Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.672
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Мене па ми е интересно ова глорифицирањево на Германија :^) Јасно е дека се далеку, далеку подобри од нас, ама... до олку да се плука по сопствената држава @FreeMind?
    Интересни се двојните аршини по кои Германците ги одбираат своите кадри и тоа чии дипломи ќе признаат. Па така, дефицитарни кадри како медицинските се добри дури и од дупка држава и никакво образование како нашава |( И не само тоа, туку еден куп вонредно завршени „медицинари„ се вработени во Германија. Како во тие случаи нашево мизерно образование не им пречеше?
    Инаку и јас како @Cosmi работам и со Германци, Англичани, Американци итн... никој ниту ми побарал диплома, ниту пак имам формално образование за тоа што го работам, ама затоа имам еден куп проекти и солидно портфолио зад мене кое вреди многу повеќе од било кој факултет.
    Познавам програмер кој ги сврте најпознатите светски компании во автомобилската и авио индустријата, а замислете е самоук, без факултет?
     
    На LadyC, JoyJoy, Kaetana и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.077
    Абе не зезај и ти. Има разлика меѓу програмер и дипломиран информатичар. Програмер програмира, никаква диплома не му треба, цв ко ќе ти прати јасно ти е со кој имаш работа. Дипломиран ватевр исто така, без практично искуство за ништо не вреди. Мислите така ги земаат здравствените работници, па особено нив, на жими мајка, имам диплома?
    Уствари ваљда за истото збориме, ама не се разбираме.
     
    На LadyC и јolene им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.672
    Допаѓања:
    35.508
    Пол:
    Женски
    Која е разликата? Сега не се вика програмер, туку пофенси имиња имаат :rofl:
    Ама еве, не сум упатена па може и има разлика. Небитно... искуството е најбитно, за било која професија. Кај нас како што кажав еден од главните недостатоци на образовниот систем е токму тоа, недостаток на практична настава. Башка што сите се запишаа на факултет оти и за чистачка ти треба факултет... и така...

    За здравствените работници... еден куп отидоа во Џерманија и остали западни земји со дипломи од Кочо Рацин. За средно зборам, не факултетски.
     
    На LadyC, JoyJoy, Kaetana и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.077
    Па истото го збориме.
    А со дипломи од средно може, ама доквалификација под германски надзор, за да може да работи.

    Е, која е разликата, сега ти го разбрав прашањето ако дипломирал не значи дека знае да програмира, на пример. Нели и Ноне информатика студираше:D
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам оти го доживувате како плукање секоја критика кон државата за она што не чини? И секогаш има некој да објаснува нешто што не се објаснува. Се сеќавам пред кризава здраствениот систем го критикував добив армија реплики дека океј е за да сега истите тие ставаат слики од чадор во тоалет во болница да не им капе над глава.

    Дали оти јас живеам на страна па се дочекувам на нож со секој коментар за државата? Јас додека живеев до мојата 30та година доле бев дупло поголем критичар на таа држава. Сега ако се погоди некоја тема како овде во случајов знам да дадам мое согледување и воопшто теми кои се однесуваат на мкд избегнувам од истата причина. Сега ќе се пењавиме дека образовниот систем не е руина боже мој. Или здраствениот. Или политичкиот. Или судскиот. Администрација. За кој да збориме? Ве молам.

    За народот исто имам лошо мислење. Впрочем за цел Балкан ми е тоа мислење. И тоа е мое право какво мислење имам генерално. Ниту сум емотивна приврзана за “своја земја”, “свој народ” ниту верувам во таква конституција.

    Тие медицинари овде имаат практично доусовршување и на крај полагаат (сестрите). Така беше до пред две години ако нешто е сменето сега не знам. За се останато биљарката објасни погоре. Се се признава според нивен ранг. Најчесто факултетската диплома е на ранг на средно или дополагање на испити кај обични струки. Кај доктори полагаат апробација (државен германски). Кај ит се рангираат некако поинаку.

