Дури денес ја отворив темата, затоа со закаснување коментирав. Супер штом веќе имаш најдено, баш се поклопува тој дел, кратко и јасно Ко сме кај таа тема, смеам ли да пишам како ве замислувам ? жими се, не е со лоша намера, ама ептен се вклопува. Моментално @Ava.84 има бебушче, па затоа и поретко ја има на форумот не се лутиииии што те земав за примерррррр , гушкиии Те баш како во клипот поспани ве замислувам
Не бе какво лутење .Никогаш не се лутам на шеги. Уф да можев вака да си заспијам. Вакво спиење со две деца мислам по 15 години. Херерко имаше една шега кога ми беше големата бебе и беше вака: Не сакам да спијам како бебе, сакам да спијам како маж ми.Уште ми е актуелно.
Дали некоја од вас се има пораѓано во Германија? Она што ме интересира е околу Hebamme или бабица по нашки. На контрола ми кажаа дека треба да си побарам во околина кај што живеам и да си видам за клиника кај планирам да се пораѓам. Јас сум сеуште прв триместар, имено ми е прва бременост и ме збуни зошто ми кажаа уште од сега тоа да го средам.
Почни уште сега да бараш си закажуваат однапред термини. Јас барав после 7 ми месец и едвај најдов, подобрите веќе беа со пополнети термини. И ако сакаш да одиш на некој курс Geburtsvorbereitung или слично исто се закажува доста порано.
Колку порано толку подобро , јави се на повеќе бабаици.А за болница треба најкасно до 30 недела да се пријавиш каде ќе се пораѓаш.Може ќе сакаш да посетиш повеќе болници па да видиш која повеќе ти се свиѓа таму да се пораѓаш.Со лесно
Во фб групата од градот ги имаше објавено броевите што ѕвонат и пораката што ја праќаат, до сега цело време ми ѕвонеа, а сега ми стигна истата порака Здраво вашиот курир ќе го донесе вашиот пакет и линк. Е сега во групата пишуваше дека ако го отворам линкот треба одма да го рестартирам телефонот и да повикам полиција. Не го отворив линкот ама ја отворив пораката бидејќи започнуваше со Здраво и мислев ми пишал некој нешто и сега страв ми е малку. Пишуваше дека веднаш влегуваат во телефонот и ги откриваат сите податоци како и од онлајн банкинг. Имате искуство со поракава? И дали да се плашам или не? Не го отворив линкот. И како не откријат до сега кој стои позади ова?
Паметно си постапила. Значи да повториме : НИКОГАШ, ама НИКОГАШ ѓавол да не те лажи да отвараш линкови од сомнителни реклами. Имам другар кој е махер за компјутери, буквално знае да ти пушти слика или било какво линкче и да се поврзи со товјот компјутер. Тоа го испробавме со мојот компјутер уште на времето ко живеев во Македонија пред многу години. Буквално моментот кога кликаш да ја отвориш сликата или на линкот , кај него се активира програма што ти не ја знаеш , ама он може да ти го контролира твојот компјутер или телефон ако си логирана од таму , бидејќи на таа слика или линк тој му закачува "нешто" и после преку команди се поврзува. Си има тата мата такви луѓе. Така да, немаш гајле, не отварај линкови, СЕ НА ИГНОР и раат ќе си бидеш.
@gjoker4e мене сега ми стигна таква порака среќа на време што те прочитав. Можеш да ставиш скриншот од групата што напишеле?
https://www.regenbogen.de/kategorie...vSaTbmfq24HFhJzVdSmI-04mvCJQguENBYzKeRCkEtN4o Овој линк го имаат постирано, јас не го отворив ни него тогаш од претпазливост, само коментарите ги прочитав ама сега го отворив пробувајќи како да го постирам тука.
Од градинка за наредните две недели. Не знам кој е порадосен, јас или дете. Тип тои и твоето тело и ти. Две книги. Две сложувалки. Дете секогаш се игра, на секои две недели различно, а ние не сме дале ни цент. Ептен се радувам на ова. А вчера се возевме со автобус и од толку љубезност и култура очите ми се насолзија. Шоферот сакаше да тргне ама гледа наближува човек во инвалидска количка и отвора врата го прашува дали ќе доаѓа, тој рече да, во меѓувреме се качува една жена па тоа за спуштање за да се качи во бус го спушти дете што седеше на автобуската и после тоа шоферот пак ја отвори вратата за да му рече Благодарам на детето. Секојдневно се топам на вакви нешта и ако некој вака пораснал и вродено му е тоа да речам мене ми е како на Марс да сум преселила. Толку љубезност насекаде да се чуди човек. Исклучоци има.
@gjoker4e понекогаш и јас имам чувство дека сум на некоја друга планета. Не сме навикнати на ваков нормален и пристоен однос. Толку се љубезни, културни, насмеани, позитивни, секогаш спремни да помогнат што помислувам дека немаат апсолутно никакви проблеми и грижи во животот. Инаку, многу ми се допаѓа ова што вашата градинка го практикува. Дома имате многу корисна занимација. Поготово книгиве тип тои мене ми се измислица на векот. Стварно многу може да се научи од нив преку игра. Браво.
Ако на гугл вика дека одреден музеј е отворен има шанси да е стварно отворен? Да не тепаме патот џабе, најдов и валдпарк во близина да не ни пропадне патот ама ќе мрчи маж дека го носам у музеј што не работи.
Јас би се јавила директно да прашам дали работат. Јас пак чекав зоолошките да ги отворат, ама тешко со ова што се случува изгледа уште поригорозни мерки ќе донесат
Вчера како што прочитав пак све ќе се затвори само незнам дали на цела територија или секој град посебно. Сакам нешто да смениме само во шума сме секој викенд или на езеро ( на шпилплац во случајов зошто чим види нема шетање понатака). Се откажавме од музејот секако сум скептична колку ќе му биде интересно на детево.
Во мојот ландкрајс од 15ти април се затворени музеите. Да се јавиш директно е најдобро. Шума си е шума, нас може ќе ни здосади ама на децата не, доволно е цвеќиња да купиш и да ги садите во шума.
Wie lange? So lange bis Frau Merkel im AMT ist. На прашање колку долго ќе трае ова со короната, отвори, затвори и слично. Денес падна под 100. Дали тоа значи дека пак ќе отворат се за два дена? Стварно е играње играчки.