Транспортерот секако ќе оди доле во багаж освен ако ти не си земеш екстра седиште за да го стават и процврстат горе во кабина.
За патниот лист се оди лично, се носи слики од бебето и се плаќаше нешто околу 30 евра изгледа беше. Ние пробавме преку берлинската амбасада пасош да вадиме и постапката траеше 9 месеца и не успеавме да извадиме и си отидовме за Мк.За транспортер количка се е бесплатно и оди заедно со багажот, а ти го држиш бебето во раце.
Од каде купувате перници за спиење за вашите деца? Се што имам сретнато јас не ми изгледаат удобни, ептен се празни и меки.
Ејјјј перниците тука се ептен заникаде. Коцкасти 80×80, големи и сплескани. Јас не успеав да најдам нормална (како нашите) па во првата прилика си домкнав 4 од Мк.
Да и јас за нас си носам од доле. Сега сум во потрага за син ми, ама изгледа ќе чека до следно одење.
Може сте муабетеле, може не. Ама јас да си споделам. Сите што сте на елтернцајт, јавете се во пензиско за секој случај, и прашајте дали треба да пополните Антраг после породување, за да ви тече пензиско за време на Елтернцајт. Јас имав некаков впечеток (некој ми имаше спомнато) дека тоа автоматски оди, и сега, игром случаја (бидејќи аплицираме за Нидерласунг и вадев Вартецајтаускунфт) видов дека мене пензијата ми завршува со завршувањето на Мутершутц. Па си реков да им се јавам, да видам што е работата. И ми кажаа дека си има посебен Антраг (V0800) кој се пополнува за време на Киндерерцијунг. Пополнив, ќе видиме деновиве што ќе се дешава. Ама најдобро е да си проверите. Ова може важи само за БВ, не знам...
Во самиот антраг има што да се додаде од документација - јас го пополнував онлајн, и имаше дел каде да аплоудираш останата документација. Инаку им требаше гебуртсуркунде, твојата виза - значи како ти е регулиран престојот тука ако немаш германски пасош, и документ со потпис од партнерот дека податоците се релевантни.
Едно прашање, може некој ќе ми помогне. Маж ми пред икс време направил акаунт на амазон, не видел дека кликнал дена годишно зе зема 36 евра за достава, кликнал ми земаат пари а ние не го користиме не го знаеме маилот пасвордот мислам оти го знам. Што да направам како да направам да влезам да го исклучам ова за париве што ми земаат?
Пиши им меил на Амазон или јави им се. Објасни ја ситуацијата, верувам ќе ти излезат во пресрет, најверојатно (ако сакаш) и акаунтот ќе си го вратиш. 0800 363 8469 Со тоа што мислам дека е ова број за Де, ама можеш да пробаш на меил. impressum@amazon.com Инфото е од тука: https://www.teltarif.de/a/amazon/ Друга опција ти е да направиш нов акаунт, така директно ќе можеш да влезеш во сервис за корисници и да ги контактираш на меил. Ако правиш нов, пази што кликаш.
Им вртев, љубезни се да, едниот акаунт го блокираа и ми вратија парите. Другиот не го знаемез не можеме да влеземе, сега ќе пробувам по дома да се сетам може од стариот телефон иако е скршено стаклото ќе успеам некако да најдам. Така е кога маж само се регистрира некаде колку да заврши работа, ни чита ни бутур па се жали после, па после јас ќе си трескам главата. Не се сеќавал на ништо бе
Дечки знае некој што да напишам (И дали воопшто да пишам) за периодот додека користев елтернцајт и после тоа во CV? Некако ми е многу глупо пауза од скоро три ипол години без никакво објаснување да стои.
Интересно прашање. Размислувам и не доаѓам до заклучок, сепак зависи од тебе лично, работата за која аплицираш, колку време си работела пред елтернцајт и се прашувам дали пандемијата да ја наведеш како причина за една година без работа и така се две години елтернцајт. Сепак јас вака размислувам, германците не гледаат вака, доволно е да имаш работно искуство и ако имаш Zeugnisse (нз како се пишува точно) од претходното или претходните работни места, детето да е во градинка запишано. Значи сепак треба да напишеш дека си била во елтернцајт и +- пандемијава. (За неа како изговор се уште не сум сигурна, јас сепак би напишала елтернцајт па арбаитслос унд арбаитссухенд). За елтернцајт не ти треба никакво објаснување. За периодот после исто кратко и јасно напишано.