Ова со Shein точно стигнуваат до датумот кој што е назначен? На трите порачки ми стои 15-17 април дали до тогаш навистина ќе стигнат? Или може и да доцнат?
Кај мене пишуваше од 27ми до 31ви март, а стигнаа околу 15ти март. Ќе проверам сега точно кога стигнаа. Едната на 17ми другата порачка на 18ми март, а за двете пишуваше 27-31 март. Првата ми стигна без никакво известување, без мејл, а за втората ми стигна мејл од дхл прво дека доаѓа утре, па после дека ќе закасни 1-2 дена поради некои причини.
Значи брзо стигаат фала јас сега прв пат порачувам од таму па ќе видам баш како е ама според сликите кои што се споделени и сега што ги фатив на екстра попуст труднички фармерки хеланки мајци супер цена имаат а и добар квалитет за таа цена.
Знае ли некој за процедурава за спојување на фамилија, колку треба да заработува некој со 3 деца за да добијат виза?
Ако е мажот со еу документи мислам тоа не игра мн улога за возрасни тресам од ракав околу 400 е а за деца 200е по дете. Ама не сум сигурна така имам слушнато.
Најдобро е да пишеш на гугл колку пари се потребни за петчлено семејство и градот или јавете се во општината прашајте.
Никој не крева во општина, окапав гуглајќи нема точна сума на гугл. Намерно кријат. Најдов нешто 1400eu за без деца, според возраст има разни цени околу 400 по дете...а не знам киријата дали е во тие, како се пресметува. Босанци се, без еу док.
Грубо гугл вика дека треба да им остануваат 1457 евра за живот, отприлика по 400 за родителите, по 200 за децата. Ако плаќа кирија 800 значи треба нето да му е 2257. Ги заборавив киндергелд. Значи нето треба да му е околу 1600 . Ние ни за еден член немавме доволно па пак не споија ама сепак зависи каде, кој.
Мајки има ли некоја што во скоро време се породила овде или пак има некоја информација за документите на бебчето потоа? Поточно околу визата, пасош итн. Ние сме овде со бг пасош, има маж ми а јас имам офентал преку него. Е сега за бебчето ни стигнаа документи некои на бугарски, колку можев да разберам по дифолт му наметнува бугарско државјанство.... Меѓутоа ние сакаме да си биде со мк пасош и како мене со офентал... Имала ли некоја слично искуство и како поминала? И во случај ако треба да одиме за Мкд, кои документи ни требаат за на граници?
Јас се породив пред месец и пол.Пополнивме документи во болница за името и презимето на бебето исто и која националност ќе биде.Па од овие док ни извадија извод на родените што го чекавме 6 недели.Па така бебето си е пишано со мк државјанство.За виза и пасош поима немам сега со короништето може да се одложи.Инаку кога ќе си одите накај мк за бебето ви треба патен лист од амбасада.
А во која покраина сте вие? Јас пополнував исто документи во болница ама ништо не се сеќавам околу националност да имало... Додуша и хаос бев тогаш ептен. Знам дека после тоа автоматски одеше се и АОК и пријавување на адреса... Ни стигна и друго писмо за крај на месец да одиме во ausländer büro па да видиме што ќе кажат. Знаеш ли колку време има рок да се извади пасош? Леле луѓе не знам за вас ама толку ми е смачено од секој ден писма стигање мисла дека се затрупавме во хартија.... Нови сме тука релативно, уште сме слаби со јазикот па додека преведеме а се нема баш време со бебе, па само се собираат ли собираат. Ми се темни кога отварам сандачето...
Немам одговор на прашањето ама ме изнасмеа. Јас пак сум обожавател на писма. Денес немаше ниедно во сандаче и ептен се онерасположив. Купи си папка и реди ги во неа, ќе ги расчистиш кога тогаш и обавезно во канта фрлај ги за ѓубре, немој во жолта кеса или во плава канта. Шест месеци мислам е рокот ама со короната сигурно е продолжен. Ако ти треба помош за превод можеш да ни сликаш на некоја од нас, полесно ќе ти е. Скриј лични податоци само и испрати ни слика.
Исто и ние фереро и сок маж ми почастил ама не сите смени смотаниот туку однел на тие што биле моментално а нема врска со мене. Јас бев цела ноќ сл контракции и акушерката беше супер, цело време со мене и ептен фина грижлива ама она си замина и ме однесоа за царски мене. Е толку му текнало на маж ми он го дал на кој му дошло . @Brunhilde најдобра опција за таа работа се PayPal дефинитвно.
Ти како мажот ми, он е главен за пошта отварање, клучот е кај него и на секое излегување и влегување во зграда одма таму проверува. Леле редиме во папки, па после барај кое кај беше. Додуша мн ни беше кнап дека ептен тазе со бебе и нема време, неспани, нервозни па кога заидеа тоа писмата леле мори мајко... не знаеш дали е известување, дали се бара нешто од нас и само се натегаме кој да преведува . Тоа беше хаос, нс маса, под маса во комода, врз комода. Да збудалиш Откако средивме поголемиот дел, малку здивнавме па сега некој нов бран.. Јас се онерссположувам од хермес кога ќе стигне маил дека нема да стигне порачката денес...
Берлин-Бранденбург.Има многу документи уште не сум ги средила се нешто ми фали.Со првото на повеќе од 9 месеци отидовме во Мк , а не беше корона, за пасошш и после ауфенхалт напрабивме.Ама ние сме див исток, ауслендебехурде никогаш не се замара со насИнаку мислам е 6 месеци.
Ние сме Rheinland-Pfalz див запад Инаку тој патен документ се вади ли онлајн или мора да одиме лично во амбасада. Со пандемијава е се во неизвесност. Мислевме едно време да пробаме преку амбасада во Бон да правиме пасош ама којзнае колку ќе се чека. Да одиме во Мк пак е неизвесно поради карантинот за назад. Плус страв ми е многу што кај нас што има премногу заразени. Ајде имаме фора уште 2 месеца значи... Иначе имам и прашање околу патување со авион со бебе... Читав на страната на Виз ер, треба да се патува задолжително со транспортер кој треба да е одобрен од авионската компанија? Сега незнам баш што значи тоа. Кога купувавме транспортер имаше еден со Tüv демек за да може со авион да оди , не го земавме а изгледа требаше. Дали си патувала така и што всушност се бара од транспортерот?