Знае некој да ми каже дали може да направиш термин за преглед а без виза и лечење само сопруг пријавен, конкретно гинеколошки преглед за утврдување бременост и колку би чинел прегледот.
Можеш. Баш една жена дојде така и слушнав дека рече мн скапо платила ама не знам точно колку. Најдобро да се јавиш кај гинекологот што планираш да одиш и да прашаш за цена.
Јас кога дојдовме немав здравство и за гиникол.преглед приватно платив 50евра, не беше за бременост.Ова пред 7 год.За преглед на бремоносѕ,не прават тест само на ехо гледаат.Така да може околу 100-150€ да те фати.
Да прашам дали некој ја има ставано вакцината за крлежи на дете? Сакавме да ставиме на малиот оти од градинка ни препорачаа како добро било па сега се мислам колку време треба да помине од настинка за да може да ја прими?дали има некоја последица од нејзе?
И мене ме интересира за таа вакцина искуство, а воедно и за онаа против менингококи. Ја нема во редовните туку на своја волја се прима. Искуства?
Од она што имам прочитано, за мене лично дојдов до заклучок дека подобро е детето да се прска со спреј против крлежи, на пример пред одење во градинка, шпилплац, природа, не ми текнува дали и крема има или само спреј. Од настинка овде не треба ич време да помине, ако е обична настинка нели може и настинато да се вакцинира, јас би чекала три недели. Последица исто како од сите вакцини. Менингокока нели задолжителна е? За таа заклучокот ми е дека треба да се прими поради местото во кое живееме, последици односно нус појави, горе долу би требало да се исти кај вакцините.
Мора да те примат макар и утре! Несмеаат да речат за 1 м. Барем јас така се јавив и за 1 недела имаше до тогаш молев бога да е се океј. Но моето до 11 недела заврши се.
Менингококата ја примивме по календар, а е на доброволна основа. Јас ја вакцинирав големата,кога беше во фаза на настинка, немаше некоја тт,само кенкавост, дали од настинката или од вакцината не знам.Не беше страшна една е само ,за разлика од првите вакцини кога примаат по 8 вируси. @ TutiFuti после настинка др на малата чекаше по 2 недели минимум до месец ако е со антибиотик.
Во овие две и кусур години во градинка едно сто пати ни пратија известување од градинка дека децата најкасно до 09:00 треба да се во градинка. Претпоследниот мејл гласеше дека и 8:58 да се влезе во дворот пак не е доволно, додека детето се пресоблече и измие раце, а појадокот е точно во 9:00. И последниот мејл гласи дека набрзо вратата автоматски ќе се затвора во 09:00. Кој не излезе до 09:00 мора до чека до 09:30 додека пак не се отвори вратата. И до сега ако се закаснеше, детето можеше да влезе во 09:30 после појадокот па после пак си има термини кога е вратата затворена кога отворена.
@gjoker4e кое е тоа спрејче? И моиве не се вакцинирани. Откако сме дојдени тука размислувам дали да закажам термин и да ја примат или не. И мене ме интересираат искуства и мислења за вакцинава. На боденско езеро каде што ние живееме пожелно е да се прими. Во оваа област има стварно доста крлежи. Барем додека не решам да ги вакцинирам да тркнам до аптека да земам спреј, зошто веќе почнува сезоната на крлежи.
Кога почнува сезоната на крлежи? (јас како од марс падната) Било каков спреј против крлежи, од аптека ќе ти кажат.
Уште во март имаше по нет дека поради топлото време почнале да излегуваат некои видови на крлежи што за животните биле опасни.Спрејчињата секаде ги има не мора од аптека. Фри нешто лани кажа за вакцината дека не е баш најдобра.Јас сакав малата да ја вакцунирам оти одевме по шуми , ама матичниот ни рече дека нашето поднебје не е зафатено многу со крлежи и не треба.Па детето си закачи крлеж, па ја си знам како ми беше, ем трчав на итна ем без антибиотик .Јас сум за.
Вакцината не е против лајмска болест, туку против енцефалитис, или обратно беше. Не знам дали ги покрива двете болести...или три се уствари Тибам континенталните крокодили, стално нешто
Имам потреба неделава да одиме со син ми кај педијатар, ама неговата картичка за здравствено сеуште не е готова, се роди пред две недели. Инаку документите за пријава од кранкенкассето се кај мене, ама ги немам пратено назад, затоа што изводот не е сеуште готов. Знае ли некоја дали можам ли нешто друго да приложам наместо картичката и дали воопшто ќе ни дадат термин?
Јави се директно кај педијатарот и прашај. Или да отидеш директно до здравственото и на лице место ако ти дадат еден лист со кој можеш на педијатар.
Исто бевме и ние. Кога и кажав дека сеуште нема ја побараа мојата картичка и завршивме работа. Ние дури две контроли немавме картичка и воопшто не правеа проблем.