Не ми се верува дека конечно ми тргнаа работите. Само што ми се јави директорката на градинката и синко почнува од понеделник во градинка. Можеби требаше порано да стан член од форумов. И работата за која пишав меил во петокот ( самоиницијативно), ми се јави ја вчера за разговор. Уште тоа да успее и можам да се издишам.
i kaj nas e isto od 0 do 3.godini ponedelnik petok musli ovesni snegulki so.jogurt i mleko, drugite denovi puter namaz sirenje kaskaval i vo eden den imaat nekoj marmalad sekoe utro ovosje i zelencuk.Za rucek riba meso oriz kompir spanak supi salati voglavnom toa i za deserti pak ovosje i zelencuk. Ve sledam i jas samo se nema da vi pisam mi vrie glava so adaptacijata neznam koj se prilagoduva jas ili deteto.
Го преживеавме првиот ден во градинка Требаше 1 саат, ама останавме саат и пол, бидејќи синко се заигра. Во петок се договоривме да го оставам некое време сам, ама ќе видиме како ќе оди наредниве денови. Не можам да ви опишам што ќе ми значи ако малово оди редовно во градинка. Мислам дека косата од ова дете ми обеле. Додуша не мислам, навистина ми обеле Нејсе, како и да е, се надевам дека ова денес не беше само почетничка среќа Убав ден на сите.
Извинете вака што ви улетувам, мајка сум, ама не во Германија Верувам, ќе ми помогнете... Како праќате пратки/пакети накај Македонија? ДХЛ и слични канали, занемарете. Некои комбиња нешто такво ме интересира, постои ли? Сигурно имате некоја разработена, проверена шема Нормално, да се плати услугата, сигурно имаат некоја тарифа. Кратко и јасно, станува збор за пратка облека.
Пет месеци постаро од моето. Моето имаше еден месец пауза поради преселба. Еден ден беше еден саат и потоа тантруми на земање. Трет ден ја оставив до преспивање и понатаму со спиење. Возраста им вели подобро во градинка него во досадната дома. Можеби е моето само такво кое не сака да си иде дома. Но верувам дека дете на 2,5 години радо би си играло со другарчиња него со мајка му. Така да не се секирај детето ќе се прилагоди. Овие ми донесоа од Мкд два куфера. Брзо, едноставно и до врата. Морам да ги пофалам Роман Прилеп мислам се викаа. Бројот запиши го и јави му или на вибер. Се надевам во голем град ти е пратката и не е е негде Дрезден да речеме.
Ах таму сигурно минат. Пиши им. За два големи куфери со тежина околу 15кг ми земаа 70 евра. Да знаеш како да преговараш. На старт им е цена 50 евра куфер така да ако е мало нешто имај си основа за договарање.
Постариот син кога дојдовме имаше 4 год и од првиот ден остана сам во градинка, на негово инсистирање. А не знаеше ни еден збор на германски. И до последниот ден обожаваше да оди во градинка и сега во школо. Ама овој малиов ѓавол, не знам. Тантрум не знаев што е додека не се роди мали. Инат во килограми. Јас сум на мислење секогаш дека на децата им е место во градинка. Времето со врсници е незаменливо во развојот на едно дете. Се надевам дека моево нема да е исклучок
И моето е инат и плачко ние 5 дена со мое присуство веќе сме во градинка. Од утре ќе треба да остане и малку сам има период на адаптација од 4 до 6 недели се надевам дека тој ќе се прилагоди а јас нема да се шекнам. Како е кај вас шемата на прилагодба , гледам еднава моја воспитачка сака на долго да се адаптира кога ќе бил целосно смирен и да не плачел.А моево нема шанси таков ден да помине, имало немало причина се корне од плачње.
Фала ти за менито, уште да разбирав дојчланд и супер ќе беше Ама, еве ќе ти верувам дека менито ви е супер. Според она што @Kaetana го пиша, отприлика сфатив. Кај ќерка ми не беше многу поразлично, освен бел леб што им даваа и житни плочки и тортички како ужина, ама нејсе... Не ми беше работава да се карам, само чудно ми беше твоето тврдење шугар фри, здрава храна, итн... Тестенини, леб (па макар и црн), овесни снегулки итн. не се баш здрава храна, а и не се без шеќери Позз
Па како за моево да си пишала. И кај нас време на прилагодување е индивидуално, ама јас им кажав дека од 1 Март почнувам на работа и тоа е тоа Искрено, ептен сум скептик , ама си велам дека ќе успееме. Со лесно и вам.
Таман работа ќерка ти да имала во Карпош поинакво мени. Јас не се ни сомневам во тоа. Гледаш не знаев дека овесните и полнозрнестиот леб не спаѓаат во здрава храна. Веројатно во Карпош затоа не се на мени.
Браво за Карпош, нашта градинка не е толку по здрава исхрана како КарпошА овесните снегулки и те како намалуваат шеќер и се препорачуваат за дијабетичари. Менито кај мојта е германска кујна, колбаси,компири,риба , тестенини, зелка итн. Доручек мусли,корнфлекс,путер,мармаладче итн.Десерт е овошје или некој колач со помалку шеќер и лебот е црн леб. Исто кажаа воспитувачките им даваме по 1-2 гумено бонбончеНормално и често има нешто блачко поклонче за дома Кој да знае дека постојат вакви шугрфри градинки може и ќе сум тражила,ама повеќе сум за валд градинка.Ама кај нас најблиската е на 15 км.Па така ај здравје во друг живот