Јас имам исто искуство, првиот пат само мојата картичка ми ја побараа, рекоа дека знаат дека треба време да биде готова неговата.
ај да ми некој објасни ова што е sofortüberweisung, дали стигнува на емаил некој код за плаќање или оди плаќање исто преку кларна како она што е да се плати после од кога ќе стигне нарачката? Се надевам дека објаснив добро. Знам на C&A дека може да платиш онлине пред да стигне веднаш и после од кога ќе стигне има опција. Па и за Shein да прашам дали може пред да стигне да плаќам преку онлине банкарство а да не е кларна. Бидејќи мојата сметка настрада од Кларна останав без скршен цент па сега да ја термозам на мм малце.
Плаќаш индиректно преку онлајн банкинг. Те пренасочува и ти бара да внесеш анмелденаме и пасворд од онлајн банкинг ама не на банкингот апликацијата туку директно на кларна и после ти бара пуш тан да потврдиш на самата апликација онлајн банкинг. Мене страв ми беше ама пробав еднаш и се беше ок.
Тоа шпанско село за мене. А со кредитна Visa нормално може да се плаќа не бара нешто екстра потврда? Еднаш сакав да плаќам но ми бараше нешто како некој ID од банката а јас не знарв што е тоа паоткажав нарачка па преку др страница порачав там беше се ок со Visa ништо екстра нр бараа.
Од Шајн немам платено ни со софортубервајзунг ни со кредитна. На други места нормално било со кредитна, број на картичка, име и презиме, датум до кога важи и трите бројки позади. Некогаш бара и да се најавиш на онлајн банкинг и да потврдиш.
Сакав нешто одамна да ви кажам и се заборавам, пред некој месец проверувам на кој датум стигнале киндергелд претходниот месец и гледам дека воопшто не стигнале. Пишав мејл и ги пуштија одма наредниот ден, значи неколку дена пред новиот датум/ месец за киндергелд. Проверувате вие? Никогаш не сум ни помислила дека може да не пуштат (нормално сигурно било ненамерно, грешка во системот или нешто друго) ама ете случајно забележав. Ова беше во тие неколку месеци кога ги пуштаа бонусите, не знам точно кој месец [мислеле бонус да ни пуштат, а да ни скратат киндергелд (шала )].
Здраво да ми предложите продавници за (мебел,кревети,гарнитури) во околина на Келн? ги знам POCO и OTTO па би сакала да погледнам и на други места...
Некои страни се карактеризирани како "понесигурни" па затоа бара додатен код од банката. Тоа исто можеш да го активираш на страната на твојата банка. Мене ми стига код како смс кога нарачувам од такви места па и него на крај го внесувам
Мене ме интереаира за постбанк како да го средам тоа пошто ја поима немам за тоа како оди, немам ни поима како успеав мм да му направам онлине банкинг а за мене неможам да си средам пошто поима немам како го активирав мн сум расеана и не памтам .
Пиши на гугл Wo finde Ich meine Postbank ID? Пишува во Мој профил влегуваш во онлајн банкинг па таму го пишувало прво идот па името. Подобро да не се снајдеш да заштедиш.
Здраво, Дали доколку одберам Елтернгелд плус (2 години) нормално средствата се преполовуваат, би имала проблем со визата, поради значително помали примања. Второ прашање во врска со даночните класи со маж ми земаме приближни плати, 4/4 сме моментално, дали може после пораѓај да се сменат класите на 5/3 јас би земала тогаш елтернгелд, дали ови пари се даночат. И доколку направиме така немој да треба наредната година да враќаме... ви благодарам
Секоја година елтергрлдот се намалува. Елтерн гелд исто е оданочен. Ако смениш класа не знам дали би го зимала елтернгелдот по класа 4 или по класа 5. Само еднаш годишно имаш право да смениш класа. Консчултирај се со штоербератер или у финамцамт
Не би имала проблем со визата. Останете 4/4. По групите имам читано мн коментари што ја смениле во 5/3 за да земаат повеќе елтернгелд (нз точно како оди тоа ама како што запамтив класата ја смениле во 5/3 само што дознале дека се бремени за да имаат поголеми примања, ако сум грешка ќе ме исправи некој ама сепак заклучокот беше да не се менува класата во овој случај) ама наредната година враќале данок. Мое прашање: Во книгиве од дете пишува дека и кучињата треба да се пријавени во Ратхаус. Навистина?
Незнам дали точно во ратхаус, ама да треба да е пријавено. И данок се плаќа, мислам дека данокот варира во зависност од расата на кучето.
А дали знаеш или знае некој дали постои вакво правило и во Мк? Секако не се почитува ама дали воопшто постои онака напишано како закон или правило?
Јас да кажам, дааа, пријавено ми е кучето. Се плаќа нешто, затоа што го мочаш у тревата, и кеси за збирање измет ти даваат. Не дека ми е во мк кучето, ама да се истакнам- јас учителке, сите познати правила ги поштовам .
Имате ли искуство со Tagespflege (една учителка со мала група деца) и нормална градинка? Кое ви се покажало како подобро? Исто ме интересира што е со мешаниве возрасни групи, бебе од 1година со деца од 6години?! Некако не ми се допаѓа тој концепт. И уште нешто, не ми се смејте evangelische или katholische kita, значи ли дека детето нема да го примаат оти е православно? Или само дека во таа насока ги воспитуваат...