K Корејска козметика. Или да се заљубиш евентуално. Дозволено ли е да се снима тука, во случајов ако некој удри некого на пример или и мене ќе ме казнат?
Пак ќерка ти пишува на форум? Шо е ова толку смајлиња? Еве, 10 страни прочитав во темата за креми, уште ништо не најдов. Ја имам од Сиберика оваа Спојлер: spojler и ништо не ми фали, ама мислам дека имам брчки. Може ботокс ми треба, да ме види некој па да ми каже
Прашања до тие што прележаа Ковид. Каде правевте тест? Денеска на дежурен ми рекоа дека мора кај матичниот. До понеделник што? Дали кога го изгубивте сетилото за вкус чувствувате дека храната е солена/блага/лута? Да појаснам. Ги имам сите симптоми за Ковид. Болки во коските, главоболка, сува кашлица.. Не чувствувам мирис. Меѓутоа еве како за пример, јадам чоколадно колаче со овошен вкус. Чувствувам дека е благо, но овошниот вкус не го чувствувам. Тоа е тоа? Контакт со никого, релација дома-продавница, како бидна ова не знам?! Нека ми е со среќа.
116117 Јави се и прашај 24/7 е достапен бројот Овој број е за ако ти се влоши состојбата ама пишува и за прашања, фахарцт... Биднало во продавница. На бројов сигурно ќе ти кажат. Можно е и да ти речат да чекаш до понеделник ама ако ти се влоши состојбата да им се јавиш. Јави се пак и на дежурен и пак прашај. Колку време имаш симптоми? Не знам некој во темава да прележа. Аха @Kaetana . И без паника и без самообвинување. Биднало. Има и тоа позитивни страни.
Baska stresovi i za deteto taman ke se navikne op pak nesto novo.Ako prodolzi ova a ke prodolzi neznam.do koga lugeto neznam.kolku psihicki ke izdrzat. I mojata psiha zamina pa eve si gledam angeboti za odmor od Lidl.
Всушност, ситуацијата ми е малку комплицирана. На 31ви декември ноќта имав суво и надразнето грло. Таа вечер почна се. По 3 дена добив сува кашлица и болки во градите. Сето ова траеше до средина на јануари. Во тој период син ми беше болен (сува кашлица, температура, дијареа) Го однесовме на лекар каде без да му направат Корона тест ја исклучија можноста дека е Корона во прашање. Рекоа обичен грип и по два дена од прегледот син ми сосема оздраве. Болен беше 10 дена. Ќерка ми и сопругот се до денеска се без симптоми. Јас во периодот додека беше болен спиев со него, нон стоп покрај него и помислив дека и мене ме фати тој обичен грип. Никогаш не ме одминува кога се разболуваат децата. Така и сега. Од средина на јануари 2-3 дена бев мнооогу подобра. Малку поткашлував ама веќе чувствував дека оздравувам. Се до овој понеделник кога повторно во текот на ноќта почнав пак да чувствувам дека грлото ми е суво и надразнето. Вторникот повторно почнав да кашлам зачестено. Она што беше поразлично од претходно беа главоболката и болки во коските. Вчера температура 37-37.2, студени дланки и стапала и истата вечер веќе не чувствував ниту мирис, ниту вкус. Ќе видиме како и што ќе биде. Благодарам за споделените информации. Утре сабајле ќе се јавам на бројот.
Мене ми личи дека од син ти си фатила, децата обично со дијареа го поминуваат. Мислам мирис и вкус на крај се губат, кај и да е ќе ти помине.
Бев во најблиската болница и ми направија тест. Додека добијам резултати да си седам дома. Ако се позитивни ќе добиеме тогаш инструкции што и како понатака. Барем се тестирав и ќе знам на што сум. Психава ми попушти. Се уништив. Не знаев дека сум толку психички слаба.
