Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Не ви требаат тестови за влез во МК. И син ми нема МК пасош, никогаш не ни правеле проблем за тоа. Само ќе треба да го пријавиш престојот во полиција. Пошто е турист без МК документи.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Бигорот се чисти со есиграинигер, најевтиниот од 55 центи чисти
    Црвенилата околу када и тушкабина со варагина и есиграинигер
     
    На TutiFuti и Neda997 им се допаѓа ова.
  3. Jana84

    Jana84 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здр. Незнам дали некој имал сличен проблем или може да ме упати кај може да се обратам во област Баварија/Минхен.Мм е Магистер по информатика од битолскиот факултет, во тек беше нострификација на дипломата но сега стигна документ дека не му ја прифаккат и дека му прифаккат само звање техничар. Ако има некој некакво инфо како да постапиме или каде да се обратиме Ви би била благодарна. Јас искрено се изненадив дека таков факултет со толкава диплома не се признава.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.083
    А за што да се обратиш? Незнам, на Меркел можеби:wasntme:
     
  5. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.801
    Нема кај да се обратиш едноставно според предметите таму и тука одговара на тој степен на струка.
     
    На DAngel и Biljarkata им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Кој е тој факултет да не е оној во Охрид по информатика? Толкава диплома магистер од Македонија ме изнасмеа мислиш на Кембриџ земал диплома. Колку му е признаено толку. Другото може да презапише студии во Германија прашајте каде може да дополага. Сигурно не станува збор за многу предмети. Онаму каде добивте информација побарајте насока каде да се запише на студии.

    Оваа тема на високо ценење на македонците ми е една од омилените теми за дискусија. Неверојатно како македонче си се доживува со диплома од тоа руинирано образование и како нормален свет гледа на тие дипломи. Згора на се секој со магистратура и докторат и 80% запишани на факултет. Тоа го нема ни во Тунгузија. Да ги истресиш два по два плус два не знаат колку се. Со чесни исклучоци. Во склоп на ова само пример ќе дадам како овде мине оној процес на селекција на кадри. Од пристигнати апликации на интервју се викаат двајца најмногу тројца кандидати. Најчесто е само еден и тој секако ја добива работата само интервјуто е договор на детали. Штом ја добиеш работата седнуваш на стол и од прв момент почнуваш да работиш. Тоа значи имаш прилагодување и запознавање со работни обврски, но ти земаш плата иста со другите кои работат. Имаш еден ден покажување зависи од обем на работа, втор суфлирање и трет е твој телефонот. Си пишал работно искуство? Одма од прв момент ти се ставаат обврските на маса и си очекуваат да работиш. Замислувам од студии кај нас да го седнеш да работи. И тоа некој факултет како сметководство и ревизија:rofl:
    Нема од затвор да испаднат 99% од фирмите.

    Тоа е карактеристика на лош образовен систем без никаква апсолутно практична работа. На пракса идеш вариш кафе или им купуеш појадок. Јас кога правев пракса во Кјуби на времето не научив ни основна полиса да потполнам. Во образование немаше ниту еден пример за практично потполнување. Прави дрва.
     
    На SkarletOHara, Doozy, Kaetana и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека од УГД само во Турција ги признаваат дипломите, затоа не ја ни преведував, само таа од средно ја преведов за тука:D
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Нема колку што знам Македонија никакви мерки за тестови воведувано :?:
    Ние со ММ бевме септември, тој е Хрват, никој не не ни погледна.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Браво :clap: не ми е јасно вистина зошто се преценуваат
    Овде со обичен аусбилдунг се стекнува поголемо искуство и знаење него ли со наш факултет :^)
    Не ми е намерата да потценам некој ама реалноста е таа овде
     
  10. Jana84

    Jana84 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Дипломите се преведени на германски а факултетот е Св. Климент Охридски - Битола. Едноставно сум изненадена дека насоката информатика не е признаена (сметајќи дека е интернационална, секаде исто се учи). Мислев случајно некој/а од Вас да не се соочил со слична ситуација затоа побарав совет. Секое добро.
     
