Стварно кај педијатрите дупнуваат уши? Само што прочитав во фб групата. Ќе се јавам ќе прашам ама да не ми се чудат... ама ако е вистина можеби подобро на педијатар отколку во златара...
+4972154123694 +49899035068 Последниве денови фрка. Броевите кои ви ги запишав кога вие ѕвонете ќе ви исклучуваат, а кога ќе ви се јават од овие броеви ви ги откриваат вашите податоци од банка и ко некоја реклама жени јадат лајна за некоја наградна игра Спиздав од нервози ко ми стигна порака од банката дека во наредните 5 дена ќе бидат повчелени пари од мојата сметка 3000 евра од непознато конто што прв пат го гледам. Вријам. Блокирав и сметка и се у пичку матер. Отворив нова сметка , сите пари се префрлени на новата сметка, па ќе чекам картичка да ми стигне. Имам спуштено програма за снимање телефонски разговор на мобилниот и сите разговори ми се зачувани, тоа ми беше совет од татко ми пошто пензиониран инспектор , па сум метната на него и се е пријавено во полиција. Ебати мафијата , којзнае шо се дешава. Само тоа да пишам да внимавате.
Мене истото ми се случи, лани ми се јави добитник сте на некоја наградна игра, сите податоци ми ги каже и нешто 70-80евра ќе ми зеле.Среќа не ми зедоа.Тие се истите ,ама полицијата никако да ги фати за жал. Од тогаш не дигам на не познат број.
Ехее колку време веќе замараат и кружат вакви слични броеви во почетокот незнаев и кревав ама никогаш не одговорив со да или некој потврден одговор за да не намонтираат нешто после. Сега почнаа да праќаат и по вибер и вацап пораки. Внимавајте и дирекно блокирање на непознат број. Сликава горе се само дел на блокирани такви броеви
Да не пишувам по другите теми ми треба совети од мајки со искуство во Германија, што давате за имунитет кај деца што ви се покажало ептен добро ( овошје и такви работи јаде во изобилие) и за течење на нос што ви се покажало ептен добро. Моето откако тргна во градинка како и сите други де болно де носот му тече користам гранули, проспан кога кашла, ама би било добро ако имате време да споделите ваше искуство. Повеќе ми треба искуство од некој што веќе тоа го поминал и го поминува .
Да не те разочарам, ама мислам нема такво нешто. Моето имаше период на адаптација на јасли, таман се стабилизира, во градинка пак низ истиот процес. Памтам еден Швед ми рече, мора да се адаптира на новиот колектив, бактерии, вируси и слично.
Да мора да се разболува за да стекне имунитет и да биде отпорно. Сега се среќава со нови вирусчиња и бактерии што и те како се размножуваат во нова средина.
Скоро 3 години сме тука и верувала или не првата година од март до јуни беа постојано болни. Значи 4 месеци немаше ден да кажам еве денеска се здрави. Секоја втора недела ги носев на лекар. Кога и кажав на докторката Проспан не им смирува кашлица, со надеж дека ќе ми даде нешто по делотворно, наместо тоа добив одговор уште подобро, нека не пијат ништо. 4 месеци беа само со спрејче за носето. За препарати за јакнење на имунитетот не сакаше ни да дискутира. Имунитетот ќе го зацврстат со здрава храна. Тоа беше одговорот. Па така почнав секој ден да им правам смути. Јаболко, банана, урми и мед. Да чукнам во дрво ама до јануари годинава (кога веројатно син ми имаше Корона) освен мали настинки посериозно и подолго од 5 дена не биле болни. Чести прошетки на чист воздух, на планина, во природа. Од нашава докторка шанси нема да добијам препорака за било какви мултивитамини и слични тракатанци. Мислам дека повеќето доктори тука го делат истото мислење. Единствено да побараш препорака во аптека ако веќе сметаш дека е неопходно нешто дополнително да се користи. Ај и јас да прашам нешто. 3 години најмалку на децава крвна слика им немаме направено. Чисто да видиме дали е се во најдобар ред. Еднаш побарав и добив одговор дека нема потреба, ниту било каква причина да се направи. И вашите матични исто вака постапуваат?
За првиот дел, го делам мислењето дека нема потреба. За вториот дел-крвна слика, не памтам нешто редовно да се правела. А кога има проблем или сомневање за нешто, сме добиле повеќе испитувања отколку што сум знаела дека постојат. Така што, веројатно се во право, ако нешто не е во ред, сами би приметиле, боцкање заради боцкање нема многу поента.
Навикната на здравствениот систем во Мк, кога докторката на децава сигурно барем 2 пати во годината не праќаше да направиме крвна анализа, ова тука ми дојде чудно. Факт е дека фала му на Бога се здрави и сигурно би приметила ако не дај Боже нешто не е во ред ама сепак ми е некако шубе што толкав период врска немам дали е се во граници на нормала?! На син ми хемоглобинот во Мк неколку пати му беше нешто под границите на нормала па мораше да пие сируп.
@SanelaS Само свеж воздух и прошетки во природа е лекот. Проспан исто не ни помагаше па давав Мукосолвам два пати после ММР кога беше пред бронхитис. @Jagoda123 Крвна слика имаме три пати правено, првите два пати лога беше болно и крвната слика покажа вирус дека е, третиот пат кога им реков дека кај нас пред секоја вакцина сме правеле крвна слика (ама не сме ни правеле ни во Мк крвна слика пред вакцина) и педијатарот рече ако дека ако така сакам ќе направиме иако навистина нема потреба и така беше прво крвна слика па вакцина. Според мене што помалку тоа подобро, а најдобро ич. Освен кога мора нели како што мораше Мукосолван за да не спушти на гради. Најдобро е имунитетот да се стекне без лекови.
Мојата беше секоја втора недела болна.Се си бевме по доктори и по брза помош.Кај неа беше секогаш кашлица со растечен или затнат нос. Пробав со Sanostol,ама е за над 3години.Јас и покрај тоа го давав во помала количина.Давав јајца од препелица и домашен скиселен карфиол што многу помогна дури 1 месец без болест. Неколку др на брза помош ми кажаа дека 3 години во градинка да биде и нема веќе толку да се разболува, ама првата година беше најлошо и најтешко. Кај мојата стандардно беше капки за нос и сируп за кашлица, ретко и сируп за температура. Мачно е мајка ама мора да се помине тој период.
Добар ден мамички Ај една мала помош . Каде да најдам ваков модел тренерка/панталони ? Ептен ми се свиѓа моделот , секако може да се комбинира. Само уште некој да ми помогне и посочи кај да најдам
Онлајн Schein во категорија Hosen само вакви модели има, посебно кога избрав филтер боја црна и црвена. Сега гледам и бела имале, да штиклирам и бела да не излезат истиве. На гугл: schlaghose mit schlitz