
    7.277
    Пол:
    Женски
    Фала ти мила за споделеното. Се надевам лесно поминавте по пат.
    Ние уште се мислиме искрено, некако многу сериозна ми се гледа ситуацијата кај нас во МК.
    Во животот толку исплашена не сум била, во грч сум целата. Не знам дали и ќе одиме.
    На сто ума сум. Ама и не можам веќе да издржам, моите година ипол не сум ги видела.
    Се потешко ја поднесувам состојбава, впрочем како и сите други.
     
    На Biljarkata, SanelaS и Kaetana им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Според мене, нема потреба од толку страв. Не се знае до кога ќе трае оваа ситуација, за жал сеуште не се гледа ни најмалку светло на крајот од тунелот. А чекањето да помине носи само уште поголема фрустрација. Ние си немавме отидено од фебруари. Бебето се роди во јуни, уште го немаа видено. Потешко ни беше да гледаме како бабите и дедовците го бакнуваат телефонот на секое гледање отколку сите процедури што ги поминавме. Сепак на крај се се заврши во најдпбар ред, иако бевме во контакт со многу луѓе. Инаку, луѓето во Мк генерално се многу исплашени, стеав им е да се поздрават, носат маска и по улица кога одат уште пред да ја донесат мерката.
     
    На Biljarkata, Kaetana, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Bela Rada

    Bela Rada Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2020
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки!
    Дали некоја има повеќе информации за градинките што се водат како Elterninitiative? Дали има некои разлики?
    Воедно, која е цената на градинките за 35 часа?
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    А да провереше онлајн? Сигурно има можност да си го смениш пинот. Или јави се на кол центар.
     
    На Neda997 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Фала многуу.
    Ај сега друго да прашам, мм ја смени работата веќе 1 недела, и таа недела немало да му дадат договор, е сега што со здравството?
    Прочитав дека имаме фора 1 месец да имаме здраство доколу мм не е осигуран, точно е?
     
  17. Jana84

    Jana84 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво мами. Нова сум на форумот и темата. Ми требаше доста време да исчитам се што сте пишале . Мм е со бугарски пасош стигнат во Германија. Ми треба инфо ако знаете за колку време мора да се пријави на адреса (испаднаа некој компликации па уште чека), па да е си направи проблем поради тоа. Потоа кај треба да оди за да се пријави за работа и да остави документи за нострификација и за здраствено осигурување (некој ми спомна дека само еден месец трае тоа па потоа мора да работиш). Секоја информација е добредојдена. Благодарам
     
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e ви правеа ли контроли во изолација? Ви се јавуваа на телефон или не?
    Во групата на малата има позитивно дете и ја ставија во изолација ама планирам да ја носам на воздух посекако.
     
  19. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Здраво живо форумско друштво :)

    Почнаа ли со украсување кај вас ?

    Тука освен една елка , ништо друго нема....кај сестра ми сијалички низ градот ставиле, баш се пофали она, се шетале низ град. Во Дрезден имаат поставено луна парк со врталешки, музика, ноќно време е весело таму, се собира народ.

    А еве слики од тука, ич не се осеќа никаква еуфорија кај нас у Лајпциг :(

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Lorins, SanelaS, Purplelilac и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.102
    @gjoker4e да се јави на главна каса. Кај се загуби карантински,прати абер како сте, што сте?
     
    На Kaetana, Herrera, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.