Мислам дека сите во групава сме доселени со мали деца па не знам дали ќе добиеш одговор. Во фб групата Македонки во Германија би добила поопширен одговор. Тоа со враќањето една година назад не ми е јасно, образованието е секако поразлично тука нели, па и да ги вратат, да не ги вратат, исто ви се фаќа. За ужинка како што е во градинките различно така и во школите би требало. Предмети по избор би требало да има барем за еден предмет, секако ќе има и главни предмети. Да очекуваат дека времето многу брзо поминува и ќе се вклопат многу брзо и еден ден ќе бидат многу благодарни што сте се преселиле тука.
Многу лоша дешавка преживеав на игралиште. Има секој ден доаѓаат братче и сестриче. Братот е околу 6 со аутизам, а малата е 2 години. Ги чува девојче и баба им. Братчето често знае да биде агресивен врз сестрата ама реагираат родители, баба, негувателката и со убаво го решаваат. Денес детето застана до група деца на велосипеди околу 10 години. Група на деца околу 5-6 гласни момчиња. Детето стоеше блиску до нив и ги гледаше. Они се завртеа во надеж да го задеваат. Штом почнаа да комуницираат со него дадилката им рече: Макси не збори. Дечките се повлекоа во истиот момент ах океј. Но изразот на нивните фаци као бегај чудак буквално ме скрши мене како посматрач. Баба му само ја наведна главата. При тоа ова беа воспитани деца кои очигледно немале многу контакти со различни од нив. И за момент си помислив во колку суров свет живееме. Неверојатно лош свет ужасен. Ние немаме ни можност да ги научиме децата да комуницираат со различни од нив, зошто немаат можност да се најдат на исто место со нив. И тогаш кога ќе се најдат ќе изреагираат као бегај чудак. Во интегративните градинки и школи листата на чекање е ужасно долга. Мал број многу заинтересирани. И ни останува така со многу зборење и објаснување да се надеваме дека нашите деца ќе бидат барем малку потолерантни и ќе знаат да се заиграат со сите различности околу нив. А да не бегаат како да се лепрозни. На сите мајки со различни деца ви се поклонувам. Од камен да си ќе пукнеш. А кој знае колку ситуации имате во едно секојдневие.
1.Ролерки од колку години? 2.Тротинет за 4 години може со едно напред тркало едно назад? 3.Ние имавме со едно напред, две назад, ама децава сите имаат две напред, едно назад? 4.Точак со педали без помошни од кога? Лауфрад знам од раѓање дека е. 5.Скејборд имате? Само ова не ми се свиѓа ама ич, но сепак да прашам. Друго немаше од превозни средства мислам.
Ролерки уште немаме земено, имаме ролшуи па убаво што ме потсети, ќе пробаме деновиве да видиме како ќе оди. Тротинет вози одамна, бидејќи беше малечка имавме тротинет со две напред едно позади. Сега веќе го вози тротинетот од татко ѝ што е за возрасни со две тркала. Точак купивме лани во јуни (значи на 5 години) и возеше ок од одма без помошни. Ама претходно има возено лауфрад, па мислам дека тоа имаше огромно влијание што имаше научено да држи рамнотежа. Деца што возат лауфрад, мислам дека многу полесно се снаоѓаат со точак без помошни. Скејтборд не. И не знам дали воопшто би земале сега... или некогаш... Фри многу ме растажи со муабетот. Не знам што да кажам. Јас на малава од многу одамна пробувам барем низ муабет да ѝ кажам дека има деца што се поразлични, и дека е тоа многу нормално. До таму имам одено да објаснувам и тоа со слики од гугл дека пример некое дете може ќе нема раче, некое дете нема да може да оди... дека има дечиња што нема да се како нејзе, но, тоа не значи дека треба да бегаме од нив. Пробував различностите да ѝ ги доловам многу поприфатливо од стилот, како што сите сме со различна висина, коса, очи, кожа, така може да сме различни и во други работи. И пример, многу често користам ситуација вакви прилики кога ќе ги прочитам да ѝ ги раскажам, и да ѝ објаснам пример од сите можни агли зошто тоа што го направиле децата не е ок. Буквално како што ти ни раскажа тука, јас ѝ раскажувам нејзе. Се надевам дека би имала некакво влијание... Искрено, имаме ние еден комшија што е во количка, и неколку пати се имам сретнато со него. Често знам да ја придржам вратата за да излезе од влез, ама пример, некако имам добиено впечаток дека не сака такви работи. Некогаш се размислувам за нашите пристапи, пример, ако сакам да му помогнам, дали тој ќе сфати дека е добронамерно, или ќе си рече, што ме мисли, дека јас не можам.. или дека ако не сум јас, што ли ќе прави тој... не знам како да објаснам. Некогаш се мислам дали третманот како да е еден од нас е подобра варијанта, или тогаш сум некултурна - пример ако не ја придржам вратата да излезе, и со тоа дадам до знаење дека не сметам дека не може... иако да се разбереме, јас би ја придржала вратата за било кој... не знам дали ме сфаќате што сакам да кажам....
За мајките што имат родено во Германија Пензискиот стаж што ве следува 3 години е по дете или бременост? Ако некој знае по што јас имам близнаци
Нејасно пишува на интернет. Ако родиш близнаци или родиш едно па додека тоа наполни три родиш и второ, пишува се продолжуваат тие три години ама не пишува ништо поточно, само се продолжувале до максимум 10 години. Ако знае некој случајно поточно ќе каже ама секако ќе добиеш повеќе од 3 години. И пишува дека треба сам да поддадеш документи за тоа. Во групите на фб некои пишуваа автоматски е, некои сам аплицираш, па може се разликува од покраина до покраина, не знам.
