Женски да ве прашам набрзина неколку прашања: 1. Колку пари се Осанит хомеопатските гранули и дали треба рецепт за нив? 2. Какво килибарно ѓерданче користите и од каде и колку го купивте? 3. Како им го давате Д3 витаминот на малите, во вид на капки или таблети и кои? 4. Каков детергент користевте за вашите дечиња кога беа бебиња? 5. Дали сте запознаени со рачно местење на бебето во 9ти месец поради неправилна позиција на бебето, односно главата не е свртена надолу, како е процедурата и дали боли? Фала однапред на одговорите .
1. НЕ ти треба рецепт, цена 7 евра некаде точно баш не знам. 2.Не користев килибарно, купив едно ама бебе не го сакаше. 3.Како таблети нас ни ги препишуваа Zymafluor, со напомена ако сме користеле таблети со флуор да земеме после паста без флуор. 4.Персил сензитив и ден денес. 5.Сум слушнала, гледав и видеа оти јас носев така, но ваму кај мене никој не ми понуди така да кажам таква опција, претпоставувам дека оценуваат дали е можно да се изведе па тогаш применуваат, во мојот случај мораше царски.
А за што се користи калибарно ѓерданче, еншулдиген бите.? Стварно незнам, извинете ако е општа култура.
За да не ги боли кога им излегуваат забите. Некој верува во тоа некој не. Некој и без него ќе поминел лесно ама бидејќи го користел мислел дека е од него. Некој и со него тешко поминал.
Фала многу на одговорот . Баш сега сестра ми беше на вонреден преглед и ми пиша оти се завртело како што треба, фала Богу . И ние користиме исти, и' ги растворам во лажица со млеко, ама пола ја плука . Џокерче ти одговорила, демек помагаат при вадење на заби, ама нивното дејство не е докажано . Сепак не е на одмет . Кај Даничап беше при пораѓај мислам внатрешно пробале да го завртат, на сестра ми и' рекоа дека надворешно ќе пробат некако од 36та до 38ма недела, а ако не бива тогаш царски рез. Ама се завртело фала му на Господ .
Има ли вакцина за варичела во Германија и како се вика и на која возраст се става? Различна ли е од таа за морбили?
@promeneta првото не беше спуштено па за време на пораѓајот ме притискаа на стомакот, ме врзуваа со ќебиња, го вртеа и спуштаа мануелно. На крај мораа и со вакуум. Лично, за мене, хорор исксутво. Третото беше карлично и ми рекоа ако одам повторно во приватната болница ќе ме породат царски, но во државната, на уни клиник, ќе пробаат природно. Така, за третото, сменив болница и отидов на уни клиник, оти после две деца родени спонтано не сакав царски. Тогаш ми понудија да го вртат мануелно или директ карлично. Одбив вртење поради искуството со првиот пораѓај. Рекоа не е проблем. И карлично може. Отидов спремна за спонтан пораѓај со карлично бебе, ама во последен момент сменило позиција, се истегналово хоризонтала, со коленото на отворот. Ми рекоа предходно било со газето таму, можело спонтан, со колено доле не можњ. Па сепак завршив на итен царски. @orhideea има вакцина и за варичела. Мислам со ммр беше, ама не сум сигурна за точниот месец моиве ја немаат примено.
Се става заедно со таа за морбили во различна рака. Вакцината што ме извади од памет бидејќи кажав дека ммр ни е следна и таа да ја ставиме ама не знаев дека тука во исто време боцкаат и за варичела. Исто се вика, слично ја пишуваше на картонот.
Ај види како и е ознаката на картонот и пиши ми. Не мора сега може и утре. Значи во едната рака ја ставија за варичела а во другата рака ммр?
Не е доволна диплома за завршено средно или факултет од тука? Ај некоја од тие што сте таму нека одговори. Не ми има логика да треба нешто друго кога и онака работата од тука треба да се најде пред да се оди.
Не станува збор за логика, станува збор за проверка/ контрола на квалитет. Здравство е еден од најсензитивните сектори, никој никому не верува само на хартија од едикојаси земја, башка не-ЕУ земја. Е сега ако имаш германска диплома/ сертификат, значи некој веродостоен гарантира за твоите квалификации. Не го сфаќај ова лично, од искуство знам дека човек побрзо ќе најде работа со завршен 3 месечен сертифициран курс (во Австрија конкретно), отколку со нострифицирана диплома од средно од МК. Дипломите во најголем дел мора да се нострифицирани за да ти ги признае било која ЕУ држава. МК дипломата е пред-квалификациски документ, ама конкретно за медицински сестри, знам дека треба да поминат таков сертифициран курс во Германија, пред да им понудат конкретна работа.
Ок не сум информирана па затоа добро е што имаше спомнато. А каде и како се прави нострификација? Инаку ме интересира конкретно за забен техничар со завршен факултет ако случајно има некоја меѓу вас од таа струка нека ми пише.
Ознаките G1, G2... ми личат како прва доза, втора доза... Ова А засилување (трета доза) и N откако ќе заболиш вакцина. Нека ме исправи некој ако немам појма.
Малата е вакцинирана со Варичела кога имаше 2 години. Порано се прима, ама јас ја однесов на 2. Заедно се прима со ММР. Првиот пат прими одделно - во два шприца - едниот тривалентна ММР - Priorix плус уште еден шприц Varilrix - вакцини на ГлаксоСмитКлајн. На ревакцината која следуваше после 2-3 месеци (бидејќи тука до 2 и нешто години има и ревакцина) прими четиривалентна - ММР и Варичела заедно во еден шприц, исто на Глаксо, се вика Priorix Tetra.