Гуглав , барав на фб ама ништо нема.Топ вести е дека 101 годишната баба ја примила прва вакцината ,еден ден порано. Најдов нешто во една населба 4 застрелани, таа е една турско-арапска населба таму се чести вакви глупости.Они меѓусебе се тепаат, мафија. Ние сме добри.
Ste poracuvale online od h&m? Od minatata nedela imam poraceno, veke 5 dena stoi deka e vo obrabotka se, nikako da se pusti pratkata? Za kolku vreme stigat obicno porackite od h&m?
Девојки, едно прашање, ако сте запознаени... признаваат пцр тестови направени во Мк, на аеродром во Германија при пристигнување? Пошто секако ќе се прави пцр тест поради транзит, дали ќе важи истиот на аеродромот за да не се тестира патникот, или одново ќе тестираат?
Ана по ново ПЦР тестови за ослободување од карантин не важат за сите професии, а пријавување дека идеш од ризик подрачје е задолжително, се препорачува дигитално. Тест најрано на 5 ден од пристигување, до тогаш карантин дома. Повеќе инфо https://www.bundesgesundheitsministerium.de/coronavirus-infos-reisende.html#c18588 https://www.auswaertiges-amt.de/de/quarantaene-einreise/2371468 Башка што секоја покраина си има свои правила, а правилата се менуваат постојано. За да сте сигурни што точно за вас би важело, контактирате го надлежното министерство за здравство. @FreeMind ние отседовме 10 дена дома, од денес сме слободни. Никој не не контактира, никој не ни се јави, никој не не провери. Ние секако сакавме да исседиме дома, да сме сигурни дека не сме донеле нешто, ама бар да не провереа и да ни кажеа браво дечки што сте умни . Изгледа оставено е на лична иницијатива и доверба. Ти праша за тебе што како ќе важи? Негде сретнав пред некој ден дека и миленик не смееш да шеташ , а знам пријателите наши кога се вратија есента, дозволено им беше со маска два пати на ден да го шетат. Последно пред 4 недели порачував и имав изберено брза достава, тогаш уште можеше да се избере таа опција, стасаа за рок од 3 дена, ама си платив 7 или 8 евра повеќе. Тогаш итно ми требаа, па затоа. Инаку во рок од една недела стасуваат, сега имаат попусти, не им работат дуќаните, веројатно има многу нарачки и не можат да процесираат на време. Ќе ги пуштат не им се нервирај.
Дали знаете каде би можела да најдам мармалад во мали теглички, како оние за појадок што се во Bäckerei и сл. ?
@Annath на второ читање на твоето прашање, извини не видов добро сабаје, ама сепак тоа што ти го пишав е така. Да признаваат тест направен во МК лабораторија, ама тестот треба да не биде постар од 48 часа. Е сега дали ќе биде доволен за да не седи во карантин, не знам. Друго, ние сега се вративме со кола, за транзит никаде не ни побараа негативен тест. Т. е за транзит, нема потреба од тест. Треба само држава низ која се транзитира да се напушти во одреден рок, мислам 12 часа беше. На влез во Геманија исто не ни беше побаран неативен тест и се правеше само селективна контрола.
Не сум прочитала мила имам уште една недела п да не сменат во меѓувреме. Знаеш јас не почитувам небулози. Јас искачам со моето мило дете надвор три пати на ден макар крај на свет дошол и не им се замарам ич за закони.
За максимум 5 работни дена. Четврток, петок и сабота беа неработни. Сега имаат и попусти па верувам и поголем интерес и повеќе нарачки. Јас порачав последно на 23.12 сега добив меил дека утре ќе ми ги достават работите.
За лет се работи. Скопје-Истанбул-Дизелдорф. Турците бараат негативен пцр тест задолжително, за сите кои влегуваат во Турција небитно дали остануваат или се транзит. Па затоа прашувам дали ќе важи во Германија, оти денес се тестираше, среда ќе патува. Преку Визер немаше летови, затоа вака оди патувањето, иначе ќе чекавме до 20 јануари, ама пошто е итно, ова беше единствена опција. Фала ти за одвоеното време сепак. Ако мора, ќе седи во карантин, не е проблем.
@Ava.84 @FreeMind @Biljarkata @Kaetana Мајки утре е државен празник во БВ, каде можам да најдам дежурна аптека(не ни знам дали има во градот) или да порачам дома да ми донесат, незнам како се вика на германски
Побарај на гугл Notdienstapotheke in (твојот град, поштенски код) für heute (Datum) и треба да ти излезе која аптека има. Во поранешниот град кај што бев, беше помал град и имаше распоред на аптеки за дежурство. Ако е поголем град сигурно има некои и со постојано дежурство за празниците и неделите.
Јолене убаво ти одговорила.Ама имај на ум ако одиш во дежурна наплаќаат плус провизија пред некоја година 2,5 евра.
Здраво женски Среќни празници, да сте живи и здрави. Јас имам проблем што цела година не можам никако да го решам. Некој од соседите (се сомневам во една жена) фрла неселектирано ѓубре во моите канти. Информирани се сите соседи и љубезно замолени доколку го прават тоа, повеќе да не го прават. Газдата на станот е исто така изведстен вика дека тоа не е негов проблем, не може да ни помогне, да најдеме начин да си го решиме сами. Постои опција да си купам катанчиња и да ги заклучувам кантите, тоа е во ред и во краен случај така ќе направам. Она што најмногу сакам е да го фатам сторителот. Најмногу поради тоа што секој има своја канта, сите се информирани, културно замолени и некој упорно продолжува со своето безобразие. Сакам да поставам мала камера над кантите. Дали смеам? Друга опција за да го фатам на дело немам. Сакам да му тропнам на врата и да го избрукам. Верувајте ми се смачи да брцам во црвливи канти и да вадам се што не припаѓа таму. Два пати не ми собраа ѓубре и два пати ми имаат залепено црвена лепенка. Чекам сметка на која сум 100% сигурна дека ќе имам и казна за плаќање. Лута сум, нервозна сум, вријам. Со туѓи ѓубриња се занимавам секој втор ден. Крај нема. Не сакам да ставам катанче додека не го фатам и не направам доказ. Не за да тужам некого, едноставно да го избрукам и засрамам, тоа го сакам. Давајте памет.
Во претходниот стан исто беше па две фамилии си ги чуваа кантите во келија. Беше лесно да се извадат од келија, а во келија затворена секако не мириса, пред да ја вратиш внатре ја миеш со топла вода и шампон. Или купи си катанче најдобро, требало до сега да купиш. Јас не би трошела време и не би се малтретирала да ја фатам, батали ја. Нема да бидеш ни прва ни последна со катанче. Со катанчето ќе ја избрукаш и засрамиш на германски дипломатски начин. Подобро така и без збор.