Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Колку се платени стоматолошки сестри и забни техничари во Германија можеби има и некоја меѓу вас што работи тоа? И работниците на бензински пумпи или во маркети? Исто ме интересира отприлика колкави се трошоците за живот месечно отприлика? Дали е подобро со Бугарски пасош да се оди отколку со македонски и која е процедурата накратко ако сака некоја да пише кои се фазите за да се отиде во Германија? Мм вели би можел да извади бугарски пасош од дедо му што бил бугарски војник но не сме сигурни дали има доказ за тоа . И каде да најдеме посредник за бугарски пасош и колку се наплаќа обично? Иначе сме со голема желба за таму не веднаш но би сакала да се информирам добро пред да одлучуваме па ја видов темава и викам да прашам може ќе сака некоја да ми каже од прва рака информации.
     
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.358
    Допаѓања:
    182.381
    @LejdiD многу ти е општо прашањево, ама да ти дадам општ одговор, универзален.
    Небитно е колкави се платите. Забни техничари, претпоставувам со средно, би имале просечна плата. Работник во маркет, на позиција за која практично не се бара образование, или да речеме со основно, би имале потпросечна плата. Трошоците за живот се во склад со просечната плата, со една просечна плата би биле на статус покриени трошоци за живот и салдо скоро нула. И тоа е сегде горе долу исто, и Словачка, и Германија и Финска. Небитно е што некој ќе ти напише, плата за забен техничар е 2000 евра (бруто, нето?), ако за стан и животни трошоци имаш исто толку давачки.
    За БГ пасош имаш долг пат за одење, колку што имам разбрано на форумов. Дури да стигнете и детето ќе ти порасне, потешко ќе му биде со јазик и нова средина.
     
    На gjoker4e и LejdiD им се допаѓа ова.
  3. Al3xandra

    Al3xandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Здраво,наскоро се селам во Германија со работна виза. Пијам апчиња за лесен вид епилепсија и апчиња за притисок. Дали ми треба потврда за таму или таму ќе правам нови испитувања кај тогашниот матичен лекар и ќе можам да си ги земам апчињата како овде? Ви благодарам :)
     
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.427
    Допаѓања:
    287.363
    Земи си доза за првите неколку месеци од твојот матичен лекар. Кога ќе стасаш направи термин кај општи лекар, он ќе ти даде упут за на специјалист. Зависи од специјалистот, некогаш може да се чека денови, некогаш недели, некогаш месеци. Да си имаш додека те прегледа тамошниот доктор и ти даде нова рецепта.
     
    На Al3xandra му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Al3xandra

    Al3xandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Дали од овде можам да си земам апчиња за 3 месеци одеднаш или ќе треба моите да ми испраќаат? И ако треба да ми испраќаат,дали им е потребен некој документ и по што да ги испраќаат? Глупи се прашањава,ама ништо не ми е познато...извини и ти благодарам :)
     
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Не можеш да земеш за три месеци одеднаш. Освен ако имаш некој кој работи во аптека и ти даде за три месеци па после да си ги реализира рецептите следните месеци. Или па да ги замолеш да ти дадат ако не познаваш никој
     
    На Al3xandra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Al3xandra

    Al3xandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.427
    Допаѓања:
    287.363
    Форумче веќе ти одговорила. Зеди си ја цела медицинска документација со тебе, да можеш да им ја прило
    иш. Не знам дали еег/мрт снимки нешто си правела (прости доколку не е поврзано и грешам). За притисокот при прв преглед мислам дека би добила рецепта и од германскиот доктор, само поради епилепсијата мислам дека би требало специјалист, претпоставувам неуролог.
    Ова се под услов да имаш од старт здравствено осигурување.

    Испраќање преку човек, некое од комбињава или автобусиве што одат. Преку пошта мислам дека е многу долго.
     
    На Al3xandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Ако си лекар или имаш лекар познаник во Германија имаат они дозвола на своја рака да купуваат апчиња од аптека без рецепта. Имаат картичка за тоа од лекарската комора.
    Ова како информација ако треба да чекаш некаков термин, а ти треба итно лек кој оди на рецепта само.

    Како стоматолошка сестра ќе најдеш побрзо работа со македонски пасош отколку да чекаш бугарски пасош. Се разбира без јазик познавање не можеш да работиш ниту во маркет ниту на бензиска, а во никој случај како сестра. Едноставно само ајти можат со англиски јазик да добијат работа овде и при тоа со услов да го научат и германскиот јазик во меѓувреме. Исто и авио струките можат да добијат работа само со англиски во истражувачка работа или научна.