    Кај мене искуството и препораките беа влезница за овде налик твојот опис.
    Тој што го бива секаде ќе го бива тука нема дискусија.

    едит: ќе заборавев за глорификацијата на Германија :)
    Критичкиот осврт кон Македонија не значи дека овде е совршено. И за овде имам критики најчесто во германски кругови или форуми. Со Каетана и Дани не се согласувам за критиките на примарниот здраствен систем овде, но тоа не значи дека се е розово.
    Но. Големо Но. Тоа не значи исто така дека може да се спореди со тоа дувло доле. Неспоредливо е толку се далечни системите.
    Не ни ги споредувам јел нема параметри за споредба.
     
    Последна измена: 5 декември 2020
    На SkarletOHara, dayla, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Кои се правилата сега за ако се враќаш од ризична земја ко мк . Уште ли е тоа , се праве тест(на свој трошок ) во Германија и седиш дури не излезе резулатот во изолација , или каков и да е резултатот сепак мора 10 дена да си изолација ..

    *Колку е сега тестирањето ?
     
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Последно е нема тестирање само 10 дена седиш во карантин.
     
  8. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    5.651
    Пол:
    Женски
    Значи нема тестирање , до некаде е добро , поарно тука да направат тест ако сакаат за сигурност пред одење поевтино ќе е .. Моите треба да си тргнат за 10 -15 дена накај мк , ама многу се ограничени со денови - одмор , и ако ептен мора да седат во изолација долго назад , да не си идат уопште ( а мора да си дојдат заради обврски , иначе нема ризикување ) Па со време да видиме се како што е , да не излезе некое ново правило дур се тука , па а наредиме тогаш :doh:

    Фала ти ..
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас сум дипломиран инженер за информатика. Од лични искуство, и 6 години во индустријата, по начинот на работење се познава кој е самоук и кој добил образование, па и какво било тоа образование. Па и кој завршил за да му биде тоа струка наспроти тие што завршиле само за да имаат диплома.
    Не викам во однос на програмирање, оти технологија е нешто што не можеш да го научиш на факултет. Кодирањето е нешто што сите си го учат самостојно. Зборувам за други аспекти од кариерата што одредуваат во која насока ќе напредуваш.

    За нострификација на дипломите... Знам познаници во Германија кои без проблем си нострифицираа дипломи од технички факултети на УКИМ. Еве и сестра ми сега е во процес на нострификација па ќе видиме што ќе излезе.
    Во однос на предметите, споредувајќи го тоа што јас сум учела со други држави - скоро па идентично се поклопуваат, ама знам дека на сите факултети и на сите универзитети не е така. И не гледам ништо лошо во дополагање уште некој предмет. Нели како академски граѓани се ставаме во позиција дека "цел живот ќе учиме"? Тоа е прво нешто што би требало некој да го научи на факултет. Ако си тргнал по тој пат - сметај дека си решил да учиш.
    Тоа диплома во регал и доста учев никаде го нема. И не би ни требало да го има.
     
    На јolene, Sleepy, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.522
    Пол:
    Женски
    За жал многу грешиш.
    Односно критикуваш или плукаш.
    Образованието од цел Балкан е многу ценето надвор,не има што работиме долго со познати компании низ цел свет.
    И општо за критериумите германски.
    Со наше медицинско вечерно и јазик ќе работат низ цела Германија.(facepalm)
    Со медицина исто,а замисли завршиле на Тетовски,жити специјалистите:rofl:ги примаат на работа, зошто им требаат.
    Воспитувачи влегуваат на работа веднаш ако знаат јазик.
    Тоа што им треба, жити критериумите што ги имаат.
    Ама затоа тука вие ќе и се смеете на девојкава што се чуди како магистер информатичар не им го признаваат,као нормално е тоа.
    Како не е нормално,тие не се нормални.
    Неговата диплома треба да биде признаена бидејќи во цел нормален свет на информатичари им се признаени.
    Или треба магистер информатичар курс вечерен германски да заврши/да се преквалификува за да вреди таму пет пари.
    Нему нема да му бидат проблем 5 испита да полага и да му ја признаат дипломата ,ќе му биде да заврши германски курс за механичар.

