Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонки во Германија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од promeneta, 11 март 2019.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    @Yowannty е задоволна, а и мојата пратка стигна мн брзо иако пишуваше од 27ми до 31ви март и јас сум презадоволна.
    И од PatPat и од Schein сум позитивно изненадена.
    Следи кога има попусти, на пример три фустанчиња беа заедно 20 евра ама пишуваше во 23 вечерта дека ќе се 9 евра, во 3:00 по полноќ дека почнува попуст итн. А и без попуст имаат одлични цени. Јас сепак порачувам само со оцена 5 и што повеќе коментари, не ми се ризикува ако нема ниеден коментар и оцена.
     
    На Ava.84, Biljarkata и vitamina им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Јас гледав парчиња што подоле имаше слики од корисници што порачале веќе на себе сликани, вака по сликите нивни ептен одлични ми се видоа, 5 ѕвезди имаше скоро секогаш. Вака се на се од далеку по слики од корисници забележав дека се квалитетни или квалитетни за таа цена не знам.

    Исто гледав дека нудат препрактични работи за во кујна дневна вц и ефтини.
    Вреди да се проба.

    Инаку јас само заландо користам. Презадоволна сум. Но посекако робава е марка секогаш или одличен бренд како бершка манго и сличните.
     
    На Ava.84, TutiFuti и gjoker4e им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.176
    Допаѓања:
    15.493
    Schein кинеска продавница ли е? Така гледам има убави работи а и доста ефтини ама се мислев дали не е како wish или pat pat.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е кинеска ама би рекла иста како ПатПат.
     
    На mKdevojce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Мајки ај овде може знае некоја да ми одговори.
    Постои ли можност на аеродром да се тестираш при летање кон земја која бара тест? Знам кога пристигаш од некаде ако си без тест имаат центар на аеродром, ама муабетот ми е за полетување одовде да извадиш брз тест...
     
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    Комплицирано прашање.
    Значи леташ од Германија кон земја каде што задолжително е негативен тест за да влезеш?
    Најпаметно е да се јавиш на аеродромот од кој што полетуваш и да прашаш.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    34.028
    Пол:
    Женски
    За Мкд ако леташ не треба тест мсилам.
    А кога ќр се враќаш од мкд имало на аеродром комбе ли нешто ос жан митрев на аеродром во ск.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    Да, еве веќе им пишав на аеродромот па ќе почекам да ми одговорат.

    Инаку точно, во Мк кога слетуваш не бараат тест, ама за враќање назад не пуштаат да влезеш во аеродромот без негативен тест. Овде ни ги прифатија оние брзине на Жан Митрев од пред аеродром во Ск.
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    180.984
    Да не го тупам оф топик- сакаш да кажеш после 10 години, дете пак ќе вакцинираат со ммр?:?:
    И возрасен исто?
     
  10. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Од 01.03.2020 задолжително мора да се вакцинираат од морбили учитеки, воспитувачки, азиланти, медицински персонал во контакт со деца итн.Исти и трудниците кои немаат антитела.
    Ова се вакцините за возрасни
    Screenshot_20210330-202603_Chrome.jpg
    Еве @Herrera нека каже она редовно си се вакцинира.Може и од ковид да е вакцинирана:).
     

    Прикачени фајлови:

    На Herrera, Chantal и Biljarkata им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    180.984
    Оп стоп- вакцина за грип задолжителна?:^)
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Не е задолжитрлна туку доброволна.Лани ја форсираа за да се разграничи, ако некој е вакциниран од грип , а е настинат сигурно е корона.
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    Нас ни рекоа само една вакцина треба да примиме па за 10 години пак истата. Ама само за неа ни рекоа. Не знам која беше.
    Вакцината за грип за над 60тина година мислам дека е задолжителна ама и тоа не сум сигурна треба да се провери. Или Мк да не беше така?
    За оваа на 10 години не ни дадоа рок на пример.
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    180.984
    (facepalm)
    Maло небитно инфо- колега што порано редовно се вакцинираше против грип, веќе не го прави истото:shake:

    @gjoker4e да се јави на главна каса. Како прв ден на слобода?:)
    Оп, веќе се јави:hai:. За тетанус е таа ваљда шо замараат, и мене ме замараат, со години им кривинашам|(
     
    На Ava.84, Chantal и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    Колешка моја на работа стално ( не знам колку е тоа стално) 36 години се вакцинирала од грип и нон стоп е болна како од грип ама очигледно не е грипот од кој се вакцинира.