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Еден е погледот кон себе си живеејќи доле, а сосем друг од развиена земја. Затоа што имаат диплома од факултет кој знае што си мислат дека знаат. На тоа додај го ласкањето и фалењето од дома најпаметна на мајка и ја добиваш формулата за погрешно сетиран мозок.

    Јас кога дипломирав на 23 години прво аплицирав за директор. Ете тоа е мајндсетот доле.

    Кога почнав да работам сфатив дека неам поим што се случува и дека наученото е неприменливо во македонска економија. Кога почнуваш да работиш почнуваш од нула па учиш. Цел живот е учење.

    Факултет е одлично за развој на социален живот, култура, размена на мислења и ставови, наоѓање на пријатели со слични погледи, себе докажување со 1.000 страни книга, интелектуално надградување. Ама тоа ни оддалеку не значи дека ти си образован по европски стандарди. Според европски стандарди се е тоа средно и после треба да работиш па да те оценат со искуство.

    Јас го имам тоа чувство поминато и знам што зборам. Во Македонија сите се “образовани”. До тој степен што во сиви за апликација за работа пишуваат работно искуство за апликација во канцеларија: продавач на билети во забавен парк Аталанта или собарка на брод. Аплицира отсек финансии контен план не знае што е, не знае каматна стапка да пресмета. Аплицира сметководтство не знае да книжи. Бламажа на цел систем е тоа.

    Тие со средно уште полошо. Тие пак се знаат. По тоа се претпознатливи. Ги ругаат овие со факс, а они лонци.


    Извини се надоврзавме на твојата тема. Не е насочено кон тебе.
     
    На Doozy, Kaetana, danichap и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Jana84

    Jana84 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Нема проблем те сваќам и тебе. Сум поминала доста овде а незнам како е таму. Мм не се потпира на диплома само и јас и тој сме сме со стекната висока диплома овде од 2011 и од тогаш работно искуство (а јас исто и пракса и тоа два пати во Кјуби :) варење кафе итн. баш тоа твое искуство за жал во поглед на праксата). Има за жал и такви како нас кои се отепале од учење и се по трнлив пат (моите се со основно а јас Магистер и да ти раскажувам не ветам дека некој би верувал колку трудољубливи луѓе има-јас си знам како со кој труд и пари сум завршила па да треба да бараш врски да се вработиш во оваа наша држава секоја една единка е поместена и изместена, мн горка вистина, па најтрагично што едно ќе учиш др ќе работиш - но никогаш нема да дозволам дури можам да си го бранам тоа што е стекнато мое ). И од тој систем најмногу би избегала. Нејсе темата е една ова е друго. Би ми било криво да речам ако на пример со признаена диплома би земал повисока плата пример, ама тоа можеби не е така таму, ама следејќи ги огласите гледав дека доста бараат со завршено школо/диплома. Јас најискрено се спремав за таму и таква сум по карактер неможам да одам некаде доколку незнам доста работи за сдредината, а плус со три годишно дете. Се надоврзав на вашата група/тема читајќи за градинка а испадна за др да се рапрашувам ,:) Ви благодарам за споделеното искуство.
     
    На Kaetana и FreeMind им се допаѓа ова.
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    За ит бараат некои рангови најчесто. Сениор, млад сениор, јуниор и такви поделби. Во Германија се многу слабо платени, но се наоѓа работа. Не е лошо да пребарате во Скандинавија таму има убави услови и најдобро платени се во Холандија. Во Германија и на ит им бараат најчесто германски ретко да најдете фирма само со англиски.

    Со среќа.
     