    Па тоа еден систем образовен што имаат,немој да ми кажуваш,работам со нив ,поголеми трупци во дизајн во светов нема од нив,цела екипа од Балкан им ги оправаме работите.
    Стварно ептен ги глорифицираш,а дека не си емотивно поврзана со твојот народ за кој имаш лошо мислење,се гледа богами:rofl:
    Секојдневно си тука да разговараш со тој истиот народ за кој имаш лошо мислење.:hai:
     
    Последна измена: 5 декември 2020
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Сега полесно ти е од кога се истури?

    Вие ако не сте дизајн ќе немаат. Без вас и работата ќе им застане.

    Поентираше несакајќи :)

    За остало не вреди дискусија понатаму. Биди ми поздравена.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.156
    Допаѓања:
    88.522
    Пол:
    Женски
    Мене ми е лесно секако:D
    Тебе не ти е,бидејќи си најредовниот плукач на народ и држава од сите дијаспорци заедно тука,запрашај се зошто,мислам време е да побараш германски форум и да им ракоплескаш:clap:,лицемерно е да го нарекуваш нашиот народ лош ,а секојдневно да се дружиш со истиот тука.
    Тоа што твојата диплома не ти ја признале и веројатно си завршила курс не ти дава право да и се потсмеваш на девојката што праша легитимно прашање за дипломата на дечко и информатичар.
    Ама толку знаеш,информатичарите од кај нас не само што се квалитетен и признат кадар туку замисли и знаат да работат уште додека студираат кај нас.
    Инаку работата на швабите им застанува често :rofl:,па ги оправаме ние, мултимедијалниот дизајн,графички и илустрации што ги гледате и купувате најчесто ги работиме ние, неуките балканци,зошто нивниот е најслаб од цела Европа и пошироко,не ги бива за уметност,труби.
    Едит
    Драга си ми кога си збориме за животни:l:,ама за другово претеруваш.;)
     
    Последна измена: 5 декември 2020
    На JoyJoy, An-na, BloodElf и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    @SanelaS честитки на успехот, само напред и само убавини да те следат:sun:
     
    На Chantal, Herrera, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Не е проблемот во насоката информатика, туку до универзитетот.

    Еве јас имам завршено информатика на Штул, мојата диплома е признаена, исто и на другар ми од Штул кој заврши германски јазик па продолжи тука во Германија магистратура и заврши и сега работи во универзитет професор.

    Лично не познавам личност која студирала на универзитетот во Битола , па не можам да ти кажам со сигурност, мораш да прашаш некој што зел од таму диплома дали му ја признале.

    Јас ти потврдувам за Штул од лично искуство дека е признаена насока Информатика. ( баш ми бараа од работа судски да биде преведена со апостол иако работам скроз друго и играше голема улога во поголема тарифа за поголема плата баш тој степен на образование )
     
    На Kaetana, TutiFuti, јolene и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Само да ја ставам како доказ сметката дека навистина ја давав на судски преведувач копија од дипломата и по пошта ми беше пратена со се потребно.

    Како што знаете Септември се преселивме во Лајпциг , влегов на работа во Deutsche Bahn , одев на дошколување , полагав 3 испити поврзани со работата и после ме прашаа да им доставам превод на дипломата од Македонија.

    еве бе, не ве лажам, си има и дата дека тазе ги давав документите овде

    100 % е признаена дипломата од Штул , конкретно мојата насока информатика

    [​IMG]
     
    На LadyC, Kaetana, TutiFuti и 5 други им се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    За ИТ дипломата не е пресудна. Најважно е искуството и знаењето. Јас бев на интервју, ме викнаа преку агенцијата за вработување, виделе таму дека имам завршено факултет, но не ми ја побараа дипломата, ниту пак сум ја нострифицирала тука. Ме примија и тоа само со англиски. Не би било во ред да тврдиме дека немаме огромни knowledge gaps од нашите факултети. Јас иако имам диплома, се што користам сега за работа го имам научено после завршувањето на факултетот од курсеви на Udemy и видеа на Youtube.
     