Штом ти е така психички подобро е што си се тестирала. Само ти правеше тест или сите? Кога резултати? Баш како што опиша ти прво дете болно, па ти, колешка моја исто прво дете болно, па таа и се тестираше дури кога изгуби мирис и вкус, сите тројца се тестираа и таа и детето негативни, а маж и позитивен без никакви симптоми. Детето цело време имало мирис и вкус и мислеле и дете и таа обичен грип ама штом мажот позитивен мислам дека и тие имале корона и дека детето од школо ја донело на пример. Не мисли на ковидот. Читај убави работи. Нема да си помогнеш ако си психички слаба. Биди силна. По се што пиша изгледа како да сте го поминале или како ич да не сте го имале. Не ни пробувај да читаш по темите за корона на фемина или било каде на интернет, телевизија, радио. Катанчињата стигнаа битно?
Само јас. Ако добијам позитивен тест ќе ми кажат дали треба и останатите членови на семејството да се тестираат. Се ќе ми објаснат во случај да сум позитивна. Добив лист со бројче. Можам сама да проверувам дали се резултатите готови. Обично за ден-два се добиваат, но може и порано. За читање се изначитав што се не. Веќе ништо не читам зошто од толку мислење и читање ноќе сон не ме фаќа. Што е, тоа е. Катанчињата стигнаа, таа грижа ја тргнав од глава. Уште оваа да ја тргнам и раат. До кога ќе сум раат ќе видиме. Фала ти многу за советите, за споделените информации, за се...
Јас колку што знам до 14 фев. ќе остане сѐ затворено... Без многу грижи. Ќе видиш што ќе ти каже тестот. Инаку требало веднаш да си побарате тест за детето, затоа што децата ретко покажуваат симптоми со губење на вкус и мирис. Пример двајцава кај мене имаа само ден - два температура, и толку. А беа позитивни и после завршување на карантин и откако беа над 14 дена здрави. Ако си ти позитивна, ти ќе си во карантин, убаво е да се тестираат и другите, оти по автоматизам ќе ги стават во карантин како луѓе кои имале контакт, од прв степен, и голема е веројатноста да бидат долго, т.е да ги држат околу 14 дена откако тебе ќе ти заврши карантинот. Нејсе. Може се сменило нешто во меѓувреме. Инаку вкус изгубив комплетно, буквално знаев што јадам само од сеќавање и од текстура... И тоа почнува полека, не нагло, ама на крај џвакаш само, без никаков вкус. Како и да е, чекај резултати, не се опседнувај, со лесно нека е што и да е. @FreeMind и јас почнувам да се нервирам. Нешто зборував за на работа враќање. Не знам како. Начув дека немаат многу работа, па кој знае и дали ќе сакаат да ме вратат сега на сред глуповштини. Уште па да ми дадат потврда за нотбетројунг. Тешко. Со двајцава дома, хоум офис ни под разно не би се согласила. Многу ќе ми е неизвесно и тоа многу набрзо...
Еве сега разговараме како јас би се вратила на работа. Стасавме до заклучок дека јас млжам само трета смена да работам за доброто на семејството. Бидејќи работам во логистика прекуокеанските земји се во трета смена мене како сектор ми одговара совршено. Но никад не сум работела. Ама еве со коронава ќе ме натераат да пробам како е. Морам јас детето да си го носам и земам од градинка. Нема кој друг. Мм заминува во 6.30 од дома си иде околу 18. Баби не ни дозволуваат да викнеме. А јас сакам да се вратам во канцеларија под било кои околности, одма. Плус Ози можам само јас да го чувам што значи идеално би било ова.
Или да си ја уредиш канцеларијата со делови од игрална па со дете да работиш (пауза да правиш кога ќе го носиш/ земаш од градинка), ако е мирно. И кучето евентуално. Да се чувствуваш како дома.
Од утре со какви маски смее? Дали мора од утре или нареднава недела ќе биде пробна, односно ќе се простува ако немаш соодветна? Дали имате порачувано од wayfair?