    Трошоци и плати зависи прво каде живееш. Голем град големи трошоци и така натаму. Сума сумарум сметката ќе си ја направите откако ќе добие некој работа. Во секој случај се живее како човек со сите задоволени нормални човечки потреби и останува за нешто настрана ако двајцата работите.

    Ако планирате за Германија можеби е време да почнете со јазик учење секој ден.
     
    На LejdiD, gjoker4e и Al3xandra им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Бугарските пасоши се ми се чини во аут е сведена работава...
    Чисто како инфо.
    Ако имаш документи од тие старите можеш да поминеш но процедурата би траела минимум 2 3 години со сигурност.
    Последно прочитав дека агенцијата што издаваат произходи била затворена ради мито и корупција.
     
    На LejdiD и gjoker4e им се допаѓа ова.
  11. Seline

    Seline Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    3.658
    Пол:
    Женски
    Може да ти испратат и по пошта, мене за две недели ми стасаа без проблем, ги ставија така само лентите во плик без кутивчето.
    Убаво би било да си преведеш барем наодот со дијагнозата за епилепсија или некој друг важен документ, не е задолжително оти секако тука ќе ти направат испитувања, ама за да имаат увид во твојата историја не би било лошо.
     
    На gjoker4e и Al3xandra им се допаѓа ова.
  12. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    34.125
    Пол:
    Женски
    Апчиња можеш и на слободно тука во мк да си земеш,плус и на рецепта зависи колку дневно пиеш и на колку време си земаш нови пакувања од лекарствата.
    Еве мм кога оди за Германија си планира со 5 пакетчиња колку време ќе има пример, секогаш носи толку колку што ќе остане зема редовна терапија за притисок и тој плус и онака за секој случај си зема парацетамол плус бедоксин. Никогаш до сега му немаат правено проблем на граница за лекарствата што си ги користи носи со него плус здравствената книшка мк и така си тера, инаку за праќање има струмички комбиња јас така му праќав сега скоро на мм некои ствари за 25 е голем огромен куфер му пратив.
     
    На Ava.84 и Al3xandra им се допаѓа ова.
  13. Al3xandra

    Al3xandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2018
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Дали тука ќе може моите да ми зимаат рецепти од матичниот? Поради тоа што нели ќе бидам пријавена на германска адреса? Ви благодарам на сите што одвоивте време да ми одговорите :)
     
  14. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    34.125
    Пол:
    Женски
    Ќе можат јас зимам за мм.

    Ама се зависи и од матичниот дали ќе сака услуга да ти направи.
     
    На Al3xandra му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.681
    Допаѓања:
    174.050
    бг пасош сеа да поднесе пос 3год ке земе
    треба да се вработе за германска фирма да има договор за година најмалце и да има поминато 3плати па да поднесе спојување на семејство

    може
    тоа е хронична болест и може до 3месеци да си зема унапред терапија
    епилепсија е не е бронхит
     
    Последна измена од модератор: 9 април 2019
    На Al3xandra и TutiFuti им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.168
    Допаѓања:
    36.760
    Пол:
    Женски
    Кај нас не беше така. Или ова за со Мк пасош ви е напишано?

    Мм работеше само еден месец со бг пасош и имаше само една платна листа кога поднесовме за спојување на семејство. Ни одобрија за помалку од 10 дена, мислам за 5-7 дена ама не сум сигурна точно.

    Бг пасошот точно за една година му излезе ама сега нели може подолго трае процесот така велат барем.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Добро те јас работам во аптека и не знам, ти знаеш повеќе. Како прво докторот не може за еден месец да даде терапија како за три. На секој рецепт си пишува од која дата важи. Он може да ти даде рецепт, ама датата на важност се гледа.
     
  18. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.681
    Допаѓања:
    174.050
    Тоа шо работиш не значо оти сета а разбираш
    Лекови за епилепсија т.е лекови за хронични болести со закон е дозволено максимум три месеци да ти даде
    3рецепти т.е
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.759
    Пол:
    Женски
    Ама не може тие рецепти да ти бидат со иста дата на важност. Ако месечно пиеш 2 кутии тегретол, толку и рецепти ќе ти пише докторот за тој месец. Може да ти препише 6 ама не сите да бидат со ист датум на важност
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.681
    Допаѓања:
    174.050
    за тироидна ми пишат речепти колку ек посакам а посакувам по три оти знам дека тоа е макс
    микрогинон исто по три
    депакине по три