    На јolene и Chantal им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Сега прочитав зошто ти честитаат, а ти скромна не сакаш ни да се пофалиш дека си Шеф на оддел на клиника. Мои честитки, тоа е навистина едно големо достигнување и баш ми е мило што се множите и на такви високи позиции. Честитки и само напред до шеф на клиника следно како цел.


    Не ви споделив нешто што многу ми го олесни транспортот на ствари до Хамбург. Веќе е на пат до истовар со нашите ствари, во банка контакт дечкото ни го даде и е стварно добра ствар.
    Тука може да најдете и монтери, електричари, плочкари и се она кое ни треба и овде е стварно тешко да се најде.
    Ние користевме умцуг услуги професионално си дојдоа, товареа и тргнаа. Имате и да ви размонтираат мебел ако сакате или да ви монтираат мебел дома ако имате потреба. Страната е https://www.my-hammer.de/?campaignn...MI54qR0Ne47QIV4ujtCh2ibgBCEAAYASAAEgJWoPD_BwE

    Си правиш како барање и си чекаш понуди. Најдобрата ја одбираш. Гледајте и бевертунзи на оние кои ви нудат услуги. Проверено одлично функционира.
     
    Последна измена: 6 декември 2020
    На Kaetana, Mari*, danichap и 5 други им се допаѓа ова.
  18. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Подолг ќе биде постов.
    Мајки ми треба совет како да постапам.
    Син ми ( 3 г и 4 м ) тргна во градинка од септември. Неговата група е најголема и има 3 воспитувачки. Многу се жали од едната. Неа ја вика баба затоа што е постара а другите две се млади и ги вика тете.
    Уште На почетокот не ми се допаѓаше ни на мене таја жена. Пред мене постојано се смее дури вештачки се смее а штом заврти глава веднаш намуртена е ( ја имам видено во прозорец)
    Синко ми кажува како постојано му вика Најн ама со висок тон. Дури И Тој така вика дома за да ни објасни.
    Син ми не зборува се уште чисто ама јас се си го разбирам.
    Прозорците од собите во градинка се многу големи и од улица се гледа се.
    Октомври кога одев да го земам го видов дека седи на под и си игра со играчки а таа седеше на стол и синко стави во уста едно играче и таја му се издра Најн им мунд и ме виде мене па се сецна и ми го донесе со насмевка како ништо да не било и веднаш кажа чао и замина.
    Друг случај: одам да го земам и застанувам на прозорец и гледам нема воспитувачка во собата па си стоев и гледав како си играат децата и една девојче му викна на синко Шау дајне мама ист да и синко ме виде и се израдува и ја отвори вратата од собата за да излези т.е да дојди кај мене а заедно со него и две поголеми деца излегоја и оваа Бабава иди од таму и им покажа со рака да одат во соба и го фати синко за блузата кај рамото ( исто како да го влечка) и го внесе во соба и кога ме виде мене на прозор почна да се смее т.е Незнаеше како да се испонаша и пак ми го донесе до врата и кажа чао и влезе. Е тогаш мислам дека ми се идеше да се испокарам со незе. После другиот ден ми кажа дека била многу под стрес децата да не и бегаат од соба бидејќи е сама таа недела, другите 2 воспитувачки беја на боловање.
    Не реков ништо тогаш.
    Потоа друг ден го носам синко и го оставам пред врата пошто не влегуваме внатре заради вирусот. И прозорецот беше отворен од кујната и така гледав каде што се соблекуваше синко а таја нешто му мавташе со рацете како демек не може сам да се соблече или облече обуките за в градинка ама не слушнав ништо. Син ми неможе сам да ги облече ни соблече зимските чизми и јакна.