Мајки, предпоставувам дека во Германија редоследот за вакцини е како Австрија, па сакам да ве прашам дали им ставивте ММР вакцина прва на 10 месеци, втора доза на 13м? На 10 малава ја прими, сега треба втора ама ми е прпа пошо во Мк докторла ми рече мнооогу било рано, како така на 10 и на 13 месеци таква вакцина.. таму ределе на 12 месеци прва доза и 6 години втора доза. Кој знае каква е разликата во вакцините ако е така ама ептен ми е фуфка. Мојт да се одложит за покасно? За првата доза ми рекоа ако не и стам на 10, нема ич да и ја стават. На тие дечиња што сте им стаиле, како поминавте?
Штом немала реакција од првата доза тогаш слободно можеш и втората. Ние се преселивме Германија кога имаше една година дете и првата доза ја ставивме кога имаше 2 години отприлика, сега е скоро 4 години и се уште ја нема примени втората доза. Инаку рекоа исто после 2-3 месеци од првата доза треба втората ама после првата во наредните 2-3 месеци стигна два пати до бронхитис и сега дека почна ова со короната страв ми е да ја стави втора доза, а мора до јули 2021 инаку не смее во градинка да оди така е по ново во Германија ама се надевам ќе го одложат и тоа заради короната инаку нз како би ја вакцинирала со втората доза. Можеш слободно да касниш, да кажеш отворено или не знам, јас викав ќе се јавам за термин и никогаш не се јавив. Со сила никој не може да ти вакцинирана дете. Јас ете испоплашена сум од се што прочитав и тоа почнав да читам баш кога ја прими првата доза, цел месец немав спиено од страв, еднаш ми заспа в количка во време кога не спие (реакција од вакцината поспаност нели) ама јас кога почнав да паничам и ја тресев како ненормална. На секое ги прашував тука кај педијатарот дали е добро да се стави вакцината што идеше на ред и на секое со чудење ме гледаа. Да не бев зачленета на фемина богами со сите ќе ја вакцинирав по ред на време ама тука се изначитав се и сешто и пусти страв. Инаку тука прва доза е околу 12 месеци, втора околу 14, ако грешам нека ме поправи некој. @orhideea е во Австрија па може и таа да сподели искуство.
Во Австрија не е задолжителна, само ме збуна тоа што терминот на ставање на таа вакцина е ептееен различен со во МК. Потоа ме уплаши и докторката од Мк која ми рече дека е многу мало за да ги има примено двете дози на 13 месеци. За првата прашав дали можам да ја помеснам и ми рекоа или сега ќе ја редиме или воопшто не,па затоа јас прифатив. Познавам неколку мајки кој редовно ги имаат ставано вакцините и поминале без последици ама на прашањето дали може да се одложи за понатаму не знаеа одговор. На првата доза помина малечково без никаква реакција, ни температура. Ете гледаш и во Германија биле се ставале во различен термин USER=46072]@orhideea[/USER] те молам за одговор
Да и ставивме. Првата на 12 месеци, втората на 16 месеци. Разликата меѓу двете треба да е најмалку два месеца. Со првата е околу 93% заштита, со втората преку 95%. Со нормални реакции на вакцина. Температура на седми ден и омалаксаност како и за сите досега. Во Македонија првата е од 9-15 месеци, а ревакцината до 6 години. До. Не на шест. Тоа зависи од препораките на производителот од кој набавуваат, потоа од здраствените комисии на земјите, од степенот на зараза и степен на појава според возраст и така натаму. Секоја земја си има свои критериуми за вакцинален план. Ако живееш во Австрија треба да почитуваш австриски препораки. Оние од Македонија не се однесуваат на твоето дете. Исто ако детето живее во Африка или Америка таму си има други болести и план на вакцинација нели. Мислам дека е крајно време да се прекине со баба рога политики околу ммр и аутизам. Ммр е задолжителна за градинка во Германија. Се вакцинираат сите оние кои сакаат да идат градинка освен дечињата кои по некаков основ се ослободени од вакцинација.
Докторката очигледно не прошетала подалеку од Мк. Ја сакав да додадам (напоменам) дека моето одеше во градинка па може затоа така се поклопило, ослабен имунитет во комбинација со сите вируси и бактерии од градинка. Јас па не ја споредувам со аутизам, појма немам со што, имам заборавено, само стравот ми е останат.