Внук ми се караше со мене дека добивале офентхал без познавање јазик па цел речник го превртев неможејќи зборов да го најдам. Ме убедуваше дека е друг документ. Ама сепак не треба да им дадат ауфентхалт. Нека загреат столица малку. На б1 познавање, диплома.
pm-lohi.de проверено, од лично искуство. Во Минхен се наоѓаат но може по пошта да им пратите потребни документи доколку се наоѓате на друго место.
Јас би ти помогнала околу средувањето на документите, но како што знам услов за добивање на Kindergeld е барем еден од родителите да е во работен однос. Не знам во оваа ситуација како би било, ако знаат другите нека кажат.
Девојки, ми треба помош. Се работи за семејно насилство. Девојката е скоро преселена не знае германски и не знае да се снајде. Ќе може да ми дадете некој линк, од некоја служба што може да интервенира да и пратам?
https://www.hilfetelefon.de/gewalt-gegen-frauen/haeusliche-gewalt.html Ова на брзина го најдов. Нудат советување на 17 различни јазици имат опција телефон, мејл или чет. Небитно од каде пишуваш или се јавуваш, мислам дека те пренасочуваат до соодветен центар автоматски. Исто полиција може секогаш да повика. Овде се ептен ажурни кога станува збор за насилство. Полиција ќе им се нацрта пред врата за 5 мин и помалку. Едит: полиција итна служба 110. Двете служби се 24/7 достапни.
Овој е хот лајн бројот како социјална служба кај нас и веднаш ќе ги најдат каде се и ќе и понудат помош за престој и остали пакети.
Дали знаете што евентуално би се случило? Дали него би го депортирале? Таа се плаши да не ја вратат и нејзи назад оти ни во мк не и беше најсјајно, а таму е отидена преку него, тој има бугарски пасош. Благодарам.
Не верувам ако има средено документи за престој во Германија. Ако има работа, стан, плаќа даноци не верувам дека ќе добие таква казна. Најчесто за убиства ги депортираат. Ќе помине со забрана за приближување, парична казна и евентуално некоја мала затворска казна ако има добар адвокат. Но нема да смее да и се приближи зошто тоа ќе го однесе во поголем прекршок. А ако е она без документи веројатно ќе ја вратат назад после укажување на прва помош од овие агенции. Нема основ да ја заштат поинаков. Ќе бараат од матичната земја да ја преземе.
За да не ја вратат треба да е три години во Германија па да се разведе. Ако е помалку од три ќе ја вратат.
Дали постои начин да поправам телефон поефтино? Три телефони се во прашање и ми бараат 150-200 евра за еден. Ги чувам во Мк да ги поправам ама ајде да прашам можеби постои некоја поефтина опција?
Фала ви. Ништо тогаш нема ни да пријави воопшто. Од ноември е таму, со две мали деца е и сигурна работа во Германија. Нејќе никако да се враќа за мк. Тоа е...
Леле можеби има некоја алтернатива ако станува збор за насилство, а има сигурна работа и две мали деца. Ќе се обидам да пронајдам нешто на интернет. Како ќе живее така? А маж и отсекогаш бил таков или откако дошле тука? Не би требало да се осудени жените да трпат три години за да не ги вратат назад, сигурно постои некоја опција...
Ми пукна стаклото на ајфонот и ми го сменија во мкд за 100 еур. Од кога го земав се појави прво проблем на тачот за после две недели се појават две бели црти и пола екран го снема. Ете така ми го сменија стаклото. Сега треба да го дадам овде на мајстор, а самиот телефон не вреди толку ајфон х.
Сите не шокираше информацијава оти претходно не се пожалила воопшто. Ама чим рече дека таму само станало полошо значи траело и претходно. Очи ми паднаа денеска цел ден сум на моб. Ако најдеш некоја алтернатива не знаеш какво добро ќе направиш. @RainBow ако сакаш да го избришеш инфото од каде е девојката, не би сакала некој да ја препознае.
Зошто би се враќала ако има работа? Ниту ќе биде товар на државата ниту ништо Не може туку така да депортираат луѓе, нели? Јас на нејзино место би се јавила и би прашала барем некако одоколу, во смисла размислувам да се разведам, кои ми се опциите...не мора насилство да спомнува...
Имаше една емисија што гледав со Сиријака која избегала од брат и кој ја тепал.Таа на безбедно останала и нема контакт со цела фамилија.Ама не е депортирана.Па сега кажа дека е на факултет и им помага на жените кој доаѓаат во центарот. Мислам штом работи нема да ја депортират.
А кај би прашала? Во амбасада? Леле @Ava.84 ова е супер инфо. Валда може да среди папири чим работи тогаш за да остане оти преку сопругот е отидена таму.