Мојот уште не е почнат во градинка ама ми рекоа дека тие дружби како елтернкафе се на пауза заради короната. Баш ме изненади дека кај вас се одржуваат зошто нели што помалце собирање или онлајн е ? Инаку во предходното место каде што живеев имаше елтернкафе секоја среда во општината и не беше поврзано со градинка можеше да оди кој сака ама јас не сум многу друштвена па не отидов никогаш .
Ние имаме Елтернабенд, не знам дали е тоа истото. Со ќерката на почетокот не учествувавме на ниту еден таков собир, бидејќи не ни знаевме тогаш германски, и немаше поента.. ама октако е префрлена во градинката за поголеми, одевме... ама ова е ваљда нешто сосем друго што прашуваш... кај поголемата ни држат презентации што прават и такви глупости, а кај малиот сега (т.е. бившата градинка на ќерката) си имаме различни теми, и се повеќе такви како информативни т.е. генерални дружби. Не се конкретно за градинката, туку така.. како повеќе едукативни. А елтернкафе би сакала да има, ако е замислата дружба за родителите. Единствено нешто што имаме се вацап групи, па таму може нешто да се размени некој збор.
@Chantal Овој пат ќе биде онлајн преку зум ама јас си размислувам за пак кога ќе биде во живо. @Kaetana има и Елтернабенд ама тоа е поретко и без деца е. И елтернкафе не смее со деца. На вацап исто ме нема, секој доброволно требаше да остави број за контакт помеѓу сите ама не оставив.
Кај нас имаше редовно Елтерн Кафе. Се договаравме однапред кој што да носи јадење, турчинките носеа баклава, другите торти, мафини и сл. ОД градинката вода/чај/кафе. Интересно беше, се запознававме подобро. Имавме и како пикници во природа на ист принцип. Сега со коронава се се откажа.
Nema kaj nas nesto takvo.Imame whats up grupa sto skoro i da ne e aktivna.Od vcera se aktivira posaroci da im se kupuva na vospitackite no samo 3 majki pisuvaat.Opsto komunikacijata ni e 0.
Досадно ми е па да му ставам капаче и на ова лонче. Кому текна таква идеја? Секој посебно нека си купи ако сака, не се членовите ученици во школо па ќе собирате по пет евра. Осми март и онака помина. Не им требаат подароци, може и забрането е подароци поради вирусот.
Na edna od majkite sto e vo nekakov sovet na roditeli.Pricinata e za da se zablagodarat za rabotata vo uslovi na pandemija i edna e bolna veke dolgo vremw neznam sto pa predlozi sto so nea ( predglog online site da sme se vklucele da ja pozdravime.) Pisuvaat na siroko 3 od niv nemoxam da gi docitam.
Пиши им од мене воспитувачките да се организираат нас подароци да ни купат што работиме во време на пандемија не знаејќи секое утро кое време ќе затвори градинката тој ден.
@Ava.84 со лесно и да бидете добри што поскоро. Другите чувајте се. Да прашам дали знаете дали смее holzgril на балкон да имам или само на гас или електрична? Нешто овој мм тврди не смее на јаглен- дрва на балкон.
Мм истото го тврдеше ,ама имам комшии редовно си прават скара на јаглен,германци се, никој ништо не им вика.Добро ние сме дива лига за се нема ред .Што рече некој еднаш, Берлин не е Германија.
И кај нас тие на приземје редовно прават на јаглен ама во дворот не на балконот па незнам дали има разлика. Јас сакам на јаглен да земеме си викам не сме ни некој што гриламе нонстоп па по цел ден на балкон со гости ќе палиме за нас пример еднаш месечно топлите месеци ама незнам дали ми се ризикува.
На интернет стои дека е дозволено да, ама дали во изнајмен стан е дозволено треба да видиш во договорот.Сега вие имавте ваш стан мислам не би требало да е проблем-законски.Сега ако се жалат комшиите ќе мора да не правете.
Јас како единствен проблем од скарата, без разлика каква е, е тоа што ако некој суши алишта на соседните тераси ќе му замирисаат. Посебно на ладново, кај чекал со денови да му се исушат па уште и на скара да му мирисаат и да мора да ги препере. Уствари не сум ни сигурна дали иде мирисот до алиштата ама мислам дека да. Ние не сушиме алишта на тераса па не знам ама некои сушат, а некои скара прават. Во нашава зграда прават и на струја и на јаглен и до сега нема дојдено полиција, ниту газдарицата има залепено известување како што имаше за тоа дека нашла крпа по скали и да се запази на чистота по скали.
Имам голем проблем Денес бевме со мм на редовна контрола на забар на 6 месеци нели и да направиме нов термин за нови пломби фактички ми викаат на шалтер не може. А го прашавме прво главниот и вика може и ни објасни дека тие од Аок се бесплатни ама не се квалитетни, квалитетни дека се 60-70 евра и одиме на шалтер вика не може, викам зошто не може забарот рече да направиме термин, и вика ај ќе го прашам јас и вика направил се што требало сега (детално да ви кажам ај на мм чистење на забен камен, мене баш пред термин заб ми се скрши од лешник и ми го потполни) и вика не може, прашувам зошто одговорот е затоа сега се направил што требало, викам ама имаме уште заби за поправање...не. Значи сакаме нови пломби уствари нека се тие од 60-70 евра. Дали имате идеја која е причината? Нешто со АОК? Го штедат? Само на 6 месеци ли ме следува по една пломба на пример (или ич не не следува) и по потреба вадење и поправка на заб. До сега сум била за вадење на заб, пломбирање и умртвување на нерв (кога ме болеа) и за тоа не правеа никаков проблем. Сега треба и ние Мк на забар да одиме Не сфаќам. До сега се беше ок и не би сакала да го менувам, еднаш веќе менував забар, ама не знам што стои позади ова? @danichap Колку кошта твоето приватно забно осигурување и дали е за обични смртници? Колку е пломба отприлика? Еднаш се јавивна приватен забар ми рекоа 600-700 евра за поправка на заб ама дали е тоа цена без осигурување или и со осигурување е толку?
Околу 35еу месечно од човек, знам мм неколку евра плус плаќаше, ваљда според возраст оти е од мене постар па им влијае. За другото точно е дека бесплатните се лоши, и нашиот заболекар истото ни го советуваше. Ама школски му е на мм, па на рака му плаќав, да и германијава имало вакви работи. Иако не се сеќавам на точната цела, знам беше скоро упола од таа редовната кога вака му плаќавме за поквалитетните пломби. Поради пријателскиот однос никогаш немавме проблем ниту за термин или слично... Ова беше пред да го склучам приватново, сега си стои во документите што се е опфатено во него. Супер е понудава, јас сум задоволна.
Може нема врска ама нас ни рекоа ради корона, наместо 2 пати годишно, еднаш годишно ќе биле превентивните прегледи Онлајн забар да се измисли за апликација Поправи сам, со тоа што имаш по дома...
Јас плаќам 16,64 евра како дополнително осигурување zahnzusatzversiherung. Мислам различно е од приватно ама ако е и тоа според возраст пак ќе е околу 25 евра за мене. И колку пари е квалитетна пломба? Или за приватен забар да не треба најпрво приватно здравствено осигурување? Абе како не знам што да барам. Дали да одам до АОК да се консултирам? Друга идеја немам, причина непозната останува. @Biljarkata Октомври- ноември бев (секој втор ден на забар) па сега.
Може ради короната е нешто.Инаку и јас одев на недела две пред короната за пломби.Мм имаше приватно здраство пред 5-6 год и плати една пломба околу 200евра.