    Денес синко беше в градинка по 2 ипол недели пауза заради вирусот и кога го земав таа ми го донесе надвор и беше многу тажен. Ми рече дека таја го терала сам да се облекува а тој не можел и седел и викал мама мама мама..
    Дома ми кажа дека баба е лоша и не сака кај незе. И сега еве го спија и пред да заспија ми рече дека ќе спија да порасти голем и да и направи бам бам на баба (Да ја тепа) го прашав дали таја му прави бам рече дека не.

    Прашањето е како да постапам, со кој да зборувам дали со незе или со одговорната на групата или со одговорната на градинката?
    Многу се нервирам знаејќи со каков ќеф тргна синко на градинка и сега некоја психички да ми го малтретира неможам да дозволам.
    Ми се плачи од што сум нервозна.
    И никогаш не јади во градинка и не знам зошто. Појадок што му го праќам секогаш го враќа и на врата кога го земам веднаш ме тера да му го извадам од чанта и да му го дадам да јади и до дома го јади цел или половина а таму зошто не го јади не знам одговорот нивен е на сака. Ми кажува одговорната на групата дека ги јаде супите а месо не сака. Денес го зедов гладен рече дека не јадел. Се обидуваше да ми каже нешто за супата дека сакал ама не ја изел ама не ми докажа. Кога ќе стане пак ќе го испрашам.

    Да пишам уште малку за бабава. Секогаш кога и да ја видам седи на стол, никогаш не игра со децата и не седи со нив на под или на маса како што седат другите две. Никогаш не сум ја видела да допри некое дете за разлика од другите кои ги држат во раце децата што плачат и седат и зборуваат со нив и играат. Мене никогаш ништо не ми кажала како поминува моето дете во градинка за разлика од Австриикиве што зборува со нив и им раскажува за децата јас од тука сватив дека можеби не и се драги ауслендери.

    Незнам дали напишав се, ако ми текне уште нешто ќе допишам.
    Мажот ми сака да појдеме заедно и да го кажиме проблемот ама незнам со кого да зборуваме прво.
    Совет?
     
    На Mari* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    @orhideea може грубо ќе ти звучам ама јас не гледам проблем.Бабата може е пред пензија и гледа само да и мине ден.Па и сама со толку деца добро и што го прима и не ти рекла да не го носиш дома.

    За дете од 3 години , мора да може само да се облекува, колку и за звучи невозможно.Ако неможе некој дел како патент ,чизми помагаат воспитувачките.Ние секогаш им помагаме на децата , а овие германиците ги оставаат секогаш сами и затоа се посамостални од помала возраст.Ќе се научи брзу само треба и ти да го оставаш и дома да се облекува и соблекува.Секогаш детето нека носи работи што може да си ги соблекува.Пример хулахопки се тешки за облекување , па одбегнувај или чевли со врвки и тесни, подобро панталони наместо фармерки итн.

    За да она на тебе ти објасни како поминал твојот син треба да разбираш, а може знае дека не разбираш па што би ти кажала.Кај нас само кажуваат се беше во ред и толку.Ако јас прашам нешто плус ми кажуваат или ако има нешто што бил проблемот.

    Проблемот не го разбрав и затоа мислам дека го немате.Нормално таа мора да ги врати децата да не излегуваат сами пошто тие се одговорни за нив што ако го снема син ти? Мислам дека тогаш е проблем.
    Мора да разбереме дека нивната работа не е лесна.Ние едвај со едно се справуваме , ај замисли 20 деца.Ако нема ред како би изгледало?

    Можеш со директорот на градинката да збориш и да го промени син ти во друга група ама не знам која причина би ја навела.Таа не го тепа ниту мачи детето, ниту го навредила.Може дека детето не ја сака:?:

    Што не јаде ма нема дете што јаде.Тие оставаат ако сака нека јаде ако не после.Моето исто нон стоп е гладно по градинка и не расположено.
    А како мислиш да ги анимира таа? Што треба да прави:^) Може им чита книги пред спиење.За друго самите деца треба да си играат:)
     
  20. Jana84

    Jana84 Активен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски