Јас прво ќе се потшишам па ќе се попишам. Пробав да се попишувам денес ама ми се виде комплицирано. Не на овој линк, не на оној, таму на третиот. И баталив. Имав друга побитна работа отколку да си играм со линкови. Инаку да, треба да се попишеме штом имаме македонски пасоши. Има графа верници не ја потполнувајте ако не сте религиозни после искачаат некои бројки 99,9% религиозни македонците. А не е вистинска бројка туку ради реда потполнета - православни.
Мој човек Чекам да отидеме за Македонија и да се откажам од државјанството Таман и синко ми ќе земе германско
Да ве прашам што спремате од дома на вашите деца за во градинка? На привикнувањр сме па немам идеа што да му носам.
Со среќа сваќе, лесно да поминете Омилена играчка нека си носи, за храна кај нас се е обезбедено па немам идеја.
Додека беше фазата на привикнување не им пакував храна бидејќи кратко се задржуваа, само по час-два на почетокот. Појадуваа дома па одевме или кога ќе се вратевме дома. Тогаш кога почнаа да остануваат до крај почнав да им пакувам. Инаку, најчесто правам лудо тесто кое што може да стои по неколку дена во фрижидер па секое утро им спремам по нешто брзопотезно. Преклопени пици, фурнаринки, кифли, переци, сирењаци.. Некогаш им купувам од пекара за промена, но најчесто варијанти со лудо тесто. Обавезно со тоа домати, краставички, маслинки, нешто од овошје во другите прегради од кутивчето за храна. Се надевам помогнав. Со среќа!
Јас ја прашувам што сака. Сабајле сакаше кришки со јајца и сирење. Во градинка појадокот од кутијата со храна (јас имам кутија Мепал од Едека околу 10 евра, најзадоволна сум од неа, лесна, голема, лесно се отвора и затвора) го префрлаат самите деца во чинија, кај нас. Овошје: банана цела, јаболко на парчиња, мандарина излупена... Зеленчук имаат со ручекот па не ставам за појадок. Од пекара: брецел со или без путер, путер или лауген кроасан, ајнбак. Дома подготвено: мекица и сирење. Јогурт од малите. Кашкавал. Фб група: Ideen für Fruchstuck & Snacks - für Kindergarten, Kita oder Schule. Јас на почеток носев здрава и разновидна храна, грешката ми е што носев тоа што не јаде во обид да пројаде и да биде што поздраво и поразновидно, па почнав да носам тоа што јаде, сега носам тоа што сака.
Кај нас има храна од градинката, но сепак носи и една кутија од дома затоа што е цел ден па некогаш сака да касне нешто. Пред да видам дека имаат храна таму разгледував по групите да видам што носат отприлика децата џокерче убаво ти пиша погоре претежно доручекот се базира на многу овошје зависи нели што јаде твоето па после едно парче брејцел , кроосан, кифличка, лебче со намаз, мафини, мекица , затворена пица, па зеленчук маслинки, краставица шери домати . Јас имам кутии система и едни купив од Лидл со прегради , воглавном да не е тешка кутијата и да има повеќе прегради. Со лесно привикнувањето
И јас сакам да се попишам, ама искрено во моментов немам нерви ако е како Фри што вика од еден линк на друг. Кажете кога некоја успешно ќе помине процедура...
Еве јас да се пријавам за попишана. А од 13.03 и потшишана. Сопругот ја заврши работата, малку има некои нејаснотии, ама се завршува.
Јас малер. Кога сакав да се попишам имале технички проблем. За прв пат нели Денес влегол програмер у системот пред телевизиска екипа и им ги кажувал “дупките”. Сепак “квалитетната” државна администрација секојдневно се докажува. Од “обемната” документација за вакцинии кои не знаеле да ја потполнат, до еден попис. И така надоле до подрачни единици: Госпоѓо ви фали еден документ!
Кога сме градинките на тие што ви се децата до 4-5 во градинка , што им давате по градинка за јадење . Кај нас доручеок е во 9 , ручек 11.30 , ужина во 14.30 и носи плус кутија од дома со нешто поситно пециво и овошје и зеленчук. Во 4 и 15 сме дома , а отприлика легнува во 7 до 7 и 30 и во тој простор не сум сигурна со оброците како да организирам. Си викам штом јаде во 11.30 ручек , значи кога ќе дојде од градинка треба вечера или како вие се организирате.
Кај нас запишуваа за секое дете дали јадело ручек, па тоа гледаш, проверуваш во кутијата колку изело, го прашуваш дали е гладно. Моето во 16:30 го земав и само што ќе го земев дојадуваше тоа што останало од појадокот или купувавме успат од пекара бидејќи не одевме дома, па за вечера можеш супа или се што обично даваш за вечера. Јас се уште не можам да се вклопам во распоред во кој ручек е во 11:30. Инаку од над 3 години ручекот и е 12:30. Експериментирај и види колку ќе јаде после градинка ама со толку ран ручек според мене треба два ручека да има детето освен ако не заспива во 18 или 19 навечер.
Ужинка кај нас даваат исто накај 14.30 - 15.00 и секој пат кога ја земав во 17.00 ч. беше веќе солидно гладна. Сега се двајцата до 15.00 часот, после градинка им давам нешто да каснат, пример мафин, или едно лепче намачкано со нешто... и некаде околу 18.00 часот вечераме сите дома. Вечерата ни е секогаш баш како ручекот во Македонија што ни беше... манџа, спанаќ, нешто така... таман доаѓа тој период, бидејќи си легнуваат накај 20.30 - 21.00 ч. Така му доаѓа дека имаат две манџи малтене во денот (ручек и вечера), лепче / овошје / мусли за доручек, и две ужинки измеѓу... За денес, пример, за после градинка им правев интегрални мафини со боровинки. Вчера јадеа црно лепче со кремсир. Завчера имав меки колачиња од јаболко, цимет и банана со спелтини снегулки.
Јас во претходната градинка бев организирана на следниов начин: - појадок во 09 - во градинка - ручек во 11.30 - во градинка - ужина во 14.30 - во градинка Ја земав дома во 16 ч, вечераше во 18ч најкасно: - шпагети во бел сос, макарони потпечени, ориз со пилешко, палачинки со павлака, проја со спанаќ, рижото, пита со спанаќ и јогурт. Појадокот јас го спремав така да ги избегнував навечер истите јадења. Сега е до 12 часот. - појадок во 09 во градинка - ручек 11.30 во градинка Ја земам во 12ч во 13 ч е во кревет преспива до 14. - ужина во 14.30-15.30 најчесто ми е мафин, печени плескавици од тиквица, просо, мусли на хип различни со суви сливи, палачинка од спанаќ, итн. Има бојкот кон овошје два месеци цели никакво апсолутно овошје. Одвај чекам да ја оставам до 16ч одма ќе пројаде. Во 19ч и е вечера и давам од нашиот ручек или варијанта со јогурт. Последните две недели давам за вечера помрсна храна ради столица и се покажа успешна. За жал заспива тек у 21ч. Инаку редот е до 20ч најкасно со градинка.
Добар ден . Се селиме за Германија фамилијарно наредниот месец . Ме интересира образованието таму , што да очекуват децата , на возраст се од 17 и 12 години , дали ги враќат да повторуват една година? Како е за ужинка ? Предмети по избор ?