Многу топло деновиве некоја африканска клима не слупа за мерак. Утре најтопло ќе биде. Ќе дојде и надоле
Колку е преслатка малата А ваквите досиеја се најубавото нешто што може да го имаме како спомен од градинка. Јас кога го зедов од поголемиот син, кога веќе заврши со градинка, па поштено се изнаплакав дома. Ионака многу емотивно го доживеав последниот ден во градинка.
preubavo e ova za sekogas za spomen. Imase pravo za gradinkata vo drugata tema sto mi rece tocno od zbor do zbor.
Здраво мајки Македонки и јас сум мајка на 2 годишно девојче,и се спремаме наскоро да се селиме во Германија,е сега добро би ми дошла секаква информација за почеток...почнувајки од тоа дали сопругот треба да ми испрати нешто како доказ за на аеродром дека одам кај него за соединување на семејство и дали некои други документи треба да приложам на аеродром? Би ми значел секој совет
@Bela@ До кај сте? Дали средивте за киндергелд? Многу е битно да средите документи, бидејќи по логика, ама да не ви давам лажна надеж, автоматски треба да добиете за двете деца по 300 евра за 2020 и сега во март, април или мај 150 евра по дете за 2021, бонус за короната. Тоа се вкупно 900 евра, ќе покријат кирија и сметки. И секако мт да најде работа. Само не губете надеж или да сте се откажале!
Ако знае некој 100% точно нека каже. Јас како што знам не ти треба ништо, само пасош. Ни куфер не ти треба. Можеш само на лист да имаш напишано име и презиме, адреса и телефонски број од маж ти, сродство маж, и да не кажуваш дека ќе правите спојување на семејство туку дека одиш во посета, може нема ништо лошо и да кажеш ама па зошто и да кажеш, одиш во посета и крај. Во меѓувреме заборавив корона дека има... Со вирусов треба и тест не постар од 48 или 72 часа не знам и кога ќе дојдете тука да ве пријави на адреса и во Gesundheitsamt во вашиот град. За спојување тука носи интернационални изводи од сите членови на семејството, пасоши без изминат рок, интернационална венчаница. Друго не требаше мислам, другите документи се тука од мт платни листи, договор од работа, договор за стан и слично. Е сега со коронава уствари не знам дали смееш да дојдеш и како? Не знам моментално какви се правилата ама ако не идеш месецов може ќе олабават до јуни на пример.
Мислам да си земеш мелдебештетигунг од маж ти дека е пријавен на адреса, и да ти пише плус тој писмо дека одиш кај него. Имај ги за секој случај, да не испадне нешто. @Ava.84 сега дознавам... честитки, сѐ најубаво, да сте најсреќни и највесели секогаш! Живо и здраво бебенце, да ве радува сите, особено поголемата сестричка!
Сега покрај короната ќе ви бараат каде ќе одите и кај кого, ќе морате да земеѕо со вас вечален интетнационален лист плус потврда мислам маж ти од тука да извади дека ќе одите кај него.на граница ни случајно за спојување не спомнувајте
Како сте, што правите, што има... јас да ви пишам брзински, пред да почнам турбо со обврски. Децата неделава се вратија во градинка. До неделата си кукав пак зошто да ги праќам, па колку ми е убаво со нив дома, си играме, весело ни е, се гушкаме... пак бев на ум да ги отпишам, да си ги гушкам по цели денови... сѐ додека не тргнаа и не почнав да уживам во мирот и тишината. Прво мислев дека сум луда, ама после си реков, тоа е тој мајчински живот, веројатно ти е дозволено да си по малку нетокму од време на време. Целата сум некако среќна, завршив со курсот, почнав со изработка на нешто многу интересно, уште да успеам да го реализирам како што сакам... мислам дека ќе е dream come true. На режим сум, и тоа исто ме радува, последниот месец толку се готви во куќава колку што последната пола година не се готвело... и искрено одзема од времето, и мислам како што поминува секој ден, мене времето во денот ми е сѐ помало за да ги остварам сите обврски и сите амбиции и желби што ги имам. Пример, денес си реков дека ќе наполнам када, и ќе одам да се опуштам, и за каменот во бубрег е добро... ама кога си помислив дека ќе изгубам саат време, реков, не.. батали. Кај ми се броени саатите без деца, да ги искористам до максимум. И мислам дека од што сѐ така користам до максимум, вклучувајќи ги и вечерите кога по цена на сонот правам работи за да го искористам нели времето до максимум, кај и да е ќе колабирам. Уште па да треба на работа да одам секој ден... јас не знам како да се постигне сѐ. И еве веќе имам грижа на совест што ви пишувам, наместо да правам нешто „покорисно“ па затоа се гасам и ве поздравувам. Така сум, на поминување. Фурија.
Денеска синко тотално се разочара. Трошка надеж дека се ќе почне да функционира нормално имавме минатиот викенд кога добивме известување дека од понеделник училиштата се отвараат. Цела недела одеа, иако настава имаа само 2 часа, за денеска да се вратиме дома со плачење, полн ранец книги и распоред со училишни активности за цела наредна недела. Градинките си работат и ќе работат и понатака. Ќерка ми си продолжува и наредна недела најнормално. Има ли логика ова? Недела дена во училиште, па повторно дома. Па подобро воопшто да не се вратеа. Детево е збунето и разочарано. До кога веќе? Побудале и младо и старо. Го тешам дека повеќе ќе шетаме и заедно ќе учиме ама безуспешно. Му недостасуваат училиштето и другарчињата. Му недостасува нормалниот живот. Не барам одговори во врска со целава ситуација зошто никој од нас ги нема, тука сум само да се испукам.
Денес слушнав за школите одлука ако ти е утеха после велигден ќе се врателе изборно кој сака во училница, а кој не од дома. Нив мора да ги отворат испитувањата за децата се поразителни во коронава. Министерката изјави дека и покрај огромниот процент на ширење дефинитивно психичкото здравје е побитно кај нив. За греови децата. Ние попаднавме, а не пак они.
Ве читам од некни , ама не стигнав да се вклучам во разговорот. Ова лудило не знам како, ама ако за брзо не запре, отидовме сите јабана. И вчера сабајлето пишав во школо дека ми треба Betreuung за поголемиот оти по цел ден дремам во градинка, а не може тој по цел ден во ординација кај татко му, кај влегуваат 50 луѓе дневно. Една недела ај се организиравме некако додека одеше по 2 саати во школо, ама сега пак една недела дома....мислам Искрено не очекував дека ќе го примат, ама ми се јави наставничката и кажа дека може од понеделник слободно да оди. Па кога ќе се навикне малиот, да хо одјавам. Ама јас до тогаш ќе почнам да работам, се надевам, па и ќе си остане. Имајте убав ден девојки!