Само што ја прими синчето пред недела и пол (претходната среда). Во Германија е некаде од 11/14 месеци првата доза, и после тоа следува повторно хекса, и после следува ревакцина. Значи минимум би било ако ја прими ММР на 11 месеци, на 12 некаде да е хекса, и на 13 некаде да е после ревакцина. Ние на 11 одевме за Македонија, па решив дека не сакам да се замарам со вакцина и реакции додека сме таму, и се договоривме со докторот да ја прими после. Кога дојдовме се заразивме со корона, па повторно одложив. И затоа ја прими речиси на 16 месеци првата доза. Реакции нема некои поголеми, освен мала фрка со столицата деновиве, не е пролив, ама некои од столиците знаат да му се потечни некако... Ќерката кога дојдовме беше 1 година, и почна во градинка, па почнаа саги со разболување, и ММР ја прими тек на 2 години. Ова зборувам за првата доза. Ревакцините секогаш ги примале непосредно по првата вакцина.
Јас син ми не го вакцинирам со ММР. Инаку мене матичната ми рече на 12 м прва доза и по 6 м втора односно на 18 месеци. И сите вакцини така ги става матичната на 6 м.
Пред една недела имавме термин за U5 на 11 месеци и сакаа да и ја стабат ммр ама не дадов оти ги нема примено првите. Се развлечев јас со вакцините. Дури нервоза ме фајќа, голема грешка беше шо ги откажував вакцините од страв и шо читав секакви работи по интермет.Првите не и се примени редовно. Страв у коски од вакцини, сега уште поголем страв од тоа оти нередовно се примени па дали ќе има доволно растојание. Требаше да прими 6fach i pnemokkoken заедно, јас и ги поделив од страв за несакани реакции. Па така: На 2 и 4 месеци ги прими прва и втора доза 6фах, а на 3м прва доза пнеумокока. У меѓу време беше болна па за мк идевме и не сакав со вакцини да се расправам на одмор, па пак болна и се одложував. Ако ги поделиме вакцините рече од иста вакцина мора да има 4 недели растојание, а од различни вакцини 2недели. Ја вакцинираме по шема 2+1 Е сега на ред е втора доза пнеумокока. Нормално треба меѓу втора и трета доза од двете вакцими да има 6 месеци растојание, а она ќе има од прва и втора доза пнеумокока 6 месеци. Веќе од втора и трета доза 6фах ќе има 6 месњца. На телефонот се побрка таа за вакцините за бебето оти се нередовни и побркани, па кога ќе дојдеме на терминот ќе видиме што ќе вакцинираме дали пнеумокока или 6фах. Се јавив сабајлево и за двете ќерки за термини. Големата ги има како бебе примено на 3,4,5 месеци тие 6 фах, ама ја немаше примено ммр. Дури лани ја прими оти тргна у школо и сеа имаме термин у фебруар да ја прими втора доза ммр. Помеѓу прва и втора доза ммр ќе има растојание од 3 месеца. Па потоа ќе прими освежување на 3фах таа шо е со тетанус.
До сега ние не сме имале никакви реакции т.е на ммр прва доза апсолутно ништо, на 6товалетната само поспаност.
Никакви сме немале и ние, ни со големата ни со маленката. Ама пусти страв и малку човечка глупост прават проблеми. Да вакцинирав на време ќе ги заборавев вакцините веќе
Иста вакцина на 6 месеци става односно ревакцина. А растојание од една до друга вакцина на 2 недели ми правеше термини. Ама јас секогаш го носев по 4 недели. Син ми нема 3 та доза од 2 вакцини примено, не ми текнува на името сега и ММР ја нема примено.
Девојки здраво. Јас сум условно нова на форумот. За додуша ве следам откако сум дојдена во Германија (201 , ама никогаш не сум зела активно учество во некоја дискусија. Сте ми помогнале без да знаете Можам да ви помогнам единствено со совети за забите Како и повеќето туку, и мене најголем проблем во моментов ми се школите и градинките. Се надевам дека ова лудило за брзо ќе заврши. Поздрав од БВ
Jas redovno vakciniram po karton prva doza ja primi pred 1 rodenden vtorata ke ja primi 8 nedeli posle toa. Znaci kako sto Free rece gore prosto e nevozmozno da se organiziraat dvajcata so rabota vo ova sajze vreme. Znaci jas veke vrijam , ponedelnik bevme na konecen razgovor potpisuvanja i dogovaranje ya od 1 da pocne maliot na priviknuvanje. Deneska mi se javuvaat i mi baraat raspored od rabota za da vidat koi denovi rabotam a koi ne pa vo tie denovi koga sum slobodna doma da bil. Znaci da skapam kako magare na rabota, da platam 500 evra i 2 dena da odi 2 dena da ne ziti priviknuvanjeto. I kraj kraeva kako ne mi go kazaa toa uste od ponedelnik koga bev tamu tuku deneska preku telefon.Abe utre ima pepel da se napravam tamu. Ne malku nervite skroz ke se poremetam.
Од работа не може да ти напишат неточен распоред? Ако си шефица би требало пет дена во неделата да си на работа. Друго, ако оди два и пол дена, ти ќе платиш 500 евра ама на крај ќе ти вратат 250. Кај нас до сега е се фер. Најдобро е да ти измислат распоред на работа, да ги замолиш или не знам зависи во каков однос си со тој што го планира распоредот, никој нема ни да проба да провери. Не знам зошто се нервирате. Јас за ништо не се нервирам. И претходниот локдаун исто беше, даваш распоред од работа на двајцата родители. Ќе помине и ова еден ден. @Jagoda123 Планираш да не известиш резултатот каков беше?
