Повели испукај се додека јас не сум почнала наскоро со прилагодување Вол.2 Првото траеше два месеци. Додека не се скарав, до тогаш. Сакам да се пофалам од гостопримството овде во Хамбург. Ова ни е трето место изнајмено во Германија. Домаќините ни оставиле во куќата вино и благо и картичка за добро дојде. Доле кај швабите незамисливо е поклон да добиеш. Обербаерн исто. Игла у гз не им влага. Она што е интересно е што овде луѓето зборуваат. Комшиите не застаа да ни посакаат херцлих вилкомен. Ако те видат пред врата случајно одма поздравуваат и почнуваат со муабети за се. Во продавница на Ду ти се обраќаат и на улица. Први комшии ни се фамилија со три деца од африканско потекло. Карши нас комшиница преко пута каде се гледаме од прозор живее сама очигледно со голем возен парк пред врата. Сите покриени и наредени. Другите се речиси сите со мали деца на улицава. И со кучиња. Ози веќе им покажа како се лае. До куќата на десет чекори има шпил плац кој е полн со деца кои си играат. Е тоа прв пат гледам у Германија. Времето е очај. Нон стоп врне, а овие последни два врне снег. Децата си играат групирани по дворови и по улици. Се чувствува подруга хемија во воздухот. Полабави се од југот. Многу полабави.
Во право си ама јас сум толку лута што веќе не можам разумно ни да размислувам. Не сте виделе вакво безобразие. Кога ќе кажам секој втор ден вадам туѓо ѓубре, верувајте буквално така е. Нарачувам уште сега катанчиња. Што вика сопругот мирот ќе си го купиме, батали камера и стресови. Импулсивна сум, не трпам ваков однос. Па дури и во племе да живееш ред на нештата ќе си поставиш и ќе живееш нормално. Што е со луѓево не можам да сфатам?!
Ќе го фати некој друг. Ти ќе си ставиш катанчиња тој ќе продолжи да фрла во другите канти. Не се замарај стави си катанчиња.
Во Реве имам видено кај што стојат мармаладите. Има во мали теглички и во другите нз како да ги опишам како оние фрухтсцверге што се за деца. Сигурно има и во Едека.
Во Реве дефинитивно малечки како паштетчиња. На времето кога бевме деца у градинка такви ни сервираа. А и многу вкусни. Секаков избор беа пакувани по десет. Психопатија. За твоите нерви подобро е да ја завршиш приказната. Стај катанец и готово. Инаку смееш да ставиш камера мала оти да не смееш твое ѓубре е. Намести ја и види кој е. Камери мали имаш како бубачки во медиа маркт. Не знам која цена се ама ќе ти се најдат за дадилки и за стари лица ако то чува некој. Или за мажот ти за швалерки )
Кога те читам, ме полниш позитива и надеж дека не сите во Дојчландов се ко Швабиве. Со лесно адаптација и убав почеток во Хамбург.
И јас ви посакувам брзо прилагодување и убав почеток во Хамбург. Градот е убав, а сакав за времето да искоментирам, ќе мораш да се навикнеш, најчесто е дожд, ветер, ладно.
Инаку за комшии, можам да кажам во местово освен ние и родителите на маж ми, нема странци, ама никогаш не сме имале проблем. Маж ми имал 2 год тука кога се доселиле и од тогаш до сега супер сме прифатени. И јас кога дојдов сите беа љубезни. Од таа страна среќна сум што не сме во некој дел со многу странци (нашиов град е преполн со ази квартови), затоа ние на страна,ама барем мирни сме.
