За да се примети разлика треба различно да правиш. Ние имаме просторија за сушење па ако пробам надвор ќе приметам разлика. Ако ги сушиш цело време надвор не можеш да приметиш разлика. Значи не дека надвор кога се сушат се меки туку во затворено кога се сушат тврди.
Имам искуство и со сушење во просторија за сушење во зградата но исти се и тогаш и сега . Така да изум нов не е .
Не е нов, пишува стар изум дека е дека така бабите переле теписи ама јас прв пат слушам такво нешто и интересно ми беше.
Денес успешно 1 саат сам во градинка. Без плачење и без цуцла. Да видиме што ќе ни донесе утрешниот ден Обично поголемиот дел од денот се нешто штрајкува и плаче, а еве денес уште се нема расплакано Да не ми го смениле детето Имајте убав ден и да се радуваме на отворањето на школите Бар јас сум пресреќна.
Во која покраина си ти? Кажаа дека ќе се отвораат школите? И дали кажаа и за градинките? Уште малку и нема ни да сака дома после градинка.
Во Baden-Württemberg. Да, вчера имаше Кретчман прес. И школите и градинките од 22.02 се отвораат. Денс ги прашав во градинка, и не беа запознаени како точно понатака, ама искрено и не се замарав многу, со оглед на тоа дека малово веќе оди. Малку себично од моја страна, ама тоа е...кога мене ми требаше најмногу градинка, немаше место за него. Нејсе, битно сега тргна и првиот чекор е направен.
Здраво мајки, дали е вистина дека на аеродромот во Базел (француски дел) тие враќаат патници кои сакаат да одат во Македонија? Наводно затоа што имале германски документи . Не знам за кои германски документи мислат, дали е Aufenthalt или германски пасош? Имам резервиран лет за 26-ти и не знам што да правам
По која логика? Закон таков нема, ако враќаат од тој аеродром ќе враќаат од сите. Не сфатив ама, ако враќаат од францускиот дел ќе одиш ти секако од германскиот дел. Тоа не го сфаќам?
jas toa go procitav vo Makedonci vo Germanija vo tie grupite imase komentari za toa i bea vrateni 26 patnici so germanski dokumenti.
Здраво на сите мајки македонкии во Германија Сеуште не сум мајка, само македонка во Германија. Прашањето не ми е за тука, знам. Но, неможев да најдам друга тема. Би сакала да ве прашам дали случајно имате искуство, блиски за изработка или само монтирање на кујни во близина на Duisburg. Ви благодарам, ви посакувам убав ден.
За тука ти е прашањето, во соодветна тема е, но тука не има малку што пишуваме и изгледа никој нема во близина на тоа место или пак не познава никој за кујни. Подобро е да прашаш во фб групата Македонци во Германија или Македонки во Германија, таму поголеми се шансите да добиеш одговор. Или пиши на гугл, не мора да се наши, само знаеш дека е мн скапо. Не знам каков план си имате ама јас би те советувала од Отто со монтажа и мирна ти глава. Инаку изработка и монтажа ми се чини како еден милион да кошта.
Едно прашање, можи глупаво. Сакам да земеме папагал. Има ли овде за папагaл нешто прегледи што треба да го носиме, задилжителни или по потреба? Да се информирам сакам пред да земам.
https://papageienumschau.de/vorsorgeuntersuchung-bei-papageien/ Повели детално се опишани редовните прегледи. Исто како куче и маче и они се носат на редовни контроли кај ветеринар.