    Прв ден на слобода најмногу дома седевме. :D
    Сега чекаме парична или затворска казна. Не знам дали дете ќе затворат или едниот родител и кој.
    Како само во градинка вирусот да го има, само деца ќе седат во карантин, а овие по маркети ништо бе не ги фаќа. Ама во маркет на производите рокот ќе им помине, градинката нема што да изгуби само во плус ќе е.
    Веќе над 70% се надвор без маски, нормално на 25 степени.
     
    На 24.07, Ava.84, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    180.984
    Истиот муабет за вакцината против грип. :|
     
    На Ava.84 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  17. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Ние исто кога излеговме во неделата на игралиштето 30 души, на метар на метар игралиште.Ние гледаме и се чудиме што прават луѓето.Ги поминавме и си велиме еве ништо не им е оти се дружат, а ние од луѓе бегавме и пак се заразивме(facepalm).

    Кај мене на меил секој ден стига некое инфо од градинка.Најново децата да седеле во карантин иако биле негативни.Исто ќе ги имале градинките брзи тестови и ако некое дете е со симптоми на грип родителот ќе му земал брис|(.Јас па не ни знам дали е карантинот и за нас, ама од грчеви, скокови од дома не можеме да излеземе:(.Пак како во карантин сме;(.
     
    На fairy88, mal.ecka, Neda997 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    36.336
    Пол:
    Женски
    До сега сите што одеа само до маркет се заразија.
    Ние тројцата имаме контакти, јас и дете постојатно контакт со позитивен, маж се уште немал, е тој не дај боже да има контакт одма ќе испадне позитивен бидејќи ептен се пази.
    Тројцата бевме 4-5 пати болни од почетокот на пандемијата ама не сме се тестирале.
    На работа кај мене своеволно се тестираа колеги после првиот позитивен колега и сите испаднаа позитивни.
    Некои мерки има колку да ги има ама не дека се ефикасни. Никој не знае што прави и дали е тоа правилно или погрешно.
    Жал ми е за децата. Возрасните мислам дека можат да седат дома 14 дена во карантин па еве и во Мк по 20 ама за дете претешко ми е. Нека дозволат надвор ама да нема контакт, доволно е некоја шума каде што нема никој, ама да чуваш дома дете затворено и да го разболиш не можам да сфатам. И ај да е еднаш. Кај нас четири пати. На петтиот пат не знам што ќе правам навистина.
    И така :D
     
    На Herrera, fairy88, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.763
    Допаѓања:
    34.028
    Пол:
    Женски
    Кај нас што да кажам за на игралиштата кога е преполно со народ :D.
    Ние одиме кога нема гужва до толку вчерљ после 3 часот некаде до кај 8 гласови се слушаа на деца родители абер си немаат за корона. И затоа сега кај нас во градинка мора да седат дома после велигден од 6 до 16 , не се нормални богами ич!
     
    На Herrera, fairy88, Ava.84 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    995
    Допаѓања:
    2.291
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да се изначудам што се случува по парковите:x ко ништо да не се дешава, тоа скари фрчат на сите страни, по 20 души собрани... деца едно врз друго пуштени... а демек полициското комбе кружи, секој ден ги среќавам низ паркот ама џабе.
    Јас и бебе од понастрана ги гледаме децата како си играат (многу им се радува кога ги гледа, па си велам ако не може да го пуштам таму вака да не му ускратувам). Јас единствена со маска во цел парк:smirk:
    И да прележани сме и ние, никогаш не разјаснивме од кого закачивме
     
    На fairy88, Neda997, Ava.84 и 2 други им се допаѓа ова.