до 15 ти во месецот треба да дадеш кундигунг за да бидете ослободени од меѓусебните обврски и двете од следниот месец од 1.
Во која банка имате сметка, јас досега бев лојална на Шпаркасе , ама сум во план да и правам замена секои три месеци имам некои екстра трошоци што се без врска.
За тебе има посебна банка за лекари Апо Банка. Презадоволни сме и за кредитот за стан многу брзо завршија и се многу љубезни.
@SanelaS Ние сме во Таргобанк. Најфини беа и не ни се качија на глава кога земавме кредит дека визата ни е на 1 година, за разлика од БВ. @FreeMind само од тебе можам да прочитам емоции од една до друга крајност...пр. карање и рикање. Ама те разбирам скроз... Ме погоди и мене. Јас секој пат такви моменти преживувам емотивно.
Јас не сум емотивна по природа и ретко ме погодува некој момент. Не се сеќавам да сум плачела така на настани увек ме терало и на смеа. Али од кога родив сум омекнала ептен Швабиш Хал банка се многу многу досадни за станбени кредити. Сите од пријателиве кои ја имале како опција се измачија скроз.
Сакав да ве прашам дали се имате вакцинирано со Keuchhusten (големата кашлица) во 3 ти триместрар од бременост?Мене денес ми предложи докторката вакцини за сезонски грип и оваа големата(магарешката) кашлица.Образложениото беше дека демек од мајката се даваат антитела на бебето, кое е заштитено првите 2 месеци пред да почнеме со негова вакцинација.Сега се двоумам дали да се вакцинирам
Па вакцинирана си со таа вакцина како дете, провери во вакцинален картон за пертусис вакцина имаш сигурно.
Кај да го најдам картонот, а и вакцината важи 10 години.Може повеќе од 20 години немам примено никаква вакцина
@Ava.84 многу ретка болест е Keuchhusten. После 3 години во болница, првпат претходната недела видов една пациентка кај нас со магарешка кашлица,ја ставија во изолација,а таа што седеше со неа во соба не ја ниту ставија во изолација. Сезонски грип не сум се вакцинирала никогаш до сега, не ни имам намера. И кај мене на работа никој не се вакцинира од сезонски грип колку што имам разбрано. Јас бев сега скоро на бетрибст арзт и ми понудија одма да ми ставиле хепатитис А вакцина. Викам, а како до сега работив без неа? Па не била задолжителна, ако сакам. Само ММР е задолжително. Работодавецот не ме обврзува дека морам да се вакцинирам. А, знам дека при вработување ми бараа картон да видат што вакцини имам примено. Па, некако сама си поврзав и мислев дека оти сум во болница морам да сум вакцинирана.
Убаво е да ги примиме од ново сите бебешки вакцини. Јас титанус ја примив повторно. Во бременост се вакцинирав од сезонски грип. Таква за кашлица не ми понудиле. Ако ми понудиле сигурно ќе сум се вакцинирала и од тоа. Не гледам ништо страшно да ја примиш. Јас на твое место и онаа за грип ако ја има би ја земала. Ама пак од друга страна како што веќе кажаа е ретка. И не верувам како што сме со маски сите да ја фати некој.
nemas steta od vakciniranjeto jas za vreme na bremenosta se nemam vakcinirano ekstra, no sega se vakcinirav za sezonski i tetanus pa ke vidime sto uste naredno ke primam od vakcini.
Тие за хепатит сите ќе ги примиш знам беа задолжителни. Освен ако не ги прими на вработување. Мене во бременост ми проверија антитела од сипаниците имам инаку и од нив ќе се ревакцинирав. А за сезонскиот годинава не успеав термин да допрам. Од следна повторно ќе се вакцинирам за сезонски секоја година. Зошто со дете во градинка и човек кој има чест контакт со болни луѓе шансите да го фатам ми се 150%. А тој не би го сакала да го имам. Најдовме градинка во Хамбург да се пофалам. Форшунг и музичко. Во петок имаат свирење инструмент. Од понеделник до четврток истражувања. Ќе садат своја градина и од таму ќе јадат. Исто ќе рециклираат и ќе создадат нов производ од рециклирани ствари. На таа база е градинката. Инаку функционира и како киндер хотел можеш и сабота и недела да ја оставиш. Се плаќа од саат таа услуга 5,5 еур. Многу интересен концепт. Конечно можеш на кино да отидеш или да ручаш негде сам.
Женски , нотар дали знаете како може да најдиме некој или кој да го бараме , некој да познавате околина Штутгарт , или Лудвисбург каде и дае таму , ни треба еден документ да се завере таму и тоа во брзо време , а сега и рестрикции да не имате таму и не функционира баш се ..
Леле нотарите се крш. Еднаш ми требаше за полномошно, душа ми падна додека најдам..и мене ми требаше итно. Сега ќе го најдам контактот и ќе ти пратам инфо. Stefan Mattes во Ditzingen. Жими кај него можеше од денес за утре/задутре...
Фала ти многу , утре ќе го бараме .. Работава е , прaтивме документ по маил , само треба да го потпишат заверат и по дхл ни го праќат назад одма треба , ако има др начин нешто за ова да се заврши или само нотар , ни спомнаа конзулат или амбасада нз точно ама сега се е затворено.
да да , ќе оде свекорот лично каде треба на негово име е секако док , тој да се потпише , нотар да си завере , документ преведен е се , и да ни го вратат назад по дхл треба најбрзо што можат. Пр ни е само моменталната ситуација таму и тешко им е нотар да најдат , во др период ова е 10м работа ..
@Ava.84 шо било тоа пукање во Берлин, арни ли сте? исто така @gjoker4e да се јави на рецепција, молам госпоѓа Џорекче да се јави на рецепција. Ми недостасува