  14. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.687
    Пол:
    Женски
    Тоа писмото од специјалист за матичната што те упатила на преглед дали треба одма да и го доставам или може по месец дена на пример?
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.083
    Зависи колку тупаџија е матичната. Обично сум носела на следна закажана контрола или преглед, никогаш специјално за да носам специјалистички резултат.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Еве јас работев од прв ден. Освен ако не си шупак (а такви секаде има) нема да те бива во никој образовен систем и на никоја работа.
    Нема потреба да се дисквалификува толку нашиот образовен систем, затоа што многу зависи и од човекот. Еве јас од тоа крш образование и давам насоки и сапорт на колешката од Германија. Работиме по ИФРС и јас имам поголема експертиза од неа. И тоа не го решив јас, туку на база на работа го решил друг. Еве јас од оваа дупка сум дел од експертскиот тим за Европа, а таа не е.
    Значи се е индивидуално и зависи од тоа кој колку вложувал во себе. Кај нас, на жал, повеќето кои завршуваат факултет последно четиво им е нешто што препишале (превеле) за дипломска и пази боже ново да се прочита. Квалитетот паѓа, тоа е факт. Ние немаме толку лоша програма и книги, туку имаме лош систем почнувајќи од мито, до квази колоквиуми и бубање на памет (маркетинг ми беше најлош предмет и мислев никогаш нема да положам бидејќи требаше милион цртички да набубам на памет). Во 21 век не им текнува кога нешто не знаат да видат на гугл и да најдат солуција. Прв одговор е никој не ми покажал или кажал како треба!

    Пс. Во биг 4 најлесно ќе се снајде некој со сметководатво и ревизија. Се почнува од асистент и ништо не работиш самостојно без надзор и проверка на работни папири на сениор.
     
    На LadyC, dayla, JoyJoy и 13 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски

    Секако дека има потреба да се дисквалификува образовниот систем кој продуцира кадри кои пазарот на труд ниту ги бара ниту му се потребни. И згора на се неуки.

    Систем кој оди само во надолна линија. Образование во кое Латас стана професор на приватен универзитет. Систем во кој постојат приватни универзитети како Туризам во Скопје за штанцање дипломи и Европски каде дури и Силвана Бонева проста женичка допре до диплома. Да не зборам ни за кадрите по државните факултети дедо, син и внук сите професори, први братучеди асистенти и така натаму. Факултети на кои се плаќа за испити. Факултет во секое село. И така натаму за системот.

    Само по индекси да следиме за десет години уким на кое место во ранг листи падна. Се се тоа показатели кои говорат во каква ситуација е образовниот систем. Денес свеж пример Уким потпиша меморандум со МПЦ. Вицотека.

    Долга и широка тема за зборење. Ако напишеш свое лично достигнување нема да ја смениш сликата за системот. Ниту останати 1000 души. Индивидуалци има доволно за примери на успешност. Ама никад индивидуалноста не говори за целата слика. Впрочем говори за исклучок бидејќи сите ги знаете оние “другите” колеги.
     
    На dayla, Kaetana, Herrera и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.524
    Пол:
    Женски
    Знам дечко со завршен Ит софтвер инженер на Европски вработен во Германија со призната диплома,и девојката ја повлече таму да работи,таа од Штул унив.
    На две места приложуваа дипломи за признавање @Jana84

    На вас сите што сте во Германија не ви ги признаваат дипломите?
    Сите со средно работите и нискоквалификувани сте рангирани со завршено германски курсеви кои ги признаваат ,а не се факултет:^)

    Како на воспитувачи им ги признаваат?
    На маса на хрватици им се признати дипломите?
    Како јас се утепав со години работејќи онлајн со Германци кои ми го признаваат образованието и искуството,:^) ?
     
    На JoyJoy, Kaetana и TutiFuti им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.083
    Ја користам оваа прилика да и го честитам успехот на @SanelaS :d::).
    Одлично е кога трудот се исплати.
     
    На ☆P!nselsp!tze☆, Cosmi, SanelaS и 2 други им се допаѓа ова.
  20. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    5.801
    Фала и да се враќаат уште поголеми успеси .
    За темава погоре нешто читнав нешто недочитав можеби дипломата нема одма да ве седне во некоја фотеља, но ви е карта да влезете во просторијата. Без нејзе па нигде николку ...Можеби мојава професија е таква каде што е секаде признаена, но имам позитивно искуство со блиски луѓе со дипломи од други бранши што успеале и те како во Германија, и тоа со скромно работно искуство од Македонија , со стекнато знаење кое што им беше основа за понатамошно напредување.
    Човек мора постојано да учи и да се надградува.
     
    На LadyC, dayla, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.