@FreeMind во Хамбург замина? Многу убав град со најлуд ноќен живот! Си ветив дека никогаш повеќе навечер низ Хамбург нема да шетам
Јас во принцип љубам ризици. Се пакуваме и тргаме без никакви размислувања. Секогаш тргам од тоа дека светот е толку голем и убав, а животот прекраток да се доживее се за 60години. Некако времето брзо лета наскоро ќе полнам 40 и ќе бидам баш во бумот на животот. А во тој бум мало гратче ќе ми предизвика нервоза. Ако зборам лично за себе, не гледајќи за семејството. За мене е предизвик ова живеење во милионски град. Јас сум лик кој ужива во “тишина”. Не сакам гужви, не сакам да ми диши во врат некој. Ако овој град не ни овозможи тоа што бараме за следни три идеме у комшии кај холанѓаниве. Ова е последно место во Дојчланд за живеење. Освен ако не се спукаме накај Берлин Јас сум тип за сонце. Ужасно тешко ќе биде навикнувањето. Најмногу мразам дожд и кал. Ама во Германија научив дека се е до мозокот и до облеката. Мора да се фрлам на шопинг, немам облека за дожд. Јас дојдов ради мулти култи концептот на градот. Плус одлична андерграунд сцена префалена насекаде. Ич не сакам гета макар и германски. Азијатски гета сум имала прилика да видам како изгледаат. Да можеш миризбата од јадењата да им ја истрпиш, а да не полудиш добро е. Инаку за безбедност како и секој град има квартови каде не треба да се задржуваш. Во близина си ми? Да идеме на шпил плац Ако веруваш никад не сме биле. Прв пат у живот идам и одма со преселба. До 14ти сум у карантин потоа фрлам дете у градинка и идам да видам што толку го фалат градов. Ах враќај се ко така да провериме заедно оти е најлуд
Секојдневно има вакви рукруф, да се чуди човек. Ако некој може нека го постира во фб групата, јас не сакам да постирам во групи на фб за жал. Кај и да е веган ќе станам, нз дали е возможно и во морков стакло да изгубат германциве.
Ако ме водиш после на Зилт Да помине коронава и сигурно идам. Другарка се пресели пред месец, два, па причина плус
Majki maliot mi preminuva od kaj muti vo jasli i imam nekolku nejasni raboti.Turnbekleidung ustvari sto kupivte i dali na godina decata vi jadea sami i strogo parcinja ( kaj muti moeto uste taa mu pomaga pri hranenje i jade pasirano).
Ваква облека не ни била потребна си одат во хаус шуе. Моето пред година јадеше парчиња, баш намерно го научив ради градинката.За сама на 14-15месеци воспитувачките велеа дека јаде сама, дома не беше случај уште чека да ја ранам, ама може сама ама не сака
Кај мене парчиња јаде од 10 месеци. Според германско здравство нема блендирана храна. Од 6 месеци се почнува со пасирана, на 8 месеци парчиња храна. На 10 само треба да јаде парчиња. Ако не јаде твоето брзо ќе научи. Кај мене за месец дена ја најчија и со вилушка и со лажица да јаде. Не се грижи природен процес е и под надзор. Јадеше сама со раце на 13 месеци кога ја пратив ама они ја остручија скроз. Само благодарна ќе бидеш за што и да не знае одма ќе го превоспитаат
fala fri sekogas si brza i.optimisticki nastroena uste nekoj posy za Hamburg i ke ne privleces nataka.So lesno i srekno vo novoto mesto.
Немој да ми расипуваш реноме. Јас отров фрлам и сум негативна. Да може сите да дојдете најубаво, ќе си играат деца заедно
Санела и моето искуство е слично. Ние кога дојдовме тука малата веднаш почна во Кита со 12.5 месеци, скоро 13. Ја храневме ние, не јадеше сама, и јадеше блендирано. Учителките само нѐ прашаа околу хранењето и толку. Како што ја седнуваа со други деца да јаде, таа гледаше и сакаше исто како нив. И за брзо почна да сака сама да јаде. Не секогаш, ама се покажа разлика. Проблем не верувам да ти прават. Еве сега за синчето, исто се прилагодуваат. И тој не јаде скроз сам, му треба мала помош, и му треба малку да му испасираат... јаде пасирано уште од 7.5 месеци и не прави проблем. Би требало да имате Ауфнамегешпрех, и ќе си јажеш сѐ што е релевантно да го знаат. Со лесно...