Нејќам да го рушам раатот ама мислам дека би можеле да направиме мала разлика https://mms.mk/182671/место-да-прооди-илина-се-бори-за-живот/?fbclid=IwAR25-PyalJkzeqKK6DaFjRAhyOg82yQFw2eiVMr_y9kAP7Mja0tw1Pmbn3s Спојлер: Сметка
Мила тебе советот убав ти е, ама не важи веќе ни ова. До 8.11 можело така. Сега читав баш, си викав да закажам и јас ама гледам дека по ново тест можеш да направиш најрано на 5 ден од пристигање во Де и после негативен резултат да излезеш од карантин. Во спротивно 10 дена карантин. Што искрено не знам дали и ми се исплаќа да правам тест, бидејќи ако чекам два-три дена за резултат, пак ќе ме фати 8 дена карантин. Инаку треба да се пријавиш три дена најрано на нет дека се враќаш и од каде се враќаш. Негативен тест од мк како што разбрав не може да се приложи повеќе. @FreeMind или ако некој друг знае, нека каже дал арно сум разбрала или? Фри вие ќе одите или? Инаку ви пиштувам овде, пошто повеќе се чита темата, ние сме на план во сабота да тргнеме со кола. Некоја нешто ако има ситно, а итно да прати може да ме контактира. Не пишав порано оти уште се двоумев дал ќе си одиме.
Одиме и ние на 19ти. Кога ќе се враќам ќе гледам нови услови оти ги менуваат. Убав помин и чувајте ги своите. Па пиши какви процедури си затекнала.
Така мислам и јас. Да пратам цело време како ќе се менува, ако не ми е јасно нешто ќе им пишам емаил. Ќе споделам после искуство секако.
На интернет се пишува се' и сешто. За правилото за правење на тест пет дена после пристигнување се пишуваше уште во октомври. Сега мислам дека е донесено за од 8ми. Најрелеванти и најсигурни информации за актуелната состојба и процедури ќе добиете само од Gesundheitsamt. После многу читање и пребарување по интернет, се јавив таму и се убаво ми објаснија. Само следете ја нивната веб страна или јавете им се ако за нешто не сте сигурни. Само така со мирна глава ќе патувате и ќе знаете дека нешто не сте пропуштиле.
Така и јас секој пат само од странава се информирам. И сега планираат од 1 декември теcтовите да ги наплаќаат, т.е да нема веќе бесплатни тестови за повратнците од ризични подрачја. Па ако биде така, не планирам да дадам 200+ евра за два-три дена порано да излезам од карантин. Ако не ми побараат негативен тест нема ни да правам, ќе си ги исседиме дома тие 10 дена. Сега ќе докупам залихи за храна што стои, ќе гледам да прошверцувам некој зеленчук од дома и готово спремна сум. Само здравје лесно да поминеме, се издржува и карантин. Сопругот мој и онака работи од дома во последно време, а јас почнувам дури од 1 т.е 4 јануари со работа...Така да ќе си бидам couch potato,а за воздух ќе седам на балкон. И онака во последната година немаме некој социјален живот, не верувам дека нешто ќе ни фали.
Здраво на сите! Ве молам за мислење од кои интернет страни сте најзадоволни за нарачки? Да стигне на време и со соодветен квалитет. Фала ви и останете сите во добро здравје!
Од амазон, ebay скоро порачавме делови за колата без промашај стигнаа, сега порачив елка. Сакав од otto да порачам нешто, кога видов за после 10 недели дека ќе стигне се откажав Зависи што ти треба, ама со амазон и ebay сме немале проблем до сега.
Дојдов да мрчам. Значи ве читам сите за контакт со заболен во градинка сите во изолација одма, ама затоа контакт со заболен на работа не мора изолација. Цела недела си одеше на работа. На 8 ми ден му направија брз тест негативен и од денес си зема боледување и утре пак ќе оди да му прават брз тест зошто имаме симптоми. Ова брз тест дека на работа кај него прават само таков и тврдат дека е веродостоен. Гезунтхајтамт не нема контактирано само на работа му кажаа дека седел на пауза до позитивна колешка. @Kaetana кога бевте во изолација смеевте да се симнете за ѓубре да фрлите? Глупо се осеќам имам постари комшии баш карши нас. Без официјална изолација сме Ама пак не би да парадирам во ходник ама биомул не трпи баш.
Ако сите имате симптоми јавете се на матичен и кажете дека сте имале контакт со заболен од работа и дека сте со симптоми. Така мислам дека мораат да ви закажат за ПЦР тест. Јас би се симнала да фрлам ѓубре, со маска кога нема толку гужва, на пример навечер, со отворен прозор во ходник ако има можност да се пролуфтира малку нема опасност воопшто. Ако толку се сомневаш, забрши со алкохол малку квака од врата, рачка од прозор, она што ќе допреш. Поскоро опоравување, се надевам само настинка е.
@Chantal прашавме во Gesundheitsamt ни кажаа може. Ама навечер покасно кога не би се сретнале со комшии. Значи кога не е прометно. Со маска, секако. Како што кажа @јolene одете тестирајте се кај матичен - чисто да си знаете нели. Со лесно ..
Македонското здравство кое дава лекарства за Ковид и си има и терапија и се: https://emagazin.mk/panovski-so-ape...PMPd85geAKkTm9Hyckneq60VmoP1x0NgBRl2LZF6GmnFo На крајот пак искочи дека не се нормални како што и мислев
Мм дефинитивно е негативен. Ние нема ни да се тестираме секако него највеќе го болеше грло и кашлаше, јас еден ден суво грло и симптоми на блага настинка. Синко нос му течеше и една вечер 37.1 тт. Е денес му се јавија од гезунтхајтамт за да биде во изолација до недела. Значи каснат страшно Многу. Друга работа да не бевме со настинка денес ќе беше на работа. Од работа му рекоа да извади кранкенмелдунг иако знаеа дека би требало да е во карантин. Заразената колешка прво јавила на работа дека маж и е заразен ама и рекле нема врска ти си здрава доаѓај ( нормално додека не и стигнало решение за изолација). И така во фирма огромна и позната, како ли е во помалите.
За македонсково здравство знаеме одамна, ама и другите се забегани. Тебе чинам те читав дека пиеше сумамеТче превентивно? Се е отидено по ѓаволите! Лорона може ќе преживееме, ама што ќе праиме со резистентноста на АТБ?
Од џоГерче уште нема ништо? Знае некој нешто? Јас и го имам и бројчето ама веќе цел месец не е активна, и пишав и пораче и пак ништо Баш сум загрижена дали е добра, или да не и треба нешто...
Се токмам секој ден ама ми е непријатно Се допишувавме редовно на воцап и од 31 октомври ја снема магично Ама утре ќе и ѕвонам ако и е активен бројот
Каде бе Анче каде ме читаше? Дај и јас да прочитам Сумамед никад немам пиено. Кога ме боли грло пијам амоксиклав.