И кај мене ситуацијата е слична. Помалиот син требаше лани во Март да почне со градинка, ама како се се затвори и неговиот почеток се одложи. Јас за да работам, морав да положам C1 стручен, и следствено не ми следуваше Betreuung. Мојот испит се одлагаше до бесконечност, до Јануари годинава, ама иако сега можам да работам, пак не ми следува Betreuung бидејќи не можам да приложам потврда од Arbeitgeber. А таму кај што бев на разговор не можам да им одговорам кога би почнала, бидејќи не знам колку време ќе трае навикнувањето. И шах- мат позиција
Кај мене сите три одат, цел ден, никој не ме прашал дали двајцата работиме или да бара некакви документи.
Не знам дали тоа се должи на покраината или самостојна одлука на градинката (општината). Како и да е, сега за сега кај нас е така. Ама утре повторно планирам да разговарам со директорката, па ќе видам што ќе биде. Искрено, преку глава ми е од дома седење. Сакам да работам
Од 30 деца во цела градинка одат 10. Не знам зошто другиве не идат, не исполниле услови или своја желба...мене важно не ми бараат за сега ништо.
Во баерн (не знам дали во сите градинки) ама колешка истото ми го кажа И одат децата во градинка, ништо не и побарале И овде ни бараа распоред како работиме, баш без везе ми е тоа
Исто, во Баерн сум. Туку дете е предшколска, ништо не фнкционира за со школиве. Еден месец досаѓам за термин каде е на листа за чекање, да знам дали има шанси за во таа школа, никаде ги нема. На листа за чекање е за пак во предшколска паралелка во таа школа и за прво, да знам дали има шанси за место и каде. Местово на Ели би го чувале ако речам ќе остане, ама и за него има веќе деца кои се на листа за чекање, чекаат ние да дознаеме нешто, дали ќе смени, за да им кажат на тие родители. Белким нема до април да чекаат до последен момент.
Општ хаос е секаде со школи и градинки. Редот се изгуби со коронава. Не знаеш што да преземеш оти не знаеш следно што ќе одлучиш. И ние мајките слободно ќе кажам сме буквално бо шах мат позиција. Ова дури не е ни хумано што ни се дешава точно година дена. @SanelaS на мојата исто не и следи нотбетројунг, но нема закон пред лута мајка би рекла. Стварно е ситуацијава да искочиш од кожа со терминиве. Појави се и дигни се у вис. Веднаш ќе најдат решение. Додека си хофлих ќе те шуткаат лево десно. Не можеш ни да аплицираш за работа од проста причина што не ни знаеш ова како ќе биде следни три недели. Засега најавите се дека ќе ги отворат. Ама пак нема никаде најава дали цело работно време или пак макс осум саати? Оти како би аплицирал полно работно време кога е невозможно да стасаш да ја однесиш и земеш? Под итно мора да ни дадат насоки. Од она што го гледам вријат начисто родителите. На форуми е лудница. Ама пак од друга страна има многу и од оние кои “се снашле”, “зошто сме ги правеле”, “не сме ние приоритет”! Наши пријатели овде детето го даваат кај другари од кита и така три фамилии вртат на секој ден како мини кита три деца. Им велам ако ми дадат уште две да чувам осум саати се тоа ќе лета низ кров. Многу трпеливи луѓе постојат. Дали оти јас идам од Баден каде мајка ни ебаа (со извинење) од Март месец де градинка затворена, де карантин, де учителката у карантин, мажот и имал корона, детето и е у карантин..па јас изгубив секакво трпение за ова овде не знам. Знам само дека детево го земам во 12 секој ден и тоа ќе трае уште две недели. Ако не се смени нешто идам на протести налик оние кај комшиите во Холандија. Роденден и е во недела. Зборев денес ради короната нели забрането им е од дома спремано да земаат (плус зошто сум лута, а си спремив за детето да си прослави роденден со дечиња). Само овошје велат. Може ли да понудам утре појадокот да го однесам за сите у понеделник (оти они готват појадок)? Или е непристоен предлог? Нека има барем роденденски појадок. И купив реквизити, банер и балони. Знам капи им ставаат на глава како да означат чив ден е, ама за оваа градинка не знам дали имаат таква традиција. Имам и капа дома ќе прашам дали може да ја однесам и да сликаат де. И може ли пластичен прибор да однесам во склоп со роденденот? @danichap ти имаш многу родендени во градинка, хелп!
Јас ова однесов вчера. И по една кеса со ситнурии(на стори ставив, ако виде) пластичен прибор не сум носела, само чиничиња хартиени со шара некоја.
Можеш се што сакаш. Замотај се во нешто и пиши дека уште од 14.1.2021 ти е замотано како во карантин да е и во градинка нека отпакуваат се и нека декорираат. За појадокот смее без корона ама со коронава е различно во секоја градинка. Кај нас смее за роденден.
Имам хартиени ќе спакувам. Не ми дозволуваат торта прашав денес. Шугар фри. Она мафини ти се на првиот спрат? Ништо од дома спремано не смее во време на корона овде. Плус без благо. Ама јас као права балканка односно копито има све тоа фино да спакувам шугар фри со реквизити у една корпа и да однесам без корона. Па нека поделат после короната.