Искрено се надевам дека ќе можеш преку зборови да и ги доловиш различностите. Ако успееш ќе те следам. Ако не ќе се обидам да ја спојам со различни во разни ферајни овде. Тоа ми е план. Еднаш неделно штом не олабават ќе идеме да се дружиме поинаку од другите деца. Ја имам и Дани да ме советува како најдобро. Се надевам ти дека го отвори бизнисот што го планираше и оној линк кој масовно се споделува за доење на фб е твој. Ќе се израдувам да си ти и ќе ти посакам само успеси и само напред! Ова е земја на можности. Џокерче јас ја учам сега на лауфрад. Потоа тротинет и скирол. Јас многу возев скирол како дете би сакала и она да скејта. Тоа е чекор до бордање. Што за мене е доста кул да го знае како спорт покрај скијање кое е поврзано со ролери. На ролери никад не се качив исто ни на скии, ама мм ќе среди како одличен скијач. Јас нема да звучам како Трајанка ама ќе се тргнам малку од овој форум веќе не ми претставува уживање како порано. Со оние кои ги сакам веќе имам воспоставено пријателски односи, за многу од вас ќе ми биде жал што не ве запознав лично. Ама хеј ќе заврши корона и ќе се собереме сите на еден викенд. Ќе ве организирам. Барем на пијачка. Ми беше мило. Се гледаме чувајте се.
Еј дека ќе бегаш, седи тука, сега отвори градинката па ај нека шетат другачките. Па ти си тука најпозитивна кој ќе не крева морално во ова корона време. Како и да е.
Синко има тротинет Пуки со едно напред едно назад, ама не го сака- многу го изморувал. Велосипед со помошни тркала некаде од 3 и пол години, без помошни од четири. Германците одат на друга тактика. Ако детето држи баланс на лауфрад и знае да вози дреирад, тогаш купуваат директно велосипед без помошни тркала. Според зборовите на една мајка од градинката, на нејзиниот син му требало околу половина час да синхронизира се и да вози без помошни. Син ми се плашеше од гребаници и заради тоа го пуштивме во парк по трава да вози, за да падне на меко(иако не падна ниеднаш). Му требаше помош само со тргнување. Сега на пет години возат по 15км со мали паузи со нас. Околу два саати се турите. Скејборд би му купила догодина, а сака. Ролшуи не е изразил желба, ама ова лето планирам да си купам за мене ролери, за него ролшуи.
Моево од две години вози тротинет, на три купивме точак со помошни, на три и пол ги извадивме помошните, па сега на четири би сакала ролшуе да купиме ама лидл броевите беа над 29, а моево носи 26 па викам да се преиспитам прво. Тротинетот ни е со едно назад, две напред, па ај сега ќе купам со обратно. Знам секое дете различно ама деца од 3 години возат точак без помошни по улица како големи, застануваат на семафор и се тоа па си викам колку сме наназад. Ролшуе гледам возат со кацига, и заштита на лакти и колена. Тротинет кажав најчесто гледам со две напред, едно назад. Лауфрад мислев дека е до две години не знам од каде тоа па се префрлаат на точак со помошни, сега можеби би зела и тоа бидејќи гледам некои и на 5 возат лауфрад ама како ептен тешко ми изгледа лауфрад, како да е полесно точак без помошни. Сепак фала ви на одговорите ми помогнавте да знам отприлика што како. Јас само точак имав на 16 години ми купија па децава ги гледам ко чудо, се знаат да возат и возат. @FreeMind Те разбирам потполно. Паметниот секогаш ја напушта групата на оние другите бидејќи тие секако нема никогаш да сфатат. Ама од овде не смееш да исчезнуваш богами. Кој ќе не теши на четвртиот локдаун?
@gjoker4e Мразам драми ниту ме трогнале збогувања од форуми. Еден оди друг иде. Се е минливо. Така и на форум. Јас би била среќна да има повеќе дискусии како со @An-na иако не се согласуваме сепак достоинствено до крај се држи. Сум немала замерка и баш секогам ми будела насмевка нејзиниот цитат. Ќе ми фалиш анче. Се уклучив да научам многу работи за бременост, породување и доење. Благодарна сум за тоа. Ама веќе долго време не учам. Само губам време во глупи дискусии кои немаат врска со развој. Така да време ми е да најдам нешто покорисно за мене. И да не паламудам бадијала идат нови клинци кои ќе донесат свежина. Стара сум за одново да се докажувам по форуми. Желба нула Ќе ве најдам преку дани сите до една. Ич да не се секираш ќе пиеме две л вино )
Не знам дали имаш фб или те препознав? Ама мора да си ти таа. Само во вакви алармантни случаи се зачленува нормален човек во вакви групи.
Подруго е вака. Шала на страна, дај си време за себе и Емили и навикнувањето на нова средина Многу ти дојде се наеднаш.
@FreeMind искрено кога те читав на форумот, а не бев член, му викав на мм има една девојка, Ти во женска варијанта. Можеби и затоа некако ептен ми доаѓаа нормални и реални коментари од твоја страна. И плус колку што сфатив од каде си, комшии сте со мм во хајматланд. Како и да е, уживај што и да правиш и како ти е ќеф така да правиш. Ај добра ти ноќ.